- Член од
- 18 јануари 2008
- Мислења
- 131
- Поени од реакции
- 14
Што е тоа Винг Чунг Кунг Фу?
Винг Чунот е една од најмладите боречки вештини што излегла од Шаолин манастирот (домот на сите боречки вештини).Во исто враме таа е ултимативна вештина која претставува синтеза од сите дотогаш познати кунг фу вештини.
Целта на создавање на оваа вештина е да се формира ефикасен систем со кој практично ќе се создаде борец кој без оглед на физички предиспозиции и со у употреба на уникатни методи и техники на тренинг ке може да одговори на секаков предизвик, да се спротистави на било која друга боречка вештина и ефективно да го победи противникот, додека пак рокот за усовршување на вештината е многу пократок во однос на учењето на другите боречки вештини.
Вештината претставува систем на знаења кој се состои не само од борба туку и од хумани секојдневни здраствени техники кои го одржуваат телото и духот во здрава психофизичка состојба. За таа цел се применува медитацијата, акупресурата, кинеска традиционална медицина и продготовка на препарати на база на билки и продукти од природата. Нешто уникатно што се сретнува само во Винг Чунот е и меридијанката терапија.
Преку оваа вештина се учи една животна филозофија , начин на живот кој ке Ви подари многу благодети на физички, психички и емоционален план. Оваа вештина од вас нема да создаде борец кој преку физичкото насилство ќе ги остварува своите цели ,туку личност која ќе биде во спокојство и рамнотежа во себе и со средината во која живее.
ЦЕЛ
ЦЕЛТА на Винг Чун Кунг Фуе да ја развие физичката, менталната и духовната свест. Овие елементи не издигаат на повисоки нивоа на животот. Самосвесноста, самопочитувањето и должноста да служи, треба да бидат цел на секој борец. Оние кои вежбаат треба да медитираат и на овие принципи да го пронајдат својот мир низ учењето на Кунг Фу начинот на живот.
ФИЛОЗОФИЈА НА ВИНГ ЧУН
Оној кој се претставува како воин не е страшен;
Оној кој се одликува во борбата никогаш не е предизвикан во бес;
Оној кој го победува својот противник не се фали со тоа;
Оној кој ги изнајмува другите се понижува пред нив;
Ова е способност на избегнување на конфликти, која одговара на возвишеноста на рајот;
ЗАКЛЕТВА НА ВИНГ ЧУН
Ќе ги тренираме нашите срца и тела во здрав и непоколеблив дух;
Ќе ја следиме вистинската смисла на борбениот начин и во потребниот момент;
Нашите сетила ќе бидат спремни;
Со вистинска енергија ќе тежнееме да го култивираме духот со самоодрекување;
Ќе ги запазиме правилата на учтивоста;
Ќе ги почитуваме нашите претпоставени;
Ќе се воздржуваме од насилство;
Ќе му изразиме почитување на нашиот создавач и никогаш нема да ја заборавиме вистинската големина на понизноста;
Ќе тежнееме кон чесноста и силата без барање на останати желби;
Целиот живот низ дисциплината на Винг Чун Кунг Фу ќе трагаме по вистинскиот пат
Ова е само на кратко едно објаснение , понатаму ке дополнам подетално околу боречкава вештина , бидејки имам бајаги за преведување....

Attachments
-
3,1 KB Прегледи: 225