Вистината за ЕУ која се премолчува

B

Bafra

Гостин
банки не како објекти, нормално. Кога ќе каже некоја фирма правела малверзации, нормално, газдата на фирмата. Значи по дефиниција на Транспаренси-банки, компании и лица кои се деловно, сопственички и управувачки поврзани со банките. Ние ги нарекуваме банкари, газди. Знаеш сигурно колку е "лесно" да се земе макар и кредит од 40тина илјади евра, низ какви се филтри минува предметот. Сигурно (можи и не) ти е познато дека сите финанс. институции имаат редовни и многу строги контроли од НБРМ, пошто се регистрирани во таа дејност (освен задругите во поново време кои исто требаше да бидат ставени под контрола).
Епа читај (ова е само капка од она што е истражено јавно

Цитат
Од анализа на трансакциите и движењето на парите може да се согледа еден модел или модус операнди на финансиски инженеринг, кој има за цел да овозможи поединци поврзани со банките, да го искористат незаконското банкарско работење со цел да се стекнуваат со имотна корист;
• Имотната корист се стекнува на штета на компании кои се користат како прикривачи за незаконитостите во работењето, но и на штета и за сметка на другите акционери во банките.
• Трансакциите се спроведувани и контролирани од лица вработени во банкарскиот сектор и добро упатени во банкарското работење, како и од лица поврзани со банките.
• Познавањето на законите и регулативата за банкарско работење но и искуството дека таа несоодветно се применува, овозможиле овие лица непречено да спроведуваат инкриминирани дејствија;
• Инкриминираните дејствија според нашите податоци траат во периодот од 2004 до 2014 година, а дел од нив се завршуваат и во овој период преку поведени судски постапки или постапки за извршување

Во случајот со компанијата Кубус, таа е искористена како компанија со добар кредитен рејтинг која требало да се јави како примач на кредитот пред парите да ги проследи кон компанија која е кредитно изложена и на која не би можело да и биде одобрен кредит. Формирана е голема мрежа од поврзани компании (роднински, капитално и управувачки) кои добиваат такви кредити, а потоа не ги враќаат. Целта била Кубус да стане инсолвентен, да оди во стечај, а тие да ги задржат парите.
b. Во текот на следењето на овој случај изготвени се уште три кривични пријави кои се доставени до надлежен јавен обвинител, а поднесена е и кривична пријава против вешто лице поради злоупотреба на службената положба и преземање на дејствија во состојба на судир на интереси.

2. Еурека Информатика е компанија која е вклучена во погоре споменатата мрежа на поврзани друштва. Без нејзино знаење низ нивната сметка поминале пари кои дошле од сметката на една компанија, а завршиле кај друга. Проследиле пари и од Кубус кон други фирми.

3. КИ-Метал е компанија која ја купила фабриката Цане Талески во Кичево. Таа го заложила целиот имот на фабриката како гаранција за фирмата Металика да земе кредит од Комерцијална Банка, за фабриката да се рестартира. На обезбедување од имот проценет на 970.000 евра, тие добиле кредит од 1.4 милиони евра, кој потоа со анекси на договорот надминал два милиони евра. Ки-Метал како сопственик на фабриката зела кредит, но фабриката не се рестартирала затоа што содружниците од Металика парите наместо за материјали според намената ги потрошиле на други ствари. Прво ги префрлиле во Уни Банка, по што не се знае каде и како се потрошени, но сигурно не биле потрошени според нивната намена согласно договорот за кредит. Кога фабриката банкротирала, Комерцијална Банка го одзела имотот од Ки Метал и го изнајмила на Металика.

4. Адил Мустафа е сопственик на болницата „Шендети“ во Тетово. За да ја доврши изградбата добил кредит од Стопанска Банка, но тогаш бил повикан од лица од Уни Банка кои го наговориле да се откаже од кредитот од Стопанска банка и да земе кредит од кај нив по многу поповолни услови. Тој се согласил, но оттогаш му биле одобрувани само помали суми спротивно на договореното. Му бил побаран целиот дотогаш изграден објект во вредност од пет милиони евра како обезбедување со цел тој кредитен пласман и понатаму да се задржи во А категорија. Кога тој веќе не можел редовно да го враќа кредитот поради тешките услови за отплаќање наметнати од банката, лица од Уни банка го поврзале со други фирми формирани специјално за пренос на кредити и позајмици со цел стигнување на парите до крајниот корисник кој во моментот е кредитно неспособен, за потоа да биде условен да им даде удел од неговата компанија на други лица со цел да му бидат доделени дополнителни средства за исплаќање на веќе постоечките кредити.
Ај ти си економски писмен, па баш објасни каде е криминалот со овие кредити ...
Испаѓа овие големи бизнисмени или се неписмени или биле алчни и паднале на добро осмислена шема од страна на банките и службите.
Стојан Андов имаше колумна една, истото го објасни, кога службите ќе те пикираат ти ојде бизнисот

хе хе, абе се познава одма твој одговор со факти и твој одговор со смајлина, одма се познава што е релевантно, а што проба за тролање :)
Прашај дома за приватизацијата, кои се личностите кои ги спомнав и кој требал да внимава дали праведно се спроведува.
Кој и дозволи на Стопанска Банка од кога ја купија Грците да си наплатува стари побарувања
Ако некои работи не ти се познати, не значи дека не постојат. :D

Ете така, се ова што го напиша @Lurtz, за банките на Балканот, скалирајте го 1000 пати и ќе добиете како работи Волстрит, и пази сето тоа е легално.

Типичен пример што јавно можеше да се следи во оваа година беше Тесла.

На крај победи Волстрит, го тргнаа Елон Маск од Тесла, така за некое време ќе влези некој голем Хеџ фонд таму, затоа што се очекува вредноста на Тесла да достигне 1 билион долари по наше или 1 трилион по американски (ова само за на @Dexter26 да му биде појасно).
Истото се случи и со Ејпл и С.Џ. па што :toe:
Вредноста на Тесла може да стигне билион, само и само ако големи играчи се вклучени.
Да не мислиш Амазон, ФБ така од ништо станале гиганти.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.917
Истото се случи и со Ејпл и С.Џ. па што :toe:
Вредноста на Тесла може да стигне билион, само и само ако големи играчи се вклучени.
Да не мислиш Амазон, ФБ така од ништо станале гиганти.
:несвест: леле бафра колку си упорен не ми се верува, сигурно многу ебаш со олкава упорност :)

Абе Тесла веќе успеа и тоа без Волстрит и тоа со такви противници како цела нафтена и автомобилска индустрија.[DOUBLEPOST=1544594316][/DOUBLEPOST]Еве ги свинските црева испреплетени во институциите кои треба да ги контролираат банките

Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Не се многу, две се. Повеќето од вас мислат дека секој авторитарен режим е и тоталитарен. До сега, само Советскиот Сојуз во времето на Сталин и наци Германија биле тоталитарни општества.
 
B

Bafra

Гостин
Еве ги свинските црева испреплетени во институциите кои треба да ги контролираат банките
Па банкарот ли е виновен за рецесија :facepalm: . Истото може да го обвиниш и Алкалоид, оти кога има рецесија, повеќе лекарства се пијат, а тоа е добро за неговиот бизнис.

Сам си кажуваш дека институциите НЕ си ја вршат работата, ама "банкарите" биле виновни. Тоа дека користат и дека се алчни, неморални, лихвари, не го демантирам, туку кој е виновникот.

Еве објасни како банкарите му дозволиле на овој (или Шилегов) да вози ваква кола:
https://netpress.com.mk/video-em-zimas-pari-od-narodot-em-go-pcues-i-navreduvas/
Или на 50% од адвокатите, кои се на минималец а живеат во палати, имаат возен парк од 100.000еур+

Или како банкарите им дозволиле на овие да должат толку пари:
https://emagazin.mk/lista-na-dolzhnici-na-u-p-nad-4-500-gra-ani-i-firmi-dolzhat-163-milioni-evra/

Или Банкарите се виновни што никој не ги казни Македонците во Панама пејперс...
 
Добро бе не ме читаш дека цело време ти велам дека банкарите оделуваат дебела сума за да ги купат политичарите, во спротивно ќе бидат салам регулирани и оданочени и овие работи нема да им бидат прогледани низ прсти.

Што не е јасно ?
 
Те читам де. Туку ме интересира зашто не е виновен тој што треба да ја врши контролата, да спроведува законите, туку тој што нудел пари....:toe:

Еве Леман и Голдман се исто работеле, ама едните банкрот, другиве дополнителни милијарди... или укини ги регулациите, па кој како сака нека работи, или за сите исти мерки, правила и казни.

Има еден виц:
Судијата го прашува, зашто ја убивте жена ви, а не швалерот?
Па судија, секоја недела ли да убивам по некој нов швалер....

Што не е јасно :D, во тоа кој е виновен и чија е одговорноста системот да функционира правично, да владее правото еднакво за сите ?
 
Види глупаво е ова за кокошката и јајцето што ми сервираш, јас само сакам да ја зголемам јавна свест за тоа што се случува, а колку повеќе луѓе се запознаени повеќе притисок ќе може да се изврши врз политичарите за да направат поголема регулација на банкарите.

Види ова со банкариве може да ни се акне од глава на сите, затоа што реалната економија во која се наоѓам и јас, а најверојатно и ти, а башка и како обичени грѓани кој што плаќаат даноци, страдаме од третманот што го имаат банките кон нас, а ова може да стане и далеку полошо.
 
:facepalm:
Абе колку повеќе регулација ти треба, колку повеќе закони ти се потребни за да се стокми општеството .... Овие милион што ги имаме не ти се доволни ...
Проблемот е што не важат за сите, немаш владеење на правото еднакво за сите. Платените за тоа, што имаат огромна моќ (да затворат кого сакаат ) не си ја вршат работата.

Од пред 15години имаме минимум 1.000 нови закони, регулации, ограничувања а се полошо станува.
Појасно од ова не можам ни да ти нацртам.

Алоо страдаш од државата, 50% од платата што би ја добил ти ја зема државата, а за возврат добиваме :kuracc: .
Не сме пателе од Б.Ц, Мијалков, Заев, Беличанец, Јово Превара и неговите колеги, туку Хари бил лошиот и ни ги земал парите (y)

Штом ти како претставник од приватен сектор (претпоставувам дека си) не ја сфаќаш оваа состојба, не сфаќаш кој е виновникот, останатите нема шанси, а и не им ни одговара. Затоа сме осудени заедно ајт у пм, посебно државен систем.

Шекспир дури има напишано Let's kill all the lawyers , во тоа време се мислело на обвинителите под команда на монарсите и правеле големи злодела.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Не се многу, две се. Повеќето од вас мислат дека секој авторитарен режим е и тоталитарен. До сега, само Советскиот Сојуз во времето на Сталин и наци Германија биле тоталитарни општества.
Истата таа Германија е најголем адвокат за сите овие негативни промени кои ги набројав. Тоа што не се работи за нацисти или некаква фашистичка партија не значи дека според нивните дејства не можат да се наречат/окарактеризираат така. Впрочем, многу попаметни луѓе и од мене и од тебе сметаат дека не се само тие два примера. Гледано не само историски, туку и во современо време, ден денес. Така да не се согласувам околу твоето излагање.

И темава е за Европската Унија, не за историски ревизионизам околу разно разни тоталитарни општества.[DOUBLEPOST=1544735083][/DOUBLEPOST]Големите француски мажи во желкина униформа, "приморани" да влечат на бетон, за коса, жена која секако е невооружена, за да ја онеспособат. Се прашувам, каде учеле обука пред да станат полицајци.

[DOUBLEPOST=1544735234][/DOUBLEPOST]НАТО школа ваљда? :)

Мора да се зачлениме и ние ако сакаме вакви ефективни тактики да користат и нашите.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.191
Поени од реакции
19.275
Не се многу, две се. Повеќето од вас мислат дека секој авторитарен режим е и тоталитарен. До сега, само Советскиот Сојуз во времето на Сталин и наци Германија биле тоталитарни општества.
А што со Кина под Мао, Северна Кореја, Камбоџа под Пол Пот и Шпанија под Франко?
 
0nline

ЕУ и Нато Антифашист
Член од
8 јануари 2012
Мислења
103
Поени од реакции
58
НАТО школа ваљда? :)

Мора да се зачлениме и ние ако сакаме вакви ефективни тактики да користат и нашите.
Македонија нема да се зачлени во ЕУ или Нато. Следните изборни циклуси во Македонија ќе бидат неуспешни и ќе биде последен обид да се легализираат сите незаконитости, корупции , .... , но и неуспешниот реферндум од политичари, кои во партиска програма ЕУ и Нато не го вадат од уста. Со бојкот, нема да може да се спроведе уцена, ниеден криминал, корупија или нелегален договор. Сигурно ќе го надминеме рекордот од Белгија ( држава која ќе нема влада долг период). Вака , без испукан куршум, никогаш нема да се спроведат наметнатите решенија од ЕУ, Нато, предлози за додавки на уставното име, ... итн. Ни предстои времески период од луѓе со амбиции, кои ќе го воспостават ново државно уредување со нови програми (според мене, во програмската определба би треба да сме за: воена неутралност и отвореност кон мултиполарниот свет). Сигурно ни предстои промената на генерации политичари за кои ЕУ или Нато беа единствен избор.Тој " единствен избор" не помина на реферемдум, зајде со својот максимум и не стана колективна вредност.
Според мое мислење на ЕУ, ќе гледаме реприза реприза на распад на Југославија од самите внатре , но и од интересите на западно од ЕУ ( со колонизаторски ген)+ влијанието од мултиполарниот свет. Најспособните со пари ќе ги земат, конкуренцијата од ЕУ ќе ја уништат, профитабилното ќе го купат , а народот ќе си пати и уништува.
 
WTF ?
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.928
Поени од реакции
7.780
Им се восхитувам на луѓето што мислат дека ќе го преживееме, како држава, светот во кој ЕУ завршува како Југославија. Уште повеќе, на они кои навиваат за тоа.

Иднината на Македонија е врзана за стабилноста на Балканот како регион. Стабилноста на континентална Европа е предуслов за стабилност на Балканот. Едноставно е.
Ако ЕУ не преживее или пак преживее во несоодветна форма, тоа негативно ќе влијае врз стабилноста во Европа, вклучително и Балканот.

Што е планот? Ќе се телепортираме до Нов Зеланд и ќе гледаме како се одмотува храбриот нов мултиполарен свет?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom