Вили, самовили...

buba18

God is a DJ
Член од
8 јануари 2009
Мислења
358
Поени од реакции
10
ne veruvum oti nemam videno a i ne mi se veruve da vidum:wink:
 
Член од
6 јули 2008
Мислења
11
Поени од реакции
0
Искрено не веруам... у нешто све додека не видим:)
АМА!
Незнам кј беше ми се чини дека негде у тетово у некое село има некоја црква..... (е ако де има има:pos2:) ама ако идеш таму и подолго време седиш у дворот на црквата (1-2 саати) се слушаат сварно некој чудни работи како чекори крцкања и слични работи.. се веруа дека у таја... црква има самовили и слично кој помагаа у многу болести... Проверено е сум бил и сварно доколку е тишина се слушаат сварно некој интересни и морничави работе... нема никој а слушаш како некој се движи..... ако идете ќе слушнете.... и успут.. немојте случајно чоинт да запалите.. може и да ги видите.....:pos2::pos2::pos2::pos2:
 

mazne

stek
Член од
19 септември 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
Ја додуша не веруам у такви работе наводно "самовили" ама никоаш не се знае што све може да има на светов.:toe:
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Бич ма, барем ти си од Охрид би требало да имаш слушнато за Св. Еразмо или не си? Тоа е црквата што се наоѓа на патот помеѓу Охрид и Струга ... од многу луѓе сум слушнала дека навечер се појавувала самовила или незнам како ја насловуваат поинаку, и истата таа си преминува улица со што се предизвикани многу сообраќајни несреќи. Но не секогаш ... некогаш останува и на тоа да ја видат и да извлечат г'з поминувачите ...
Мене ми е параноја кога и да одам или идам од Охрид навечер, а истиот филинг им е на сите што слушнале за ова или ја виделе "самовилата".
Верувам во вакви работи дека премногу сум слушала од очевидци или постари што раскажуваат, многу језиви појави ми се и страшно многу сакам да знам што уствари се крие зад нив. Лично јас не сакам да доживеам такво нешто иако повеќето викаат дека треба да си посебен за баш тебе да ти се појави самовила или што и да е :?
Да, да се е точно ова, на еден другар возејќи се со кола пред неколку години му излегло нешто во бело облечено на тоа место и само малку фалело за да се случи најлошото, едвај се извлекол да не излета од патот.
Инаку е тоа така бидејќи местото каде што поминува патот е свето место и "ако сте поминеле тука кога светците ќе ручале или вечерале ќе се налутеле" не требало да поминува тој пат тука , ама ете го изградиле баш таму. Ова е стварно, постари луѓе ми имаат кажувано
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
Тие вили, самовили и остали ужасии се слуги (деца) на сатаната! Ако тие жени-самовили кои се претставуваат како невести земаат човечки жртви т.с. убиваат луѓе тогаш тие се сатански-структури кои се веке осудени на вечна казна и ке горат во пеколот кога ке дојде тој суден ден.
Само дали на некој му е јасно, зошто тие самовили што убиваат луге се секогаш жени? Тоа има некакво значење. Како што кажа една видовита личност и рече: ако видиш жена на сон тоа е лошо.
 
Член од
1 декември 2009
Мислења
10
Поени од реакции
0
Мене мајка ми ми има кажувано дека самовилите ги има на одредени места околу шипинките ... и демек АКО околу тоа стебло имало самовили после ке те болела главата ако си берел од тоа :toe: а сум слушнала и дека на патот делчево-каменица исто се појавувала некоја жена во бело облечена и цело време одела на белата линија на патот пред возилото (ноќе)
Јас стварно мислам дека има такви суштества... брррр.... морничавооо...:icon_eek:
 
Член од
16 април 2009
Мислења
55
Поени од реакции
6
mena mi ima kazuvano eden drugar, inace vo niso ne veruva deka na patot mavrovo debar kaj so e tunelot odnosna edna karpa niz koja vrvi patot. koga pominuval od tamu imal videno nevesta kako sedi pokraj patot. ise ke bilo ok da nebilo dva posle polnoc. e sega so e toa dali samovila neznam
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
Самовилите биле жени или девојки со фантастичен изглед, секогаш блескаво убави, а нивните коси биле опишувани како златни, црвени или поретко бели. Како составен дел од нивниот изглед се белите фустани, проѕирни велови, вилински појаси, понекогаш лак и стрели. Постоело верување дека нивната сила и моќ можат да им се одземат доколку им се одземе велот или фустанот. Според други верувања, тие имале крилја кои биле поставени на нивните фустани и нивната моќ се наоѓала во нив. Со губење на велот, фустанот или крилјата самовилите станувале обични жени кои најчесто се мажеле за овчарот или јунакот кој им ја одзел силата. Но, нивната природа никогаш не ги оставала во тој облик, туку постојано барале прилика повторно да се вратат на самовилскиот живот, што најчесто им успевало одкога би го убедиле сопругот да им ја врати облеката или крилјата.
Постоело верување дека тие имале само една мана, магарешки, коњски или козји нозе и дека поради тоа најчесто се криеле на скришни места. Во некои краишта во Србија се верувало дека самовилите имале непријатна миризба и дека по неа се распознавале нивните живеалишта кои секогаш биле табуизирани. Во народното творештво и преданијата самовилите се опишувани како прекрасни жени, исклучително суетни, па неретко таа суета била кобна по девојките кои својата убавина ја истакнувале над нивната. Самовилите биле големи обожавателки на музиката и танците, најсурови биле доколку некој од смртните луѓе им го набљудувал или реметел танцот. Најчесто танцувале до изворите, кај колевките на новороденчињата или во густите шуми и ливади. Исто така нивната трпеза и местата каде обедувале биле табуизирани поради верувањето дека во време на ручекот не смееле да бидат вознемирувани оти станувале сурови. Неретко тие биле посестрими или помајки на јунаците, некогаш се појавувале и како заштитнички на вљубените, болните или слабите. Нивните живеалишта најчесто се наоѓале во високите планини, длабоки шуми или покрај водите. Како нивни живеалишта се спомнуваат и гробиштата на кои биле погребувани некрстени, особено децата, или воденици, раскрсници и сл. Во Бугарија постои предание дека самовилите живееле на „крај на светот“, во селото Змејково кое сенаоѓало преку три планини и до нивното живеалиште пристигале само свраките и орлите. Нивната трпеза се наоѓала под големите разгранати дрвја, во круг на печурки или до чистите врутоци и кладенци. Според некои верувања тие јавале на елен кој бил обвиткан со змии, а во рацете носеле лак и стрела со кои се бореле, но и заштитувале. Според некои верувања самовилите биле заштитнички на чистите води. Вознемирувањето на самовилскиот обед или танц предизвикувало најразлични болести, но најчесто доведувало до прализа, оглувување, ослепување и смрт.
Според народните верувања, самовилите како данок земале човечки жртви, јунаци, нероткињи, доенчиња, девојки кои убаво пееле и танцувале, момчиња што свиреле. Некогаш земените девојки им биле прислужнички кои им носеле лак и стрели, а некогаш тие се грижеле за децата на самовилите. Самовилите според некои верувања биле стопанки на лековити билки, нивните знаења за лечителните моќи на билките биле совршени и неретко се верувало дека тие поседуваат лек за секоја болест. Ним им се припишувала и исклучителна моќ да ја претскажуваат судбината, а некаде се верувало дека имале моќ и да ја променат. Во некои краишта местата за кои се верувало дека се самовилски биле сметани за лековити па неретко на таквите места (дрвја, извори, билки) болните биле оставани да преноќат или само да лежат или пијат од водата.
Според некои верувања самовилите се појавувале ноќе, во мирните реки се капеле и тогаш никој несмеел да ги вознемири, но во тие мигови самовилите се ослободувале од облеката па постоела можност некој да им ја земе по што ја губеле силата и станувале само убави жени. Во некои краишта постоело верување дека во ноќните часови самовилите на минувачите им го одземале умот. Според некои верувања тие се невидливи суштества, а обичните луѓе можат само да им го слушнат гласот. Самовилите се души на починатите, тие имале моќ да ја земат саканата личност во својот круг, но во таквите случаи избраната личност умирала. Врз ова се добива впечаткот дека тие првобитно претставувале души на претците. Постои мислење дека тие во древните верувања претставувале духови на природата (облаци, ветришта, билки) кон кои подоцна биле припоени верувања за трансмисија на духот на покојниците. Според анализите на Нидерле името самовила, вила потекнува од старословенски корен кој во основа бил сврзан со опседнатост од страна на натприродните сили, а дека антропогената карактерност на овие битија им е придодадена со доаѓање на Словените на Балканот каде влијанијата на античките митологии извршиле трансформација.
 
T

theMLS

Гостин
Дивајн ги прочитав тие што ти беа за Св.Еразмо али јас имам слушнато дека од другата страна на патот има една чешма ако се секаваш.Тука порано била црквата али незнам од кој причини е преместена горе.На некој пријател кој имал сообраќајка додека лежел во болницата на сон му се јавил Св.Еразмо и му рекол “зошто ми го попречвите патот кога одам по вода?’’.Јас добро се секавам на која чешма се мисли и затоа најчесто си одам по стариот пат за Охрид.


Да се вратам на темата.Чичко ми кој беше резервиста во 2001 додека бил во село М.Влај и патролирале низ шумата (биле само 3ца) слушнале некоја музика.Прво мислеле на некој му звони мобилниот и ги провериле но немало ништо.После едно 100 метра одење виделе како млада девојка си бере лисја облечена во бело.Прво пробале да контатираат но залудно.Пусти страв фатиле да бегаат за назад.При враќањето назад слушале пискотници и врескања но од страв само избегале.Другиот ден некој старец им кажал дека била девојка која пред многу години била убиена во шумата.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
како сакате кажете за самовилите но штом прават лоши работи на луѓе а како што викате и убивале, тоа значи дека самовилите се сатански слуги и за тоа ке горат во пеколот. Него ние да не се плашиме од нив а тие нека бегаат од нас како нивниот шеф што бега од нашиот Бог.
 
Член од
6 август 2009
Мислења
19
Поени од реакции
3
На еден мој роденден имаше ваква тема за разговор, кумот ми кажуваше кога бил овчар на негови 17 години до брат му спиеле навечер кај стадото, но една ноќ како што кажуваше дошла самовила и ги отворила овците и ги бркала, братот на кумот кога се разбудил и ја видел самовилата добил некој страв и оттогаш неможе да каже "р" и "л" и зборува на заецкување а кум ми додека станал самовилата ја немало. Кажале на нивниот дедо а тој на оградата на стадото наставал трнови и босиљок, и за неколку дена таа пак се вратила и кога се боцнала од трновите доле останала како " питии "...
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.909
Поени од реакции
1.552
Дај бе не тресете, немала бабата што да праи у село па и се гледале вили и самовили.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Од една страна верувам, од друга не.
Порано викав верувам само во она што ќе го видам, но многу мои блиски луѓе ми имаат кажано дека нешто вакво им се случило па почнувам да верувам.

И да се вратам на темата ..
една моја другарка летово идеше накај Охрид со нејзините. Пред да тргнат ја болеше глава, и се повраќаше, имаше лошо чувство за тој пат, ама и покрај тоа отидоа.И не знам како, што .. мислам дека со пријатели од Охрид се возеле низ градот и поминале баш од тој патот што го зборите и колата на нејзините се превртела и го изгуби татко и.После ова и ден денес кога има лошо чувство за нешто, колку и да е важно го откажува и цел ден се затвара сама во соба мислej'i дека поради неа се случуваат тие работи.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Чисто ме интересира, и со другарка пред месец дискутиравме за ова, дали постои разлика меѓу вили и самовили, вила/самовила, не е исто? Молам ако некој навистина знае да објасни, не некои зезанции или тврдења без објаснување. Благодарам однапред. :smir::kesa:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Чисто ме интересира, и со другарка пред месец дискутиравме за ова, дали постои разлика меѓу вили и самовили, вила/самовила, не е исто? Молам ако некој навистина знае да објасни, не некои зезанции или тврдења без објаснување. Благодарам однапред. :smir::kesa:
Повели http://mk.wikipedia.org/wiki/Словенски_самовили :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom