Ветеринарно катче

Член од
20 јануари 2011
Мислења
153
Поени од реакции
17
kazete mi sto da pravam iam cane corso i mu iskoci trec ocen kapak.... kapki da mu stavam mn e tesko poso nemozam da se boram so tolkava stoka:D a na veterinar mi rekoa ako go operiraat deka posle 2-3 godini ke pocne da mu se sushi okoto dali imal nekoj od vas vakov slucaj do sea da mi kaze dali ke ima problemi ponakta ako se resam da go operiram...??
 
L

Lu

Гостин
Абе овие горниве ги најде во убав став, убави наместени
а според тебе овие неубавите види како се испревртени
а искрено мене ми се скоро исти, важно е како ти ке го чуваш,

И еден совет
Не ги мачи кучињата по тие глупи натпревари, не се замарај со титули, дали некој имал поиздолжена фаца, опашка пократка, ушите помали, и со храните да им даваш најскапи и стрикно тоа што е напишано во тие "книги за шампиони", остај го кучето нека ужива во животот, нека не биде твој роб туку најдобро пријателче што ке си го чуваш и сакаш па и најшугаво да е
Е како да не убаво биле наместени се гледа разликата али кој сака да ја воочи ќе ја воочи веднаш а на кој не му одговара да ја воочи ќе вика дека исти се.
Добро ако не веруваш на сликите дојди со мене и во живо увери се,имам 2 другарки што чуваат Лабрадор ретривер.
Првата другарка не е многу економски јака за да издвои поголема сума на пари и затоа купи обично Лабрадорче за 50 евра.
Другата другарка е иста како мене, знае да цени квалитет и не ги жали парите за навистина квалитетно и убаво куче и си купи Лабрадор ретривер од најдобрата одгледувачница на Лабрадор ретривери во Македонија - Play Fool Team и си го купи за 450 евра.
Е сега дојди ти на лице место и види ги двата Лабрадори еден до друг и сама воочи ја разликата ако не веруваш на сликите.

А во врска со советот,не ми требаат мене совети за тоа што да правам со моето куче,мое си е и ако сакам ќе го носам на секоја изложба.
Како прво моето куче е навикнато да оди по изожби и а за него тоа не претставува мачење и тоа не се глупи натпревари како што ги нарекуваш.
За храна нормално истото ќе го кажам,мое право си е со што го хранам моето куче и нормално дека му ја купувам најскапата и најквалитетна храна (Еукануба и Ројал Канин) нормално дека нема да го хранам со ефтиното ѓубре како Фрискис,Чапи,Дарлинг и сл.
И не се раководам по никакви книги за шампиони не ми требаат мене никакви книги бидејќи се знам за кучињата.
Кучето мое си ужива и не е мој роб туку е мое пријателче.
Незнам што толку лошо гледате во изложбите и титулите,мислите ние што ги носиме кучињата по изложби на нив гледаме како неживи предмети?
Е грешите!

Сите ние што ги носиме кучињата по изложби тоа го правиме за да ги усовршуваме и да добиваме што поквалитетни и потипични примероци на расите со што помалку наследни болести.
А место да кажете благодарам за нашиот вложен труд вие плукате по нас демек сме ги ценеле само титулите и педигрето а не самото куче.
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Еве Лу пошто знае се за кучињата,кажи ми дали можеш да познаеш куче кое има педигре и куче кое нема педигре?Дали можеш да познаеш куче што се храни на домашна храна и куче на скапи кучешки храни?

Кажи ми ти Лу како порано имаше толку добри и квалитетни кучиња а кога немаше Ројал Канин и такви работи?Дај да ги видам титулите на Доберманот што си го чувала.

Да да и за крај кажи ми како можеш да се прогласиш сама себе дека знаеш се за кучињата?
 
Добро сега незнам буквално СЕ за секоја раса но имам огромно познавање за кучињата.

Е вака сега ќе ти кажам, како прво јас имам 17 години и јас го немам чувано доберманот,доберманот беше на таткоми и јас кога имав 9 години тогаш Доберманот (на негови 14 години) почина.
Инаку Доберманот беше со педигре и исто таткоми го имаше носено по изложби али тоа било многу одамна пред многу години.
А сега Пудлата што ја чувам ја зедовме кога јас имав 11 години (сега пудлата е 6 години стара) и нормално дека пред 6 години имаше и Ројал канин и Еукануба.И отсекогаш ја хранам со овие квалитетни храни а нормално дека не и давам само сува храна туку 1 до 2 пати неделно јаде и ориз со пилешко месо,риба сардина,палента,макарони и сл. се специјално за неа спремено.
Има „Педигре„ и Педигре јас можам да познаам кое е квалитетно и убаво градено куче а не му пишува на кучето на чело за да видам дали има педигре или не.
Има и кучиња со педигре али што не се нај нај,затоа кажав дека можам да познаам квалитетно и неквалитетно куче.

--- надополнето ---

Прегледај го приврзокот 39455

Ова чкарт куче е? И ова има шпицаста муцка.
Јас никаде не реков дека (општо) ако кучето е со шпицаста муцка дека е чкарт.
Тоа го реков за расата Лабрадор ретривер и покажав на сликите како треба да изгледаат квалитетни кучиња од таа раса.
А Златниов ртетривер ми изгледа ОК во главата.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
И не се раководам по никакви книги за шампиони не ми требаат мене никакви книги бидејќи се знам за кучињата.
Кучето мое си ужива и не е мој роб туку е мое пријателче.
Незнам што толку лошо гледате во изложбите и титулите,мислите ние што ги носиме кучињата по изложби на нив гледаме како неживи предмети?
Е грешите!

Сите ние што ги носиме кучињата по изложби тоа го правиме за да ги усовршуваме и да добиваме што поквалитетни и потипични примероци на расите со што помалку наследни болести.
А место да кажете благодарам за нашиот вложен труд вие плукате по нас демек сме ги ценеле само титулите и педигрето а не самото куче.
Прво, зошто толку агресивно се поставуваш? Никој не те нападна тебе лично за да враќаш со таков тон, take it easy, одбивно е кога човек ќе насети волкава негативност во пост :smir:
Друга работа, како велиш дека не се раководиш според некои книги и дека се' знаеш? Имаш ветерина завршено? Па дури ни ветеринарите, ни судиите не се маваат во гради така самоуверено тврдејќи дека знаат се'.
Дали си ужива твоето куче или не, не знам, но да, јас сметам дека носењето на кучиња по изложби е непотребно малтретирање на истите.
Дали ти кучето го сметаш за пријател или своина? Каква сатисфакција добиваш ти од изложбите? И, воедно од тоа што се испофали на форум дека го имаш платено скапо кучето и трошиш пари на него сега? Ooooh, look at me работава...
И, она за добивањето поквалитетни и потипични примероци ме потсеќа на морбидната наци филозофија. Дали сакаш да кажеш дека дискриминираш дури и кучиња? Каде, освен во себичност, материјализам и алчност ја гледаш логиката во создавање на uber-раса на куче?
Каков љубител на кучиња си кога велиш дека едни се помалку вредни и добри од други? Врз основа на што ја проценуваш вредноста на кучето? Како тврдиш дека кучето ти е пријател кога ставаш материјална вредност, неговата вредност ја претвораш во евра?
Јас мојата пудла ја добив како подарок, значи не платив ни денар за него. Има одлично педигре, но никогаш го немам однесено на изложба. Не би го продала ни за милион (вметни посакувана валута тука).
Вистинските љубители на кучиња никогаш не би се поставиле вака. Но, хипокризијата очигледно е без граници...
 
Така иреагирав бидејќи преку глава ми е да слушам како некои луѓе постојано ни се мешаат во нашата работа.
Ние што ги носиме кучињата по изложби го правиме тоа за да има кучиња со помалку наследни болести и со подобра и поздрава крв.
Ај да те прашам дали знаеш ти дека има луѓе кои што навистина се трудат да ги унапредат расите да има кучиња со помалку наследни болести и да се подобри генетиката?
Затоа сериозните одгледувачи прават снимки на колкови на кучињата пред парење за да ако се совпаѓаат кучињата тек тогаш можат да се парат за да појавата од фаталната болест дисплазија се доведе до минимум.
Ете затоа ги носиме кучињата по изложби и затоа нашиот труд и нашиот напор треба да се пофали а не да се критикува.
А секое квалитетно куче кошта.

А па што па јас се трудам да ви објаснувам,сакате носете ги по изложби сакате не ги носите што сакате правете си јас си кажав како стојат работите.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Од шампионски потекла нема потреба, но да се земе куче од некој што знае што прави е многу битно според мене. Не до толку ради изгледот. Според мене, мене ми е битен темпераментот повеќе од све друго.

Леле Лу, само 17 години имаш? Ја мислев постара си.

И за сите у Македонија, Еукануба е најшкарт храна! Не го слушајте одгледувачите и ветеринарите. Од храните што ви се на вас на дофат - Ројал Канин е најдобра. Али споредена со други е со еден од слабите квалитети.
 
Да затоа и реков дека треба да се земаат кучиња од сериозни одгледувачи што си ја знаат работата.
Да 17 години сум но годините не се мерило за тоа колку еден човек може да знае и да се интересира за кучиња :)

Еве јас ја хранам мојата пудла со Ројал канин и понекогаш со Еукануба,а која е најквалитетна храна за кучиња во МК?
Инаку нормално дека не и давам само сува храна туку и давам и домашна храна специјално за неа спремена,ориз со пилешко месо,риба туна или сардина,макарони,палента,јогурт,овошје,зеленчук...
 
Не. не, не...само се зачудив пошто кога пишуваш звичиш малку постара - као у 20-тите да си.

Кажи ми кои храни ги имате во продавници, да ги видам состојките и ќе ти кажам која е најдобра од тој избор :smir:
 
Епа во Македонија за најквалитетни храни важат: Eukanuba , Royal Canin , Purina ProPlan , Purina ProPac , Hill's Science Plan , Bosch , Diamond , Belcando , Brit ...

А за неквалитетни храни важат: Purina Friskies , Purina Darling , Pedigree , Chappi , Amigo , Bono , Prеmil , Happy dog ...

Може некоја храна сум испуштила али воглавном овие дехидрати се користат во МК.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Епа во Македонија за најквалитетни храни важат: Eukanuba , Royal Canin , Purina ProPlan , Purina ProPac , Hill's Science Plan , Bosch , Diamond , Belcando , Brit ...

А за неквалитетни храни важат: Purina Friskies , Purina Darling , Pedigree , Chappi , Amigo , Bono , Prеmil , Happy dog ...

Може некоја храна сум испуштила али воглавном овие дехидрати се користат во МК.
Секоја храна што не ти одредува точно кое месо е, пример poultry meal (kako u Bosch) е со знак прашање што точно ставиле таму. Најбитни се првите 5 состојки. Ако се подоле на листа, тогаш не се застапени во доволен квантитет за да бидат хранливи доволно за кучето. Така да ако имаш месо и е 7-мо на листа, тури му го пепелот. Било кое месо што не во meal форма состои околу 80% вода и после варење паѓа многу подолу во листата на состојки. Maize, wheat, corn, yeast, beet pulp, rice bran, by products се многу, многу нездрави за дигестивниот систем и глобално за кучето. Тие се тука само колку да го наполнат стомакот, а не да му дадат nutrients.

Od Brit Dog food, ovaa najdobro izgleda:
http://www.brit-petfood.com/food-for-dogs/brit-care-activity-all-breed-lamb-rice/1
Ne se site so isti sostojki.

Od ovie podobri se toj linkot sto ti go dadov, Hill Science, Royal Canine. Posle idat Belcando i Bosch ama epten so sila. Drugite ne bi mu gi dala na kuce moe.
 
Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Koга кучето има кашлица, дали да му купам некаков сируп за искашлување? И каков би бил соодветен?

--- надополнето ---

Само што прочепкав малку поише низ темава....и чудни работи најдов.
И жалам ама ете, морам да дадам критика, нема да бидам фина и да преќутам.

Lu, која е поентата на толкавата ароганција и надменост во односот кон другите на темава?
И што е бе со тој ќејф за најквалитетни незнам какви кучиња?
Мислиш тоа на кучето што ќе го земеш нешто му значи? Не бе сонце, тоа само тебе ти значи.
За тоа дека не треба неодговорно да се мешаат раси, апсолутно сте во право. Ама тоа се правело, а и понатаму ќе се прави, и што да правиме сега?
Да ги баталиме тие кутриња како да се шугави, зашо не ни одговараат на нашиот идеал за генетски совршено куче?
Како само си дозволуваш да наречеш некое животинче квалитетно/неквалитетно?
Можам јас да ги нарекувам луѓето квалитетни и неквалитетни? Па можам, а понекогаш и сакам, ама поинаку си ја канализирам таа моја желба, а токму тој избор кажува многу.
Гнасно, и да, апсолутно егоцентрично.
Всушност, јас од начинот на кој се претставуваш себеси овде воопшто не насетив некој што има КВАЛИТЕТНА љубов за самите кучиња.

На квалитетно или неквалитетно се мисли за изложбен примерок,односно најбилску до стандардот предвиден.Не станува збор за убавина,има многу поубави кучиња кои не се изложбени примероци,за разлика од оние на изложби.

Јас чувам куче што неможе да оди на изложби,нема педигре(таа раса не е призната) ама на мајка ми и е најубаво куче на свет.Ја спасив од сигурна смрт,а ако не беше тоа гладијаторските пит фајт рингови ќе ја уништеа(за тоа и беше чувана).

И затоа вдомувајте нерасни кучиња,улични пошто нив ретко кој би ги земал,за другите "квалитетните " не се секирајте секогаш некоја пуфла ќе сака да шета кокер,пинч или пудла од 1 000 евра.
 
L

Lu

Гостин
Koга кучето има кашлица, дали да му купам некаков сируп за искашлување? И каков би бил соодветен?

--- надополнето ---

Само што прочепкав малку поише низ темава....и чудни работи најдов.
И жалам ама ете, морам да дадам критика, нема да бидам фина и да преќутам.

Lu, која е поентата на толкавата ароганција и надменост во односот кон другите на темава?
И што е бе со тој ќејф за најквалитетни незнам какви кучиња?
Мислиш тоа на кучето што ќе го земеш нешто му значи? Не бе сонце, тоа само тебе ти значи.
За тоа дека не треба неодговорно да се мешаат раси, апсолутно сте во право. Ама тоа се правело, а и понатаму ќе се прави, и што да правиме сега?
Да ги баталиме тие кутриња како да се шугави, зашо не ни одговараат на нашиот идеал за генетски совршено куче?
Како само си дозволуваш да наречеш некое животинче квалитетно/неквалитетно?
Можам јас да ги нарекувам луѓето квалитетни и неквалитетни? Па можам, а понекогаш и сакам, ама поинаку си ја канализирам таа моја желба, а токму тој избор кажува многу.
Гнасно, и да, апсолутно егоцентрично.
Всушност, јас од начинот на кој се претставуваш себеси овде воопшто не насетив некој што има КВАЛИТЕТНА љубов за самите кучиња.
-За првиот болд
ДА се правело и ќе се прави поради тоа што има несовесни сопственици на кучиња.
Затоа јас настојувам да им објаснам на луѓето дека тоа не е во ред.
А кој ќе го прифати моето мислење нека го прифати,кој не го прифаќа нека не го прифаќа неможам со сила да го натерам да ја гледа реалноста кога е убеден во некоја друга негова реалност.

-За вториот болд
Под квалитетно куче се подразбира дека тоа куче има убав и здрав изглед како што е пропишано во стандардот на расата и куче што е со добра генетика.
Инаку и квалитетното и неквалитетното куче ќе ти се радува кога ќе дојдеш дома и ќе ти пружи љубов,значи јас не правам разлика во тоа туку во здравјето и генетиката.

-За третиот болд
Всушност јас се трудам да има што поздрави кучиња со помалку наследни болести и со подобра генетика а ако тоа што го правам не е КВАЛИТЕТНА љубов (како што кажа ти) тогаш јас незнам што е.
Јас никаде не реков дека не ги сакам неквалитетните и уличните кучиња,види ги само моите мислења во темата „Дали се согласуваме да ги успиваат здравите кучиња скитници„ и мислам ќе добиеш малку поинаква слика за мене.
А да не кажувам само колку улични кучиња имам причувувано дома додека не си најдат дом и колку имам хрането пред влез.
И баш заради тоа што ги гледам секој ден како уличните кучиња се мачат надвор и се изложени на секакви опасности затоа сум против на парење на кучиња без педигре или кучиња од различни раси.
Бидејќи секој сака да чува расно и убаво куче и за нив секогаш ќе се најде дом,но тие што се нерасни за нив потешко се наоѓа дом и затоа најчесто завршуваат на улица.
И затоа јас се трудам да се намалат нерасните кучиња за да помалку страдаат во лошата судбина што ги чека.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom