Мишелинка
расол
- Член од
- 19 мај 2006
- Мислења
- 3.449
- Поени од реакции
- 385
Вечерва овде, без тебе, ме убива целава атмосфера околу мене... Дождов уште нема абер да прекине, јас после долг, неконструктивен ден - го најдов цедето со музика што ми го изрежа летоска, пред да си одам... Имаше фатено прашина... Немав добиено одамна желба да слушам INXS ни Џорџ Мајкл. И сега ја немам... Ама нешто ме тера. Се измачувам со ова, ама на некој начин тоа е она кое го сакам, да чувствувам пак. Деновиве се исплашив дека повеќе не чувствувам, дека ми станало сеедно. Сега гледам дека нема врска, дека пак ми недостигаш колку и претходно, иако сум малку поскршена и похаос од тогаш. Знаеш, во ваквите вечери правам ретроспектива, се што се случило и не се случило а можело... Сега сфаќам дека не жалам за ништо кое го имам направено пред да те запознаам, еден куп глупости, ама сите ми помогнаа да сум денес ова што сум. Од друга страна, жалам за тоа што немаме направено еден куп работи заедно, а требало да ги направиме, жалам за еден куп реченици кои ти ги имам преќутено оставајќи ги за подоцна, за еден куп гушки кои ги одложив зошто мислев дека не е време или место за нив.
Сега се што сакам е да бидеме и понатаму силни како и до сега, и двајцата...
Вечерва овде, без тебе, посакувам да можам да ти го слушам дишењето додека заспиваш, да те гледам додека спиеш и да те гушнам кога ќе се разбудам. Во неможност да го реализирам сето тоа, а вака вокабуларно не особено силна, ќе си ја пуштам Never tear us apart, од INXS и ќе продолжам да се надевам дека многу наскоро ќе се видиме.