Виктор Карамарков од Скопје е серискиот убиец - бројот на убиени сеуште непознат!

Статус
Затворена за нови мислења.

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Совет - Немојте да го читате Достоевски - со романтор Злосторство и Казна. =)

Точно пред три недели дојде кај нас на врата наутро кога во куќата нема никој друг освен баба ми дома сама значи.
Со книшка барал пари за неговата болна мајка од рак-тврдејќи дека сите на улицата на која живееме ја знаеле мајка му.Неговата приказна била дека во нашето маало живеел.
Баба ми премногу жалосливо створење-го почастила со пари, зимница и сок.
По тоа он прашал дали може да влезе во вц-на што фала богу баба ми одговорила дека не може.
Не сакам да замислам што би се случило во обратниот случај.

Страшно ептен...
ИСТОТО ЕЈ. Среќа што било среда кога дошол, таткоми бил слободен и ( од вторник за среда преспа кај бабами ) не била сама за среќа. Му дал само 50 денари, и овој као демек сакал повеќе....
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
Јас и мајка ми на два наврати му дадовме пари на типов кога се појави на врата.
Мртва озбилна сум!

Беше апла надрогиран, едвај стоеше и верглаше ко навиен, и му дадовме пари колку да се тргне.
Леле еј, I can't believe it! Face to face со типов.

Јеј, имам приказна за внучињата сеа.
и нас еднашка ни имаше дојдено и го гледам цел се тресе и сите од дома излеговме и викаше нешо мајка му била болна па пари да сме му дале....а јас од страв со штрафцигер во раце излегов :kesa:
 
Член од
22 јуни 2007
Мислења
1.296
Поени од реакции
26
Samo oteruvajte gi u pizdu materinu . Ednostavno normalni luge ne idat od vrata na vrata barajki pari , i luge pazete se . Kolku i da izgledat naivno i bezpomosno u nikoj slucaj ne im otvarajte vrata sekogas so ona za zaklucuvanje gore na vratata sto e ( zaboraviv kako se vikase ).
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Се гледа на сликата дека човекот е ужасно осамен.
Нема ништо полошо на светов од чувството на отфрленост.
Точно е тоа дека колку е човекот поинтелегентен толку се неговите емоции поинтезивни кога ќе се додаде на сето ова лошото детсво,отсуството на татковска фигура,никаквата мајка,подбивањата од врсниците,немањето на здрава комуникација.. ќе ви стане јасно зошто човеков експлодирал.
 

ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Од неофициални извори, се збори дека бројот на убиени баби е 8.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Скраја било од вакви изроди.
Знам дека детството му било наопаку, знам дека пред се е социопат, ама навистина ниту еден човечки живот не може да биде вентил за лечење на проблеми.
Голем е бројот на оние кои пропаднале, голем е бројот на оние кои не успеале, ама не сите посегнале по секирата и мавале баби по глава.
Да го правдаме е стварно глупаво, да го обвиниме - нема потреба. Казнет е со самото тоа што има болно минато и со тоа што нема чувство на вина. Тоа што одел во црква не е доказ дека се каел, туку дека едноставно си сакал да си отиде во црква.
Ако се каеш за убиство, сигурно нема да се исповедаш туку нема да можеш око да затвориш.
Признавам секакви искушенија, ама потреба да утепаш некој, да се покаеш и повторно да паднеш во искушение е нешто што никогаш нема да го сфатам.

Болна е секоја дискусија во која ќе го сожалуваме и издигнуваме психопатов. Интелегенцијата се мери со достигнувања кои се од корист за човештвото, а не со убиства за задоволување на потреби, односно лечење на фрустрации од болното детство.

Туку, не испив нес од сабајле, идам да утепам некоја баба:tapp:
Шо не е нормално, не е!
 
M

marsovka

Гостин
Скопскиот Раскољников ги призна убиствата

Виктор Карамарков инспириран од главниот лик во романот на Достоевски „Злосторство и казна“ ги убивал скопјанките, а потоа се исповедувал пред икони во црква
„Не знам колку точно жени сум нападнал и сум убил. Кога ќе видам злато,не можам да се контролирам“! Ова го изјавил скопјанецот Виктор Карамарков (28), осомничен дека инспириран од Раскољников, главниот лик во романот на Достоевски, „Злосторство и казна“, ги убил и ограбил Љубица Христова (83), Елена Мијева (66), Вера Богоевска (73) и Босилка Красојевиќ (71), сите од Скопје. По убиствата, поради психолошкиот притисок, Карамарков одел во црквата „Свети Петар и Павле“ во населбата Ѓорче Петров, каде што се исповедувал пред иконите. Тој убивал со секира завиткана во весници, па во најлонска кеса и обвиткана со леплива лента. Жртвите ги избирал така што ѕвонел на вратите и со здравствена книшка и папка со документи барал пари за својата болна мајка. Убиецот напаѓал жени за кои знаел или претпоставувал дека се сами и незаштитени. Кога жртвата ќе му отворела и ќе се сожалела, се враќала во соба по пари, но ја оставала вратата подотворена. Тогаш убиецот незабележано влегувал во ходникот и лице во лице со секирата ги удирал жените во десната страна на черепот. Потоа им го одземал златниот накит што го носеле на себе, не ги пребарувал собите и си одел заклучувајќи ја влезната врата со оригиналниот клуч. По убиството на Христова во март годинава, Карамарков другите убиства ги извршил од 13-ти до 29-ти минатиот месец. Осомничениот во овој период нападнал уште три скопјанки, кои го преживеале нападот на убиецот. Откако бил уапсен Карамраков ги признал злосторствата.

Оставени многу траги

Скопјанката Христова ја убил на 2 март во нејзината куќа на улицата Ферид Бајрам во Бутел 2. По ова убиство, полицијата уапси банда разбојници за кои имало сомневања дека се можни убијци на жената, но истрагата утврдила дека тие не ја убиле старицата. И покрај вештачењето на биолошките траги земени од куќата на Христова полицијата се до 13 октомври немаше никакви индиции кој е убиецот, кога во лифт од зграда во скопската населба Капиштец Карамарков ја нападна и тешко ја повреди скопјанката М.А. (79). Зетот на пензионерката го видел напаѓачот кога се отворила вратата од лифтот на вториот кат од зградата каде што тој ја пречекувал мајката на својата сопруга. Старицата седела на подот со крв на лицето и со исеченица над увото. Момчето кажало дека бабата паднала во лифтот и се повредила, а откако помогнал да ја изнесат жената од лифтот, избегал. Зетот бил еден од четворицата главни сведоци што го виделе осомничениот по нападите и кои помогнал да се изработи фотороботот на убиецот. Два дена подоцна Карамарков ги нападнал Красојевиќ во нејзиниот стан во Карпош и Богоева во Аеродром. Двете жени починале неколку дена по нападите. Осомничениот на 21 октомври нападнал две жени, едната во ТЦ „Мавровка, а другата во нејзиниот дом на улицата Железничка. Тие го преживеале нападот. Мијева била убиена на 26-ти во нејзината куќа на улицата Хо Ши Мин во Бутел 1.

Полицијата направила профил на осомничениот, а биле сослушани повеќе од 200 лица. Откако истражните органи утврдиле дека постои сомнение оти Карамарков ги извршил нападите, било откриено дека тој е регистриран зависник од дроги, кој се барал по потерница за издржување осуммесечна затворска казна за кражби.

Злосторство и казна

„Не се плашам од казната, туку од грижата на совест“ им рекол Карамарков на полициските психолози. Поради зависноста од хероинот тој дневно пешачел и по 20 километри за да најде жртви за да ги ограби. Карамарков ги признал делата и кажал детали за убиствата што не и' биле познати ниту на полицијата. Карамарков со својата мајка живееле во куќа во населбата Ѓорче Петров, иако поголем дел од времето не го поминувал дома.

Според МВР, жената имала психички проблеми и го малтретирала синот. Таткото на Карамаков не е познат. Карамарков е интелегентна личност, а бил првенец на генерација во гимназијата ГУЦ, каде што го завршил средното образование. Тој на полицајците им рекол дека ги прочитал сите дела на Владимир Достоевски и дека бил инспириран од ликот на Раскољников. Како и Раскољников, Карамаков убивал со секира, но за разлика од главниот лик на Достоевски, кој ja убил злобната лихварка,негови жртви биле стари, беспомошни и незаштитени жени.

Полицијата пронашла две секири за со кои се претпоставува дека биле напаѓани жените. Едната секира била најдена кај скопјанец на кого осомничениот му продавал украден телевизор. Карамарков ја заборавил кесата со оружјето кај купувачот, кој откако видел дека на кесата имало крв ја фрлил. Тој на полицијата им го посочил местото каде што била секирата. Во меѓувреме убиецот набавил друга секира што била пронајдена при претресот во неговиот дом.

Полицијата како доказ против Карамарков ја употребила и видеоснимката од безбедносната камера во ТЦ „Мавровка“, каде што осомничениот на 21 октомври ја нападнал хигиеничарката Сание С. (43), најверојатно по кражбата на техничка опрема во продукциско студио. На снимките јасно се гледало лицето на насилникот.

На 29 октомври, дента кога беше пронајдена мртва пензионерката Мијева (66) од населбата Бутел 2, полицијата го уапсила Карамарков. Трагите земени од местото на убиството и вештачењата на биолошките траги од претходните убиства, како и фотороботот укажувале дека тој е можниот сторител.

Карамарков бил уапсен во неговата куќа во населбата Ѓорче Петров.

Тој по исповедот во црквата се обидел да се самоубие испивајќи поголема доза лекови. Кога полицијата дошла да го уапси, мислеле дека тој е предозиран со дрога, па бил однесен на Клиниката за токсикологија. Откако му била пружена помош, осомничениот бил спроведен во затворот „Идризово“, по што полицијата продолжила со истрагата за убиствата и нападите. Во затворот му биле земени биолошки траги од облеката што ја носел, како и брис за ДНК-анализа, а осомничениот бил подложен на детектор за лаги. Полиграфското вештачење покажало дека Карамарков реагирал позитивно на сите прашања што се однесувале на убиството. На затворските чувари им било наложено да внимаваат на него бидејќи бил склон кон самоубиство. Даниела Вељановска
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EB0BACEEEFFECA4DA5A78AAC072B3636




иначе текст од медиумите да стаевте ? М?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.735
Поени од реакции
12.166
Море да му...се по список. Детството, трауми дрн дрн...Колку бре има такви кои детството им било ужас...ај да убиваме.
Добра беше онаа од Среќна Нова -гомнар со гомнарска цевка. Или за овој... смртна казна со секира по глава, да осети колку им било убаво на тие жени. Милост? Дали некој ќе бара милост за некого ако му отепаат човек? :nenene:

Тој по исповедот во црквата се обидел да се самоубие испивајќи поголема доза лекови.
Многу добро знае колку му требало за да се убие. Можел и од некоја зграда, но добар глумец, одличен.
 

cad_s

lord of the ringe jaja
Член од
10 ноември 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
"Гледајќи ги во очи со десната рака ги удирал во десната страна на главата."
Овде нешто не чини, со десна рака ги удирал во десната страна, е тоа малце безвезе изгледа, не е природно.:tapp:
Ама после ова веќе не отварам ни за кабловска да платам:nenene:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Зашто бе ја укинаа смртната казна за вакви случаи?:tapp:......
Абе човек по фаца некогаш можеш да го препознаеш дека има некој псухички проблем. Која фаца ја има овој психово:nesvest:. Али тоа е тоа, ќе си го крка доживотно, па нека го чита Достоевски колку сака. Ја би му пуштил во келија..(знаете што...:pusk:), малце да се измачува.
Ок, шала на страна, типов е готов. Е сеа не дај боже во понатамошната истрага, нешто да тргне наопаку па да се изгуби или наеднаш да не се поклопува некој доказ, ќе биде траги-комично.
Поздрав до големиот батко, првенец во средно школо, напатената бубалица..."Број 152, имаш посета"!
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.195
Поени од реакции
34.430
немам доверба во македонската полиција и искрено не верувам дека типов е убиец
Забораваш дека има и преживеани од нападот (бабата во лифтот и нејзиниот зет) кои можат да го идентификуваат.
На никој не се отвара врата. Во ова време на мобилни телефони, незнам зошто би отвориле или воопшто би се приближиле до врата, ако некој не ви се најави дека доаѓа кај вас дома. Едноставно, вашите блиски ќе ви се јават, а вашите домашни си имаат клуч за да си отклучат. Ама бабичкиве се тврдоглави и не слушаат совет од помладите. Не е Југославија. Го нема веќе Тито. Општеството создава еден куп психопати и наркомани. Вратите се за да стојат заклучени. Нека биде ова поука за сите кои без размислување отвараат врата на секого.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Богами секој дневно имаме средби со: луѓе кои просат за пари, хронични пијаници кои собираат конзерви, луѓе кои идат да бараат помош за нивни болни роднини. Секој може да ти заѕвони на врата и божем да се обрати за нешто. Прво и најосновно нешто кое се учат малите деца се,никогаш да не отвараат на непознати и да зборуваат со непознати на улица, а ние едвај чекаме да дојде некоја будала да се заебаваме со него и сеир да фаќаме а уз тоа да му дадеме нешто што зафаќа место по дома, а зависи дали ќе ме изнасмее да му дадеме некој динар. Мора нешто и да се промене кај нас.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Забораваш дека има и преживеани од нападот (бабата во лифтот и нејзиниот зет) кои можат да го идентификуваат.
На никој не се отвара врата. Во ова време на мобилни телефони, незнам зошто би отвориле или воопшто би се приближиле до врата, ако некој не ви се најави дека доаѓа кај вас дома. Едноставно, вашите блиски ќе ви се јават, а вашите домашни си имаат клуч за да си отклучат. Ама бабичкиве се тврдоглави и не слушаат совет од помладите. Не е Југославија. Го нема веќе Тито. Општеството создава еден куп психопати и наркомани. Вратите се за да стојат заклучени. Нека биде ова поука за сите кои без размислување отвараат врата на секого.
Не се работи само за двајца сведоци. Од полиција изјавија дека имаат над 200 сведоци кои може да го идентификуваат убиецот. Е сега зошто им требаше на полицијата девет месеци за при двеста сведоци и 9 напади да го фати убиецот тоа е друго прашање.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Ова али ептен ме потцеќа н ЦСИ Мајами.
Само за доживотен затвор одма смрт не нека свати што направил.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom