Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
А ха, јас мислев школа. Добро. А зошто е виша? И не е виша повисока на македонски?
Во одредени изрази се користи „виша“, исто како и „велики“, на пример :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
И јас не знам кој сум понекогаш. Види, јас немам ништо против тебе, ама едноставно не сакам да дискутирам со тебе. За моите стандарди на дискусија ти си конфузен, недоречен, и генерално вон темите на дискусија. Не велам дека ова е апсолутна вистина, можеби ти си гениј а јас тутурутка, ама од дискусија со тебе јас лично ништо корисно не можам да извлечам. Се надевам дека ќе го почитуваш ова и ќе ме игнорираш понатаму.

Благодарам на разбирањето.
Твојата ароганција ме потсеќа на еден лик....мораше да се пофалиш колку си паметен со ироничниов пост хахахх. Нема везе, не те тркалам односно ќе те игнорирам.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.433
Поени од реакции
19.628
Сфи викаф виша сила,а не висока сила. Исто сфи викаф велигден а не големден.
Такој да виша не е висока,виша е нешто над,бијонд,виша сила е нешто необјасниво,нешто недокажано,има га само у наше размислување,измислување,мечтаење дека има некоја креација,енергија,сила која е над нас,над наше ниво на фреквенцију,а не над нас као горе у небо.

Има нешто необјасниво повржано сс нашу сфест,а можда и устфари тај сфест се родила и се усовршуе сс тек на време.Можда ни е вдахната,инфилтрирана,убризгана.Можда ни е модифицирана де ен ка за да бидемо на овој доминантно место.

Ама тој ни од далеко не е бог како што проповедаф религие,особено Аврамски.

Мој одговор на овуј тему е не.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.755
Поени од реакции
9.558
Твојата ароганција ме потсеќа на еден лик....мораше да се пофалиш колку си паметен со ироничниов пост хахахх. Нема везе, не те тркалам односно ќе те игнорирам.
Тебе ти става лајк а мене ми го игнорира прашањето..хахахахахх...а само мислев дали има нешто од оние природни закони кои постојат во нас, како на пример...инстинкт, здрав разум, логично размислување...

:toe:
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436

Тетке, ако сакаш за кафе да продискутираме, може. Или за запршка евентуално, сакам да научам како се прави добра запршка.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Тетке, ако сакаш за кафе да продискутираме, може. Или за запршка евентуално, сакам да научам како се прави добра запршка.
Тетките само за запршки знаат да дискутираат?
Браво бе дете :D
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.433
Поени од реакции
19.628
Тетке, ако сакаш за кафе да продискутираме, може. Или за запршка евентуално, сакам да научам како се прави добра запршка.
Не сам тетка ама еве ти запржка за гра...
Претходно варен моркоф у кромид,на
равно варен заедно сс гра, ставља се у вок таву сс зејтин и се пржи 2-3 минута,меша се цело време да не загори,после намали гу температуру и стави едну голему лажицу црвен пипер за запржку,зачини по тфој избор и сфе тој заедно мешаш и на крај стављаш у грне сс гра,мешаш,фрљаш некој ловороф лист а може и сфежо нане,викаф намалуе ги гасови.
Ти си бија у војску а не знаеш да праиш гра,тоес не гу знаеш запржку.
А што сакаш да знаеш за кафе,прашај знам сфе.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
Иако западните демократии се номинално и де јуре секуларни, религијата и понатаму игра голема улога во тие општества. Во САД на пример, теоретска шанса нема да стане претседетел политичар кој во предизборна кампања отворено ќе каже дека е атеист.
Апсолутно се согласувам. Декларирањето како верник (пожелно недоминациски верник или протестант) е дел од неопходниот пи-ар во САД и тоа го признаваат не само атеисти туку и сите кои се залагаат за консеквентно почитување на приципот за секуларност. САД е веројатно последната западна демократија каде ваквите искази сеуште носат политички поени. Е сеа зошто е тоа така и кој е крив? Религијата? Ја? Римсикиот Папа? Ова е веќе друга тема. САД се масонска творба на деисти. Деистите многу ја обичаат мантрата "In God we trust" и ја лепат секаде како некаква гаранција за етика и праведност. Исто така, САД е огромна држава со многу прос нарот. Прос нарот душа дал за популистички манипулации од ваков и сличен тип. Не само во САД, него секаде.
Религиозните и ден денес се помногубројни од атеистите, и нивната приглупа религиозност посредно и непосредно и понатаму игра улога во одредувањето на животот и на атеистите. Не мора ниту да одиме во некоја висока политика, минарињата и камбаните се доволен доказ колку се религиозните напорни.
Да, но атеистите не се секаде малцинство. Приглупата религиозност може да иритира. Идиотскиот и нетолерантен атеизам исто така може да иритира. Ако се залагаш за секуларност и демократија, ќе треба да се опремиш со малку повеќе толерантност за другите кои се различни од тебе. Така ќе ти биде полесно. Минарињата и камбаните се напорни. Напорни се и кафаните кои трештат во ниедно време. И ја сакам саглам закон за дозволена бука кој доследно ќе се спроведува.
Кога не би било вака, верувај дека ниту еден атеист не би се грижел ни најмалку за тоа која будала верува во каков и да е замислен пријател. Затоа и "длабокумните" анализи на религиозните митови на Џордан Питерсон заслужуваат да бидат наречени со вистинско име, а тоа е давање лажна вредност на бапски глупости на пустински камилари.
Значи ситуацијата во САД ги накурчила сите атеисти? Слаб ти е примерот -- има бољи, као на пример шугавите теократии во Саудија или Иран. Нема да се сложиме дека милитантноста на атеистите е секогаш оправдана. Ја сум за малце помек пристап и без симплификации, редукционизам. Џордан Питерсон укажува на две работи: идеолошка ограниченост и нетолерантност во академските кругови во САД и можни интерпретации на библиски наративи. За некого овие имаат вредност, за некого не. Најлесно е да залепиш етикета некому и да го наречеш фашист, неписмен, мизогинист, итн. и да си припишеш триумф во дискусијата. Малце потешко е да сакаш да сослушаш и да разбереш, дури и да не се сложуваш со нечии идеи. Ова нема врска со атеизам, него со ароганција и убеденост дека си во право.
Што се однесува до плацибо ефектот и позитивните влијанија на религиозните верувања во областа на моралот, да го прафразирам (по сеќавање) Расти Кол. Ако за да го истуркаме денот ни е потребна приказна која ги нарушува сите природни закони за кои знаеме, што тоа зборува за нас? И ако единствената работа која некој го спречува да направи нешто ужасно е стравот од неговото замислено другарче, тогаш јас сакам тој некој да знам кој е.
Ова е неточна симплификација, која ич не следува од мојот претходен пост. Некои луѓе наоѓаат вредност и смисол во религиските текстови и концепти. Тоа не значи дека сите тие веруваат дека земјата е стара 3000 години и дека со природните закони управува госпот. Има нијанси кои изгледа ти сметаат. И тоа е ок.
 
Член од
28 декември 2019
Мислења
214
Поени од реакции
466
Се е тоа супер, ама има едне малечок проблем кој "милитантните атеисти" го потенцираат и кој оневозможува ваков опуштен пристап спрема постоењето или непостоењето на Бог. Иако западните демократии се номинално и де јуре секуларни, религијата и понатаму игра голема улога во тие општества. Во САД на пример, теоретска шанса нема да стане претседетел политичар кој во предизборна кампања отворено ќе каже дека е атеист. Религиозните и ден денес се помногубројни од атеистите, и нивната приглупа религиозност посредно и непосредно и понатаму игра улога во одредувањето на животот и на атеистите. Не мора ниту да одиме во некоја висока политика, минарињата и камбаните се доволен доказ колку се религиозните напорни.

Кога не би било вака, верувај дека ниту еден атеист не би се грижел ни најмалку за тоа која будала верува во каков и да е замислен пријател. Затоа и "длабокумните" анализи на религиозните митови на Џордан Питерсон заслужуваат да бидат наречени со вистинско име, а тоа е давање лажна вредност на бапски глупости на пустински камилари.

