Вистинско другарство, постои ли?

Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Имам... Имав... или како и да е...

Да ме прашаше некој до пред некој ден/некоја недела сигурно ќе одговорев со ДА, и тоа ќе се карав ако треба само да докажам дека такво нешто постои. Но сега, сега баш е спротивното... Сега се согласувам со сите оние кои велат дека нема вистински пријател. Има пријатели, но не и вистински, во секоја смисла на зборот, бидејќи крај краева секој си гледа свој интерес и во тој момент сваќаш дека си бил во заблуда цело време, дека си верувал во нешто што не постои...

Пријател не значи само да излезеш со него, да си ги кажете маките еден на друг и потоа секој по свој пат. Не, вистински пријател е со тебе и во добро и во зло, а не кога ти се тешки моменти да ти сврти грб.

Како што е кажано: ,,Вистинскиот пријател ја гледата тагата во твоите очи, додека сите други веруваат во твојата лажна насмевка". Ако имаш ваков човек покрај тебе тогаш неговата вредност е најголема, и верувам дека секој човек би посакал да има таков пријател.
But back to reality...
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
214
Имам јас верна дружина шо се вели зборот од ни помалку ни повеќе 18 другари. Врската неможам ама апсолутно никако да ја опишам со зборови !!!
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Велат: Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите други и веруваат на насмевката на твоето лице!

или пак: Вистински пријател е човекот...Со кого ти е добро дури и кога и двајцата молчите.

Има ли вакви луѓе во вашиот живот? Колку се такви? Која е цената на вистинското пријателство?
Колкава е неговата вредност?

Вистинското пријателство е взаемна работа.(Единствен начин да имаш пријател е да бидеш пријател...)
Со дефиницииве малце е идеализирано вистинското пријателство, али ќе замижиме. Имам иначе, вистински пријатели. Можеби на две раце се бројат. А цената на вистинското пријателство и неговата вредност... Како може да се одговори на ова кога тоа е апстрактна работа? Што треба да кажам? Бесценето? Клише. Едноставно тоа се луѓе што ги познаваш и те познаваат, и ги сакаш и те сакаат без разлика на мааните. Што сте тука едни за други. Не глеам причина за повеќе филозофирање...
 
Член од
15 март 2010
Мислења
603
Поени од реакции
1.807
Имам. Една ама вредна. Секогаш е тука за мене знае како да ми помогне, во радосни и тажни моменти, можам во секое време да и се јавам и да и кажам што ме мачи што ми се случило или пак да ја израдувам со некоја убава вест. Двете сме си најголема подршка и потпора. :love:
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
36
Поени од реакции
3
Да сеуште постојат вистинските пријатели . :) Имам вистински пријатели кои што ги сакам премногу и ги почитувам . :):):):)
--- надополнето: 27 март 2012 во 01:35 ---
Да сеуште постојат вистинските пријатели . :) Имам вистински пријатели кои што ги сакам премногу и ги почитувам . :):):):)
 
Shur1keN

Hard Gamer
Член од
27 март 2012
Мислења
60
Поени од реакции
12
Јас цело време мислев дека имам вистински пријатели но после сите ја тргнаа маската и покажаа навистина кои се,јас уште се дружам со нив ама не им верувам како порано
П.С да ви кажам дека многу е тешко да најдеш вистински пријател,а уште потешко да го одржуваш тоа пријателство
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Нема не постојат вистински пријатели! Имав еден вистински пријател како Брат ми беше,толку многу си го поштував дури и треперев цело време од страв да не му се случи нешо зашо нонстоп беше во невоља и нонстоп сум го извлекувал од невоља.Таков пријател не сум имал досега....се дружевме една година најнормално мислам во исто друштво сме најблизок ми беше тој иако имам и други блиски но не толку тој знаеше све за мене и јас све за него...Ама нели велат дека вистински е оној кој знае се за тебе и пак е со тебе...е не е така! Почна ненормално да љубомори на училиште,да ми оди во се контра,да ме озборува и за се шо кажам да вели дека не сум во право...незнам што му се случи,секоја работа која ја направам а порано му се допаѓала сега е ужасна,се смени многу...и почна да е само од корист.Сега,сеуште ми е најверен пријател,али верувајте од КУЧЕ подобар нема пријател...само да можеше да зборува.Не зближувајте се претерано со пријателите како јас шо ги сметам за фамилија,лошо ќе ви се одрази...
 
Тука е цела работа, ако кучето збораше и то ќе кажваше наоколу. Значи, кучето е најдобар другар оти не знај да збора !!! hahahahaha
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
186
Поени од реакции
112
За жал во денешно време тешко е да најдеш вистински пријател кој ќе те сака како брат и ќе те почитува!
Јас немам вистински пријател на кој можам да се потпрам кога ми е тешко и со кој ќе можам да ја споделам среќата, ама ќе дојде и тоа време! :)
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
,,,,,,,prijatelstvoto se gradi ,,,so godini i godini,,,ne postoi instant prijatelstvo,,,,,,,doverbata ,,,teshko se steknuva ,,,,,i ne e samo rabotata ,,,da ochekuvash od prijatelot samo on da ti pomaga vo nevolja ,,,tuku ,,toa vazhi i za tebe,,,,,,,,,,,,a prijatel ,,,eden ,,do dvajca ,,,vistinski prijateli-drugari,,,,,,

Па тоа сакав да кажам да бидеме тука еден за друг
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.423
Па тоа сакав да кажам да бидеме тука еден за друг
,,,,,,,,da si pomagate ,,,vo nevolja ,,, a ne da si bidete eden za drug ,,,,,,,,,,a jbg ,,,toa e veke druga rabota ,,,pomesti se od mesto,,,ili prekini vednash ,,,,imash druga rubrika ,,,za tema eden za drug ,,,ako ti e za to ,,,,ajt tamu,,,,,,,,,:cautious:
 
М

Мартин`

Гостин
Порано да ме прашаа за ова ќе одговорев - да а тоа дека имав вистински другари оние маалските со кои сме делеле буквално се што се вика но откако поради училиште и други работи (сепак никакви лоши раб.. како караници итн) сме се разделиле мислам тешко. Да сум имал и сеуште имам “другари“ но не е она што треба да биде, кога гледаш дека на твои успеси гледаат на завист кога ти љубоморат за нешто едноставно тоа не ти е другар, кога гледаш дека повеќе ти врти кога ти треба нешто отколку инаку јасно ти е дека не е тоа што треба. Затоа и не се замарам во последно време исто ми се фаќа а ги имам а ги немам ... различни мислења, погледи и планови за животот (до душе и некои ги немаат) вака кога најмалку се надеваш може ќе најдеш друг ;)

Член од
2 ноември 2008
Мислења
146
Поени од реакции
15
Постои и е многу ретко, речиси невозможна е варијантата во која му се доверуваш на некој и на крај не те заебува, ама после неколку заебувања кога ќе направиш чиска ќе останат 2-3 кои се токму вистински пријатели :)
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
41
Поени од реакции
22
Постои али е ретко ... Има уште добри луѓе на пример јас си имам двајца најдобри другари и една другарка кои се секогаш тука за мене ( и јас за нив нормално ) ... Сум имала и лажни другари и другарки али кога тогаш си го покажале вистинското лице ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom