Не бе пријателе, не правиме воопшто муабет за слепа или неслепа вера во Библијата. Ај да те вратам на почеток на муабетот. Ти рече дека кај монотеистичките религии вербата во љубовта во Бога, не е поврзана со разумот него со срцето. Дали ти понуди некаков аргумент за ова твое паушално и од ракав истресено тврдење? Не.
Потоа јас го негирав ова твое тврдење наведувајќи дека најголемата заповед во христијанството и Јудеизмот (две монотеистички религии) е да се љуби Бог и со разумот. Значи тука станува збор за слепо и неслепо аргументирање.
.
Брат, гледам дека со тебе требе од почеток, велиш дека си ме пратил од почеток на моето зачленување на форумов, ама очигледно дека не е така.
Постојат три религиозни школи:
1. Факирска-го користи телото за да дојде до Бог.
2. Монотеистички религиозни школи- користат љубов и слепа верба во Светите книги.(емотивен центар кај човекот)
3. Будистичка школа- јога, медитација, го користи интелектуалниот центар кај човекот.
Значи, тоа се три школи кои користат три различни центри кај човекот за да дојдат до Бог.
Првата школа го користи моторниот центар, втората емотивниот и третата интелектуалниот центар.
И сега ако не ти јасно, тогаш какви и аргументи да ти дадам нема да ги прифатиш.
Не сфаќам што е нејасно во моиве прашања. Замисли да отидеме кај некој новинар и да му речеме: „Имам ударна вест за тебе. Александар Македонски велел дека тој и целото негово семејство се грци и дека многу ги мразел македонците. Објави го ова!“ Што ќе ти рече новинарот? хммм имаш некакви докази за тоа што го тврдиш?
На овој форум се водат аргументирани дискусии. Во спротивно дискусиите нема да личат на ништо. Еден ќе рече Исус велел мажите да се облекуваат во суќни, друг ќе рече Исус велел да се шишаме ќељави и да си ги обоиме главите црвени, трет ќе рече Исус велел да играме оро секое сабајле во 5 часот итн. И секој на секого ќе му вели абе глуп си не велел така, туку вака, заспан еден како можеш така да веруваш пу пу.
Кај човекот една до функциите на мозокот е и фантазијата. Гледам дека таа функција кај тебе доста добро е развиена.
Барам од тебе да ги аргументираш твоите тврдења. Ти пиша дека Исус им велел на луѓето да се разбудат, им давал шанса да станат како Него. Јас ти велам ајде пиши аргумент дека Исус велел такво нешто? Аргументирај го тоа што то тврдиш. Го слушна ли Исус кога го велел тоа? Ти се сони ли на сон Исус како го вели тоа? Некој друг ли ти кажа ли дека го чул Исус како го вели тоа?
Пак ќе ти повторам, побитно е правилно да ги разбереш и сфатиш Исусовите зборови, него да бараш било какви докази.
Исус зборувал со некаква цел, да им го покаже патот на луѓето до Бог. Многу од луѓето не ги разбираат правилно неговите зборови, и со тек на годините станале папагали, само повторуваат без да сфатат.