Вие, Вашиот партнер и дрогата

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Оу, оу, немојте со вакви лејм паралели. Јас јадам чоколадо, многу чоколадо. Ама не ми текнало да продадам телевизор од дома за уште една коцка, ни да крадам пари од кај моите, ни да се проституирам, за истото. Овошјето не е дрога, чоколадото не е дрога, сексот не е дрога. Можат да станат ЗАВИСНОСТИ, како и дрогата, и пиењето, и пушењето, и коцкањето. Што не ги прави сите подеднакво опасни....
Имам видено што направи дрогата со некои деца кои ги познавав на времето, немам видено овошјето да го направи истото.

Алкохолизам =/= повремено пиење. Алкохолизмот е реален проблем, не сум го тргала на вага за да кажам дали е поголем или помал од дрогата. Ама пиењето на слави и на забави, секако кога не е „чекам викенд за да се направам дрво и да не станам до понеделник во 8“ не е толку трагично, за да биде ставено во ист кош со бушење вени.

Бај д веј, нема лесни дроги.
Не дека не се согласувам со напишаново, далеку од тоа. Сепак, мислам дека треба да има некакво разграничување меѓу она што се подразбира како наркотично средство (јас не користам ниедно). Сепак, едно е хероин, кокаин, lsd или метамфетамин, а друго е пафкање марихуана еднаш неделно или месечно. Не би навлегувал околу ризикот, околу тоа дека користењето еден, лесен наркотик, неизбежно води кон појаки дроги и други, веројатно донекаде издржани ставови, но често и претерани воопштувања и стереотипи. Сум чул за примери на луѓе, ретки додуша, кои со децении си терале со мара и сл. (и тоа треба да се има предвид колку марихуаната е дрога, колку е по(не)штетна од тутунот на пример)па сепак имаат нормален живот - љубовен,сексуален, семеен, професионален.
Инаку, не сум имал врска со наркоманка и навистина не знам како би се однесувал и како би постапил. Не верувам дека постои некакво правило тука, но се зависи колку ни значи таквата личност, колку длабоко заглавила и дали воопшто сака и има сила да се извлече. Последново е себично, ама добро е да процени човек и да се заштити себеси, ако веќе не може да и помогне на другата страна.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Не би навлегувал околу ризикот, околу тоа дека користењето еден, лесен наркотик, неизбежно води кон појаки дроги и други, веројатно донекаде издржани ставови, но често и претерани воопштувања и стереотипи. Сум чул за примери на луѓе, ретки додуша, кои со децении си терале со мара и сл. (и тоа треба да се има предвид колку марихуаната е дрога, колку е по(не)штетна од тутунот на пример)па сепак имаат нормален живот - љубовен,сексуален, семеен, професионален.

Ноуп, не е неизбежно, познавам луѓе кои „пуфкаат“ секој ден, со години. Тоа ме води кон втората точка - „пуфкање со мера“.. Не си имал очигледно прилика да разговараш со таков долгогодишен пуФкач, пред и после „терањето со мера“. Не знам, мајке ми, не можам научно да образложам - ама ќе да има некој ефект таа лесната бре. После години на лесни дроги, имаш чувство дека не со чоек туку со фикус муабетиш...
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Пушач е нешто што преферирам и е еден од основните услови кај мажите :) Од причина што самата јас сум пушач и не сакам некој да ме замара во однос на тоа каде пушам, колку пушам, или скраја да е, да почне да ме замара да ги оставам цигарите.
Само што, цигарите не може да се споредат со дрога или алкохол. Би одбрала друг партнер, а не помалото зло ;)
Пак ќе кажам, зависи до дрогата.
Цигарите се помало зло од 90% од дрогите, но конкретно се фатив за марихуаната бидејќи некој ја ставаат во ист ќош со хероинот/кокаинот.
Пример
Конкретно за марихуаната го имам истиот став, иако има луѓе кои ја споредуваат и со обичната цигара. Ако не беше дрога и таа, луѓето кои ја откриле и тие кои си ја одгледуваат требало да ја стават во категорија овошје.
Единствена причина што марихуаната е нелегална е поради тоа што неможе да се даночи. Доволно кажува фактот што нема ниту еден човек кој умрел од марихуана, а милиони од цигари. THC(tetrahydrocannabinol) покрај тоа што предизвикува релаксација и смеење, исто така е и антиоксидант (помага при оксидативен стрес на неуроните) . Споредбата е некоректна, цигарите имаат далеку поштетен состав од едно растение.

Исто така, што се однесува до врската, неможе човек да се вади на „напушен бев“ како на „напиен бев“ за грешките во врската.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Оу, оу, немојте со вакви лејм паралели. Јас јадам чоколадо, многу чоколадо. Ама не ми текнало да продадам телевизор од дома за уште една коцка, ни да крадам пари од кај моите, ни да се проституирам, за истото. Овошјето не е дрога, чоколадото не е дрога, сексот не е дрога. Можат да станат ЗАВИСНОСТИ, како и дрогата, и пиењето, и пушењето, и коцкањето. Што не ги прави сите подеднакво опасни....
Имам видено што направи дрогата со некои деца кои ги познавав на времето, немам видено овошјето да го направи истото.

Алкохолизам =/= повремено пиење. Алкохолизмот е реален проблем, не сум го тргала на вага за да кажам дали е поголем или помал од дрогата. Ама пиењето на слави и на забави, секако кога не е „чекам викенд за да се направам дрво и да не станам до понеделник во 8“ не е толку трагично, за да биде ставено во ист кош со бушење вени.

Бај д веј, нема лесни дроги.
Грешка си, има лесни дроги.
Не знам како официјално ги рангираат ама ја би ги рангирал дрогите врз основа на два критериума: колкава зависност предизвикуваат (и каков тип на зависност) и колку се штетни по здравјето.

И сега тука гледам еден куп неконзистентност. Цигари и алкохол се океј ама трева и лсд не се океј. Значи ако споредиш колку луѓе умраат годишно од цигари и алкохол во споредба со овие што ја ги сметам за лесни дроги.... ќе сватиш дека „дрогирашиве“ ќе живеат далеку подолго од пушачите. Ама пак вас не ви е проблем да имате врска со пушач иако во текот на животот шансите да добие рак му се скоро 100%.

Ај сеа.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Грешка си, има лесни дроги.
Не знам како официјално ги рангираат ама ја би ги рангирал дрогите врз основа на два критериума: колкава зависност предизвикуваат (и каков тип на зависност) и колку се штетни по здравјето.

И сега тука гледам еден куп неконзистентност. Цигари и алкохол се океј ама трева и лсд не се океј. Значи ако споредиш колку луѓе умраат годишно од цигари и алкохол во споредба со овие што ја ги сметам за лесни дроги.... ќе сватиш дека „дрогирашиве“ ќе живеат далеку подолго од пушачите. Ама пак вас не ви е проблем да имате врска со пушач иако во текот на животот шансите да добие рак му се скоро 100%.

Ај сеа.
Колку се штетни по здравјето медицински не би знаела да ти кажам - ама пак ќе прашам, си правел муабет со долгогодишен тревкач? Ти изгледа дека е тоа здравонормален човек со нечепната интелигенција? Мене не.
Цигари - не се океј. Не би била со пушач. Посебно зошто имам историја на Рак на бели дробови во фамилија... Кај непушач.
Алкохолот - зависи од количината. Македонското викендашко начукување на младите не е океј., Чаша вино со вечера е добро.
Статистика фуче. Пушачите имаат 100 посто шанси за рак? Ќе ги немаше :)))
Ми е гајле кој колку ќе живее, екшли, не е тоа муабетот на темава. ^^
Прашањето беше дали би биле со наркоман. И тука се размуабетивме за кој што е наркоман, а нема потреба за тоа. Ако за некој се додека не е во вена - не е наркоман, а за друг - од трева нагоре е, така нека биде. И нема потреба од разубедување. Јас конкретно, не би била со никој кој е незрел, а за да пуши трева или за да му треба таблета за да оди на забава - треба да е бајаги зелен. Ама од друга страна, не би била ни со пушач, ни со алкохоличар, ни со секс зависник, ни со зависник од коцкање... Превенција....
Секој си ја прави сам попарата де :)
 

Sandra

wicked
Член од
24 август 2005
Мислења
1.490
Поени од реакции
224
Wihu :) Od pochetok ke mu kazam na coek da ne krie nishto od mene. Nemam gajle od droga. Mozi nekjam bash da koristi se i seshto ama pushenje treva za mene ne e droga. Toa e zamena za alkohol. Ama alkoholo mozi poveke da budali od kolku trevata.

Dodeka ne me tera mene nikoj da pram neshto (do sega nemam ni probano) ondak toj ima respekt kon mene deka nekjam da probam, ondak i ja ke imam imam respekt kon nego i negovite odluchuvanje.
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
110
Поени од реакции
92
Мене ми се случи слична ситуација пред 1 година, ама проблемот беше што тој не ме излажа дека не се дрогира туку му призна. многу го сакав а и тој мене ама таа врска неможев да ја продолжам со таква личност :(
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Нема ништо поубаво кога ќе си пафкаш со партнерот на терасче и си уживаш и си се смееш!......(се разбира мерка треба да се има, не секоја недела...5-6 пати во годината (y))

Ајде бре наркоман = пафкач на трева???....:facepalm:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Нема да ти се верува ова, ама може да се најдат личности кои многу тешко можеш да ги сетиш дека користат. Затоа е потребна строга анализа пред да влезеш сериозно во врска со некоја особа.
Fair enough. Накратко речено, криел/а и го/ја оставаш. Му/и оставаш контакт, па ако се среди некогаш да те побара, под услов да биде во разумно време (скраја да е да чекаш некој/а двајсеикусургодини) и под услов во меѓувреме да не се десат 268963287 нешта ;) .

Дали некогаш си видела особа која последните пари кои ги има ќе ги даде за дрога, и ќе остане гладен? Ако видиш таков/таква особа, бегај колку можеш побрзо. Може да те повлече и да не можеш глава да дигнеш.
Не сите наркомани се "лоши". Почнуваат да стануваат добри само во оној момент кога ќе си признаат сами на себе дека имаат проблем со дрогата. Тоа е првиот чекор за враќање кон реалноста.

И овошјето е дрога, на некој начин. Се' што може да те направи да се чувствуваш задоволен и среќен, и тоа по кратко време откако ќе го употребиш, може да речеш дека ти е дрога. Јадење јагоди, цреши, круши,... чоколадата, алкохолот, сексот..... Не мора да се најде некој тука кој делумно или целосно ужива во набројаните.

Го отфрлив и алкохолот и не ми причинува повеќе задоволство. Некои пијат од радост, други од тага, болка. Алкохоличарите претставуваат проблем не само за себе, туку и за најблиските околу нив. Понекогаш ми навираат мисли дека Алкохолизамот е многу поголем проблем од лесните дроги.
Да ти одговорам, но без посебни цитати. Мака ми е така.:)
Пријатели може да не препознаам дека се дрогираат, но партнер - сигурно! Веројатно ќе го гледам често, а така ретко кој може да прикрие дека е наркоман.
Го оставам и нема потреба од оставање контакт. Нека си се среди ако сака, па нека си најде некоја друга со која би почнал од почеток. Не би вратил доверба кај мене. Не кога е дрога во прашање.
Сум видела и полошо од тоа. А се сложувам дека не се сите наркомани лоши. Има насилни и само нервозни или скроз замаени. Зависи од дозата и дали си ја земале или не.
Алкохол и овошје е (извини на израз) глупаво да споредуваш. Секоја зависност не е иста, бидејќи секоја исто не ни делува. Некоја е добра за нас, а некоја не убива.
Често го спомнувате алкохолот, па да кажам и за него. Алкохоличар веројатно е исто толку лош човек колку и наркоман. Не знам всушност кој од кој е полош или поголем проблем... донекаде на исто ниво ми се. Значи алкохоличар, а не човек кој пие понекогаш.
И така.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Зависи од должината на врската, зависи од тежината на проблемот, зависи од начинот на кој е презентиран проблемот, зависи од вашата способност да живеете независно, зависи од годините и фамилијарната ситуација, зависи од тоа каков ви е сексуалниот живот, зависи дали надвор е ден или ноќ, и дали имате преспано или сте уморни.

А тоа моментално чао... не знам, не сум слушнал до сега за такво нешто. А и да се случило, сигурно не е одраз на вашите принципи или контраудар врз погрешните чекори на партнерот. Тоа е слабост.. Страв... Црни сценарија... што не е погрешно чуство.. Но доколку врската била зачинета со љубов и разбирање, нема таков "моментален" потег кој човек со чуства би го направил. Тоа го можат животните со нивните инстинкти.
ако се ова стои од едната страна на кантарот, а од другата стои во просек 70 години живот, значи + над 35 години исполнети со неизвесност мислам јасно е на кај ќе тежи. Се што е набројано нема поголема тежина од животот во целина. Мојот живот понатака пример и животот на моите деца. Да не збориме за еднаш зависник секогаш зависник. А за погрешните чекори партнерот си одговара сам. Не се најдовме во градинка и сега демек го оставам на цедило, не го сметам тоа за страв воопшто. Туку секој би требало да сака да има убав (?) живот, здрави деца, здраво семејство. Проблемите што можат да се спречат, треба да се спречат.

Само треба да се гледа малку поширочко... Ако сака да се џанка, нека повели,исто како и ако сака друга нека повели. Значи нека си ја затвори вратат од надвор. За некои работи не се дискутира, џабе е.
Јас немам живот за трошење на туѓи проблеми. Ниту пак свесно да влегувам во круг од кој тешко се излага или свесно да го загрозувам животот на моите деца, родени или не.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Те разбирам, и делумно се согласувам. Тешко е на вакви работи да се гледа со емоции и разум. Или едното, или другото.
Исто толку тешко е човек да ја пронајде разликата помеѓу болест и проблем(со зависности). А тоа може да значи пружење рака за помош, или вртење грб. Длабоко во себе гледам огромен ризик во обид да се помогни на еден наркоман, но во исто време мислам дека заслужиле шанса и подршка да го победат злото.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Те разбирам, и делумно се согласувам. Тешко е на вакви работи да се гледа со емоции и разум. Или едното, или другото.
Исто толку тешко е човек да ја пронајде разликата помеѓу болест и проблем(со зависности). А тоа може да значи пружење рака за помош, или вртење грб. Длабоко во себе гледам огромен ризик во обид да се помогни на еден наркоман, но во исто време мислам дека заслужиле шанса и подршка да го победат злото.
Ти нема да му/и помогнеш, ако тој/таа сам/а не реши да си помогне. А кога ќе реши, ќе се снајде и сам/а, исто како што започнал/а.
 
Член од
8 мај 2009
Мислења
284
Поени од реакции
102
Идев кратко време со еден тип кој беше навлечен на хероин :confused: Нема спас за луѓето навлечени на хероин, мноооогу се ретки оние кои што се извлекле. Колку и да сакаат, колку и да се трудам психата е таа што ќе ги преебе на крај. Се изнагледав во маало кај што израснав еден куп наркомани, сум била безброј пати меѓу луѓе што шмркале, дувале, лапале табли и искрено не сакам некоја таква покрај мене во животот. Престрога сум кога станува збор за дрогата, па макар и трава, немам граници туку ѕидишта. Видов многу фаци како си го уништија животот и мислам дека ми е доста од такви деструктивци во мојот живот. Не прифаќам ни пијаници ни наркомани. Се треба да си има мера во животот. Јас сум свесна дека нема совршено во животот, но сепак можам да си одберам нешто добро за мене во животот. Не ми треба некоја што ќе ми паѓа у несвест, ќе пени од уста и ќе ми превртува очи. Видов еднаш и не сакам никогаш повеќе. За некои работи се мисли на време. Сите сме сведоци на случки и на причи до кај може да не однесе дрогата, сепак одговорноста била негова/нејзина кога послегнал по нејзе, јас да се влечам знаејќи дека е тоа безнадежно - нема шанси. Преку глава ми е од такви работи.
 

Cassaro

Паразит
Член од
15 февруари 2012
Мислења
3.314
Поени од реакции
10.341
Незнам како размислувате уопште на темава.Додуше постојат услови , кога би била оваа врска , дали на 16 или на 24 години.Едно знам дека ако е во првиот случај нема да биде тоа врска , туку залудно трошење време и пафкање од време на време.Е сега ако се случува на 24 , јас не би сакал да имам цура што ќе ми извади еден кец и ќе ми рече драги ај смотај еден јас дур се туширам.Не би ја поднел да пуши цигари , а камоли вутра тогаш.Како што реков , немам ништо против викендашкиве дроги , ниту против луѓето кои што ги користат ама не би сакал да имам девојка која што ќе јаде риба.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Еј ало,ке одиш со некој кој користи наркотични средства и нема да го познаеш o_O
Дај објаснете ја логикава...Сепак мора да има некакви изливи во однесувањето,здравјето или слично..некакво сомневање или..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom