Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    995
Личност која може да комуницира, која не слуша кога му се обраќаме итн.

Koмуникацијата подразбира обраќање и од Бог на тој што комуницира со него. Ти имаш чуено нешто од Бог?
 
Ако мојот Бог е и твој Бог тогаш и ти ќе си христијанка. Но очигледно не си. Значи мојот Бог не е твој Бог :)
Мојот Бог не е олицетворение на мене, бидејќи пред да дознаам за христијанскиот Бог јас имав сосема различна претстава за поимот „бог“. Кога јас не би дознал за Христос или не би ја прочитал Библијата, јас никогаш не би го претставил Бог онака како што сега го познавам.
И мислам дека различно подразбираме јас и ти под поимот Бог. За мене Бог е Оној што создал се, видливо и невидливо, небесата и Универзумот и се што е во него, животот, па и нас луѓето. Тој владее со сите овие работи и Тој е семоќен во смисла да може да направи се што му е по вољата.
Под „Бог“ јас воопшто не подразбирам некаква потенцијална, кинетичка, хемиска или нуклеарна безлична енергија. Христијанскиот Бог е личност, со знаење, емоции, воља, Личност која може да комуницира, која не слуша кога му се обраќаме итн.
hahah mn se nasmeav (za zal), mozebi i vas moze da vi se sluci istoto!!
pogledni go videoto, kako svestenik ne znae kako da objasnuva koj e bog!!
sramota sramotA!!
 
Ако мојот Бог е и твој Бог тогаш и ти ќе си христијанка. Но очигледно не си. Значи мојот Бог не е твој Бог :)
Мојот Бог не е олицетворение на мене, бидејќи пред да дознаам за христијанскиот Бог јас имав сосема различна претстава за поимот „бог“. Кога јас не би дознал за Христос или не би ја прочитал Библијата, јас никогаш не би го претставил Бог онака како што сега го познавам.
И мислам дека различно подразбираме јас и ти под поимот Бог. За мене Бог е Оној што создал се, видливо и невидливо, небесата и Универзумот и се што е во него, животот, па и нас луѓето. Тој владее со сите овие работи и Тој е семоќен во смисла да може да направи се што му е по вољата.
Под „Бог“ јас воопшто не подразбирам некаква потенцијална, кинетичка, хемиска или нуклеарна безлична енергија. Христијанскиот Бог е личност, со знаење, емоции, воља, Личност која може да комуницира, која не слуша кога му се обраќаме итн.
Значи Бог е самиот Човек или не?
 
Значи Бог е самиот Човек или не?

Не. Човекот е создание. Бог е Создателот. Човекот не може да создава планети, ѕвезди, не е семоќен, напротив човекот е многу кревко создание, една минијатурна точка во огромната вселена. Човекот има свој почеток, а Бог е вечен и создател на времето.
 
По што го заклучи тоа?
Ме интересира како дојде до тој заклучок.
 
Со користење на разумот, искуството, набљудувањето околу мене. До сега не сум видел човек што создал планети, ѕвезди, човек што е семоќен. Неразумно ми е да верувам во тоа. А за тоа дека човекот е кревот, аргумент ми е што дури и големи војсководци умирале од убод на еден обичен маларичен комарец. А тоа дека човекот е минијатурна точка во вселената, аргумент ми е споредбата на големината на човекот (во просек од метро ипол до две) споредена со дострелот на моќните телескопи кои наѕираат и до неколку милиони светлосни години длабоко во вселената. Само нашава галаксија (Млечниот Пат) е голема 100.000 светлосни години (тоа е еднакво на патот што светлината го поминува за време од 100.000 години).
 
Убаво го кажа ова.
Го наброја набљудувањето околу тебе.
А што е со набљудувањето во себе?
 
Убаво го кажа ова.
Го наброја набљудувањето околу тебе.
А што е со набљудувањето во себе?

Фасцинантниот дизајн на нашите тела исто така ми сведочи дека тие се создадени од некој интелигентен создател кој обмислено и плански го дизајнирал нашето тело. Стареењето, болестите и смртноста пак ми укажуваат на тоа дека нешто го пореметило тој дизајн. Во Библијата читам дека тоа е падот во гревот и тоа ми дава валидно објаснување зошто е тоа така.
Совеста пак ми говори за морал, што пак ми алудира за тоа дека Оној што ме создал е морално битие.
Емоциите што ги поседувам исто така ми алудираат дека Оној што ме создал е емотивно битие, бидејќи логиката ми вели дека не може битие што не поседува емоции да создаде битие што поседува емоции.
Планетава како наш дом со сите ресурси исто така ми алудира на тоа дека мојот Создател е грижлив Создател кој не љуби и ни подготвил толку убаво живеалиште со прекрасна природа околу нас, со доволно природни ресурси. Сепак искуството и набљудувањето ми сведочат дека ние луѓето себично ја користиме природата и ги експлоатираме природните ресурси. Гревовната природа на човекот за која сведочи Библијата исто така го објаснува овој феномен. Итн.
 
Емоциите што ги поседувам исто така ми алудираат дека Оној што ме создал е емотивно битие, бидејќи логиката ми вели дека не може битие што не поседува емоции да создаде битие што поседува емоции. Планетава како наш дом со сите ресурси исто така ми алудира на тоа дека мојот Создател е грижлив Создател кој не љуби и ни подготвил толку убаво живеалиште си прекрасна природа околу нас, со доволно природни ресурси. Сепак искуството и набљудувањето ми сведочат дека ние луѓето себично ја користиме природата и ги експлоатираме природните ресурси. Гревовната природа на човекот за која сведочи Библијата исто така го објаснува овој феномен. Итн.
И сето ова за да заклучиме дека твојот Бог е и мој Бог,без разлика на тоа што одбивам да припаѓам на било која религија,а воедно ги почитувам сите религии? :)
 
Фасцинантниот дизајн на нашите тела исто така ми сведочи дека тие се создадени од некој интелигентен создател кој обмислено и плански го дизајнирал нашето тело. Стареењето, болестите и смртноста пак ми укажуваат на тоа дека нешто го пореметило тој дизајн. Во Библијата читам дека тоа е падот во гревот и тоа ми дава валидно објаснување зошто е тоа така.
Совеста пак ми говори за морал, што пак ми алудира за тоа дека Оној што ме создал е морално битие.
Емоциите што ги поседувам исто така ми алудираат дека Оној што ме создал е емотивно битие, бидејќи логиката ми вели дека не може битие што не поседува емоции да создаде битие што поседува емоции.
Планетава како наш дом со сите ресурси исто така ми алудира на тоа дека мојот Создател е грижлив Создател кој не љуби и ни подготвил толку убаво живеалиште со прекрасна природа околу нас, со доволно природни ресурси. Сепак искуството и набљудувањето ми сведочат дека ние луѓето себично ја користиме природата и ги експлоатираме природните ресурси. Гревовната природа на човекот за која сведочи Библијата исто така го објаснува овој феномен. Итн.
Интелегенцијата неможе да биде дел од ниеден креатор, најмалку од оној Семоќниот, доколку истиот одговорноста за особините на неговата креација ја префрла на креацијата.
Доколку не ми веруваш, пробај еден едоставен експеримент.
Пробај да креираш некој производ кој има непотребна или штетна особина, продај го некому, и потоа на купувачот објасни му дека вината за таа непотребна и штетна особина е кај производот а не кај тебе.

П.С. Слободната волја која обично следи како одговор на овој аргумент има врска колку и временската прогноза од вчера. Слободната волја е можност да се бира од постоечките особини - можности, ако гревот е можност која некој може да ја одбере случајно или намерно, а е непотребен, штетен и е промашување, можел комотно да не е на листата достапни можности од кои слободната волја ќе избира.
Слободна волја имаш и со три и со бесконечно многу можности за избор.

П.П.С. Моралот е минлива и релативна последица од општествените норми, а не апсолутен божји критериум и има врска со Создателот и духовноста исто колку и временската прогноза која ја спомнав.
 
Бог е вечен и создател на времето.
Ова е типичен оксиморон. Како може да создаде време а да е вечен? Ако нема време како можеш да зборуваш за вечност?
 
Не мора да е баш така :) Времето може да е под-дел од некоја виша структура / бог за која нема почеток и крај. Тука е проблем зборчето „создал“ бидејќи тоа се однесува само на нашето поимање на времето. Или пак постои во временска линија која нема почеток и крај... кога говориме за нешто трансцедентално сите наши мисли што може а што не може и сите наши претпоставки за ограничувања се излишни... можеме да си правиме само ветер во магла муабети како „изгледа“ тоа, но не можеме да донесуваме цврсти заклучоци.
 
Што ако сретнеш група на верници што веруваат дека Ѓаволот е нивни бог. Се клањаат на ѓаволот, веруваат дека тој им заповедал да му принесуваат жртви бебиња, девици, да пијат крв од мачки, да имаат свет хомосексуален однос еднаш во месецот итн. Тие си го нарекуваат својот бог едноставно Ѓаволот. Тоа е неговото име. Со големо Ѓ.
Дали и во тој случај ќе речеш: дали ќе кажам Ѓаволот или вака или така исто е? Дали и тогаш ќе кажеш твојот Бог е и мој Бог?
Чорбаџи, не мешај баби и жаби.
Тие што пијат крв од мачки, тие што се сексаат на гробишта..итн... се нарекуваат СЕКТИ., тоа не се религии кои веруваат во Бог.
И не мешајте разум со срце, кај монотеистичките религии вербата во љубовта во Бога, не е поврзана со разумот него со срцето.
--- надополнето: 5 август 2013 во 09:50 ---
Бог е олицетворение на самите нас.
Секој го претставува истиот како што му налага егото.
Но во суштина во секој од нас живее еден Бог.Позади сите тие маски,се крие еден единствен Бог кој можеби за тебе има друго име,а за мене друго.Претставата на Бог како ѓавол,доаѓа од разумот.
Воопшто било каква претстава.
И затоа пак ќе го кажам истото дека твојот Бог е и мој Бог:)

Ова твое гледиште за поимање на Бог е карактеристично за будистичкото видување на тој поим, според кои начинот на поимање на Бог е сосем различен од монотеистичките школи, во кои спаѓа и Чорба. Ќе најдете само по некоја заедничка гледна точко , ама мислам дека Чорба нема тоа никогаш да го признае, и сам Исус зборем за тоа да се тражи Бог и во себе,не само надвор од себе, па дури и сам Исус трвдел дека е Бог.
 
Не мора да е баш така :) Времето може да е под-дел од некоја виша структура / бог за која нема почеток и крај. Тука е проблем зборчето „создал“ бидејќи тоа се однесува само на нашето поимање на времето. Или пак постои во временска линија која нема почеток и крај... кога говориме за нешто трансцедентално сите наши мисли што може а што не може и сите наши претпоставки за ограничувања се излишни... можеме да си правиме само ветер во магла муабети како „изгледа“ тоа, но не можеме да донесуваме цврсти заклучоци.
Не мора да е така и како што ти велиш, нели? Ако зборуваме за постоење, не може да постои надвор од време и простор. Не е нужно се’ што не разбираме или не го знаеме да го нарекуваме „виша сила“ уште помалку бог.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom