Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    994

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Во ова се согласувам. Не зборев за богот на чорбаџијата. И мене ме интересира прашањето за „бог“ надвор од призмата на одредена религија и од онаа рационална, разумна страна, а и метафизичка и не мислам дека е ни малку наивно прашање. Баш затоа мислам дека она за „вечен бог“, дали е тоа баш вечност или нешто за што немаме збор, како својство на нечие постоење не е нешто кое можеме да го отфрлиме, дури можеби по некаква логичка дедукција е поверојатно, затоа што со конечно време секогаш има недореченост и мистериозно појавување на нешто (било дали е тоа универзум, бог, простор, време) „од никаде“, а со бесконечно проблемот е само во нашата неспособност да го концептуализираме тоа, за која мора да прифатиме дека е наше ограничување.
Ако ги изземеме аврамските монотеистички религии, има религии кои имаат многу интересни концепти (нема да критикувам ниту поддржувам ниеден), кој што вели дека универзумот отсекогаш постои. Еве сите источни религии (хиндуизам, будизам, таоизам.....)

The Hindu cosmology and timeline is the closest to modern scientific timelines and even more which might indicate that the Big Bang is not the beginning of everything but just the start of the present cycle preceded by an infinite number of universes and to be followed by another infinite number of universes. It also includes an infinite number of universes at one given time.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не се смеј па ти. Исус го копирал законот од хиндуистите. Видиш copy-paste како функционирало и во тоа време. Мора пентиум-20ка да користеле. :D
The Trimūrti (English: ‘three forms’; Sanskrit: त्रिमूर्तिः trimūrti), Tri Murati or Trimurati, is a concept in Hinduism "in which the cosmic functions of creation, maintenance, and destruction are personified by the forms of Brahma the creator, Vishnu the maintainer or preserver and Shiva the destroyer or transformer." These three gods have been called "the Hindu triad" or the "Great Trinity", often addressed as "Brahma-Vishnu-Maheshwara."
One type of depiction for the Trimurti shows three heads on one neck, and often even three faces on one head, each looking in a different direction.

П.С. Ова spiros co црвеново да го имитирам :P
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ти наместо да ги утврдуваш моите извори, почни да разбираш што пропагираш, или пак поби ги моите тврдења.
Зарем има потреба да побивам неаргументирано „тврдење“? Таен извор ти кажал дека Исус рекол вака или онака.
А што ако некој форумџија пише дека некој друг „таен извор“ му кажал дека Исус велел дека Gurdjieff е полн со дезинформации за Исус? Како ќе го побиеш тоа тврдење?

Го разбра законот за 3 кој го кажа Исус, или и него требе да ти го објаснѕвам?

А ти го разбра ли законот за 865,13 * (10^43 - 1/4) што го велел Исус?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.327
Ау кај заминала темава... ме збунивте тотално... :)

Ме нервираат вакви прашања., Верувате ли во Господ? И и потоа: Дали постои?
Сега дали верувам дека постои или дали постои? Или и двете?

gerard сигурно сега чува две бого-угодни дечиња и го нема на форумов... :) Или пак не?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Зарем има потреба да побивам неаргументирано „тврдење“? Таен извор ти кажал дека Исус рекол вака или онака.
А што ако некој форумџија пише дека некој друг „таен извор“ му кажал дека Исус велел дека Gurdjieff е полн со дезинформации за Исус? Како ќе го побиеш тоа тврдење?

А ти го разбра ли законот за 865,13 * (10^43 - 1/4) што го велел Исус?
Не би рекла дека Исус рекол нешто погрешно:)
Проблемот е во тоа како луѓето го сфатиле/несфатиле тоа:)
Седни и проучи ги зборовите негови.
Пушти ги нека поминат низ тебе и размисли подлабоко.
Потоа седни и проучи ги мудростите на Буда.
Направи паралела.
Анализирај.
Ќе дојдеш до истиот заклучок:)
Свесност,будење,живеење во реалноста.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Gurdjieff, Werther и Ipsissimus добија опомени за офтопик, следно е бан од тема и тоа перманентен.
Дискутирајте по темата :pipi:
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Не би рекол. Во христијанството (како најголема монотеистичка вера) најголемата заповед гласи вака:

„љуби Го Господа својот Бог со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила’!“ (Исус Христос, ев. Марко 12:30, Библијата)

Значи христијаните имаат повик да го љубат Бог и со срце, но и со разум. А бидејќи овде Исус цитира до стариот завет, од Мојсеевиот закон, следува дека оваа заповед ја почитуваат и евреите. Тоа е позната „Ш'ма“ што најчесто се пее во синагогите. Тоа е централната молитва во Јудеизмот. „Ш'ма Јизраел. Адонај Елохеину, Адонај Ехад...“ Значи и во Јудеизмот вербата во Бог и љубовта на Бог ја поврзуваат и со срцето и со разумот.
http://www.youtube.com/watch?v=sfF6-TkAnBM

Исус тврдел дека е Бог, но не тврдел дека другите луѓе се Богови или да го бараат Бог во себе. Исус не поучувал ни будизам, ни хиндуизам, ни медитации, ни Њу Ејџ, ни Ошоизам итн.
А што е молитвата,ако не Мантра или еден начин за медитација?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не би рекла дека Исус рекол нешто погрешно:)
Проблемот е во тоа како луѓето го сфатиле/несфатиле тоа:)
Седни и проучи ги зборовите негови.
Пушти ги нека поминат низ тебе и размисли подлабоко.
Потоа седни и проучи ги мудростите на Буда.
Направи паралела.
Анализирај.
Ќе дојдеш до истиот заклучок:)
Свесност,будење,живеење во реалноста.

Драга пријателке, јас многу одамна имам седнато и преседнато и ги имам студиозно проучувано зборовите на Исус, а го познавам доволно и учењето на будизмот. Се уште немам направено компаративна анализа меѓу христијанството и будизмот, но еве нешто во кратки црти само колку да видиш дека нивните учења воопшто не се ни приближно исти.

1. Исус никаде не поучувал за свесност и будење. Се разбира тој не поучувал луѓето да бидам без свест и да спијат нон стоп, но тука мислам на она будистичко учење за свесноста и будноста како дел од осумкратниот пат на будизмот. Ако сметаш поинаку, повели Библија на македонски јазик www.mkbible.net покажи ни каде тоа Исус поучувал за свесност и будност.

2. Буда поучувал за реинкарнацијата, циклично умирање и раѓање во насока на постигнување Нирвана. Исус поучувал за умирање, воскреснување, по што следи Божјиот Суд и потоа нема повеќе раѓање.

3. Буда поучувал дека за да се ослободиме од страдањето и патењето треба да го поминеме осумкратниот пат, да достигнеме комплетно ослободување од нашите желби и од поседување богатство - Нирвана. Исус поучувал дека се до Божјиот Суд страдање ќе има на Земјава и дека дури по Судниот Ден целото страдање комплетно ќе го снема.

4. Буда поучувал дека причините за страдањето се желбите. Исус поучувал дека причините за страдањето се гревот, гревовната природа на човекот (себичноста, лакомоста, невоздржливоста, бунтовноста пред се кон Бог, омразата), а потоа удел во страдањето има и ѓаволот. Библијата исто така учи дека има и добри желби.

5. Исус поучувал дека ако сакаме да се спасиме од гревот кој не води кон смрт и од Божјиот гнев на Судниот ден, треба да се покаеме и поверуваме во Него (Исус), бидејќи Тој на Голготскиот крст ја плати казната за нашите гревови принесувајќи го Своето тело како жртва. Ниту еден будист нема да се сложи со ова.

6. Смртта и воскресението на Исус се суштинската порака во христијанството, но тие се ирелевантни во Будизмот бидејќи според Будизмот тие немаат удел кај денешниот човек кој самиот треба да се буди, освестува, медитира, реинкарнира, да се ослободува од желбите, да достигне Нирвана и ослободување на страдањето.

7. Буда учел дека треба да медитираме. Исус не поучувал таква дисциплина. Молитвата нема допирни точки со медитацијата. Ти можеш да се молиш и возејќи се на точак и да му раскажуваш на Бог колку ти е тешко заради некоја случка, да бараш мудрост од Него како да постапиш, да му благодариш за одредени работи, да го молиш за некои потреби, да исповедаш гревови, да бараш прошка итн. Ова не е медитација.

Се надевам дека е доволно. Еден ден ќе направам поисцрпна листа на разликите меѓу христијанството и будизмот, бидејќи приметувам во последно време дека има многу екуменисти што сакаат се да стават во ист кош и поучуваат некаква нереална еднаквост меѓу верите и религиите.
--- надополнето: 5 август 2013 во 20:21 ---
А што е молитвата,ако не Мантра или еден начин за медитација?

За молитвата ти објаснив во точка број 7. При молењето ние му зборуваме на Бог (кој што е Личност и не слуша). Понекогаш му зборуваме тивко (во себе), а понекогаш и гласно.
Во православизмот постои еден вид мантрање со бројаница и повторување на одредени зборови, но тоа нема благе везе со христијанството т.е. со она што поучувал Исус. Во православието има навлезено многу пагански и будистички елементи (монаштво, мантрање, будистички симболи), па ова е едно од тие. Исус дури конкретно има заповедано кога се молиме да не употребуваме напразни повторувања.

„А кога се молите, не употребувајте напразни повторувања како народите; зашто мислат дека ќе бидат послушани, заради многуте зборови.“ (Исус Христос, ев. Матеј 6:7, Библијата)
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
7. Буда учел дека треба да медитираме. Исус не поучувал таква дисциплина. Молитвата нема допирни точки со медитацијата. Ти можеш да се молиш и возејќи се на точак и да му раскажуваш на Бог колку ти е тешко заради некоја случка, да бараш мудрост од Него како да постапиш, да му благодариш за одредени работи, да го молиш за некои потреби, да исповедаш гревови, да бараш прошка итн. Ова не е медитација.

Се надевам дека е доволно. Еден ден ќе направам поисцрпна листа на разликите меѓу христијанството и будизмот, бидејќи приметувам во последно време дека има многу екуменисти што сакаат се да стават во ист кош и поучуваат некаква нереална еднаквост меѓу верите и религиите.
.
Пак споредуваш баби и жаби. Ти реков дека тоа се различни религиозни школи кои имаат иста цел, не се допирни меѓу нив.
Еве ти еден пример:
Религијата е мапа на која постои една врвна точка што е и целта на религијата. На таа мапа постојат различни патишта како да се дојде до целта на врвната точка. Различни спиритуалности водат по различни патишта до целта.Тоа е е нормално, затоа што секој тип или пат на спиритуалноста не е добар за секој човек.Различни луге, со различни размислувања и сваќања, ќе изберат различни патишта до целта.Нормално дека еден пат за сите луѓе на светот нема да биде добар за да се дојде до целта.

Ќе се задржам само на последната точка. Немаш поима што е тоа медитација..и возењето точак е медитација.Тоа е друга тема и не би се задржал сега на тоа.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
266
Поени од реакции
238
Чорбаџија:)
Што треба да значи ова:
"
8. “Запаметете дека Исус Христос од Давидовиот род, беше воскреснат од мртвите.” - Апостол Павле
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Не би рекла дека Исус рекол нешто погрешно:)
Проблемот е во тоа како луѓето го сфатиле/несфатиле тоа:)
Седни и проучи ги зборовите негови.
Пушти ги нека поминат низ тебе и размисли подлабоко.
Потоа седни и проучи ги мудростите на Буда.
Направи паралела.
Анализирај.
Ќе дојдеш до истиот заклучок:)
Свесност,будење,живеење во реалноста.

(y)

Отелотворението на Милоста БОЖЈА (Исус) никогаш не Го игнорирал или девалвирал БОГА, ОТЕЦОТ на Милоста (Мудроста), без Кого/Која ценетиот Гуатама Синдарта (सिद्धार्थ गौतम) - и многу слични на него - не би имал нити што да јаде и пие, а камоли да филозофира и психологизира!

Ја сфаќате ли разликата?

Во тоа време, откако продолжи Исус, рече:
„Те прославувам, Оче, Господи (Творецу) на небото и на земјата, зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, а си им го открил на децата!
Да, Оче, зашто таква беше ВолјатаТвоја.
Се’ ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие.

(Ев. Матеј 11:25+)

п.с. Филозофијата и психологијата на Гуатама Синдарта е една од најубавите човечки филозофии и психологии, но не и повеќе од тоа!
Сепак, јас сум среќен што дури и безбожното - но незлонамерно - човечко размислување, сепак води кон единствената вистинска цел: Љубовта!

.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
постојат многу различни богови, доказ за тоа се постоењето и многу различни религии
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџија:)
Што треба да значи ова:
"
8. “Запаметете дека Исус Христос од Давидовиот род, беше воскреснат од мртвите.” - Апостол Павле

Преводот на тој стих е малку лош. Еве подобар превод:
„Помни Го Исуса Христа, Кој воскресна од мртвите, Кој е од Давидовото потомство, според моето Евангелие,“ (Апостол Павле, 2 писмо до Тимотеј 2:8, Библијата)

Овде апостолот Павле го советува својот ученик Тимотеј да го помни (да не го заборава) воскреснатиот Исус Христос, кој води потекло од царот Давид.
1. Павле му нагласува да го помни воскресението на Исус, бидејќи тоа е суштината на христијанската вера. Без воскресението, напразно е целото проповедање на Павле и останатите апостоли.
2. Павле му потенцира на Тимотеј дека Исус е од Давидовото потомство, за да го потсети на сите пророштва и ветувања од стариот завет кои пророкуваа дека Месијата ќе произлезе од Давидовото потомство/поколение. Ова можеби на нас не ни е од некакво значење, ама на евреите, поточно на еврејските христијани, им е многу важно за да бидат сигурни дека Исус е пророкуваниот Месија.
 
А што е воскресението?
Во која смисла е тоа напишано?
Едноставно е:)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А што е воскресението?
Во која смисла е тоа напишано?
Едноставно е:)

Во буквална смисла. Три дена по Неговата смрт, Исус воскресна од мртвите. Неговото тело беше оживеано и трансформирани во нераспадливо ткн. прославено тело. Исус ветува дека кога ќе се врати повторно на Земјава Тој ќе ги воскресне сите луѓе од гробовите и оние кои верувале во Него ќе добијат прославени нераспадливи тела со кои што ќе живеат вечно во новото небо и новата Земја каде што нема да има ниту смрт, ниту болести, страдања, нути солзи воопшто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom