Прво, срќни да ви се празниците на сите!
На форум е добро кога некој има слободно време, да напише текст за некоја перцепција од темите.
Ti nikako da razgranicis sto e povod a sto e pricina.[DOUBLEPOST=1545246727][/DOUBLEPOST]
Kiro napravi sto ne kurtuli od vojna i kako toa se odrazi po nas kako republika tolku godini podocna.
Киро беше добар, затоа што се декларираше дека Македонија е за можен иден сојуз со Југославија и по перидот на распаднатата Југославија, со тоа допринесе Македонија да ја избегне војната.Киро беше човек од народот која го живееше периодот на Движењето на Неврзаните. Во период на паѓање на берлинскиот sид и распадот на Југославија,
мораше да се декларираме дека сме за ЕУ и Нато. Демонстрирањето воена сила на Нато кон СРЈ , е пример за тоа дека таквото
привремено декларирење е добра одлука. Во моментов мислам дека ни треба таков човек , со такви квалитети , сериозно да работи кон отварање кон мултиполарниот свет.
Јас не сум за ЕУ и Нато.Јас ги отворам темите зашто не сум за ЕУ и Нато, а што би требало биде.
Кога ќе пишувм за ЕУ, не треба да ја вклучувате Uk , како дел од дискусија за Еу.
Имав намера да пишувам на тема за кохерентноста на колонијализмот со успешноста на ЕУ. За пример е Франција, земја која ја колонизираше Африка ( преку грбот на 20-30 земји го билдаше својот развој), па во толкав временски период да се види каква е успешната ЕУ приказна. Во моментов тој прилив на средства го снемува, затоа што Кина прави бизнис договори во Африка. Франција еконимски опстојуваше преку грбот на Африка.
Овие анализи моментално ги нема на интернет, многу работи се избришани. Имаше еден период за Франција правеше прилози Нова Македонија, но цела архива ја нема на интернет. Само броеви од оваа година.
...друг пат , ќе пишувам повеќе.
Им се восхитувам на луѓето што мислат дека ќе го преживееме, како држава, светот во кој ЕУ завршува како Југославија. Уште повеќе, на они кои навиваат за тоа.
Да сум искрен,ниту еднаш не сум помислил да допринесам за идеата Македонија во ЕУ. Јас очекував луѓе кои 30 години ЕУ и е секој ден во уста да кажат: Извинете, згрешивме, нашиот неуспех за визија кон иднината, ве оштетивме 30 години како држава и народ. Кој земал пари од ЕУ е добро, ако тие пари се користени за корупција и тоа е добро за конфискација од државата.Барем да се повлечат тие луѓе, ќе биде најмала штетата. Киро мислам во 2004(го гледав на сателитска) гостуваше на ХТВ , и рече за привременото декларирање: Каков Нато, Еу, па ние таму нема да влеземе!
Декларирањето беше глумење пред народ,за политичарите да купат време.
Иднината на Македонија е врзана за стабилноста на Балканот како регион. Стабилноста на континентална Европа е предуслов за стабилност на Балканот. Едноставно е.
Не е точно дека иднината на Македонија е врзана за, .... , нешто, но има влијание. Секој си е ковач на својата идниа. Сингапур да е беше врзан за својата иднина од регионот или Азија? Не , сами ја создадоа економски просперитет и од генерацијата добија татко на нацијата.
Ако ЕУ не преживее или пак преживее во несоодветна форма, тоа негативно ќе влијае врз стабилноста во Европа, вклучително и Балканот.
Што е планот? Ќе се телепортираме до Нов Зеланд и ќе гледаме како се одмотува храбриот нов мултиполарен свет?
Јас за преживувањето на Еу, не му ја мислам, како и на дел од луѓето во ЕУ. Како секој човек од ситнењето (распадот) на ЕУ во глава ми се мота остварување на профит од тоа. Дали преку искористувањето на валутните војни, корупцијата на Еу, ...., тука има секакви интереси.
За планот за замена на ЕУ демагогија, со реален наш интерес е за почеток наместо воени бази , на пример: да го отстапиме Криволак на Кина на користење и таму да создадеме силиконска долина.
По што се разликуваме, од луѓето што само ЕУ и Нато им е во уста секој ден.
Јас сакам да сме високо технолошко развиена земја. За тоа да сме, тоа треба да создадеш силиконска долина. Е тоа создава пари.
Некои кои се само за ЕУ, Нато само пари бараат, се распродаваат за пари или функција, а на ЕУ и Нато само полтрони и робови им требаат.
И нормално, сега е време за отвореност кон мултиполарниот свет.
...толку имам време. Друг пат повеќе ќе пишуам.