Виктор Карамарков од Скопје е серискиот убиец - бројот на убиени сеуште непознат!

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.377

Виктор Карамарков, 28-годишно момче од скопската населба Ѓорче Петров е македонскиот Раскољников кој во изминативе осум месеци убил четири жени, а осомничен е и за три обиди за убиства, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Ги убивал со секира завиткана со пластична ќеса. Гледајќи ги во очи со десната рака ги удирал во десната страна на главата. Откако жени во бессознание ќе паднеле пред неговите нозе, ги кинел златните синџирчиња од нивите вратови, ги земал златните белегзии и прстени. Пред да го напушти местото на злосторството, со клуч ја заклучувал влезната врата од домовите на жртвите.

Неколкумесечната полициска операција под името “Раскољников“ им стави крај на убиствата и нападите на немоќни жени од 60 па до 80 години.
“Убиствата не биле долго планирани и немал одредена шема. Убивал од користољубие, прво проценувал колку отпор можат да дадат жртвите. Напаѓал жени сами и незаштитени. Не водел сметка за пленот“, вели министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.


Карамарков речиси секојдневно одел од врата до врата со здравствена книшка и наводно барал пари за неговата болна мајка. За Карамарков да биде уапсен пресудни биле две информации. Првата кога се обидел на еден скопјанец да му продаде телевизор. Но, ја заборавил секирата со која ги убивал жените. А, втората кога се обидел да продаде златен накит.

Убиецот, како што велат од МВР, чувствувал огромна грижа на совест. По секое убиство одел во црквата во Ѓорче Петров и во мислите се исповедал. Вечерта кога полицајците, откако биле собрани доволно докази, тргнале да го уапсат, го нашле Карамарков предозиран со апчиња.

Потоа им раскажал дека по последното убиство повеќе не можел да живее со фактот дека убил толку жени. Испил голема доза на апчиња во обид да си го одземе животот. Но, полицајците го спасиле од смртта, кога го пронашле предозиран веднаш е пренесен на Клиниката за токсикологија.

Во моментов Карамарков е сместен во затворот “Идризово“ под посебен надзор за да се спречи уште некој обид за убиство или било кој начин за да се самоповреди.

Испитуван на полиграф, 28-годишниот убиец ги признал сите убиства секое го раскажал во деталји. Но, се уште полицијата истражува дали можеби во некој стан во Скопје, неоткриена лежи и некој друга негова жртва. Бидејќи при распитот на инспекторите им рекол: “Не знам колку сум убил“.

Мотивот е утврден. Убивал за злато, единствена начин за да се снабди со дрога.
Како што им се исповедал на инспекторите, кога ќе го видел златото не вратот не жените не можел да се контролира.

Од МВР велат дека бројот на жртвите можел да биде и поголем. Од неколкумесечната истрага откриле, дека една жена била спасена да биде следна жртва од нејзиниот внук.

Карамарков како и секогаш заѕвонил на вратата, излегла постара жена. И рекол: Бабичке не сум просјак, ми требаат пари за мојата болна мајка. Баба се сожалила, влегла во станот да земе пари. Тогаш Карамарков влегол по неа и само што сакал да ја удри со секирата од соседната врата се појавил нејзиниот малолетен внук. Убиецот се повлекол, ги зел парите и заминал.

Карамарков, велат од МВР, е многу интелигентен. Бил првенец на генерација во средното училиште ГУЦ “Здравко Цветковски“, ги прочитал сите книги на Фјодор Достоевски. Потекнувал од нефункционално семејство, татко не е познат, неговата мајка со која досега живеел, имала социопатолошки проблеми и како што тој им раскажал на инспекторите често го тепала и малтретирала додека бил мал.
Карамарков денеска ќе биде изнесен пред истражен судија заедно со кривична пријава за четири убиства и три обиди за убиства. Се соочува со доживотен затвор, како казна за злосторствата што ги сторил во изминативе месеци.

Жртвите на македонскиот “Раскољников“

Низата убиства на младиот убиец почнала со убиството на 83-годишната Христовска Љубица. Карамарков ја убил Христовска во нејзиниот дом на улицата Ферид Бајрам во периодот од 28-ми февруари до третти март.

Шестмесеци убиецот е во мирување, нема нападнати жени, нема убиства. Се до 15-ти октомври кога ја убил Красојевиќ Босилка (71) во нејзиниот дом на булеварот Октомвриска Револуција. На 26-ти октомври кога ја нападнал Миева Елена во нејзиниот дом на улицата “Хо Шо Мин“ во скопската населба Бутел.

Следна жртва на Карамарков е Вера Богоевска (76) на истиот начин како и претходните две жени, со удар од секира во главата, ја усмртува во куќата на улицата Фрањо Клуз.

