Вечерва овде, без тебе...

  • Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување
L

Ligeia

Гостин
Ја спакував тетратката која ми ја подари заедно со твојата слика во неа и со мастилно пенкало напишав на првиот лист:For me...to remember.
Затоа што не сакам да те заборавам никогаш.Вечерва овде,без тебе ќе се присетувам на целата измината година.На многучасовните разговори,философирања,надмудрувања и смеа.Ќе се присетувам на сите совети кои сум ти ги давала и за кои еден ден знам дека ќе ми бидеш благодарна.Жал ми е што никогаш не можев да ја почувствувам твојата болка,еднаш одамна бев на дното и многу добро ја познавам сопствената.Бев човек налик каков што си ти сега,со сета горчина и бес кон непознатото и минатото,со сета волја да уништувам за да создавам.Сето тоа ми одеше од рака за да се разбудам еден ден и не сватам дека сум сама.Секогаш сама.Не сакав да остарам и да се завртам зад себе и да ја урамам сликата на пустошот кој сум го оставила.
Затоа решив да бидам човечна,сочувствителна и добра.Човек се менува.Мора да се има надеж за се.Извини уште еднаш ако сум те повредила.Одамна се срамам од своите остатоци и се обидов да те предупредам.Но како и кај секој човек,љубопитноста е полош непријател и од нетрпеливоста.Не успеав да те заштитам од себе си.
Имам уште еден час да те оплакувам.Кога ќе изгрее сонцето,се навраќам на љубовта која им ја должам на сите окулу мене.Затоа што единствено за неа вреди да се живее.Те сакам,биди среќна пријателке и ќе те чувам од далечина.
For me...to remember.
Секогаш кога ќе ја слушнам...ќе се потсетувам на тебе.You know why. :)
 
M

MIL

Гостин
tesko e da preziveam se macam se nadevam ke izdrzam ;) al nocas daleko si daleko si neko te drugi ima daleko si daleko si prava sa pogresnima ...
 

-_-

Склоните црвени тепих...ипак не долазим..
Член од
11 април 2012
Мислења
2
Поени од реакции
1
Ќе спијам.....Да да, без тебе... :S
 
Член од
8 јуни 2012
Мислења
374
Поени од реакции
830
Mи требаш вечерва, исто како и секој вечер.
Толку многу сакам да ти пишам, но што и да пишам е премалку.
иако си далеку.. толку далеку а сепак толку блиску..
овде во мене, поблиску нема..
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.672
Поени од реакции
34.139
Не се плашам од земјотрес. Се плашам од афтершок. Првото е неочекувано, второто е.
Вечерва, следната или претходната, или како сите зад нив, поминуваат брзо како воопшто да незнаеш што се случува, утрото е пострашно, кога нема за кого да се фатиш во афтершокот. :)
А, знаеш дека доаѓа..

И така јас секое утро се поздравувам со свесноста и тонам во феноменот секоја-песна-како-да-е-правена-за-моментов. Сакам да чувствувам, да го впијам секое електрошокче, што го емитира мојот луциден ум, што знае да изазва билокаква емоција или.. делузија. Димензионирањето на ваквата слобода е за врски кога кулминација на неделата беше фаќањето нечија цицка. А кога делиш цел микроуниверзум со некого, воопшто немам намера да се лишам од тоа што ми треба 5 часа за да ми започне денот. Залудно придавање смисла кога само се осмислува. Штета што се` во овој idiot-infested град не потсеќа помалку или повеќе, на нас, а ние суптилно ќе го игнорираме тоа, и би било... незнам, уште една обична клупа во градот, за пред друг/а.

Чувај се. :)
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
331
Поени од реакции
222
Веќе 9 години сум без тебе. Почивај во мир Ерика Крстевска :(
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Студено ми е без тебе. И вечерва и во животот.
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.046
Поени од реакции
2.135
Сепак, кој знае каде си. Уствари, на одмор си да, али незнам каде, и со кого?
Се прашувам, дали барем еднаш помисли на мене?
Иако веке подолго време не сум те прашал како си, сепак, секоја минута си ми во мислите.
Се надевам, еден ден, ќе ти го кажам тоа, кога-тогаш. Никогаш не е доцна, велат.
Ама велат.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Вечерва, овде, без тебе...
Малце празно ми е... Празно ми е Скопје без тебе, ја нема онаа целосна магија. Фалиш ти како парче од сложувалка за да биде комплетна сликата- магијата :)
Абе во секој момент фалиш. Да нарачаш уште едно пиво во пластична чаша кога е фајрон, да се насмееш на глас со твојата каркатеристична насмевка, да ми ја разбушавиш косата (за да не ми биде толку „совршена“ ко што велиш ти) кога ќе те погодам со некоја шала, изјава, реакција... или кога сакаш само да изразиш дека сум ти драга :) Да прашаш каде продолжуваме после :) Да ми побараш запалка... Да побараш уште едно пиво :) Да запееме некоја од нашине, на цел глас :) Да навлеземе во некои длабоки муабети и да исклучиме се околу нас :) Баничка- зденка маслинка :)
Вечерва, овде, без тебе...
Му фалиш на каучов, на лап топ-ов, на фотоапаратот, на станов воопшто :) И мене :pipi:
Вечерва, овде, без тебе...
.. во мисливе си ми...
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Вечерва овде без тебе...всушност ти беше тој што сакаше да си без мене.
Изговор - кажан на многу прифатлив начин. Како со многу љубов.
Болеше.
Ми ги осеќаш очите како ми се полнат со солзи кога вака ме кршиш.
Сакајќи или несакајќи...сеедно.
Дали ќе ми смета? - Не, мене ништо ''не ми смета''

Вечерва овде без тебе- ми недостигаш. И покрај се`....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom