- Член од
- 24 август 2011
- Мислења
- 511
- Поени од реакции
- 807
Човекот, со целото негово совршенство е проколнат на ограничен и многу краток животен век. Џабе е генијалноста на нашите тела кога не траат долго. Големите умови немаат време да сјаат целосно затоа што по кратко време умираат. Замисли да беше жив Ајзенхауер, Менделеев или Ајнштајн во денешно време. Замисли што ќе можеа да постигнат со модерната технологија. Овој наш проблем е и извор на сите фрустрации. Луѓето брзаат секаде и за сешто затоа што немаат време. Тоа чувство на недостиг на време потекнува токму од ограничениот живот. Поврзано со тоа, сите знаеме дека брза кучка слепи кучиња раѓа, како што вика народот, па во тоа брзање и се прават најголемите грешки. Да не брзаа луѓето, ќе можеа далеку потрезвено да работат на своите идеи и ќе ги завршуваа далеку поквалитетно.
По филмовите гледаме митски суштества и ситуации каде што се зборува за бесмртност, и можам да речам со сигурност дека нема човек кој не посакал вечен живот. Дури и во најголемата измама во историјата на човештвото (религијата) се базира токму врз ветување на вечен живот. Затоа и е толку успешна. Најголемата слабост на човекот наводно ќе ја снема. Понуда која навидум е предобра. За жал, премногу добра за да биде вистинита.
И тогаш насабајле си читаме некое блогче дур се трезниме и пиеме кафе. Најнова новост - вградиле мозоче од жаба или глувче во робот. Со помош на мозочето роботот се движел и постапувал идентично на глувчето. Имал исти реакции на одредени стимули. Во друга вест гледаме читање на мозочните импулси и нивна интерпретација. Гледаме видео игри управувани со мислите. Гледаме протези вградени врз ампутирани екстремитети кои се управувани директно од мозокот. Па ми текна...
Зошто едноставно не го земеме човечкиот мозок и го сместиме во машина? Ионака целото битие на човекот е во мозокот. Сите други органи се тука за да го одржат мозокот во живот и да ги извршуваат неговите наредби. Ова не ни е ништо ново, веќе успеавме со мозоче од глувче, зошто не почнеме да тестираме со човек? Да, технологијата не е совршена но никогаш нема ни да се усоврши ако не почне да се практикува. Не стигнавме од запрежна кола до Бугати без претходно да поминат илјадници неуспешни и успешни тестови. Ако го сместиме мозокот во машина, ќе можеме да го одржуваме во живот далеку подолго од што може физичкото тело. Нема да бидеме подложни на болести, нема да трошиме ресурси и време за апсурдни работи како што е храната. Нема да има потреба да се движиме, машината може да биде статична. Ако веќе мора да се движиме, тоа ќе го правиме далеку поефикасно и побрзо. Сите работи кои ги правиме и кои ја уништуваат планетава, ќе ги снема. Најголем дел од слабостите на луѓето ќе ги снема. Интелигентните умови ќе имаат стотици, илјадници години за унапредување на човештвото. Со многу лоша ефикасност функционираме сега, на еден човек му треба 30-тина години образование за да може истото да го користи уште 30 години. Потоа веќе станува матор и бескорисен.
Вака тие 30 години образование ќе можат да се користат стотици години подоцна, стекнатото искуство во текот на годините нема да го снема за неколку децении. Сето тоа знаење ќе можеме да го искористиме за својата бесмртност да ја однесеме чекор понатаму - својата свест да ја внесеме во машина. Нема да има веќе потреба од органски мозок, последната слаба алка ќе ја снема. Нашата свест ќе може да живее неограничено време а во случај на катастрофа ќе може да се копира во друга машина. Ќе можеме да се прошириме низ вселената бидејќи радијацијата нема да ни штети. Тешките услови за живот на другите планети нема да имаат ефект врз нас. Одеднаш 500.000 светлосни години нема да биде проблем, ќе го имаме сето време на универзумот. Ова не е баш толку научна фантастика како што звучи, само треба некој да го скрши мразот и да почне да работи на случајот.
Јас лично и благодарам на религијата бидејќи таа е главниот причинител зошто е толку табу да се тестираат нови технологии врз луѓето. Фала ти религијо, што ми го ускратуваш вечниот живот и како замена ми нудиш илузија од истиот. Фала ти религијо што не му даваш на човештвото да просперира. Фала ти што поради твоите себични потреби со векови го држиш човекот во заложништво.
Автор: Јас
Извор: Мојот блог