Вили, самовили...

Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Ме интересира дали некој имал искуство со овакви појави. Дали некогаш сте биле во ситуација да доживеете такво нешто и дали сте биле свесни за тоа? Дали ви имаат раскажувано вашите баби и дедовци за некои појави, за вили кои прават чуда и добрини или некои појави како самовили кои прават лоши работи.

Ќе се потрудам да ви опишам малку...

Насекаде низ Македонија, луѓето имаат видено како некој старец преку ноќ уринира во нивниот бунар или извор. На почетокот луѓето го бркале овој старец, мислејќи дека прави злочин, но исходот бил сосема друг, луѓето сведочат дека кога тој човек бил избркан, изворот или бунарот пресушувал за одреден период. Тоа значи дека тој човек „го полнел“ изворот. Затоа, оние што биле сведоци на овој настан велат дека не смее да се брка тој старец.
Во близината на Кочани, околу вештачкото езеро многу луѓе имаат видено невеста која се појавува во летната сезона, некои луѓе имаат слушано и музика која ја слушаат а не гледат кој ја свири. Оваа невеста е поврзана со потопувањето на нејзиното село со цел да се изгради вештачкото езеро на тоа место. Преданието вели дека секоја година таа невеста си зема по еден давеник. Тоа и се случуваше години со ред. Мои пријатели од Естонија качувајќи се по планините во Македонија се имаат загубено во магла и калишта. Во план имале да стигнат до некоја колиба за која луѓето им кажале дека можат да преспијат во неа. Загубени така и талкајќи во круг, недалеку од нив им се појавило дете со куче. Детето го ослободило кучето, кучето им се приближило и почнало полека да оди пред нив и ги навело да го следат. Кучето ги одвело точно до колибата што ја барале. Детето се изгубило во оној момент кога го пуштило кучето, кучето се изгубило кога ги довело до колибата.
За тиа тропања што го слушате низ куќата...Постои верување дека таква куќа е изградена да место кај што се движат вилите, односно куќата им го попречува патот, им сметате. Затоа, во минатото некои луѓе правеле по две врати на куќите, едната напред, едната позади. На тој начин вилите можат слободно да се движат по својот пат. Ова верување сеуште постои во некои области во Македонија. Но Ирска е водечка кога е во прашање оваа практика.

Ако имате некои овакви или слични верувања или сведоштва, би било убаво да ги опишете. Не мора од лично искуство, туку од преданија кои се пренесувале од колено на колено.

Се работи за проект кој би ги илустрирал ваквите појави во Македонија, па ќе ве замолам за сериозни коментари :wink:

Инаку старите ако ги прашаш за вакви работи се малку скржави во нивните објаснувања на ваквите појави, треба да знаат чиј си и од каде доаѓаш за да ти кажат некоја работа :D

Во меѓувреме, ќе се потрудам да додадам уште некое интересно предание.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
Како прво немам претстава какво би било тоа искуство, или како би изгледала таа самовила или вила, единствено што сум слушал за нив е од приказни.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
А бе само на цртаните филмови овие ствари:))
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Gizo напиша:
Како прво немам претстава какво би било тоа искуство, или како би изгледала таа самовила или вила, единствено што сум слушал за нив е од приказни.
Ни јас не сум имал никакво искуство или „блиска средба“ :D , но интересни се преданијата и легендите. Ни Бога го немаат видено, номногумина веруваат во него. :wink:

А тоа што велите дека такви работи има само во цртани филмови, не е баш точно. J. R. R. Tolkien има напишано куп книги врз основа на такви преданија и легенди.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Toa се сите оние џедаи кои преминале во повисока категорија и се едно со Силата!!
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
The`bItCh напиша:
А бе само на цртаните филмови овие ствари:))
Бич ма, барем ти си од Охрид би требало да имаш слушнато за Св. Еразмо или не си? Тоа е црквата што се наоѓа на патот помеѓу Охрид и Струга ... од многу луѓе сум слушнала дека навечер се појавувала самовила или незнам како ја насловуваат поинаку, и истата таа си преминува улица со што се предизвикани многу сообраќајни несреќи. Но не секогаш ... некогаш останува и на тоа да ја видат и да извлечат г'з поминувачите ...
Мене ми е параноја кога и да одам или идам од Охрид навечер, а истиот филинг им е на сите што слушнале за ова или ја виделе "самовилата".
Верувам во вакви работи дека премногу сум слушала од очевидци или постари што раскажуваат, многу језиви појави ми се и страшно многу сакам да знам што уствари се крие зад нив. Лично јас не сакам да доживеам такво нешто иако повеќето викаат дека треба да си посебен за баш тебе да ти се појави самовила или што и да е :?
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Многу сакам легенди. Целата Грчка митологија заснована е на митови и легенди. Па сите ги знаат и на никој не му смета што сето тоа се измислици...