Се сомничи за обид за убиство над три жени на возраст од 42 до 79 години што се случиле на 13-ти, 21-ви и 22-ри октомври.
http://kajgana.com/makedonija/viktor-karamarkov-od-skopje-e-seriskiot-ubiec.html
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Јас и мајка ми на два наврати му дадовме пари на типов кога се појави на врата.
Мртва озбилна сум!

Беше апла надрогиран, едвај стоеше и верглаше ко навиен, и му дадовме пари колку да се тргне.
Леле еј, I can't believe it! Face to face со типов.

Јеј, имам приказна за внучињата сеа.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Виктор Карамарков, 28-годишно момче од скопската населба Ѓорче Петров
18 или 28?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Arno ste preziveale! Ne se seguvam! Navustina!
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Некако, ептен без стил ми е типов -.-

Јас и мајка ми на два наврати му дадовме пари на типов кога се појави на врата.
Мртва озбилна сум!

Беше апла надрогиран, едвај стоеше и верглаше ко навиен, и му дадовме пари колку да се тргне.
Леле еј, I can't believe it! Face to face со типов.

Јеј, имам приказна за внучињата сеа.
Ффс. Језиво -.-
 
M

Mario Gómez

Гостин
Јако име операцијава, само шо него совеста го убила, на овој "хигиената" во Идризово ќе го свитка.:pos2:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Лошо лошо лошо....го знам овој,имам праено муабет со него,но не ми се веруваше да биде сериски убиец,кога слушнав прееска на вести крвта ми се заледи од самата помисла со кој сум правел муабет...

Но,изгледаше доста сомнителен некое време...срека што го фатиле инаку ке си терал по старо,кој знае уште колку луге ке убиел.

28 има...
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Злосторство и казна II дел.
Идол на Достоевски и омилена му била книгата сигурно.
Mи се гади.
Среќа е зад решетки.
Одврано, нема што да се дискутира.
Не смее ова лице да излезе од затвор до крајот на животот.
 
P

Princ

Гостин
Уммммм, малку мрч-мрч... не требаше судот да докаже дека некој е виновен/невин? Или врз основ на признание кај нас тоа функционира?
 

Џенаро Гатузо

Pippo per Sempre
Член од
3 јануари 2008
Мислења
2.797
Поени од реакции
38
Лошо лошо лошо....го знам овој,имам праено муабет со него,но не ми се веруваше да биде сериски убиец,кога слушнав прееска на вести крвта ми се заледи од самата помисла со кој сум правел муабет...

Но,изгледаше доста сомнителен некое време...срека што го фатиле инаку ке си терал по старо,кој знае уште колку луге ке убиел.



28 има...
Го знаеше викаш? Леле будала тој бе што му биднало што шекнал?
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Уммммм, малку мрч-мрч... не требаше судот да докаже дека некој е виновен/невин? Или врз основ на признание кај нас тоа функционира?
Признание посебно ако не знаеш под какви услови е кажано.После ќе се дават во кофа со вода и ќе бидат случаите затворени.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Туу од моја населба бил овој. Имаме селебрити сеа...веѓи1


Него нели сериски убијци биле лудаци? Овој ем првенец на генерација, ем читал книги од Достоевски...Сигурно само детството тоа му го направило.
 

Џенаро Гатузо

Pippo per Sempre
Член од
3 јануари 2008
Мислења
2.797
Поени од реакции
38
Јас и мајка ми на два наврати му дадовме пари на типов кога се појави на врата.
Мртва озбилна сум!

Беше апла надрогиран, едвај стоеше и верглаше ко навиен, и му дадовме пари колку да се тргне.
Леле еј, I can't believe it! Face to face со типов.

Јеј, имам приказна за внучињата сеа.

На врата ти бил????????психопат маме му ебам.:nesvest:
 
P

Princ

Гостин
Признание посебно ако не знаеш под какви услови е кажано.После ќе се дават во кофа со вода и ќе бидат случаите затворени.
Јасно.
Значи доволно е некој во полициска станица да го признае делото, и после МВР да достави до медиумите твое цело име и твоја фотографија за потоа истите да ја донесат пресудата. Виктор Карамарков е серискиот убиец!
Нема судија, нема докази, нема ништо. Имаме изјава и новини.

Да се разбереме... најмалку што правам е да бранам некого, бил или не бил сериски убиец. Целава фарса со правдата во земјава ме иритира.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Туу од моја населба бил овој. Имаме селебрити сеа...веѓи1


Него нели сериски убијци биле лудаци? Овој ем првенец на генерација, ем читал книги од Достоевски...Сигурно само детството тоа му го направило.
Па ако некој учи и чита книги од Достојевски, не го прави генијалец. Лудак е. Нешто му фали. Пошто со своја рака си зима за право да лишува некој друг од животот. Очигледно нешто е како што треба со човекот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom