- Член од
- 5 ноември 2010
- Мислења
- 4.841
- Поени од реакции
- 3.873
Знам дека е мит ама сепак,страв ми е на мојата да и дадам живо месо,незнам ни дали ќе може да го консумира она тоа месо.Сигурна сум дека не мислел на тоа, али ајде, да го оправдаме Се обидуваше да ме убеди дека се сештојади. И тоа не е битно.
Ако за постов, тука морам да не се сложам со тебе. Јадат трева, во период на митарење, кога сакаат да ги исфрлат влакната од желудник и црева, што, да, ете може да им предизвикува болка во стомак (иако не сум го забележала тоа, бар не кај моиве песови).
Тоа со агресивноста, од давање на живо месо е само обичен мит. Спротивно, варењето им е многу подобро (нели, карнивори, желудникот им е наменет за варење на живо месо). Исто така, и столицата им е премногу добра, односно, изметот, после давање на живо месо е премногу мал, и премногу сув, што значи дека организмот прекрасно ја обработил храната и ги превзел сите хранливи состојки. Миризбата на крв, во никој случај не може да му пројави агресивност кон човекот, ама баш никаква агресија(искуство). Единствениот проблем со давањето на месото, е што кучињата после тоа, поише смрдат ама кога мислам поише, мислам ПОИШЕ... Нормално е дека, ти нема да му го дадеш месото дирекно купено од пекара. Ќе го оставиш да отстои неколку саати во ладна вода (поради адреналинот, или не знам што беше, што лачи стоката од страв за време на колење, тоа предизвикува анкциозност и нервоза кај кучињата, али само поради таа состојка, доколку си отстои во вода, нема гајле, имаш само здраво куче, со здрав желудник и здрава столица). Ова можеш да го провериш во книгите.
Ми се гледаш како по компетентна во ова поле од мене(не ми се гледаш,него си ) од која возраст е најдобро да се дава живо мевце на кучињата зошто мојата е мала,3 месеци и плус минус некој ден има?