Секако дека Бог како што е опишан во било која книга, фантазија или теорија создадена на Земјава не постои. За тоа да го осознаеш ти треба само логично размислување, чувство за обзервација и познавање на природата на луѓето.
Концептите за рај и пекол се во најмала рака смешни, бидејќи не може да постои апсолутна среќа или апсолутно страдање, тоа се релативни поими, а губат секакво значење во некакво замислено бестелесно постоење.
Поради привидно совршената подреденост на материјата и сè што е познато, можам само да се сомневам дека можеби има или имало создадател, или многу ми е поверојатно создадатели, кои или повеќе не постојат или одамна се заминати далеку од нашите можности за обзервација.
На создадатели мислам на некакви животни форми кои достигнале за нас незамисливо ниво на знаење. Сега може да се шпекулира дека и тие не се изворот, можеби и тие се создадени од нешто пред нив. Секако ова се само некои мои шпекулации, можеби има некој што размислува слично, но верувам и дека можеби сум далеку од вистината. Секако такви докази не се најдени, а нема ни да се најдат, во случај да постои поинаква форма на постоење.
А тврдењата на самопрокламираните верници дека нешто е сигурно така како што тие го замислуваат, се само обиди за поставување на човечката раса пред сè што постои и претставува ароганција од највисок степен за зацврстување на моќта што ја има човекот на Земјата, но секако тоа е дел од човековата природа, сепак луѓето се владетели на овој свет.
Кога спомнувам ароганција, мислам и на тоа што се ставаат на некакво си замислено повисоко ниво, од оние кои размислуваат различно од нив. Тие верниците ќе биле спасени, а другите вечно ќе страдале, we're better than you став. :icon_neut
Човекот поседува ниво на знање кое можеби никогаш нема да го донесе до вистината, а можеби вистината никогаш и нема да биде спознаена.
Тука се појавува уште една мистерија, смртта. Можеби во смртта ќе добиеме некакви одговори, во случај да постои некаква друга форма на егзистирање, или тоа ни е само некаква утеха, бидејќи не можеме да го замислиме концептот на непостоење.
Засега може само да шпекулираме, можеби човекот и не е физички способен за да ја спознае вистината, а ако е тоа возможно, ми изгледа дека сме сеуште прилично далеку.