Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    995
И не мешајте разум со срце, кај монотеистичките религии вербата во љубовта во Бога, не е поврзана со разумот него со срцето.

Не би рекол. Во христијанството (како најголема монотеистичка вера) најголемата заповед гласи вака:

„љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!“ (Исус Христос, ев. Марко 12:30, Библијата)

Значи христијаните имаат повик да го љубат Бог и со срце, но и со разум. А бидејќи овде Исус цитира до стариот завет, од Мојсеевиот закон, следува дека оваа заповед ја почитуваат и евреите. Тоа е позната „Ш'ма“ што најчесто се пее во синагогите. Тоа е централната молитва во Јудеизмот. „Ш'ма Јизраел. Адонај Елохеину, Адонај Ехад...“ Значи и во Јудеизмот вербата во Бог и љубовта на Бог ја поврзуваат и со срцето и со разумот.
http://www.youtube.com/watch?v=sfF6-TkAnBM

и сам Исус зборем за тоа да се тражи Бог и во себе,не само надвор од себе, па дури и сам Исус трвдел дека е Бог.

Исус тврдел дека е Бог, но не тврдел дека другите луѓе се Богови или да го бараат Бог во себе. Исус не поучувал ни будизам, ни хиндуизам, ни медитации, ни Њу Ејџ, ни Ошоизам итн.
 
Епа слични разлики во дефиницијата за Бог постојат и меѓу христијаните, муслиманите, хундуистите и затоа на нив не им е сеедно како ќе се нарече бог, бидејќи зад тие имиња стои посебна дефиниција за Бог, Бог со посебни и различни карактеристики, атрибути. Затоа и јас не можам да кажам мој Бог е Алах или мој Бог е Кришна.
А зошто твојот недефиниран (жими мајка) бог JHVH е твојот избор? Зошто не е Алах, Зевс, Один, Сварог, Брама......? Сепак се сведува на личен избор нели? Како ти се увери (непознавајќи ништо за другите религии) дека твојот бог е вистински а другите лажни?
 
Не би рекол. Во христијанството (како најголема монотеистичка вера) најголемата заповед гласи вака:

љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!“ (Исус Христос, ев. Марко 12:30, Библијата)

Исус тврдел дека е Бог, но не тврдел дека другите луѓе се Богови или да го бараат Бог во себе. Исус не поучувал ни будизам, ни хиндуизам, ни медитации, ни Њу Ејџ, ни Ошоизам итн.

Со самото тоа што вадиш догма напишана во Библијата ми ја докажуваш слепата верба во Бог, тоа што јас тврдам...дека работиш со срцето а не со разумот.

Исус не тврдел дека другите луѓе се Богови, ама затоа им велел да се разбудат, значи, им давал шанса да станат како него, неговото Тројство. Исто тврдел дека сме сите Божји синови.
Проблемот знаеш каде е ....што таквите како тебе најверојатно не го ни разбрале Исус, затоа што тој како просветлен, контактирал лично со Бог, со таткото, а ти како заспан, тешко ќе го разбереш Исус и тоа што казувал, само можеш слепо да веруваш во неговите зборови.
 
Со самото тоа што вадиш догма напишана во Библијата ми ја докажуваш слепата верба во Бог, тоа што јас тврдам...дека работиш со срцето а не со разумот.

Не бе пријател, напротив, јас разумски и аргументирано ти го побивам твоето неаргументирано тврдење дека во монотеистичките религии верата во Бог била поврзана со срцето, а не со разумот. За да аргументирам дека тоа не е така, јас ја наведов НАЈГОЛЕМАТА заповед во христијанството која што вели да се љуби Бог и со разумот. Таа најголема заповед во христијанството е запишана во Библијата и затоа јас ти ја цитирав од таму. Таа е света заповед и за христијаните и за Јудеистите.

Исус не тврдел дека другите луѓе се Богови, ама затоа им велел да се разбудат, значи, им давал шанса да станат како него, неговото Тројство.

Е ајде де аргументирај го тоа што го тврдиш. Наведи еден доказ дека Исус велел луѓето да се разбудат? Каде тоа Исус им давал на луѓето шанса да станат како Него? На сон ли ти се јави и ти го кажа ова?

Проблемот знаеш каде е ....што таквите како тебе најверојатно не го ни разбрале Исус, затоа што тој како просветлен, контактирал лично со Бог, со таткото, а ти како заспан, тешко ќе го разбереш Исус и тоа што казувал, само можеш слепо да веруваш во неговите зборови.

Лесно е да се има предрасуди за другиот, да се навредува и сл. Малку потешко е аргументирано да се зборува. А тоа го приметувам кај тебе од кога се зачлени на форумот. Со секој што не се сложуваш, веднаш почнуваш да го вреѓаш. И што сега јас да ти кажам: е не сум јас заспан, туку ти си заспан? Не, тешко дека ќе ме спуштиш на таква улична дискусија. Поздрав.
 
Не бе пријател, напротив, јас разумски и аргументирано ти го побивам твоето неаргументирано тврдење дека во монотеистичките религии верата во Бог била поврзана со срцето, а не со разумот. За да аргументирам дека тоа не е така, јас ја наведов НАЈГОЛЕМАТА заповед во христијанството која што вели да се љуби Бог и со разумот. Таа најголема заповед во христијанството е запишана во Библијата и затоа јас ти ја цитирав од таму. Таа е света заповед и за христијаните и за Јудеистите.
.

Кои се твоите аргументи? Слепата верба во Библијата?
Па со тоа само ѓи потврдуваш моите аргументи, дека монотеистичките религии работат со емотивниот центар (срцет, љубов), нема тука разум.

Е ајде де аргументирај го тоа што го тврдиш. Наведи еден доказ дека Исус велел луѓето да се разбудат? Каде тоа Исус им давал на луѓето шанса да станат како Него? На сон ли ти се јави и ти го кажа ова?
.

Какви докази бараш? Докази за тоа како да дојдеш до Бог?
Ајде употреби малку разум сега....
Како ќе го разбереш Исус ако не го следиш неговиот пат до Бога?...значи, ако го следиш ќе се доближиш до Бог.

Лесно е да се има предрасуди за другиот, да се навредува и сл. Малку потешко е аргументирано да се зборува. А тоа го приметувам кај тебе од кога се зачлени на форумот. Со секој што не се сложуваш, веднаш почнуваш да го вреѓаш. И што сега јас да ти кажам: е не сум јас заспан, туку ти си заспан? Не, тешко дека ќе ме спуштиш на таква улична дискусија. Поздрав.

Не бе брат, грешка си. Не е навреда дека си заспан, барем за мене. Или требеше да ти напишам дека си „машина“ наместо заспан, која следи точно оределен, однапрет зацртан Пат?
 
Кои се твоите аргументи? Слепата верба во Библијата?
Па со тоа само ѓи потврдуваш моите аргументи, дека монотеистичките религии работат со емотивниот центар (срцет, љубов), нема тука разум.

Не бе пријателе, не правиме воопшто муабет за слепа или неслепа вера во Библијата. Ај да те вратам на почеток на муабетот. Ти рече дека кај монотеистичките религии вербата во љубовта во Бога, не е поврзана со разумот него со срцето. Дали ти понуди некаков аргумент за ова твое паушално и од ракав истресено тврдење? Не.
Потоа јас го негирав ова твое тврдење наведувајќи дека најголемата заповед во христијанството и Јудеизмот (две монотеистички религии) е да се љуби Бог и со разумот. Значи тука станува збор за слепо и неслепо аргументирање.

Какви докази бараш? Докази за тоа како да дојдеш до Бог?
Ајде употреби малку разум сега....
Како ќе го разбереш Исус ако не го следиш неговиот пат до Бога?...значи, ако го следиш ќе се доближиш до Бог.

Барам од тебе да ги аргументираш твоите тврдења. Ти пиша дека Исус им велел на луѓето да се разбудат, им давал шанса да станат како Него. Јас ти велам ајде пиши аргумент дека Исус велел такво нешто? Аргументирај го тоа што то тврдиш. Го слушна ли Исус кога го велел тоа? Ти се сони ли на сон Исус како го вели тоа? Некој друг ли ти кажа ли дека го чул Исус како го вели тоа?

Не сфаќам што е нејасно во моиве прашања. Замисли да отидеме кај некој новинар и да му речеме: „Имам ударна вест за тебе. Александар Македонски велел дека тој и целото негово семејство се грци и дека многу ги мразел македонците. Објави го ова!“ Што ќе ти рече новинарот? хммм имаш некакви докази за тоа што го тврдиш?
На овој форум се водат аргументирани дискусии. Во спротивно дискусиите нема да личат на ништо. Еден ќе рече Исус велел мажите да се облекуваат во суќни, друг ќе рече Исус велел да се шишаме ќељави и да си ги обоиме главите црвени, трет ќе рече Исус велел да играме оро секое сабајле во 5 часот итн. И секој на секого ќе му вели абе глуп си не велел така, туку вака, заспан еден како можеш така да веруваш пу пу.
 
Не мора да е така и како што ти велиш, нели? Ако зборуваме за постоење, не може да постои надвор од време и простор. Не е нужно се’ што не разбираме или не го знаеме да го нарекуваме „виша сила“ уште помалку бог.

Баш тоа и го реков, дека не можеме да даваме заклучоци базирани на наши премиси (моите беа само за пример). Може да постои во друго време и простор или можеби не му треба ни простор или можеби ни време онакво какво што го знаеме. После се, времето и просторот се голема илузија која ја добиваме преку нашиот ум. Немаме директен пристап што претставуваат суштински. Сакав само да кажам дека не можеме да се ограничуваме и дека она што го кажа џорбаџијата не мора да значи дека е нелогично, нема да навлегувам подалеку за издржаност, докази и тн. А тоа кој што подразбира под што, прашање е на лична интерпретација ;)
 
Не бе пријателе, не правиме воопшто муабет за слепа или неслепа вера во Библијата. Ај да те вратам на почеток на муабетот. Ти рече дека кај монотеистичките религии вербата во љубовта во Бога, не е поврзана со разумот него со срцето. Дали ти понуди некаков аргумент за ова твое паушално и од ракав истресено тврдење? Не.
Потоа јас го негирав ова твое тврдење наведувајќи дека најголемата заповед во христијанството и Јудеизмот (две монотеистички религии) е да се љуби Бог и со разумот. Значи тука станува збор за слепо и неслепо аргументирање.

.

Брат, гледам дека со тебе требе од почеток, велиш дека си ме пратил од почеток на моето зачленување на форумов, ама очигледно дека не е така.
Постојат три религиозни школи:
1. Факирска-го користи телото за да дојде до Бог.
2. Монотеистички религиозни школи- користат љубов и слепа верба во Светите книги.(емотивен центар кај човекот)
3. Будистичка школа- јога, медитација, го користи интелектуалниот центар кај човекот.
Значи, тоа се три школи кои користат три различни центри кај човекот за да дојдат до Бог.
Првата школа го користи моторниот центар, втората емотивниот и третата интелектуалниот центар.
И сега ако не ти јасно, тогаш какви и аргументи да ти дадам нема да ги прифатиш.

Не сфаќам што е нејасно во моиве прашања. Замисли да отидеме кај некој новинар и да му речеме: „Имам ударна вест за тебе. Александар Македонски велел дека тој и целото негово семејство се грци и дека многу ги мразел македонците. Објави го ова!“ Што ќе ти рече новинарот? хммм имаш некакви докази за тоа што го тврдиш?
На овој форум се водат аргументирани дискусии. Во спротивно дискусиите нема да личат на ништо. Еден ќе рече Исус велел мажите да се облекуваат во суќни, друг ќе рече Исус велел да се шишаме ќељави и да си ги обоиме главите црвени, трет ќе рече Исус велел да играме оро секое сабајле во 5 часот итн. И секој на секого ќе му вели абе глуп си не велел така, туку вака, заспан еден како можеш така да веруваш пу пу.

Кај човекот една до функциите на мозокот е и фантазијата. Гледам дека таа функција кај тебе доста добро е развиена.

Барам од тебе да ги аргументираш твоите тврдења. Ти пиша дека Исус им велел на луѓето да се разбудат, им давал шанса да станат како Него. Јас ти велам ајде пиши аргумент дека Исус велел такво нешто? Аргументирај го тоа што то тврдиш. Го слушна ли Исус кога го велел тоа? Ти се сони ли на сон Исус како го вели тоа? Некој друг ли ти кажа ли дека го чул Исус како го вели тоа?

Пак ќе ти повторам, побитно е правилно да ги разбереш и сфатиш Исусовите зборови, него да бараш било какви докази.
Исус зборувал со некаква цел, да им го покаже патот на луѓето до Бог. Многу од луѓето не ги разбираат правилно неговите зборови, и со тек на годините станале папагали, само повторуваат без да сфатат.
 
Кај човекот една до функциите на мозокот е и фантазијата. Гледам дека таа функција кај тебе доста добро е развиена.

Сакаш да кажеш дека по пат на фантазирање си дошол информациите за тоа што Исус велел?

Пак ќе ти повторам, побитно е правилно да ги разбереш и сфатиш Исусовите зборови, него да бараш било какви докази.
Исус зборувал со некаква цел, да им го покаже патот на луѓето до Бог. Многу од луѓето не ги разбираат правилно неговите зборови, и со тек на годините станале папагали, само повторуваат без да сфатат.

По трет или четврт пат те прашувам:
Од каде знаеш што велел Исус?
Од каде знаеш кои биле неговите зборови за воопшто да зборуваш за правилно разбирање на истите?

За правилно да разбереш нечии зборови, треба прво да ги чуеш, прочиташ или на било каков начин да дојдеш до тие зборови. Од каде знаеш дека Исус им велел на луѓето да се разбидат или од каде знаеш дека тој зборувал со цел да им го покаже патот на луѓето до Бог? Кој е твојот извор до Исусовите зборови?
Не знам веќе во каква форма да ти го поставам прашањето за да ме разбереш што те прашувам. Се трудам да бидам што е можно појасен. Има ли некој друг на форумов што не разбира што го прашувам Gurdjieff?
 
Сакаш да кажеш дека по пат на фантазирање си дошол информациите за тоа што Исус велел?

По трет или четврт пат те прашувам:
Од каде знаеш што велел Исус?
Од каде знаеш кои биле неговите зборови за воопшто да зборуваш за правилно разбирање на истите?

За правилно да разбереш нечии зборови, треба прво да ги чуеш, прочиташ или на било каков начин да дојдеш до тие зборови. Од каде знаеш дека Исус им велел на луѓето да се разбидат или од каде знаеш дека тој зборувал со цел да им го покаже патот на луѓето до Бог? Кој е твојот извор до Исусовите зборови?
Не знам веќе во каква форма да ти го поставам прашањето за да ме разбереш што те прашувам. Се трудам да бидам што е можно појасен. Има ли некој друг на форумов што не разбира што го прашувам Gurdjieff?

Ок...сакаш така да разговараме?

Еве што рекол Исус:
1 (Отец) +1 (Син) + 1 (Светиот Дух) = 1 (Бог)
Бог =1

1+1+1=1

Како ја почнуваш молитвата?
1. Оче наш кој си на небесата...

2.Ти син божји си или не?

3.Имаш душа или...

Значи, ѓи исполнуваш сите услови за да бидеш како Исус (Бог).

Останува на тебе дали ќе се разбудиш...
 
Баш тоа и го реков, дека не можеме да даваме заклучоци базирани на наши премиси (моите беа само за пример). Може да постои во друго време и простор или можеби не му треба ни простор или можеби ни време онакво какво што го знаеме. После се, времето и просторот се голема илузија која ја добиваме преку нашиот ум. Немаме директен пристап што претставуваат суштински. Сакав само да кажам дека не можеме да се ограничуваме и дека она што го кажа џорбаџијата не мора да значи дека е нелогично, нема да навлегувам подалеку за издржаност, докази и тн. А тоа кој што подразбира под што, прашање е на лична интерпретација ;)
За болдот. Ако постои таква логика, тогаш не зборуваме за вечност туку за нешто друго кое не го знаеме. Можноста да постои бог како што ти опишуваш (па нека е и во пример само) не е тоа монотеистичкиот бог туку некој инаков „бог“. Зошто тогаш обид на религиите за претставување за ваков или онаков бог (богови). Никој не би отфрлил можност, освен верниците на одредена религија, претстава за некаков инаков „бог“.
 
Ок...сакаш така да разговараме?

Да, така сакам да разговараме, аргументирано, разумно.

Еве што рекол Исус:

Не ми кажуваш што рекол Исус, туку кажи ни го твојот ИЗВОР од каде што влечеш информации за тоа што рекол Исус. Значи не ми толкувај што рекол Исус, не ми објаснувај колку сум јас заспан, а ти буден, туку едноставно, по петти пат те прашувам ОД КАДЕ ЗНАЕШ што рекол Исус?
Од каде знаеш кои биле неговите зборови?
Ги прочита ли некаде?
Ни ги препишуваш ли од некоја книга?
Од весник?
На сон ли ти се сонија?
Имаше ли визија во која што Исус ти кажал што тој велел и поучувал?
 
Некои тајни ќе си ѓи зачувам за мене.
Твое е само да успееш да го побиеш моето тврдење ако си во можност.
Оставам на тебе да ми цитираш делови од Библијата и да ги тумачиш по твое.
Така тврдат и нововерците нели....дека христијаните не ја тумачат правилно Библијата?
 
Зошто тогаш обид на религиите за претставување за ваков или онаков бог (богови). Никој не би отфрлил можност, освен верниците на одредена религија, претстава за некаков инаков „бог“.

Во ова се согласувам. Не зборев за богот на чорбаџијата. И мене ме интересира прашањето за „бог“ надвор од призмата на одредена религија и од онаа рационална, разумна страна, а и метафизичка и не мислам дека е ни малку наивно прашање. Баш затоа мислам дека она за „вечен бог“, дали е тоа баш вечност или нешто за што немаме збор, како својство на нечие постоење не е нешто кое можеме да го отфрлиме, дури можеби по некаква логичка дедукција е поверојатно, затоа што со конечно време секогаш има недореченост и мистериозно појавување на нешто (било дали е тоа универзум, бог, простор, време) „од никаде“, а со бесконечно проблемот е само во нашата неспособност да го концептуализираме тоа, за која мора да прифатиме дека е наше ограничување.
 
Зборовите на Исус,ако се следат и внимателно се проучат(ама ВНИМАТЕЛНО)
ќе не донесат до сознанието.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom