Порано не пиев кафе, не дека не сакав или дека ми штетело - едноставно не ми текнувало да си сварам.
Од неодамна, заради друштво - сите пијат па ајде и јас да почнам...
Така почнав со по едно кафе на ден (турско) а потоа почнав да експериментирам со другите кафиња: еспресо, нес, макијата. . .
Еспресото ме бута, го мразам и не го пијам веќе, ми го суши гласот и ми прави вртоглавица и малаксаност.
Макијатото го сакам, големо нарачувам секогаш кога одам на кафе во кафетерија, ама пак МРАЗАМ кога ми го прават со мноогу вода без капка млекце.
Нес обожавам, си правам по дома и од она со пена, и од она инстант-нескафе, голдкафе и сличните инстант-кафиња во стил-лажичка зрнца кафе,топла вода и шеќер.
Турското кафе знае највеќе да ме расони и да ме разведри. Кога пијам турско кафе знам дека сум пиел кафе. Другите ми е како млеко со малку кофеин, не знам зошто.
Инаку, не сум зависен од кафе. Нема кај мене правило кога да пијам, па од таму и не морам да се напијам ОБАВЕЗНО кафе секое утро за да се разбудам. Тоа ми е чудно кога некој го каже. Иако, за распустов секое утро го пијам, ама не од потреба, туку од адет.