1. Или ке се грижиш или нема да се грижиш за него
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
средина нема
После, штом е така весело ко што викаш нема нешто посериозно, може болви да има, провери го, нека не ти биде гнас, беснило/шуга или слично неверувам да има.
Беснило - му пени устата
Шуга - се чеша секаде, има црвеноло по кожата, му паѓа влакното
Така можеш да познаеш, ама штом е среќно и весело неверувам да има нешто такво.
Ако видиш болви/крлежи, или и да невидиш е добро да му земеш нешто против нив зашо дојде сезоната на тие гадутии. За заштита имаш разни работи, најдобри се оние ампули(окулу 400ден се за мали кутриња), ако не ти се даваат толку пари има огрлици за против тоа (тие се 150-200ден). Има и прашаци некој што не сум ги користел а мислам дека се препорачуваат за ептен мали кутриња.
Можеш да го избањаш ако сакаш, штом е мало нема да биде голем проблем тоа. Малце болести се пренесуваат од куче на човек, така да не се секирај, нека не ти биде гнас да го избањаш.
Друго шо знам шо да ти кажам....не му давај многу мрсна или зачинета храна. И тоа, прашај ако нешто друго те интересира
Честито кутре, и сакам слика да видам од твоето ново другарче