Де па ти ако толку го величиш Кирета и ти фали, ич да не се секираш. Внука му си ја имаме и супер ја тера .... водата на нејзината воденица
Со шо е позната внука му
Ајде дневна доза информации
https://www.mkd.mk/svet/analizi/politiko-kraj-na-evropa-vakva-kakva-shto-ja-znaeme-no-sje-e-vo-red
Политико: Крај на Европа ваква каква што ја знаеме, но сѐ е во ред
Во анализата се истакнува дека иако Европа имаше „ужасна година“ таа ја преживеа помалку или повеќе нечепната. Имајќи ги предвид неволите во Европа, луѓето се изненадувачки оптимистични, а анкетите укажуваат дека тие ја поддржуваат Унијата најмногу во периодот на оваа генерација, додека еврото е на рекордно високо ниво.
Парадоксално е тоа што, истакнува Политико, на сите им се чини дека Европа е постојано на прагот на катастрофа, но таа никако да се случи.
Низ целиот континент (со одделни исклучоци), возовите пристигнуваат на време, здравството и образовните системи се достапни и во добра состојба, правосудството е фер, а градовите се безбедни.
Економијата, иако „растегната“, и понатаму расте, а невработеноста на ниво на Европската Унија е на најниско ниво од 2000 година, иако е жежок проблем во одделни земји.
Европа успеа да се избори за трговски договори со Канада, иако таквите договори, како што се наведува, се „под опсада“.
„Иако е лесно да се окарактеризира Европа како место каде што ништо вистински не функционира (Грција, брегзитот, емиграциите, Жан Клод Јункер), некако повеќето нешта сепак функционираат“, наведува Политико, додавајќи дека дури и повеќето популисти се откажаа од идејата да ја напуштат ЕУ.
Лесно е да се обвинат медиумите за лошата репутација на Европа, но вистинските виновници се нејзините политички лидери, се истакнува во текстот. Почнувајќи со кризата на еврото, политичарите ја искористија заканата од европската пропаст како „вербален пендрек“.
„Ако пропадне еврото ќе пропадне и Европа“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во 2010 година кога се обидуваше да добие поддршка за својата спасувачка стратегија.
Европскиот комесар за економски и финансиски прашања Пјер Московиси изјави во 2016 година дека Европа мора да се промени или „ризикува да умре“.
Германскиот комесар Гинтер Етингер во септември кажа дека Европа е во „смртна опасност“, додека се обидуваше да обезбеди поддршка за својот нацрт буџет.
Постои опасност овие нивни предвидувања сепак да се остварат. Не минува ни една недела без некој голем предизвик за иднината на Европа. Неодамнешната одлука на Меркел да се повлече од челото на нејзината партија доведе до нови драматични претскажувања.
Медиумите предупредија дека нејзиното скоро заминување не претставува само значаен предизвик за ЕУ, туку дека тоа би можело да има „кобни последици“. Гардијан напиша дека можеби станува збор за најголемиот предизвик за Европа од 1930-тите години.
Последната во низата драми за ЕУ се протестите на француските „Жолти елеци“. Постои загриженост дека револуцијата би можела да ја запали Европа, наведува Политико.
Германците се вознемирени поради одговорот на францускиот претседател Емануел Макрон, особено поради неговата одлука со трошење повеќе државни пари да ги смири демонстрантите – како целиот континент да ќе се урне ако Франција (и Италија) го пречекорат целениот буџетски дефицит на ЕУ од три отсто.
Во меѓувреме, европските либерали се собираат да го спасат францускиот претседател. За некои, тој е „новото евро“.
„Ако падне Макрон ќе падне и Европа“, кажа Хенрик Ендерлајн, истакнатиот германски академик во колумна за Шпигл.
Доколку изминатата деценија на постојани кризи нѐ научи нешто, тоа е дека што и да се случи следно, европската пропаст е најмалку можна.
Меѓутоа, јасно е дека Европа ќе биде поинаква. Со сѐ постара популација и кабеста бирократија, ЕУ можеби нема да стане следниот светски економски мотор. На глобалната сцена Европа нема да биде таа што ќе ги поставува трендовите. Но нејзините граѓани ќе продолжат да ја поддржуваат, од страв што може да се случи доколку повеќе ја нема,
заклучува Политико.