Селото од каде што потекувам јас се вика Осој и се наоѓа во запанда Македонија на Стогово планина. Во тоа село до пред 20 години немало струја и тогаш во тој период според мештаните се случувале многу чудни работи. Имам многу “стории“ во главава не знам која да ви ја издвојам. Како и да е најчесто тие појави (самовили) биле навечер. Се слушало музика, нешто како свадби, па после девојки облечени во бело кои најчесто се претварале во нешто друго (кокшка со пилиња), после има еден предел под селото, карпа една со пештера која се верува дека била самовилска така да и ден денес така се вика. Самовилска карпа. Има и една ливада која се вика Самовислка ливада. Најчесто наговестувале нешто.. во суштина не било на лошо. Во селото и ден денес има луѓе кои тврдат дека имале средба со самовили.

Спремам веб старана за моето село, така да кога ќе ги имам сите материјали ќе ви пастирам конкретно што и како се случувало.

Колку и да ми е јасно дека сето тоа се приказни мене ми се допаѓаат.
Иако оставам и малку резерва..
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
21
Поени од реакции
0
Можеби е вистина, само не дека сум затрескан во тие работи како некој луѓе што ги знам. Тие работи се многу апстрактни или чудни, па со оглед на тоа малкумина веруваат. Исто така и фактот дека сме 21 век!!! Луѓето измислуваат роботи,машини и со еден збор ние живееме во еден подруг свет. За ваквите работи во денешницата нема многу место. :viol:
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
divine напиша:
The`bItCh напиша:
А бе само на цртаните филмови овие ствари:))
Бич ма, барем ти си од Охрид би требало да имаш слушнато за Св. Еразмо или не си? Тоа е црквата што се наоѓа на патот помеѓу Охрид и Струга ... од многу луѓе сум слушнала дека навечер се појавувала самовила или незнам како ја насловуваат поинаку, и истата таа си преминува улица со што се предизвикани многу сообраќајни несреќи. Но не секогаш ... некогаш останува и на тоа да ја видат и да извлечат г'з поминувачите ...
Мене ми е параноја кога и да одам или идам од Охрид навечер, а истиот филинг им е на сите што слушнале за ова или ја виделе "самовилата".
Верувам во вакви работи дека премногу сум слушала од очевидци или постари што раскажуваат, многу језиви појави ми се и страшно многу сакам да знам што уствари се крие зад нив. Лично јас не сакам да доживеам такво нешто иако повеќето викаат дека треба да си посебен за баш тебе да ти се појави самовила или што и да е :?
Имам слушнато како не.. кумот мој имаше таму сообраќајна несреќа пред неколку години.. ама јас не вервам во тие работи:)) исто како шо не вервам во Господ :wink:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
The`bItCh напиша:
Имам слушнато како не.. кумот мој имаше таму сообраќајна несреќа пред неколку години.. ама јас не вервам во тие работи:)) исто како шо не вервам во Господ :wink:
E toa e drugo, ama pa tvoj covek imal nesreka tamu ... ama donekade ubavo e sto ne veruvas, pomirna si :wink:
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Free напиша:
Можеби е вистина, само не дека сум затрескан во тие работи како некој луѓе што ги знам. Тие работи се многу апстрактни или чудни, па со оглед на тоа малкумина веруваат. Исто така и фактот дека сме 21 век!!! Луѓето измислуваат роботи,машини и со еден збор ние живееме во еден подруг свет. За ваквите работи во денешницата нема многу место. :viol:
Не беше муабетот дали некој верува или не, туку дали некој имал искуство или има слушнато за такви преданија и легенди.
Ако сме 21 век и ако бил измислен робот, мислиш дека тоа има некаква врска со појавите и преданијата?
 

RaGeAnGeL

KiCk AsS
Член од
23 јануари 2005
Мислења
930
Поени од реакции
7
vervam....sum slushala mnogu i to od bliski prijateli i rodnini ama do sega nishto ne sum videla....btw humanoid mnogu interesen text :wink:
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
141
humanoid напиша:
Не беше муабетот дали некој верува или не, туку дали некој имал искуство или има слушнато за такви преданија и легенди.
Ако сме 21 век и ако бил измислен робот, мислиш дека тоа има некаква врска со појавите и преданијата?
RaGeAnGeL напиша:
vervam....sum slushala mnogu i to od bliski prijateli i rodnini ama do sega nishto ne sum videla....btw humanoid mnogu interesen text :wink:
:D :D :D

humanoid напиша:
Не беше муабетот дали некој верува или не
RaGeAnGeL напиша:
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
49
Јас верувам само во вилите и сум видел вили. На Водно, Радишани, Козле, Жданец .... какви вили имате вие немате појма :P :P
 

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Што ми кажувале другари од битола дека негде во битола околу 2 часот по полноќ еден таксист превезувал 3-јца луѓе кој се вракале од град и тој ги одвел до дома и му рекле на таксистов да влезе кај нив дома да пијат кафе. И таксистов отишол кај нив дома пиеле кафе и такситов тргнал да си оди и луѓево го допратиле до вратата и таксистот само што излегол од куќата вратата одма се затворила, се изгаснале сите светла во куќата и таксистов дошол до колата и забележал дека ги заборавил клучевите во куќата и се вратил да ги земе и почнал да тропа по вратата ама никој не му отварал и некој од соседните куќи излегол и му рекол дека во оваа куќа не живее никој дека луѓето умреле одамна. И викнале полиција ја разбиле вратата и влегле внатре и на масата стоеа филџаните од кафето и клучевите од колата на таксистот.
И ај сеа најдете НЗС 8)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom