- Член од
- 27 јуни 2020
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 7.436
Се е тоа супер, ама има едне малечок проблем кој "милитантните атеисти" го потенцираат и кој оневозможува ваков опуштен пристап спрема постоењето или непостоењето на Бог. Иако западните демократии се номинално и де јуре секуларни, религијата и понатаму игра голема улога во тие општества. Во САД на пример, теоретска шанса нема да стане претседетел политичар кој во предизборна кампања отворено ќе каже дека е атеист. Религиозните и ден денес се помногубројни од атеистите, и нивната приглупа религиозност посредно и непосредно и понатаму игра улога во одредувањето на животот и на атеистите. Не мора ниту да одиме во некоја висока политика, минарињата и камбаните се доволен доказ колку се религиозните напорни.Волтер, Франк Шејфер, Џордан Питерсон и ред други укажуваат дека концептот за бог може да биде корисен од социолошки и етички аспект. Инсистирањето дека религиските наративи и концепти се тотално безвредни или штетни е арогантно. Дури религијата да има само некаков плацебо ефект за оние кои ја практицираат, доволно е. Многу модерни типчиња го обичаат исказот “Не сум религиозен, ама сум спиритуален.” Од научна перспектива, и спиритуалното и религиското искуство се еднакво небитни и научно невалидни. Од лична перспектива, меѓутоа, и двете искуства имаат вредност и смисла за многу луѓе. И тоа ми изгледа ок.
Инсистирањата на милитантните атеисти дека 100% нема бог или она на религиозните милитанти дека 100% има, се во суштина арогантни.
Кога не би било вака, верувај дека ниту еден атеист не би се грижел ни најмалку за тоа која будала верува во каков и да е замислен пријател. Затоа и "длабокумните" анализи на религиозните митови на Џордан Питерсон заслужуваат да бидат наречени со вистинско име, а тоа е давање лажна вредност на бапски глупости на пустински камилари.
Што се однесува до плацибо ефектот и позитивните влијанија на религиозните верувања во областа на моралот, да го прафразирам (по сеќавање) Расти Кол.
Ако за да го истуркаме денот ни е потребна приказна која ги нарушува сите природни закони за кои знаеме, што тоа зборува за нас? И ако единствената работа која некој го спречува да направи нешто ужасно е стравот од неговото замислено другарче, тогаш јас сакам тој некој да знам кој е.