Што се однесува до плацибо ефектот и позитивните влијанија на религиозните верувања во областа на моралот, да го прафразирам (по сеќавање) Расти Кол.

Ако за да го истуркаме денот ни е потребна приказна која ги нарушува сите природни закони за кои знаеме, што тоа зборува за нас? И ако единствената работа која некој го спречува да направи нешто ужасно е стравот од неговото замислено другарче, тогаш јас сакам тој некој да знам кој е.
Влатко Орвеловски... си изнатрупа еден куп стандартно-плитки дежаву глупости...
Не ми се ни реплицира на вакви ама ај кога веќе дигна прашина...
Западните демократии се секуларни и воопшто демократии бидејќи како општества се маринирани во Христијанство уште од римско...
Нормално е дека политичарите ќе ги рефлектираат верувањата на гласачите, што ти е ова чудно.
Сталин и Мао и Хитлер беа атеисти и нормално идеолози, и тие го одредуваа животот или смртта на многу верници.
Тие текстови се во темелите на најразвиените цивилизации денес и тие приказни се раскажувани и прераскажувани преку културата и пренесувани од генерација во генерација и а и ти како „неверник“ влечиш од нив којзнае колку асумпции, ама не за просветлените како тебе кои ги замениле овие приказни со приказните на РатионалВики нормално дека ќе бидат бапски глупости...
И денес што гледаме со отфрлањето на тие приказни? Нихилизам, колективизам, идентити политикс и ВОКЕ пипл, фејк њуз, фејк пипл, анархија, корупција, испревртување на сите природни и општествени закони и комплетен морален и духовен личен и општествен распад...
Престанете да го продавате атеизмот како нешто безопасно и прочитајте два-три реда историја пред да ги трошите килобајтите на серверов.

Инаку добредојде на подфорумов.
 
Последно уредено:

Орвеловски? WTF?

Целиот пост ти е полн бисери, ама од длабочината на мислата дека секуларноста е по заслуга на рисјанството, морници по грбот ми поминаа. Брилјантно. Па нормално е дека е по заслуга на рисјанството бе пријател. Кога западниот човек ја увиде целата убавина на тоа некој приглуп поп во името на своето замислено другарче да ти кажува што да облекуваш, што да јадеш и како, кога, и кого да го ебеш, нормално се сетија на секуларноста. Или уште подобро, кога ги видоа предностите на теократското управување, си рекоа, ај сепак да смениме малку. Истите предности кои и ден денес можеме да ги видиме во Иран на пример.

Тоа за текстовите и темелите е уште еден бисер. Нормално дека тие текстови се во темелите на денешната цивилазција, кога западната цивилизација ја имала таа несреќа една варварска религија која се темели на една ужасна книга, полна со баснословни глупости и бладања на неуки луѓе, заради ПОЛИТИЧКИ причини да биде прогласена за државна религија. И Хитлер да ја направеше атомската бомба пред сојузниците денес Мајн Кампф ќе беше вградена во темелите на таа замислена нацистичка цивилзација, ама тоа не зборува ништо за квалитетот на Мајн Кампф.

Ти си напросто генијалец.

Трета работа, велиш современата цивилзација е декадентна и неморална. Фактите велат дека никогаш во историјата еден просечен човек немал подобар живот од сега. Најголем дел од граѓаните на западните демократии имаат подобри услови за живот од еден крал од пред два три века. Ако го споредиме тоа со прекрасните десет векови на теократско уредување кое од мистериозни причини е наречено the dark ages, јас верувам дека секој несреќник кој живеел во тоа време главечки би прифатил да се менува со овие кои живеат сега. Замисли едно толку морално време, каде што повластените гнасни попови морално си ги ебеле ќерките, живееле во инцест и деканденција, а непсимениот плебс не се разликувал многу од калта во која што буквално живеел и се тресел од страв дека ќе заврши во пеколот. Идила, што да ти кажувам, и така едно десет века.

(едитирано од мод / без навреди)

Добро ве најдов.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

На врв Bottom