Винг Чун Кунг Фу

Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
13
Што е тоа Винг Чунг Кунг Фу?

Винг Чунот е една од најмладите боречки вештини што излегла од Шаолин манастирот (домот на сите боречки вештини).Во исто враме таа е ултимативна вештина која претставува синтеза од сите дотогаш познати кунг фу вештини.
Целта на создавање на оваа вештина е да се формира ефикасен систем со кој практично ќе се создаде борец кој без оглед на физички предиспозиции и со у употреба на уникатни методи и техники на тренинг ке може да одговори на секаков предизвик, да се спротистави на било која друга боречка вештина и ефективно да го победи противникот, додека пак рокот за усовршување на вештината е многу пократок во однос на учењето на другите боречки вештини.
Вештината претставува систем на знаења кој се состои не само од борба туку и од хумани секојдневни здраствени техники кои го одржуваат телото и духот во здрава психофизичка состојба. За таа цел се применува медитацијата, акупресурата, кинеска традиционална медицина и продготовка на препарати на база на билки и продукти од природата. Нешто уникатно што се сретнува само во Винг Чунот е и меридијанката терапија.
Преку оваа вештина се учи една животна филозофија , начин на живот кој ке Ви подари многу благодети на физички, психички и емоционален план. Оваа вештина од вас нема да создаде борец кој преку физичкото насилство ќе ги остварува своите цели ,туку личност која ќе биде во спокојство и рамнотежа во себе и со средината во која живее.

ЦЕЛ

ЦЕЛТА на Винг Чун Кунг Фуе да ја развие физичката, менталната и духовната свест. Овие елементи не издигаат на повисоки нивоа на животот. Самосвесноста, самопочитувањето и должноста да служи, треба да бидат цел на секој борец. Оние кои вежбаат треба да медитираат и на овие принципи да го пронајдат својот мир низ учењето на Кунг Фу начинот на живот.

ФИЛОЗОФИЈА НА ВИНГ ЧУН

Оној кој се претставува како воин не е страшен;
Оној кој се одликува во борбата никогаш не е предизвикан во бес;
Оној кој го победува својот противник не се фали со тоа;
Оној кој ги изнајмува другите се понижува пред нив;
Ова е способност на избегнување на конфликти, која одговара на возвишеноста на рајот;

ЗАКЛЕТВА НА ВИНГ ЧУН

Ќе ги тренираме нашите срца и тела во здрав и непоколеблив дух;
Ќе ја следиме вистинската смисла на борбениот начин и во потребниот момент;
Нашите сетила ќе бидат спремни;
Со вистинска енергија ќе тежнееме да го култивираме духот со самоодрекување;
Ќе ги запазиме правилата на учтивоста;
Ќе ги почитуваме нашите претпоставени;
Ќе се воздржуваме од насилство;
Ќе му изразиме почитување на нашиот создавач и никогаш нема да ја заборавиме вистинската големина на понизноста;
Ќе тежнееме кон чесноста и силата без барање на останати желби;
Целиот живот низ дисциплината на Винг Чун Кунг Фу ќе трагаме по вистинскиот пат

Ова е само на кратко едно објаснение , понатаму ке дополнам подетално околу боречкава вештина , бидејки имам бајаги за преведување.... :pipi:
 
Attachments

Член од
27 март 2009
Мислења
1.051
Поени од реакции
112
Значи ..многу добра вештина ..тренирав некое време ..ама клубот се затвори ..така да ..дооста брза вештина,немора ти да си брз за да го работиш тоа ..самата вештина е брза ...и како да речам ..елегантна ..не се учи само да го начекаш позади дрвото и тррррааас у кичмата ..гледано од медицински аспект се учи и лекување ..од последиците од винг чунот ..многу начини за преживување ..Брус Ли своето џит кун до го формирал по пример на винг чунот ..многу одбрани од удари во џит кун до-то се направени врз основа на винг ...но сепак не се доволно корисни како оригиналните:)
Како што знам јас Винг чун-от е формиран од жена ..па од неа учел мажот нејзин бла бла бла ..а најпознат за нас е Ip Man ..човекот кој ги тренирал Ip Ching и Ip Chun ..блаблабла ..
важно вештинава е супер ...бар мене ми беше:)
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
431
Подолго не сум во мк и не знам дали сеуште работи клубот на Ѓоре од Пинтија .Ако сеуште работи а сте се одлучиле за Винг Чун , тогаш да знаете подобар од него во РМ а и во околината нема .За све друго надвор од оваа вештина се знае, Кецко:helou:
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
13
Токму така , се е точно со напиша. Само заборави да го спомнеш William Cheung , исто така ученик на Yip Man кој моментално е главен т.е GrandMaster на Светската Винг Чунг Асоцијација...... И сеуште го држи рекордот за најмногу удари во секунда , дури 8 :D ....

П.С Иначе во кој клуб си тренирал и каде било седиштето , и зашто си се откажал ? :S

Да да сеуште постои клубот на Ѓоре , се наоѓа во К.Вода и он е главен на Винг Чун федерацијата на Македонија. Ја додуша не тренирам кај него , тренирам кај Сифу Предраг. Исто така многу добар може и да се каже најдобар..... :D
 
Па тренерот мој мислам дека требаше да оди во белград ..нешто саем со Вилиам Ченг ..и нас ќе не носеше ..ама се заеба сета работа ..иначе у Прилеп ..Бранко ..диката мислам го викаја ..што знам ..
 
ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Па тренерот мој мислам дека требаше да оди во белград ..нешто саем со Вилиам Ченг ..и нас ќе не носеше ..ама се заеба сета работа ..иначе у Прилеп ..Бранко ..диката мислам го викаја ..што знам ..
Бранко е најспремен за Винг Чун во југозападна МК.
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.084
Поени од реакции
1.678
ццц ..
Аман од боречките вештини имате тама теми, али уште ова ја оставам бидејки воведот ме натера да ја оставам, ако некоја излезе уште една ке биде префрлена ...
Што ако за секоја вештина се отварана нова тема? Знам заслужуваат некои вештини, али ајде нека е оваа, само без оф топици ...
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
1.609
Годинава за првпат во Македонија дојде Master David Cheung и одржа семинар во Скопје на 16-17 Октомври.Навистина имаше што да се научи на семинарот покрај еден таков голем познавач на оваа боречка вештина.
 
Криво ми е што не присуствував на овој семинар. Баш тогаш кога се одеше не бев на тренинг :( Но затоа нема да го пропуштам семинарот на Grandmaster William Cheung , само не сум сигурен дали воопшто ке дојде оваа година или дури на пролет. :D

А ти уствари во кој клуб тренираш???
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Не знам за оваа вештино ништо...
Прашање...има некоја спиритуалност Винг Чун Кунг Фу ?
Тенирам Аикидо , имаме форми значи издишување , со затворени очи , рацете ги шириме итн. , на прв поглед изгледа како не знам што , духот , телото некој натприродни работи како што ги прикажуваат во филмовите ...Во Аикидото тие форми служат да се синхронизира телото со дишење....ок да не се одалечувам од темава , инаку Си го применил ли
"Винг Чун Кунг Фу" во реален живот и дали било ефикасно ? Поздрав ...може да ставиш некој видео клип :)
 
Реално или традиционално тренираш ?
Иначе вака , во Винг Чунг Кунг Фу има еден дел кој се нарекува Чи Кунг медитација, која ја развива внатрешната Чи енергија да тече низ меридијаните Јин и Јанг според традиционалната кинеска медицина. Е сега тоа е "натприродното" т.е спиритуалното. Има повеќе типови на вежби дали статични дали со ширење на рацете и сл. Додуша тоа не е ништо натприродно туку едноставно подобрување на циркулацијата на крвта , подобрување на концентрацијата. При правење на Чи кунг медитативните вежби се практикува "стомачно" дишење , незнам сега ова како да ти го објаснам.
До сега не сум имал шанса да го употребам т.е не сум се нашол во таква ситуација а ако се најдам сигурен сум дека ке ми помогне...

Какви клипчиња те интересираат формите , формите на кукла , самоодбрамбени техники, медитациите .... ?
 
Самоодбрана....инаку Традиционално тренинрам....па и ние имаме некој медитативен дел пред почетокот на тренингот...во статична положба , да во медитацијата нема нешто натприродно медитација колку што знам значи размислување...уште нешто има ли Натпреварувања ?
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
1.609
Подолго не сум во мк и не знам дали сеуште работи клубот на Ѓоре од Пинтија .Ако сеуште работи а сте се одлучиле за Винг Чун , тогаш да знаете подобар од него во РМ а и во околината нема .За све друго надвор од оваа вештина се знае, Кецко:helou:
Има:helou:.Најдобриот сифу во Македонија е Горан Андонов-Франц да не се лажеме, инаку комшија на Ѓоре.:toe:

Горан е со црвениот појас на клипот,а другиот е Божидар Габершек-првиот што го има донесено Винг Чунот во регионов:toe:

Самоодбрана....инаку Традиционално тренинрам....па и ние имаме некој медитативен дел пред почетокот на тренингот...во статична положба , да во медитацијата нема нешто натприродно медитација колку што знам значи размислување...уште нешто има ли Натпреварувања ?

Член од
9 мај 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво! Може ли некој да ми каже дали Ѓоре Костовски држи тренинзи за Винг Чун и каде му се тренинзите зашто сакам да почнам да тренирам
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.509
Здраво.
Ме интересира ако некој знае да каже каде во Скопје има винг чун клубови, во кои населби. Сакам да почнам да тренирам, па не знам каде ми е најблиску :)...моментално живеам во Капиштец, па немам услови и не ми се исплаќа на пример да одам до Пинтија...
Однапред благодарам.
 
На врв Bottom