B
Bafra
Гостин
Ај ти си економски писмен, па баш објасни каде е криминалот со овие кредити ...банки не како објекти, нормално. Кога ќе каже некоја фирма правела малверзации, нормално, газдата на фирмата. Значи по дефиниција на Транспаренси-банки, компании и лица кои се деловно, сопственички и управувачки поврзани со банките. Ние ги нарекуваме банкари, газди. Знаеш сигурно колку е "лесно" да се земе макар и кредит од 40тина илјади евра, низ какви се филтри минува предметот. Сигурно (можи и не) ти е познато дека сите финанс. институции имаат редовни и многу строги контроли од НБРМ, пошто се регистрирани во таа дејност (освен задругите во поново време кои исто требаше да бидат ставени под контрола).
Епа читај (ова е само капка од она што е истражено јавно
Цитат
Од анализа на трансакциите и движењето на парите може да се согледа еден модел или модус операнди на финансиски инженеринг, кој има за цел да овозможи поединци поврзани со банките, да го искористат незаконското банкарско работење со цел да се стекнуваат со имотна корист;
• Имотната корист се стекнува на штета на компании кои се користат како прикривачи за незаконитостите во работењето, но и на штета и за сметка на другите акционери во банките.
• Трансакциите се спроведувани и контролирани од лица вработени во банкарскиот сектор и добро упатени во банкарското работење, како и од лица поврзани со банките.
• Познавањето на законите и регулативата за банкарско работење но и искуството дека таа несоодветно се применува, овозможиле овие лица непречено да спроведуваат инкриминирани дејствија;
• Инкриминираните дејствија според нашите податоци траат во периодот од 2004 до 2014 година, а дел од нив се завршуваат и во овој период преку поведени судски постапки или постапки за извршување
Во случајот со компанијата Кубус, таа е искористена како компанија со добар кредитен рејтинг која требало да се јави како примач на кредитот пред парите да ги проследи кон компанија која е кредитно изложена и на која не би можело да и биде одобрен кредит. Формирана е голема мрежа од поврзани компании (роднински, капитално и управувачки) кои добиваат такви кредити, а потоа не ги враќаат. Целта била Кубус да стане инсолвентен, да оди во стечај, а тие да ги задржат парите.
b. Во текот на следењето на овој случај изготвени се уште три кривични пријави кои се доставени до надлежен јавен обвинител, а поднесена е и кривична пријава против вешто лице поради злоупотреба на службената положба и преземање на дејствија во состојба на судир на интереси.
2. Еурека Информатика е компанија која е вклучена во погоре споменатата мрежа на поврзани друштва. Без нејзино знаење низ нивната сметка поминале пари кои дошле од сметката на една компанија, а завршиле кај друга. Проследиле пари и од Кубус кон други фирми.
3. КИ-Метал е компанија која ја купила фабриката Цане Талески во Кичево. Таа го заложила целиот имот на фабриката како гаранција за фирмата Металика да земе кредит од Комерцијална Банка, за фабриката да се рестартира. На обезбедување од имот проценет на 970.000 евра, тие добиле кредит од 1.4 милиони евра, кој потоа со анекси на договорот надминал два милиони евра. Ки-Метал како сопственик на фабриката зела кредит, но фабриката не се рестартирала затоа што содружниците од Металика парите наместо за материјали според намената ги потрошиле на други ствари. Прво ги префрлиле во Уни Банка, по што не се знае каде и како се потрошени, но сигурно не биле потрошени според нивната намена согласно договорот за кредит. Кога фабриката банкротирала, Комерцијална Банка го одзела имотот од Ки Метал и го изнајмила на Металика.
4. Адил Мустафа е сопственик на болницата „Шендети“ во Тетово. За да ја доврши изградбата добил кредит од Стопанска Банка, но тогаш бил повикан од лица од Уни Банка кои го наговориле да се откаже од кредитот од Стопанска банка и да земе кредит од кај нив по многу поповолни услови. Тој се согласил, но оттогаш му биле одобрувани само помали суми спротивно на договореното. Му бил побаран целиот дотогаш изграден објект во вредност од пет милиони евра како обезбедување со цел тој кредитен пласман и понатаму да се задржи во А категорија. Кога тој веќе не можел редовно да го враќа кредитот поради тешките услови за отплаќање наметнати од банката, лица од Уни банка го поврзале со други фирми формирани специјално за пренос на кредити и позајмици со цел стигнување на парите до крајниот корисник кој во моментот е кредитно неспособен, за потоа да биде условен да им даде удел од неговата компанија на други лица со цел да му бидат доделени дополнителни средства за исплаќање на веќе постоечките кредити.
Испаѓа овие големи бизнисмени или се неписмени или биле алчни и паднале на добро осмислена шема од страна на банките и службите.
Стојан Андов имаше колумна една, истото го објасни, кога службите ќе те пикираат ти ојде бизнисот
Прашај дома за приватизацијата, кои се личностите кои ги спомнав и кој требал да внимава дали праведно се спроведува.хе хе, абе се познава одма твој одговор со факти и твој одговор со смајлина, одма се познава што е релевантно, а што проба за тролање
Кој и дозволи на Стопанска Банка од кога ја купија Грците да си наплатува стари побарувања
Ако некои работи не ти се познати, не значи дека не постојат.
Истото се случи и со Ејпл и С.Џ. па штоЕте така, се ова што го напиша @Lurtz, за банките на Балканот, скалирајте го 1000 пати и ќе добиете како работи Волстрит, и пази сето тоа е легално.
Типичен пример што јавно можеше да се следи во оваа година беше Тесла.
На крај победи Волстрит, го тргнаа Елон Маск од Тесла, така за некое време ќе влези некој голем Хеџ фонд таму, затоа што се очекува вредноста на Тесла да достигне 1 билион долари по наше или 1 трилион по американски (ова само за на @Dexter26 да му биде појасно).
Вредноста на Тесла може да стигне билион, само и само ако големи играчи се вклучени.
Да не мислиш Амазон, ФБ така од ништо станале гиганти.