Ветеринарно катче

Член од
2 јули 2012
Мислења
7
Поени од реакции
1
Ништо не е, не се секирај ... тоа е само пигмент и најчесто се појавува кај кучиња што се мешавина или од лабрадор или од ретривер.
Daj boze da ne e nisto, sepak fala, malce mi e polesno sega :)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Малку офтопик но ... расположението и влажноста на носот се добар индикатор за здравствената состојба на кучето.
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
7
Поени од реакции
1
Малку офтопик но ... расположението и влажноста на носот се добар индикатор за здравствената состојба на кучето.
Добро е расположена, а и носето и е влажно.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Ivana Roth
Различни луѓе,различни искуства.
Јас на пример сум спојувал женки,возрасни кој првпат се гледаат,не се имаат закачнато,скоро никогаш,дали еднаш или два пати,а со мажјаците,било обратно,дали еднаш нема да се закачнат,затоа и му реков.
Исто така мажјак и женка ретко се скасуваат :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Може да има каснато нешто,па и се испрљал јазикот,а може и е генетски,така да ништо страшно,се додека не ја боли,немаш мака. :)
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
7
Поени од реакции
1
Може да има каснато нешто,па и се испрљал јазикот,а може и е генетски,така да ништо страшно,се додека не ја боли,немаш мака. :)
Не е од јадење се познава, а за генетски можно е.
Само се надевам дека не е опасно :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Не е од јадење се познава, а за генетски можно е.
Само се надевам дека не е опасно :)
Проба да и ја допреш таа точка?Ако да, дали ја боли,тоест се трга како да сака да избега?
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
7
Поени од реакции
1
Проба да и ја допреш таа точка?Ако да,дали ја боли,тоест се трга како да сака да избега?
Не сака кога ја допираат за уста, кога зеваше ја забележав, а потоа еднаш успеав да ѕирнам :(
 
L

Lu

Гостин
ZDRAVO IMAM EDNO PRASANJE, ZABELEZAV MALA FLEKA NA JAZIKOT KAJ MOETO KUCE, IMA 4 GODINI, DALI E NESTO OPASNO ??? HELP :-(
За секој случај однеси ја на ветеринар.
Не сака кога ја допираат за уста, кога зеваше ја забележав, а потоа еднаш успеав да ѕирнам :(
Абе кој ја прашува нејзе дали сака или нејќе ... ти треба да бидеш Алфа и она мора да те слуша и да ти дозволува да и ја отвориш устата во секој момент кога ќе посакаш.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ivana Roth
Различни луѓе,различни искуства.
Јас на пример сум спојувал женки,возрасни кој првпат се гледаат,не се имаат закачнато,скоро никогаш,дали еднаш или два пати,а со мажјаците,било обратно,дали еднаш нема да се закачнат,затоа и му реков.
Исто така мажјак и женка ретко се скасуваат :)
Убаво го потенцирав моментот- ако тој ја има улогата на афла, нема да има проблем, ако ја нема- они две ќе се колат за која да седне на тронот, ако и двете се родени алфи или поцврсти карактери (што не мора да значи дека во овој случај е така, посебно ако се земе предвид, дека хаската е сеуште малечка и самоједката не ја гледа како закана;)).

А за јазикот, ако е нешто слично на овие фотки, не е ништо страшно-
http://piperbasenji.blogspot.com/2011/10/doggy-tongues.html
http://cdn.pedigreedatabase.com/userfiles/Rex 049 (Medium).jpg
http://www.dogguide.net/blog/wp-content/uploads/2009/06/2209693415_e4fce976c3.jpg
Ова е чисто нормална појава, а и доста честа.
 
L

Ligeia

Гостин
Не сака кога ја допираат за уста, кога зеваше ја забележав, а потоа еднаш успеав да ѕирнам :(
Не е страшно за на ветеринар,тоа е само пигмент.Ако има инфекција во устата првен се јавува на непцата на забите а потоа го зафаќа мускулот односно јазикот.Штом не покажува знаци на болест првиот е температура значи е слободна од патогени и инфекција во организмот.Не се грижи. :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Не е страшно за на ветеринар,тоа е само пигмент.Ако има инфекција во устата првен се јавува на непцата на забите а потоа го зафаќа мускулот односно јазикот.Штом не покажува знаци на болест првиот е температура значи е слободна од патогени и инфекција во организмот.Не се грижи. :)
Колку стручно и објасни колешке :D
ама,го заборави и носот?(нели кога е влажен,се би требало да е во ред,а кога е сув,нешто не штима? ) :)
 
п.с ако сакаш да и ја отвориш устата застани зад неа со едната рака фати ја на горната вилица,со другата на долната а со таа одозгора притисни ја посилно кожата врз непцата на забите.Сама ќе ја отвори.
--- надополнето: 6 јули 2012 во 02:27 ---
Колку стручно и објасни колешке :D
ама,го заборави и носот?(нели кога е влажен,се би требало да е во ред,а кога е сув,нешто не штима? ) :)
Точно така,но во летно време не го земаме како сериозен односно примарен знак заради зголемената можност од дехидратација.Поважна е бојата и секретот во случај на болеста. :)
 
L

Lu

Гостин
Јас и Ligeia направивме муабет, и сметаме дека за полесно дијагностицирање на болеста на вашето милениче, потребно е да давате поопширни одговори, и кога ќе побарате помош во темава поопширно и подетално опишете ја состојбата на вашиот миленик, со цел полесно да може да се дијагностицира болеста.

Кога ќе побарате совет на темава, одговорете на следниве прашања за да можеме да ви дадеме попрецизен одговор:

Во случај на болест да се наведе:

1. Раса (доколку е расно), големина, пол и старост на животното.
2. Дали некоја случка/несреќа влијаела на промена на здравствената состојба на животното?
3. Дали животното покажува видливи знаци на незадоволство или има промени во расположението (депресија, потиштеност или пак прекумерна агресивност кон познати лица)?
4. Дали животното покажува видливи знаци на физичка промена (тешко/брзо дише, повраќа, трча постојано или пак прави чудни движења)?
5. Со што го исхранувате?
6. Дали прима одредена терапија и лекови доколку сте го однеле на ветеринар?
7. Наведете доколку забележувате промени на телото или однесувањето на кучето при секојневните рутини.
8. Доколку се работи за женка и проблеми со парење/овулирање/бременост нема потреба да одговарате на погоре наведените прашања.

За итни случаи:

1. Измерете му температура.
2. Ако има температура и ако му е топло ставајте му ладни облоги на шепите и зад вратот (внимателно да не ја топите целата глава) и обратно, ако се работи за зимски период покријте го и стоплете го (примарно градите и стомакот) потоа однесете го на ветеринар да прими соодветна терапија.
3. Во случај на труење (знаците се пена на устата, грчење, тресење и лежење на страна) ако имате при рака дајте му една лажичка хидроген пероксид да иницирате силно повраќање, а откога ќе поврати можете да му дадете растворена сода бикарбона во вода малку да се смири и веднаш однесете го до најблискиот ветеринар да му даде пробиотик.
4. Во случај на скршеница (знаците се видливи) внимателно поставете го на мека подлога 1-2 ќебиња, едното ќебе распостелете го потоа легнете го животното на него без да го мрдате многу, ако може да се намести само да легне ќе биде најдобро затоа што животното знае како најмалку го боли, а потоа со помош на уште едно лице фатете ги краевите на ќебето одоздола и внимателно внесете го во превозното средство.
5. За сите случаи кои ги набројав потребна е итна ветеринарна интервенција.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Lu
Незнам дали може тоа да се дава на животни,ама јас кога бев затруен од хамбугер,пиев активен јаглен,да ми се среди стомакот,ама не би требало да прави проблем и на жвотните,доколку е растворен во млеко :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Kajgana Shop

На врв Bottom