- Член од
- 21 мај 2012
- Мислења
- 296
- Поени од реакции
- 59
Се прашувам зошто секогаш се бара дефиниција за Бог?
- Кажи: „Он, Аллах, Еден е!
- Аллах - Засолниште.
- Не роди и не е роден,
- и никој не Му е рамен!
Се прашувам зошто секогаш се бара дефиниција за Бог?
Истото, само многу пред вас, муслиманите, кога луѓето поеќе гледаа и знаеа за боговите отколку денес големото мноштво на луѓе!
- Кажи: „Он, Аллах, Еден е!
- Аллах - Засолниште.
- Не роди и не е роден,
- и никој не Му е рамен!
Дали ќе кажам Алах,Кришна или пак само Бог истото е.
- Кажи: „Он, Аллах, Еден е!
- Аллах - Засолниште.
- Не роди и не е роден,
- и никој не Му е рамен!
Дали ќе кажам Алах,Кришна или пак само Бог истото е.
Се е тоа едно исто.
Твојот Бог е и мој Бог,мојот Бог е и твој Бог.
Тој постоел и ќе постои пред и после муслиманската религија,пред христијанството
пред сите религии.
Се додека сите луѓе не почнат да размислуваат
на овој начин ќе постојат религиски војни и омраза измеѓу луѓето.
А зошто постои разумот?Што ако сретнеш група на верници што веруваат дека Ѓаволот е нивни бог. Се клањаат на ѓаволот, веруваат дека тој им заповедал да му принесуваат жртви бебиња, девици, да пијат крв од мачки, да имаат свет хомосексуален однос еднаш во месецот итн. Тие си го нарекуваат својот бог едноставно Ѓаволот. Тоа е неговото име. Со големо Ѓ.
Дали и во тој случај ќе речеш: дали ќе кажам Ѓаволот или вака или така исто е? Дали и тогаш ќе кажеш твојот Бог е и мој Бог?
А зошто постои разумот?
Слепо да верувам на нечии зборови?
Мојот Бог нема дефиниција.Разумот постои баш за слепо да не веруваме во нечии зборови.
Претпоставувам не се сложуваш дека и Ѓаволот е твојот бог?
Мојот Бог нема дефиниција.
А твојот?
Ѓаволот како олицетворение на злото неможе да биде мој Бог.Ни мојот Бог нема сеопфатна дефиниција.
Зошто не ми одговараш на прашањето?
Ѓаволот како олицетворение на злото неможе да биде мој Бог.
Прашањето го одговорив во постот со разумот![]()
Но,нивниот Бог не е олицетворение на злото.Значи сепак не е секој бог твој Бог. Сепак и твојот бог има некаква дефиниција. Во најмала рака твојот Бог е добар Бог и не е олицетворение на злото. И тоа е дефиниција која дефинира дел од природата на Бог. Со оваа дефиниција нема да се сложат следбениците на Ѓаволот. Вие ќе имате спротиставени мислења за Бог.
Епа слични разлики во дефиницијата за Бог постојат и меѓу христијаните, муслиманите, хундуистите и затоа на нив не им е сеедно како ќе се нарече бог, бидејќи зад тие имиња стои посебна дефиниција за Бог, Бог со посебни и различни карактеристики, атрибути. Затоа и јас не можам да кажам мој Бог е Алах или мој Бог е Кришна.
Но,нивниот Бог не е олицетворение на злото.
Нивните егоистички нагони ги тераат да го прават/моделираат/користат/манипулираат со името на Бог како таков.
Тоа горе се само зборови,поими кои ни помагаат да замислиме нешто што би можело да биде Бог.
Но верувам дека знаеш дека Бог едноставно Е.
Бог е олицетворение на самите нас.Разлики меѓу природите, карактерот, атрибутите и објавите на тие богови постојат и не може да се игнорираат тие разлики. Тешко е да се постави граница до каде една разлика ќе биде минорна, а од каде голема, а од каде суштинска. Според тебе неприфатлива разлика е таа дали богот е добар или зол. За друг неприфатлива разлика е некоја друга. За трет трета итн. Она пред што не треба да замижиме е дека разликите во однос на тоа што луѓето веруваат за Бог постојат и не можат да се занемарат. Според некои постои само еден Бог, според други постојат повеќе богови. Дури и тие кои веруваат во еден бог (монотеистите) имаат различни концепти и веруваат во различни објави во Бог и за тоа што е Божјата воља за нивните животи. Ова второво практично е дури и поважно бидејќи се однесува на луѓето и нивното однесување во општеството.
Бог е олицетворение на самите нас.
Секој го претставува истиот како што му налага егото.
Но во суштина во секој од нас живее еден Бог.Позади сите тие маски,се крие еден единствен Бог кој можеби за тебе има друго име,а за мене друго.Претставата на Бог како ѓавол,доаѓа од разумот.
Воопшто било каква претстава.
И затоа пак ќе го кажам истото дека твојот Бог е и мој Бог![]()