Вие, Вашиот партнер и дрогата

  • Креатор на темата Креатор на темата kod
  • Време на започнување Време на започнување
Се баталила темава, а не треба да е така.
Сакам да цитирам повеќе мислења, но не знам кои членови се активни и дали би ми одговориле. Нема врска, можам и вака.
Прво, не може да се случи партнерот да ми користи било каква дрога, а јас да не забележам и да дознаам откако ќе реши да ми каже после незнам колку месеци. Ако ништо друго, нема да дозволам толку време да крие.
Но и да се случи тоа ете, дефинитивно во истиот момент го оставам! И затоа што криел и затоа што користи. Мислам... преглупави ми се ми се муабетите дека е лошо да оставиш некого во таква ситуација. Не би било тоа моја грешка за јас да ја исправам или патам поради неа. А и не го оставам гладен да умре или ранет пред болница, скраја да е.
Само луѓе што не преживеале такво нешто (а прочитав такви), на оваа тема може да бидат така широкогради. За таквите еден искрен и најдобронамерен совет... немојте да сте малоумни и да започнувате или останувате во врска со наркоман. Вашето сожалување вас ќе ви наштети, а на партнерот нема да му помогне. Не е ваша должност да бидете покрај таков човек само затоа што мислите дека тоа е човечки, затоа што не е! Треба да знаете дека на наркоманот дечко/девојка му е дрогата, а вие сте му швалер/ка. Никакви изливи на емоции нека не ве тераат да се премислите да избегате со брзина на светлината од таквите луѓе. И никогаш немојте да паѓате на муабетите дека вие сте му поважни и дека поради вас би ја оставил и дрогата. Нема да се роди поголема лага од таа.
Конкретно за марихуаната го имам истиот став, иако има луѓе кои ја споредуваат и со обичната цигара. Ако не беше дрога и таа, луѓето кои ја откриле и тие кои си ја одгледуваат требало да ја стават во категорија овошје.
 
Ја не би можела да бидам со дечко што се дрогира. По некое време дрогата многу ќе го смени и нема да биде човекот во кој што сум се заљубила :/ Секад е така :/
 
Зависи до дрогата,
за дел од вас и марихуаната ја ставате во иста категорија со хероинот и кокаинот.

Јас радо би идел со некој кој зема трава отколку со некој кој пие често.
Е сеа, се повеќе од трава би повлекол линија.
 
Јас ни едното, ни другото.
Нема потреба, во однос на партнерот, да се бира помалото од двете зла ;)
 
Јас ни едното, ни другото.
Нема потреба, во однос на партнерот, да се бира помалото од двете зла ;)
Нити да пие, нити да пуши, нити да се дрогира ама кога се бира од зла би го избрал најмалото, а тоа е горенаведеното во случајот.

Ретко е денес да најдеш човек без условно кажано пороци. Не дека ги нема, само се страшно ретки. Па уште да сте компатибилни...
 
Моментално - чао пријатно. Кажувам сега на овие години (над 30) тоа дефинитивно ќе биде мојата реакција. Некои битки и победи во животот треба да си ги извојуваме сами, за да бидеме победници. Истото се однесува и за партнерот. А и онака просто и себично, не вреди да си го трошиш времето со некој што решил да си го уништи животот. Љубов или не, подалеку од мене.

Можеби или сигурна сум дека во тинејџерски денови ќе сум си правела филмови дека ќе го спасувам и сл.
 
Моментално - чао пријатно.

Но и да се случи тоа ете, дефинитивно во истиот момент го оставам!

Зависи од должината на врската, зависи од тежината на проблемот, зависи од начинот на кој е презентиран проблемот, зависи од вашата способност да живеете независно, зависи од годините и фамилијарната ситуација, зависи од тоа каков ви е сексуалниот живот, зависи дали надвор е ден или ноќ, и дали имате преспано или сте уморни.

А тоа моментално чао... не знам, не сум слушнал до сега за такво нешто. А и да се случило, сигурно не е одраз на вашите принципи или контраудар врз погрешните чекори на партнерот. Тоа е слабост.. Страв... Црни сценарија... што не е погрешно чуство.. Но доколку врската била зачинета со љубов и разбирање, нема таков "моментален" потег кој човек со чуства би го направил. Тоа го можат животните со нивните инстинкти.
 
Не би одела со некој кој конзумира било каков тип на наркотични средства (вклучително и марихуана).
Ми пречи тоа и готово. Ми пречи и кога само пуши цигари а камо ли нешто друго. Доколку ме сака и ме почитува ќе разбере дека некои работи се неприфатливи за мене. Имав еднаш еден дечко кој рече "јас не се мењавам за никого кој ме сака ќе ме сака каков што сум" и врската заврши истиот момент. Некој што некого сака и почитува е спремен да прави компромиси, дури и ако истите вклучуваат искоренување на некоја своја навика.
Едно е да пробал некогаш еднаш од љубопитност, но друго е да голта таблети на секоја журка (па мене не ми треба ни алкохол, ни треба, ни апче ни ништо да се расположам на журка) или да пуши џоинт на секое собирање со друштво.
Сум била во друштво и со потешки наркомани и со оние кои само пушат марихуана, ни едните ни другите не ги сакам за врска и точка, тоа нема да се промени во ниеден случај.
 
Прво, не може да се случи партнерот да ми користи било каква дрога, а јас да не забележам и да дознаам откако ќе реши да ми каже после незнам колку месеци. Ако ништо друго, нема да дозволам толку време да крие.
Нема да ти се верува ова, ама може да се најдат личности кои многу тешко можеш да ги сетиш дека користат. Затоа е потребна строга анализа пред да влезеш сериозно во врска со некоја особа.
Но и да се случи тоа ете, дефинитивно во истиот момент го оставам! И затоа што криел и затоа што користи. Мислам... преглупави ми се ми се муабетите дека е лошо да оставиш некого во таква ситуација. Не би било тоа моја грешка за јас да ја исправам или патам поради неа. А и не го оставам гладен да умре или ранет пред болница, скраја да е.
Fair enough. Накратко речено, криел/а и го/ја оставаш. Му/и оставаш контакт, па ако се среди некогаш да те побара, под услов да биде во разумно време (скраја да е да чекаш некој/а двајсеикусургодини) и под услов во меѓувреме да не се десат 268963287 нешта ;) .
Треба да знаете дека на наркоманот дечко/девојка му е дрогата, а вие сте му швалер/ка. Никакви изливи на емоции нека не ве тераат да се премислите да избегате со брзина на светлината од таквите луѓе. И никогаш немојте да паѓате на муабетите дека вие сте му поважни и дека поради вас би ја оставил и дрогата. Нема да се роди поголема лага од таа.
Дали некогаш си видела особа која последните пари кои ги има ќе ги даде за дрога, и ќе остане гладен? Ако видиш таков/таква особа, бегај колку можеш побрзо. Може да те повлече и да не можеш глава да дигнеш.
Не сите наркомани се "лоши". Почнуваат да стануваат добри само во оној момент кога ќе си признаат сами на себе дека имаат проблем со дрогата. Тоа е првиот чекор за враќање кон реалноста.
Конкретно за марихуаната го имам истиот став, иако има луѓе кои ја споредуваат и со обичната цигара. Ако не беше дрога и таа, луѓето кои ја откриле и тие кои си ја одгледуваат требало да ја стават во категорија овошје.
И овошјето е дрога, на некој начин. Се' што може да те направи да се чувствуваш задоволен и среќен, и тоа по кратко време откако ќе го употребиш, може да речеш дека ти е дрога. Јадење јагоди, цреши, круши,... чоколадата, алкохолот, сексот..... Не мора да се најде некој тука кој делумно или целосно ужива во набројаните.

Го отфрлив и алкохолот и не ми причинува повеќе задоволство. Некои пијат од радост, други од тага, болка. Алкохоличарите претставуваат проблем не само за себе, туку и за најблиските околу нив. Понекогаш ми навираат мисли дека Алкохолизамот е многу поголем проблем од лесните дроги.
 
Оу, оу, немојте со вакви лејм паралели. Јас јадам чоколадо, многу чоколадо. Ама не ми текнало да продадам телевизор од дома за уште една коцка, ни да крадам пари од кај моите, ни да се проституирам, за истото. Овошјето не е дрога, чоколадото не е дрога, сексот не е дрога. Можат да станат ЗАВИСНОСТИ, како и дрогата, и пиењето, и пушењето, и коцкањето. Што не ги прави сите подеднакво опасни....
Имам видено што направи дрогата со некои деца кои ги познавав на времето, немам видено овошјето да го направи истото.

Алкохолизам =/= повремено пиење. Алкохолизмот е реален проблем, не сум го тргала на вага за да кажам дали е поголем или помал од дрогата. Ама пиењето на слави и на забави, секако кога не е „чекам викенд за да се направам дрво и да не станам до понеделник во 8“ не е толку трагично, за да биде ставено во ист кош со бушење вени.

Бај д веј, нема лесни дроги.
 
Нити да пие, нити да пуши, нити да се дрогира ама кога се бира од зла би го избрал најмалото, а тоа е горенаведеното во случајот.

Ретко е денес да најдеш човек без условно кажано пороци. Не дека ги нема, само се страшно ретки. Па уште да сте компатибилни...

Пушач е нешто што преферирам и е еден од основните услови кај мажите :) Од причина што самата јас сум пушач и не сакам некој да ме замара во однос на тоа каде пушам, колку пушам, или скраја да е, да почне да ме замара да ги оставам цигарите.
Само што, цигарите не може да се споредат со дрога или алкохол. Би одбрала друг партнер, а не помалото зло ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom