Не постои и никој не може да ме разубеди! А тие што мислите дека постои, мислете си, сами си се лажете! Немате ни докази дека постои...верувајте дека постои, верувајте во Господ...мене ми е смешно тоа
Исто е ко да веруваш дека постојат духови (има и такви што веруваат). Сето тоа е смешно. Само верувате и ништо друго. Има и тема која што вика: Ако постои Господ, зошто допушта да се дешаваат лоши работи? Одговорот е: Не постои, затоа
Постоењето на Господ е заблуда во вашите умови..Господ никој го нема видено (нормално, никој и нема да го види), бидејќи не постои Господ! Криво ми е што тоа е голема заблуда...од мали нозе така и се учи
никој од вас не ни размислил поубаво и подолго дали Господ постои и каде докази за тоа? Само имате во умот дека има Господ и толку. Никој не се ни осмелува да помисли дека не постои (добро има некои што мислат дека не постои, респект за нив
).
Знам дека за 90% од вас, не сум во право и кажувам глупости..ама ок, тоа е ваше право така да мислите. Секој има право на свое мислење, нели?
Што ,,направи‘‘ добро Господ, одма сите: Фала Боже, ова, она...а кога ,,прави‘‘ лошо, тогаш сите: Зошто ли, зошто Боже?
А да бидеме реални лошите работи се присутни во многу поголем број.
Добро, сепак со 100% не може да се тврди дали постои или не постои, ама со некои 80% може. Не сум ни јас сигурен дека 100% не постои..ама сепак сум доволно сигурен.