Lu Ligeia (и останати кои се разбираат во проблематиката)
Имам непријатна случа со кучето кое се разболе од парвовироза и покрај тоа што имаше примено папивакцина, двовалетна вакцина, и ревакцина од причина што локалниот ветеринар во селово употребува несоодветни методи односно термини за вакцинација. Не ми се зборува какви методи за лечење и употребуваат. Ова го дознав дури кога го однесов кучето во Скопје на ветеринар полумртво и бев изненаден зошто би се појавила болест која технички не би требало да се појави од причина што кучето беше заштитено. Колку што го разбрав ветеринарот најновата методологија бара да се вакцинира директно со двовалентна вакцина и потоа редовно на секои две седмици до одредена старост против парвовироза за да се заштити кучето максимално.
Би предложил да се отвори тема "Вакцини кај миленици", да се постави како важна и да се наведат термините за одредена вакцина кај кучињата, мачињата и останатите миленици.
Пример
Вакцина кај куче
Беснило
36 ден, прва вакцина, 60 ден ревакцина,
Парвовироза
35 ден прва вакцина, од 60 ден на секои две семици до 3 месечна старост, итн, итн.
Не сум компетентен и не знам ќе го сторев тоа и сам.