Винг Чун Кунг Фу

Член од
29 септември 2017
Мислења
178
Поени од реакции
101
Мој совет ви е, ако сака некој да почне да тренира винг чун, никако кај Ѓоре. Чист бизнис е тоа. Не знам каква е ситуацијата кај неговите ученици (Предраг и останати).
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
215
Поени од реакции
262
Мој совет е, воопшто да не тренирате кунг фу, ви ствара само лажна претстава дека знаете нешто од борба.
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
215
Поени од реакции
262
Ова само за кај нас во МК важи?
Секаде во светот. Реални вештини се уствари боречките спортови, каде што има натпревари, реални спаринзи. Во кунг фу нема никаков спаринг, па како ќе знаат да го применат тоа во реална ситуација? ММА постои повеќе од 20 години. Како тоа до сега да нема ниту еден успешен мајстор во кафезот од тие мистични вештини (аикидо, кунг фу, аикиџитсу, нинџитсу....)? Е сега некој ќе ми каже како тие не вежбале за докажување туку за себе, да го усовршат умот и телото, бла бла.... А всушност тоа се луѓе со најголемо его. Безброј случки имало кај мене на тренинг каде што доаѓале "мајстори" во кунг фу со преку 10 години искуство, црни појаси аикидо, па биле доминирани од дечки што вежбаат неполна година БЏЏ/ кик бокс/ММА... Дури и не сакаат да тапкаат на зафат од преголемо его бидејќи сите тие години посветени на тој тип на тренинг им пропаѓаат во вода. Не правеле спаринг и не се нашле во реална борба со трениран борец, па кога ќе почнат да се борат тоа за нив се"непознати води".

https://www.youtube.com/watch?v=JjK0g-cDJI4
еве ви безброј примери за тоа што зборам.
 
Не знам за тоа, јас присуствував на еден тренинг кај дечките што спомнав во друга тема аикидо и крав мага што тренираат и од тоа што видов, можам да ти кажам дека не се за потценување воопшто. Црни појаси се во аикидо, ама тепаат. Другарче што тренира таму, вика имаат спаринг постојано, иако за почетници било ептен лајт контакт. За тоа со натпреварите, не се согласувам многу, зашто имам видено пример каде што бивш македонски ММА борец (кој се такмичел), човекот е вистина многу добро граден, изеде ќотек во улична тепачка (пред мои очи) од другар (кој вежба обично борење и не се натпреварува). Така што значи ова е релативно. Од друга страна, вистина има многу „мајстори“ по разни боречки вештини кои се прават дека имаат некакво познавање, а во живот никогаш немаат видено Јапонец (или Кинез). И за тоа дали и што има во мма (или дали има некоја од тие вештини кои ти ги спомна) не знам. Тренирав јас нинџуцу кај „мајстор“ и потрошив многу време на глупости, затоа и се откажав, бидејќи ми беше продавано магла. Но тоа не значи дека нинџуцуто не е практично, добро и корисно, се зависи од тоа од кого учиш.
 
На врв Bottom