Утринско кафе
Потврдена потребата од утринско кафе
Истражувачите од балтиморскиот универзитет „Џон Хопкинс“ потврдија дека утринското кафе е навистина неопходно, затоа што ако не се испие наутро може да се почуствува апстиненциска криза.
Тим од американски стручњаци наведува дека само една шолја кафе на ден не доведува до зависност од кофеин, најраспространетиот стимуланс, кој е евтин и достапен, и поради тоа луѓето можат ја одржуваат потребната количина.
Роланд Грифитс, психолог кој го водеше истражувањето, истакнува дека луѓето кои не ја внесуваат дневната доза кофеин може да патат од низа симптоми на апстиненциска криза, од главоболки и потешкотии во концентрацијата, дури може и да се чувствуваат како да имаат грип со мачнини и болки во мускулите.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=82887
како не...
јас лично не верувам во ова...барем јас мозам без кафе наутро...