Денес без тебе, тапа
Ти ветив дека ќе го потрошам цел алкохол испиен вчера, нема да се качувам по столици веќе, да ме бркаат газдарици пошо им го реметам редот, нема да праам мрднати денс мувс, и да се смеам со задњи здив дур тромаво одам.
Ова му доаѓа ко "од утре не пушам" муабетот, али шта ќу, кога сум навлечена на тебе и вотка.
Толку време поминуваме заедно, што наместо да се заситам, осеќам необјаснива празнина кога не сме заедно.
Да ми ја бушавиш косата, да ме тешиш дека симпатично ми стои килцето плус и дека секако сум ти најубава, да ме креваш во раце и да се вртиме во круг дур се дерам да ме спуштиш, иако најсигурна сум во твоите раце.
Да си пуштаме хорор филмчиња и да пискам дур притаено под ќебенце ти се врткам, па да го баталиме филмот и да се мазиме.
Да ми го праиш секогаш утнатото горко кафе и подизгорената пица. А и таква ми е највкусна, мајке ми.
Ми фали твоето најубаво насмевче, твоите раце силно да ме стегаат околу половината. Само тогаш се чувствувам заљубено и сакано.