Razni вицеви
1. Мине полицаец по улица, здогледува една протитутка и ја прашува:
- Ве молам лична исправа!
- Немам, одговара проститутката.
- А може патничка?
- Може. Ама за жал немам.
2. Се вози една баба и удира лежечки полицаец. И паѓа гумата од автомобилот, а полицаецот и вели:
- Не берете гајле госпоѓо, тука во близина има автомеханичар.
3. Запира полицаец еден возач и гледа дека нема брзинометар.
- Човеку, па како знаеш колку брзо возиш?
А возачот одговара:
- На 40 чука ауспухот, на 60 чука задната десна врата, а пак на 100 мојата жена вреска!
Летале Србин, Словенец и Македонец со авион, кога наеднаш откажале моторите и почнал да паѓа авионот. Се вртат тројцава и гледаат само два падобрана. Словенецот вика:
- Слушајте луѓе, ние сме мала држава, плус најпаметни, јас мислам заслужувам еден падобран.
- У право си - вика Србинот, грабнува еден падобран, му го дава на Словенецот и овој скока.
- Шо прајме сега, ние сме двајца, а само еден падобран - прашува Македонецот.
А Србинот одговара:
- Не бери гајле, имаме два падобрана. На Словенецот му дадов празна торба, он е паметен, до доле ќе смисли нешто.
Си биле македонец, грк и албанец. Им дале апче кој најмногу ќе издржи да се измоча. Албанецот после 5 минути се измочал. Македонецот после 10 мин се измочал. А гркот од мака поцрвенал и умрел.
Си биле американец,германец и македонец. Се фалеле за медицината во нивната земја.
Американецот рекол:кај нас кога ќе се роди дете без рака му клаваме вештачка и станува кошаркар.
Германецот рекол:кај нас кога ќе се роди дете без нога му ставаме вештачка и станува фудбалер.
Македонецот рекол:кај нас кога ќе се роди дете без глава му клаваме тиква и станува ПОЛИЦАЕЦ.
ШТОСОВИ - ВАРИЈАЦИИ НА ТЕМА
Колку програмери се потребни за да заменат сијалица?
- Ниту еден, тоа е хардверски проблем.
Колку шовинисти се потребни за да заменат сијалица во кујна?
- Ниту еден, нека готви курвата во темница.
Колку писатели се потребни за да заменат сијалица?
- Двајца. Едниот да ја замени, а другиот да направи природнаатмосфера.
Колку психијатри се потребни за да заменат сијалица?
- Само еден, али сијалицата мора да посака да се смени.
Колку психолози се потребни за да заменат сијалица?
- Ниеден, сијалицата ќе се смени сама кога ќе биде спремна.
Колку вистински жени се потребни за да заменат сијалица?
- Ниедна. Секоја вистинска жена има доволно вистински мажи коиќе го сторат тоа место нејзе.
Колку вистински мажи се потребни за да заменат сијалица?
- Ниеден. Вистинскиот маж не се плаши од темница.
Колку Сицилијанци се потребни за да заменат сијалица?
- Тројца. Еден да ја замени, вториот да биде сведок, а третиот да гоубие сведокот.
Колку физичари се потребни за да заменат сијалица?
- Одговорот треба да биде: n-физичари.
Колку дипломирани студенти се потребни за да заменат сијалица?
- Еден, али тоа може да трае 5 години.
Колку народњаци се потребни за да заменат сијалица?
- Двајца. Едниот да ја замени, а другиот да напише песна, колкустарата била добра.
Колку богови се потребни за да заменат сијалица?
- Двајца. Едниот ја држи сијалицата, а другиот ја врти планетата.
Колку службеници се потребни за да заменат сијалица?
- 45. Еден ја заменува, а останатите 44 ги пополнуваатформуларите.
Колку маринци се потребни за да заменат сијалица?
- 50. Еден ја заменува, а другите 49 чуваат стража.
Колку Пољаци се потребни да заменат сијалица?
- Еден, али ти требаат и 6.000 руски војници, во случај пољакот да штрајкува.
Колку шумари се потребни да заменат сијалица?
- Одговор: Сијалицата уште не е пронајдена.
Одлучила принцезата да се омажи за оној кој ќе ја задоволи 30 пати, доколку не успее во тоа тогаш му ја сечат главата. Се пријавуваат еден Германец, Италијанец и Блажо... Германецот не можел да издржи повеќе од 10 пати и му ја пресекле главата. Италијанецот бил нешто подобар од Германецот, успеал 20 пати да ја задоволи но за жал и него му ја пресекле главата. На крајот доаѓа Блажо на ред. Тој како ја задоволувал така со креда си ставал цртки на ѕидот. Кога стигнал до 29-тата цртка прицезата му рекла:
- До 28 ли стигнавме?
- Не, до 29!
Принцезата повторно:
- Лажиш, до 28 сме!
Блажо изнервиран ги избришал сите цртки од ѕидот и и рекол:
- Ајде пак од почеток.
----------------------------
Македонец, Србин и Грк фаќаат златна рипка. Златната рипка им вели: - Ако ме пуштите ќе ви исполнам по една желба на сите. Нормално сите се сложиле...
Србинот: - Јас сакам во мојата земја сите да бидат богати.
Златната рипка: - Договорено
Гркот: - Јас сакам да изградиш ѕид околу Грција, бидејќи не сакам да ги гледам нашите соседи.
Златната рипка: - Готово, ѕидот е ставен околу цела Грција.
И на крајот Македонецот ја прашува златната рипка:
- Дали ѕидот е водоотпорен?
- Да, одговорила рипката.
- Тогаш, мојата желба е да го наполниш со вода!
-----------------------
Влегува муштерија во некоја железара:
- Добар ден!
- Добар ден г-не...
- Имате ли магнетна брава?
- Немаме!
- Имате ли патент брава?
- Немаме!
- Имате ли барем обична брава?
- Немаме!
- Па добро човеку, тогаш зошто воопшто ја држите железарава отворена?
- Па ти кажав, немаме брава!!!
---------------------------------------
Се појавил Господ и им рекол на мажите да се постројат во две колони, во првата колона да застанат сите мажи кои се главни во бракот и кои се глава на фамилијата, а во другата колона мажите кои се под влиjание на жените...
Се построиле мажите и што ќе виде Господ, колоната во која мажите се под влиjание на жените била километарски долга додека во другата колона имало само еден маж.
Се налутил Господ и почнал да вика:
- Како не ви е срам Јас ве создадов вас, за да бидете главни, глава на фамилијата, а не да ме срамите, да бидете под влијание на жените. Ништо не сте научиле, од вас сите само еден ги исполни моите очекувања.
Се свртел кон единствениот маж кој бил во другата колона и го прашал:
- Ајде кажи ми ти сине како ти успеа да бидеш единствен во ова колона?
Mажот одговорил:
- Немам појма, жена ми ми рече да застанам тука.