Вака,мојата куќа најпрво беше на еден спрат.Имавме во дворот голема кајсија.Кога почнавме да го градиме вториот спрат кајсијата беше на сред двор и им сметаше на мајсторите и моравме да ја пресечеме.Потоа имавме неколку проблеми при градењето на спратот,комшијата позади нас не тужеше затоа што сне му го земале сонцето,па сакаше да ни го направи тој планот за куќата...многу глупости сепак куќата ја доправивме и тоа НИЕ како што сакаме,и покрај многу проблеми,еднаш ни падна ѕидот.По некое време мајка ми беше кај една жена која што гледа на карти,не дека верувам во тие работи но жената и рече вака:Вие во дворот имавте кајсија и ја пресековте кога кревавте уште еден спрат на куќата.Во кајсијата имавте самовила и многу ви помагаше во животот.Откако го пресековте дрвото се ви тргна на лошо,комшијата ви правеше проблеми,поголемото дете ти се поболи од астма(и ова е точно) и уште многу други проблеми...сега имате уште една кајсија помала во дворот(и ова го погоди) и треба шест недели да тураш шеќер и да ја викаш самовилата да се врати.Можеби ќе се врати...
Не верував во тие работи но... ова многу ми го смени мислењето во врска со самовилите и сфатив дека има и луѓе што навистина знаат да гледаат на тарот карти.