Не само во Исламот,и во сите пагански древни религии боговите се само атрибути или хипостаси на Апсолутот.Хипостас е одредена функција (улога) во одреден временски интервал.
Тоа е најдобро да се објасни со аналогија.Човекот е човек.Но човекот зеде плуг - и постана орач,не престанувајќи да биде човек.Почна да сее - тој е сејач,почна да кова - тој е ковач,свири на гитара - тој е гитарист,чита книга - тој е читач.Орач,сејач,читач - тоа се хипостаси на еден ист човек.
Така се и сите богови хипостаси на Севишниот Апсолут.Разликата е во тоа,што човекот не може истовремено да обавува повеќе работи и да биде истовремено и орач и бравар и пекар,додека Севишниот Апсолут може.
--- надополнето ---
и да надополнам...
Севишниот не е Апсолутно добро.Тој обединува се’:и добро и зло,и љубов и омраза,и живот и смрт,и градење и рушење,и се’,целиот Космос,сите богови(неговите атрибути).Тој е Апсолутен.Тој е над поимите добро и зло.Доброто и злото за Него се само субличности,Негови средства за управување.За Севишниот злото е неизбежен елемент без кој не е можен хармоничен развој.Но Тој го следи односот на доброто и злото и циклично ја регулира таа состојба.