имам сериозен проблем со моето куче..
вака имав сибирски самојад(женка) која што забремени и поради компликации во породувањето под итно ја однесов на ветеринар.. во меѓувреме ми го дадоа моето куче хаска (женка 6 месеци) кое го купив предходно ама ја оставив да преседи 6 месеци со мајката пред да ја приберам дома... Кога ја донесов хаската под итно и направив куќичка посебна и на другиот дел од дворот... кучето беше супер, го измијав го средив го вакцинирав се тоа беше навреме.... додека самојадот беше на ветеринар, хаската беше ок играше скокаше јадеше трчаше... по 4 дена откако ја зедов хаската ми го вратија самојадот од ветеринар... првиот ден заедно со двете кучиња беше во ред заедно јадеа све ок... во вториот ден (вчера) хаската го загуби апетитот, а денес и целосно се изгуби... кучево едноставно се повлече во себе, цело време стое на 4 нозе и ништо неправи само го гледа самојадот, пробувам да ја разиграм хаската ама ништо не реагира дури ни на галење... едноставно само стое во место и го гледа самојадот
прашање: дали хаската е во депресија поради новата околина?
прашање: дали се хаските и самојадите територијални кучиња, па тоа да е причината..
прашање: дали причината е тоа што двете се женки?
ве молам за одговор оти ако и утре е ваква планирам да ја однесам на ветеринар..
Логично е дека ќе изгледа депресивно. Не е ништо страшно. Секоја промена на територија кај кучињата резултира со збунетост. Уште поголема збунетост, ако на тоа место претходно имало туѓи мириси, уште повеќе ако има и друго куче.
Можно е да ти се зарчкаат, но хасчето сеуште ти е малечко, така да самоједкава уште не ја гледа како закана. Иначе, верувај, женки- да можат да се искинат до смрт, тоа ќе го напраат, многу полоша е тепачка со женки одколку со мажјаци. Мажјаците повеќе покажуваат сила, снага, заби, рикање, ржење, но премногу малку каснувања. Кај женските тоа е обратно. Но, ако цело време го минуваат заедно, и кога една е во период а друга не е, ќе си ги делиш, али не цело време да бидат одделени, ќе си ги шеташ заедно, тоа е премногу битна ствар за две кучиња повторно да се здушат. Едноставно одделувај ги кога нема да бидеш тука.
Иначе сибирскиве кучиња се чопорски настроени. Нивното дружење ќе зависи од тебе и од тоа колку ти ќе се поставиш алфа во ситуацијата. Ако си алфа, нема да имаш проблем, ако не си- е тоа е веќе проблем. Они две ќе се борат за тронот. Имај го тоа во предвид.
А за проблемов, оставија да ја истражи околината. Не ја форсирај за ништо. Расположението со тек на време ќе си се врати. Ако не јаде, ни тоа не треба да те загрижува, сибирските раси знаат во знак на протест да ја оставаат храната. Но мораш да внимаваш дали пие вода. Само тоа ти е битно. Ако пие вода, се е во ред со неа.
Се надевам дека помогнав.