Човекот, со целото негово совршенство е проколнат на ограничен и многу краток животен век. Џабе е генијалноста на нашите тела кога не траат долго. Големите умови немаат време да сјаат целосно затоа што по кратко време умираат. Замисли да беше жив Ајзенхауер, Менделеев или Ајнштајн во денешно време. Замисли што ќе можеа да постигнат со модерната технологија. Овој наш проблем е и извор на сите фрустрации. Луѓето брзаат секаде и за сешто затоа што немаат време. Тоа чувство на недостиг на време потекнува токму од ограничениот живот. Поврзано со тоа, сите знаеме дека брза кучка слепи кучиња раѓа, како што вика народот, па во тоа брзање и се прават најголемите грешки. Да не брзаа луѓето, ќе можеа далеку потрезвено да работат на своите идеи и ќе ги завршуваа далеку поквалитетно.
По филмовите гледаме митски суштества и ситуации каде што се зборува за бесмртност, и можам да речам со сигурност дека нема човек кој не посакал вечен живот. Дури и во најголемата измама во историјата на човештвото (религијата) се базира токму врз ветување на вечен живот. Затоа и е толку успешна. Најголемата слабост на човекот наводно ќе ја снема. Понуда која навидум е предобра. За жал, премногу добра за да биде вистинита.
И тогаш насабајле си читаме некое блогче дур се трезниме и пиеме кафе. Најнова новост - вградиле мозоче од жаба или глувче во робот. Со помош на мозочето роботот се движел и постапувал идентично на глувчето. Имал исти реакции на одредени стимули. Во друга вест гледаме читање на мозочните импулси и нивна интерпретација. Гледаме видео игри управувани со мислите. Гледаме протези вградени врз ампутирани екстремитети кои се управувани директно од мозокот. Па ми текна...
Зошто едноставно не го земеме човечкиот мозок и го сместиме во машина? Ионака целото битие на човекот е во мозокот. Сите други органи се тука за да го одржат мозокот во живот и да ги извршуваат неговите наредби. Ова не ни е ништо ново, веќе успеавме со мозоче од глувче, зошто не почнеме да тестираме со човек? Да, технологијата не е совршена но никогаш нема ни да се усоврши ако не почне да се практикува. Не стигнавме од запрежна кола до Бугати без претходно да поминат илјадници неуспешни и успешни тестови. Ако го сместиме мозокот во машина, ќе можеме да го одржуваме во живот далеку подолго од што може физичкото тело. Нема да бидеме подложни на болести, нема да трошиме ресурси и време за апсурдни работи како што е храната. Нема да има потреба да се движиме, машината може да биде статична. Ако веќе мора да се движиме, тоа ќе го правиме далеку поефикасно и побрзо. Сите работи кои ги правиме и кои ја уништуваат планетава, ќе ги снема. Најголем дел од слабостите на луѓето ќе ги снема. Интелигентните умови ќе имаат стотици, илјадници години за унапредување на човештвото. Со многу лоша ефикасност функционираме сега, на еден човек му треба 30-тина години образование за да може истото да го користи уште 30 години. Потоа веќе станува матор и бескорисен.
Вака тие 30 години образование ќе можат да се користат стотици години подоцна, стекнатото искуство во текот на годините нема да го снема за неколку децении. Сето тоа знаење ќе можеме да го искористиме за својата бесмртност да ја однесеме чекор понатаму - својата свест да ја внесеме во машина. Нема да има веќе потреба од органски мозок, последната слаба алка ќе ја снема. Нашата свест ќе може да живее неограничено време а во случај на катастрофа ќе може да се копира во друга машина. Ќе можеме да се прошириме низ вселената бидејќи радијацијата нема да ни штети. Тешките услови за живот на другите планети нема да имаат ефект врз нас. Одеднаш 500.000 светлосни години нема да биде проблем, ќе го имаме сето време на универзумот. Ова не е баш толку научна фантастика како што звучи, само треба некој да го скрши мразот и да почне да работи на случајот.
Јас лично и благодарам на религијата бидејќи таа е главниот причинител зошто е толку табу да се тестираат нови технологии врз луѓето. Фала ти религијо, што ми го ускратуваш вечниот живот и како замена ми нудиш илузија од истиот. Фала ти религијо што не му даваш на човештвото да просперира. Фала ти што поради твоите себични потреби со векови го држиш човекот во заложништво.
Автор: Јас
Извор: Мојот блог
Najprvo izvini za latinicava, takvi se uslovite.
Jas LICNO voospto ne se soglasuvam so tebe... Delovite vo bold, se onie
spored mene vo koi najmnogu gresis. Pred se go imas zaboraveno na covekot kako del od prirodata, i negoviot
bioloski kontekst. So napredokot na medicinata prosecniot zivoten vek na covekot, e recisi dupliran. Normalniot bioloski zivoten tek na covekot e okolu 50 godini, i normalno bi trebalo da zavrsi so krajot na reprodutivniot period. Prirodata go sozdala taka zivotinskiot svet, da ne ti objasnuvam sega prirodna selekcijai evolucija. Vo denesno vreme covekot zivee okolu 75 godini, i kako posledica na ova, se pojavuvat bolesti direktno povrzani so stareenjeto kako Alchajmer, Parkinson, bezbroj vidovi na rak. Kako so primetuvas pred se se bolesti koi go napagaat mozokot. Taka da ne se soglasuvam deka imame kratok zivoten vek.
Vtoriot bold, bi ti rekla deka ova e posledica na osstestvoto denes, i e licno tvoj izvor. Nikoj ne ti brani da zivees na farma, smireno...
Treto, prv pat slusam a i cisto se somnevam deka e navistina realizinano. Ne znam od kade ti e informacijata, ama jas za vakov ekperiment prv pat slusam i pokraj toa sto rabitam tokmu vo takov istrazuvacki domen.
Cetvrtiot bold, mozokot e del od celinata, vo potlolna zavisnost od srceto, a pred se immuniot sistem. Veruvaj mi i pred tebe dosta naucnici vo minatoto se imaat obideno da go odvojat mozokot od teloto. Koga bi bilo vozmozno, verojatno nevrologijata bi bila mnogu ponapred od ona sto e denes, i mi znaele mnogu poveke za funkcioniranjeto na mozokot.
Sestiot bold i sedmiot , e nesto so verojatno e najbesmisleno... Bi ti posovetuvala da dzirnis malku wikipedia... Ili samo zaprasaj se kako funkcionira mozokot, zosto ima potreba od immun sistem, i zosto voopsto se hranime.
Bonus: Mozokot e sostaven od kletki, koi za da gi izvrsuvaat svoite funkcii imaat potreba od energija!
Delot so dvizenjeto, voosto ne te sfativ... pa kako bi primal informacii, kako bi ucel novi raboti, kako bi videl novi raboti... sto bi go poteknalo razmisluvanjeto?
Religijata nema nisto povrzano so napredokot... Anjstajn bil vernik, a zarem ne e eden od najgolemite umovi? A od druga stana, vo denesto vreme, vo krugot na naucnicite, mal e brojot na vernicite.
I za kraj, sto bi bila celta? Za sto bi ziveel? Za sto bi se trudel da go sfatis svetot, i sekoj del od nego? Zosto bi sakal da ja razberes kako nastanuva svetlinata, koga ke bi mozel da ja vidis? Zosto bi znael kako zivee cveketo, koga ne bi mozel da go pomirisas? I za sto bi sozdaval nesto, koga ne bi imalo koj ga go nasledi.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 03:25 ---
ION
Не бре човек, какво насилство какви бакрачи. Говорам исклучиво за волонтери. Немаш појма колку корисно би било да има и мртви мозоци прво за експериментирање, а потоа и живи. Пример луѓе кои се во кома, луѓе кои патат од терминални болести и имаат 3-4 месеци живот.. Може не сите, ама некои од нив би се согласиле да го донираат своето тело за вакви истражувања. Да не ги заборавиме и луѓето кои решиле да извршат самоубиство. Не знам во која европска држава беше, ама дозволено било помагање при самоубиство, за истото да биде безболно. Кога овие луѓе решиле да си го завршат животот, зошто да не се искористи нивното тело? Може да бидат ставени во хемиска кома и експериментите да се извршат непосредно пред нивната смрт.
Начини има милион, и најголем дел од нив се етички. Само треба да се ослободиме од тие пранги на средниот век и да сфатиме дека тоа веќе не е табу туку можност да се подобриме себеси.
Ima tonovi mrtvi mozoci, dostapni za istrazuvanje... Ali ne mozes da istrazuvas mnogu na mrtvi mozoci. Edostavno nema sto da istrazuvas... Za sreka, tuka se gluvcinjata. I nasiot i nivniot mozok e izgraden od kletki, koi sto funkcionitaat na dosta slicen nacin. Ona za sto ti trebaat covcki mozoci e na proba na novi lekovi.. Znaci ti trebaat luge, a ne samo mozok.
Inaku mislis na eutanazija, pomos pri smrt. Vo evropa e dozvolena samo vo Svajcarija, i se raboti za smrt vo dostoinstvo, za luge koi patat od teski bolesti, so strasni bolki vo koi nitu morfiumot ne pomaga. Ne se raboti za luge, koi se malku depresivni, pa resile da se samoubijat.