P
Patrick
Гостин
Како минуваат деновите сфаќам дека секој миг поминат без тебе е залудно потрошен и одвеан во заборавот на бесполезноста. Анѓелу, мене животот не ме праша дали сакам да бирам надевајќи се на вистинскиот избор, јас едноставно бев допрен од нежната рака на љубовта која беше накитена со твоите очи и твојата насмевка. Немој да се плашиш и немај сомнежи, зашто твоето место седеше недопрено сиве овие години чекајќи да се појавиш ти и да седнеш на престолот. Жалам, но јас не можам да те сакам се повеќе и повеќе како што минуваат дните, затоа што мојата љубов е бесконечна и нема крај.
Зарем има ли нешто повеќе од и после бесконечноста?
Вечерва ладна е постелата, очајна е, како што сум и јас очаен, по твоето топло тело да ја загрее и разубави. Ги бројам деновите без тебе... вечност!
Зарем има ли нешто повеќе од и после бесконечноста?
Вечерва ладна е постелата, очајна е, како што сум и јас очаен, по твоето топло тело да ја загрее и разубави. Ги бројам деновите без тебе... вечност!