Вечерва овде, без тебе...

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
12 јули никогаш повеќе нема да биде само 12 јули. И 12 јули никогаш нема повеќе да биде само Петровден.

Тогаш почна вистинската борба. Проживеј еден живот без него..Ситно.
Вечерва, си врни убо времево. Вечерва е измислена за Mazzy Star.
 
Член од
9 јули 2013
Мислења
53
Поени од реакции
93
Вечерва овде без тебе е исто како и секоја самотна вечер од оној ден.
Секогаш исто ми недостасуваш, исто болиш и не поминуваш.
Вечерва овде без тебе е исто толку студено како и оној ден.
Како би можела да го заборавам 22ри октомври? Како би можела да ја заборавам насмевката во која се заљубив, како би можела да го заборавам оној поглед полн со ослободување и олеснителна воздишка зошто е крај, како би можела да го заборавам немото кршење на срцево кое сеуште тешко заздравува... како - кога толку силно те љубам?
Вечерва овде без тебе, низ кратките вовлекувања на димот од цигарата, живо се присетувам на денот кога одлучи да си заминеш. Си припомнувам, само што тргнавме по различни страни, а солзите веќе јуреа низ образиве. Застанав и се свртев сакајќи да те гледам како заминуваш, па те фатив како ти го правиш тоа... Плачев уште посилно, а ти остана мирен како и обично. Продолживме по својот пат.
Едниот зошто така сака, другиот зашто така мора.
Вечерва овде без тебе, како и многу пати досега копнеам да знам зошто стави крај на нешто што ниту почна..
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.184
Поени од реакции
13.821
Вечерва овде без тебе, денот кога реши дур ја сум на работа да ја викнеш неа...го славам како ниеден друг! Да не беше така, немаше никогаш да осетам ваква љубов и среќа!
Фала, чао, пријатно!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.672
Поени од реакции
34.139
Со распоредов, а и небитноста дали е ден или ноќ, на секое мое влакненце му недостигаш. Физички боли твоето отсуство.
Ништо не ми ги смирува мислите, време е за екстремности. :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.138
Поени од реакции
163
Немам многу да ти кажам, едино фали твојата непредвидливост, твојот авантуристички дух али и вака ми е убаво, дури и поубаво. Ама ете некоаш ,,случајно,, отварам твои слики. И молим те друг пат коа ке ме сретнеш на улица не застанувај да се поздравиш и да ме прашаш кај сум, шо правам,само завртија главата и продолжи си по патот.
 
S

StormRage

Гостин
Хм, мотам цигари, ги средувам во една кутија за да иам за кога ќе излезам... а сакам да сум до тебе, знам дека ти е лошо и дека сакаш да си сама... сакам да те изгушкам онака :)



ама далеку сум... :/
 
Член од
9 јули 2013
Мислења
53
Поени од реакции
93
Вечерва овде без тебе смислувам како да почнам од почеток. Овој пат сама.
Велат никогаш не е касно, па така почнувам да талкам... малку по малку како новороденче кое ги прави првите чекори.
Многу време се измачував љубов моја. Толку соништа не досонети, желби не исполнети и зборови не изречени останаа да лебдат што и некогаш да најдам простор да ги изговорам се плашам дека нема да ги разбереш.
Зошто тоа е некоја моја ода на љубовта, моја приказна за среќата, моја искра за светлината... се за тебе несфатливо.
Ќе морам да смислам нова ода, да напишам нова приказна и да разгорам нова искра, па да тргнам во ново патување, со кочија во која ти не си ми придружник.
Ќе одѕвонуваш во мене.. љубов, љубов, љубов.. зошто твоето име со љубов се пишува... но се надевам колку повеќе пат ќе поминам толку потивко ќе е ехото...
И една вечер, таму некаде без тебе... се надевам ќе немам што повеќе да ти пишам...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Вечерва не си повеќе овдека со мене
се што беше убаво со тебе отиде сега
среќата цела од животот мој
сета љубов што ја знам, отиде сега
Вечерва не си повторно до мене
секоја ноќ,секој ден за мене значи бол
бидеиќи сум сам.
Не ја нејќам свет без тебе
ноќ без твојте топли раце
ден без твоето мило лице
сега ми е тажен ден.
Све во мене уште се бара
каде да појдам да те најдам
знам залудно е све
бидеиќи ти сега сонуваш вечен сон,
а јас живеам сам.
 
Член од
21 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
111
Вечерва овде, без тебе..сфаќам дека ми фалиш и дека набрзо ќе те изгубам, а дотогаш ќе уживам со тебе и ќе го чекам секој момент само за да бидам со тебе....
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Немам вечерва сила,
да одам во темната ноќ
кога све што имав јас,не е сега поред мене
Сите мои желби и надежи
снагата на моето тело, ми ги зема ти
Во ноќите без сон, јас ти дадов-дадов се
но не знаев тогаш, дека сум бил само роб твој
и остварување на твојте секси желби
Те побарувам,те барам јас
Те посакувам, те сакам јас
Те изгубив, те губам сега
А дали некогаш ќе бидам пак твој
И излегувам сега
во пустата и празна ноќ
без љубов и сам
каде и да појдам,ќе бидам сам.
Ќе бидам секогаш сам,без тебе сам.
 
Член од
7 април 2013
Мислења
183
Поени од реакции
325
Вечерва овде без тебе, почнувам да пишувам нешто налик на Лешоски, проза ли е, поезија ли е.. Ама ако, не дека ќе ја прочиташ, јас не дека ќе ја чувам. Онака си пишувам. Знаеш ми недостигаш некако? Некако многу ми недостигаш, некако не можам да те сфатам човеку! Сериозно не можам, што сакаш не знам, јас што сакам знам. Сакам пиво слушајќи го Blues for the red sun и тебе..... Нит пиво имам, нит тебе ти имам, не сум те ни имала. А како ли може да те имам, смешна сум си......
 

Kajgana Shop

На врв Bottom