Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Иранец осуден на смрт поради коментари на Фејсбук
Ирански блогер, Сохеил Араби(30), имал осум различни профили на социјалната мрежа од кои праќал навреди на сметка на пророкот Мухамед


Обвинетиот Араби били уапсен лани заедно со неговата сопруга, а се правдал дека „пишувал не размислувајќи и во тешка психичка состојба“.

Според исламските закони за навреди упатени кон пророкот е предвидена смртна казна, но доколку се покаже дека Араби тоа го правел во психичко растројство, по грешка или дека некого цитирал, ќе биде казнет со 74 удари со камшик.

На блогерот му останува да се жали на одлуката на судот кој треба да се произнесе утре.


http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=39765
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
Отворена џамија за хомосексуалци
Во Кејптаун денеска е отворена џамија за хомосексуалци во која мажите и жените добиваат еднаков третман


На денешната церемонија во „Отворената џамија“(Open Mosque) имало повеќе новинари отколку верници.

Освен за хомосексуалците од двата пола, џамијата е отворена и за немуслиманите. Бројни полициски сили биле распределени околу џамијата поради голем број насобрани противници на овој новитет кои, меѓи другото, извикувале: „Ќе одите во пекол!“.

Теологот Тај Харџи, роден во Јужна Африка и директор на Центарот за муслиманско образование во Оксфорд, го иницирал проектот, кој, според него, претставува „верска револуција“.

Во Јужна Африка повеќето од населението е христијанско, додека муслимани бројат околу 700.000, што е 1,5 отсто од вкупната популација. BBC
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Скопјани масовно го одбележаа раѓањето на пресвета Богородица

http://www.sitel.com.mk/skopjani-masovno-go-odbelezhaa-ragjanjeto-na-presveta-bogorodica-0
[DOUBLEPOST=1411317978][/DOUBLEPOST]Папата во Тирана ги осуди исламските екстремисти: Никој не може да дејствува како Божјо оружје (ВИДЕО)

http://www.mkd.mk/svet/vesti/papata-vo-tirana-gi-osudi-islamskite-ekstremisti-nikoj-ne-mozhe-da-dejstvuva-kako-bozhjo
[DOUBLEPOST=1411318363][/DOUBLEPOST]60.000 сириски Курди пребегале во Турција во рок од 24 часа поради напредувањето на Исламска држава (ФОТО)

http://www.mkd.mk/svet/vesti/60000-siriski-kurdi-prebegale-vo-turcija-vo-rok-od-24-chasa-poradi-napreduvanjeto-na
[DOUBLEPOST=1411318435][/DOUBLEPOST]Албанските медиуми објавија фотографии од минирањето на црквата каде што бил крунисан Скендербег (ФОТО)

Додека папата е во посета на Албанија, албанските медиуми продолжуваат да објавуваат фотографии од времето на комунизмот, кога сите религии во оваа земја биле забранети со закон и кога многу верски објекти биле уништени.



Еден од најболните приказни за албанскиот народ од тој период е уништувањето на црквата во која бил крунисан Џорџ Кастриоти Скендербег. Во 1967 година црквата била минирана по наредба на Мехмет Шеху и комунистичката партија, пренесува Алмакос.





http://www.mkd.mk/svet/vesti/albanskite-mediumi-objavija-fotografii-od-miniranjeto-na-crkvata-kade-shto-skenderbeg-bil[DOUBLEPOST=1411320261][/DOUBLEPOST]Џихадистите го уништуваат богатството што преживеа милениуми (ФОТО+ВИДЕО)

http://www.mkd.mk/svet/analizi/dzhihadistite-go-unishtuvaat-bogatstvoto-shto-prezhivea-mileniumi-fotovideo
[DOUBLEPOST=1411320317][/DOUBLEPOST]И Словенија во коалицијата против „Исламска држава“

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=39797
[DOUBLEPOST=1411321553][/DOUBLEPOST]20.09.2014, 11:10
КОСОВСКИТЕ ИМАМИ ВО ТРИЕСЕТДНЕВЕН ПРИТВОР



Имамот на Големата џамија во Приштина, Шефќет Красниќи, ќе остане во притор еден месец. Оваа мерка му беше изречена од страна на Основниот суд во Приштина.

Едномесечен притвор добија и другите единаесет имами како и Фуад Рамиќи лидер на партија, која има верски предзнак, ЛИСБА, и уште двете други лица кои косовската полиција ги уапси во средата наутро.

Обвиненито ги товари за учество во терористички групи, потикнување омраза, регрутирање и испраќање лица на боиштата во Сирија и Ирак.

При претрес во нивните домови биле пронајдени цврсти докази а во куќата на Красниќи и голема сума на пари. Тој се товари и за перење пари. Големи износи на пари кои ги добивал од наводни арапски хуманитарни организации ги префрлал на сметка на неговото претпријатие. Имамот Красниќи, првпат беше приведен на четврти септември но по неколкучасовно испрашување беше ослободен.

На боиштата во Сирија и Ирак има над 150 Косовски Албанци, а до сега најмалку 22 се убиени. Се очекува многу скоро косовското Собрание да го усвои законот со кој учесниците од Косово во туѓи војни со терористички елементи, се казнуваат со затвор до 15 години.(В.Т.)


http://www.utrinski.mk/?ItemID=B2EBC829863A6940BEF59E066F80DEA8[DOUBLEPOST=1411321624][/DOUBLEPOST]Како радикалните исламисти го вршат регрутирањето во Македонија?


Неколку стотини евра може да заработи припадник на вехабистичките струи во Макеоднија само од својот изглед. Околу стотина евра се плаќа доколку лицето го покријат со карактеристична брада и облечат поткусени панталони, дополнително се плаќа ако жени од фамилијата облечат никаб. Парите најчесто стигнуваат од странски финансиски центри, на име донации за невладини организации. Според професорот Мирдраг Лабовиќ кој е експерт во ова поле, овие радикално религиозни групи, парите главно ги користат за печатење памфлети, брошури и книги за вахаб учења, но и проповед на радикална идеологија во некои џамии низ земјата, кои не се под контрола на Исламската верска заедница.

Според извори од ИВЗ активистите на салафите важат за најбројна и најактивна религиозна радикална група, чија цел е рушење на угледот на ИВЗ но и воспоставување на контрола врз џамиите, со добро разработена шема - оној кој донира пари за изградба на џамијата, тој и ја контролира. Сепак праксата досега покажала дека ИВЗ има двоен аршин кога органите на прогонот преземале активни дејства во случаи за кои имале докази дека се инсирирани од тероризам.

Иако ИВЗ, по потреба излегува со став дека неколку џамии не се во нивна контрола, сепак од таму нема информации дали имамите во тие џамии говорат во начелата на правната хенефска школа или се салафисти чиј правец е такфир или џихад. Останува отворено и прашањето што им било инспирација, на десетината албанци од Макеоднија пред да заминат на џихад во Сирија. Безбеднсните служби во Макеоднија деновиве се исправени пред нов предизвик и ја отплеткуваат мистеријата за 15 девојче кое ја смени својата христијанска вера и наводно пребегало во Сирија на страна на бунтовниците. Ако на службите за безбедност до сега им беа врзани рацете, па можеа да интервенираат само доколку радикалните учења се штетни по државниот поредок, измените на кривичниот закон кој веќее на сила предввидува санкции и за оние кои финасираат милитантни структури.


http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=82555#.VB8Mh5SSyQw

 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Си-Ен-Ен: Зошто Папата ја избра Албанија?


http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=16873
[DOUBLEPOST=1411421753][/DOUBLEPOST]ФОТО: Крвав крст се појави на челото на Зоран



Зоран Петриќ (45) од Загреб е топ тема во хрватските медиуми. Тој се наоѓа на насловните страни откако коко што вели на неговото чело се појавил крвав крст, а на дланките рани како на Исус Христос.
Тој за хрватските медиуми вели дека од иконите кои ги цртал, почнале да течат крвави солзи.
Јавноста во Хрвтска е поделена. Еден дел смета дека станува збор за божјо чудо додека остнатиот е згорзен од начинот на кој Зоран ја користи верата за да стекне популарност.

http://www.press24.mk/foto-krvav-krst-se-pojavi-na-cheloto-na-zoran
[DOUBLEPOST=1411421969][/DOUBLEPOST]Со експлозив срушена црквата во која бил венчан Скендербег
Додека посетата на папата Франциско на Албанија, се уште е топ тема, медиумите продолжуваат со објавување на настани од времето на комунизмот, период кога во оваа земја со умисла биле рушени верски објекти


Еден од ваквите настани е и уривањето со експлозив на црквата во северниот албански град Вау Дејес, каде што бил венчан Ѓерѓ Кастриот-Скендербег.

Црквата е срушена со експлозив во 1967 година по наредба на Мехмед Шеху а присуствувале високи функционери на Партијата на трудот(Комунистичка партија).

Во 1967 година, диктаторот Енвер Хоџа ја прогласи Албанија за прва „атеистичка држава“ во светот.

Се тврди дека по тој период во Албанија се уништени 1840 католички и православни цркви, додека пак 111 свештеници, десет верски ученици и осум монахињи умреле во притвор или биле погубени. МИА

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=39871[DOUBLEPOST=1411422079][/DOUBLEPOST]Свет
Џихадистите од ИД заробија и убија десетици ирачки војници
Нападната била база на ирачката армија западно од Багдад


Џихадистите од Исламска држава нападнаа база на ирачката армија западно од Багдад каде убија 40 војници и заробија 70, изјави ирачки офицер.

- Нападот во кој учествувале и шестмина напаѓачи-самоубијци бил извршен во Саклауија, изјави генерал Рашид Флеих. МИА

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=39887


” Девици на небото и сексуален џихад на Земјата ”

Силувања, киднапирања, убиства – борците на “Исламска држава” се безмилосни и брутални. И не ги штедат дури и жените. За да се заштитат од нивните напади, се повеќе курдски жени земаат оружје.


Името на терористичката организација “Исламска држава” засекогаш ќе биде поврзувано со убиствата на жени, со силувања и киднапирања на девојчиња кои подоцна се наоѓаат на пазарите за робови, каде се продаваат како животни – ова го кажа Хузан Махмуд, портпаролка на Организацијата за слобода на жените во Ирак.

“Тие влегуваат во домовите на семејствата со девојки и ги грабаат децата. Потоа ги мажат насила за џихадисти. Го викаат” склучени брак “, но во реалноста станува збор за сексуално малтретирање на деца”, раскажува Хузан Махмуд.

Не луѓе, туку варвари

Во интервју за германската државна телевизија АРД активистка за човекови права објаснува дека сексуалното насилство игра централна улога во пропагандата на исламистите. “Исламска држава” им ветува на борците по 72 девици на небото и “сексуален џихад” на Земјата. Во чист текст, тоа значи дека на секој борец се даваат жени кои ќе ги задоволат неговите сексуални фантазии.

На сличен начин ги опишува работите и Хале Ешфандиара, раководителка на одделот за Блискиот Исток во вашингтонскиот центар “Вилсон”. На крајот на август Американката од иранско потекло привлече вниманието со публикација на страниците на “Волстрит џурнал”. Во нејзината статија таа ги опишува злосторствата извршени од џихадисти, и ги критикува западните медиуми дека не обрнуваат доволно внимание на бруталните напади против жени. “Исламска држава” не се луѓе, туку варвари, тврди Ешфандиара и вели дека светот едноставно не може да замисли што доживуваат жените кои имале несреќа да се покажат лице во лице со џихадист.

При тоа за овие злосторства има безброј докази наведува Ешфандиара. Еве само еден пример: киднапирана во Сирија жена била вратена на нејзиниот сопруг за откуп од 30 илјади долари – огромна сума за тамошните стандарди. По ослободувањето жената раскажала дека била силувана стотици пати. “Повторувам: стотици пати! И е излишно да се појасни дека сега жената е бремена”, вели Ешфандиара.

“На оружје!”

Како реакција на сексуалните престапи, извршени од борците на “Исламска држава”, се повеќе жени од регионот на северен Ирак одат воени тренинзи на курдските сили Пешмерга. Според различни извори, само во северен Ирак киднапираните жени и деца од малцинската група на јазидите се неколку илјади.



Во камп крај ирачкиот град Сулејман, на околу 180 километри јужно од Ербил, млади жени ја изучуваат “уметноста” на војната – им укажуваат како се демонтира оружје, како се постапува со рачни гранати, итн… Курдските сили Пешмерга веќе имаат чисто женски борбени единици. Фаиза Факих е командант на еден таков одред: “Нападите врз жените во северен Ирак го променија целосно животот на тамошните курдки. Сега многу од нив доаѓаат кај нас, за да научат како да се бранат”, изјави Факих.

Откако ќе завршат обуките, повеќето жени-борци одат на фронт, кој во моментов поминува југозападно од Ербил, вели одговорната за обуките полковник Нахида Рашид: “Нашите жени не се плашат од” Исламска држава “. Тие се борци на курдските сили Пешмерга, обучени се да се борат со било оружје и се цврсто решени да се фрлат во битката против џихадистите “, вели Рашид.
[DOUBLEPOST=1411422183][/DOUBLEPOST]Малезиската полиција прогласи „црвен аларм“ во провинцијата Сабах

http://www.plusinfo.mk/vest/151604/Maleziskata-policija-proglasi-crven-alarm-vo-provincijata-Sabah



Исламската држава повика на напади врз египетските сили

http://makfax.com.mk/svet/vesti/islamskata-drzava-povika-na-napadi-vrz-egipetskite-sili
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Убил човек за да докаже дека може да го врати во живот!

„Чудотворец“ земал еден доброволец му ги врзал рацете и нозете, па потоа го заклал. Кога видел дека неговите “магични зборови“ не беа доволни за да го оживее човекот, тој се обидел да избега.



Еден човек, член на мистериозно движење во Исламот, со својата желба да ја покаѓе неговата чудотворна моќ, убил еден гледач од за да на публиката му докаже дека може да го врати меѓу живите. Меѓутоа, несреќата е во тоа што успеа да ја направи само првата работа.

Овој човек „свет муслиман“ беше познат по неговите наводи „чуда“ кој што ги правел и луѓето веруваа во неговата поврзаност со Господ. Тој тврдел дека има моќ да воскресне мртов човек а за жртвата постави услов, да биде оженет и да има деца.

„Чудотворецот“ Мухамед Сабир го доби своето „жртвено јагне“, Мухамед Нијаза, работник и татко на шест деца. Тој го седнал на стол, му ги врзал рацете и нозете и му го отсекол вратот.

Овој немил настан се случил во Пакиста, а сведоците за ова бизарно „чудо“ велат дека „чудотворецот“ ги кажал „магичните зборови“ кои требало да ја вратат жртвата во живот, но меѓутоа, кога овој видел дека неговите „магични зборови“ не делуваат, се обиде да избега.

Локалните селани успеаа да го фатат лажниот „чудотворец“ и да го предадат на полицијата

http://denesen.mk/web/?p=297275


Интервју со џихадист од ИСИС: Наскоро планираме напад врз Њујорк!



Припадник на екстремистичката организација на Исламската држава изјавил во ексклузивно интервју за "Vice News" дека групата наскоро планира да нападне во Њујорк!


Фара Ширдон, познат како Абу Усам Сомали е канадски државјанин кој заминал да се бори на страната на Исламската држава во Ирак. Во неодамна објавеното видео, тој го пали својот пасош и ветува дека ќе ги уништи САД и Канада.

"Наскоро ќе извршиме неколку напади во Њујорк. Во тек е мобилизација на голем број наши браќа... Мобилизацијата за совршен напад, пријатели", изјавил Ширдон за Vice News.


Ширдон на снимката му се обратил и лично на американскиот претседател Барак Обама: "Се надевам дека Барак Обама ја слуша оваа порака", изјавил тој.

"Ти се колнам, безбожнику, ти се колнам во семоќниот Алах дека ќе се борам против тебе до самиот крај", се заканил. Ширдон вели и дека познава "илјадници и илјадници" луѓе на Запад кои во "овој момент" се подготвени да започнат со нападот.

Радикалниот исламист изјавил и дека Исламската држава би можела да ги прекине терористичките напади доколку израелскиот премиер Бенџамин Нетанјах биде "осуден за воените злосторства".

Уште една важна цел на Исламската држава, продолжува тој, е над Белата Куќа да се вее исламско знаме.
http://tocka.com.mk/1/138208/intervju-so-dzihadist-od-isis-naskoro-planirame-napad-vrz-njujork


МАРИЈАМ АЛ МАНСУРИ, САУДИСКА ПИЛОТКА
Еј, ИДИЛ, ќе одите во пеколот - ве бомбардира жена!

http://vecer.mk/svet/ej-idil-kje-odite-vo-pekolot-ve-bombardira-zhena



[DOUBLEPOST=1411758091][/DOUBLEPOST]"FBI" го стеснува кругот: Идентификуван е исламистот кој јавно погуби тројца новинари


http://tocka.com.mk/1/138113/fbi-go-stesnuva-krugot-identifikuvan-e-islamistot-koj-javno-pogubi-trojca-novinari[DOUBLEPOST=1411758125][/DOUBLEPOST](ВИДЕО) Како изгледа животот во Исламската држава

http://faktor.mk/archives/124885?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=video-kako-izgleda-zhivotot-vo-islamskata-drzhava
[DOUBLEPOST=1411758334][/DOUBLEPOST]И саудиски принц ги бомбардира „исисовци“ во Сирија (ФОТО+ВИДЕО)

Саудиската влада вчера објави фотографија од принцот Халед бин Салман како срамежливо се смешка од борбениот авион Ф15, со кој ги бомбардира позициите на Исламска држава во склоп на операцијата предводена од САД.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/i-saudiski-princ-gi-bombardira-isisovci-vo-sirija-fotovideo[DOUBLEPOST=1411758568][/DOUBLEPOST]Дали муслиманската жена смее да носи шамија на работа во Германија?


http://www.dw.de/дали-муслиманската-жена-смее-да-носи-шамија-на-работа-во-германија/a-17955903?maca=maz-rss-maz-pol_evropa_timemk-4728-xml-mrss
[DOUBLEPOST=1411758619][/DOUBLEPOST]Патријархот Кирил ќе го посети Иран и ќе се сретне со Али Хомиени

http://mk.rbth.com/news/2014/09/26/patrijarhot_kiril_ke_go_poseti_iran_i_ke_se_sretne_so_ali_homieni_37369.html


РАЈОТ ПОСТОИ, ИСУС Е ВИСТИНСКИ – ГО ВИДОВ – ТВРДИ ОВА ДЕТЕ (ВИДЕО)

http://mkd-news.com/rajot-postoi-isus-e-vistinski-go-vidov-tvrdi-ova-dete-video/

[DOUBLEPOST=1411758928][/DOUBLEPOST]Ирачанка ги откри ужасите на сексуалното варварство на “Исламска држава”


Името на терористичката организација “Исламска држава” засекогаш ќе биде поврзувано со убиствата на жени, со силувања и киднапирања на девојчиња кои подоцна паѓаат на пазарите за робови, каде се продаваат како животни. овие зборови се на Хузан Махмуд, портпаролка на Организацијата за слобода на жените во Ирак, пишува во детален репортажа Дојче Веле.



“Тие влегуваат во домовите на семејствата со девојки иg ги грабаат децата. Потоа ги мажат насила за џихадисти. Го викаат” склучен брак ” , но во реалноста станува збор за сексуално малтретирање деца “, раскажува Хузан Махмуд. Во интервју за германската државна телевизија АРД активистка за човекови права објаснува дека сексуалното насилство игра централна улога во пропагандата на исламистите.

“Исламска држава”им ветува на борците по 72 девици на небото и “сексуален џихад” на Земјата. Во чист текст, тоа значи дека на секој борец се вложуваат жени кои ќе ги задоволат неговите сексуални фантазии. На сличен начин ја опишува работата и Хале Ешфандиара, раководителка на одделот за Блискиот Исток во вашингтонскиот центар “Вилсон”. На крајот на август Американката од иранско потекло го привлече вниманието со публикација на страниците на “Волстрит џурнал”. Во неговата статија таа ги опишува злосторствата извршени од џихадисти, и ги критикува западните медиуми дека не обрнуваат доволно внимание на бруталните напади против жени. Во биографии на “Исламска држава” не се луѓе, туку варвари, тврди Ешфандиара и вели дека светот едноставно не може да се замисли што доживуваат жените кои имале несреќа да се покажат лице во лице со џихадист. При тоа за овие злосторства има безброј докази наведува Ешфандиара. Еве само еден пример: киднапиран во Сирија жена била вратена на нејзиниот сопруг против откуп од 30 илјади долари – огромна сума за тамошните стандарди. По ослободувањето нејзино жената раскажала дека била силувана стотици пати. “Повторувам: стотици пати! И е излишно да се појасни дека сега жената е бремена”, вели Ешфандиара. Како реакција на сексуалните престапи, извршени од борците на “Исламска држава”, се повеќе жени од регионот на северен Ирак се зафаќаат во воените обуки на курдските сили Пешмерга. Според различни извори, само во северен Ирак киднапираните жени и деца од малцинската група на језидите се неколку илјади. Во камп крај ирачкиот град Сулејман, на околу 180 километри јужно од Ербил, млади жени ја изучуваат “уметноста” на војната – се обучуваат како се употребуваа оружје, како се постапува со рачни гранати, итн Курдските сили Пешмерга веќе имаат чисто женски борбени единици. Фаиза Факих е командант на еден таков одред: “Нападите врз жените во северен Ирак им го променија целосно животот на тамошните курдки. Сега многу од нив доаѓаат кај нас, за да научат како да се бранат”, изјави Факих.

Откако завршат своите студии, повеќето жени-борци одат на фронт, кој во моментов поминува југозападно од Ербил, вели тренерот за обуките полковник Нахида Рашид: “Нашите жени не се плашат од” Исламска држава “. Тие се борци на курдските сили Пешмерга, обучени се да се борат со билокое оружје и се цврсто решени да се фрлат во битката против џихадисти “, вели Рашид.

http://lokalno.mk/irakchanka-otkri-uzhasite-na-seksualnoto-varvarstvo-na-islamska-drzhava/
[DOUBLEPOST=1411759183][/DOUBLEPOST]Џихадистите на видеата на ИС зборуваат и на босански (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

http://www.mkd.mk/svet/vesti/dzhihadistite-na-videata-na-is-zboruvaat-i-na-bosanski-voznemiruvachko-video
[DOUBLEPOST=1411759413][/DOUBLEPOST]ШОКАНТНО

Џихадистите на ИСИС го прославиле Бајрам со колеж (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ+ВИДЕО)


http://www.mkd.mk/svet/vesti/dzhihadistite-na-isis-go-proslavile-bajram-so-kolezh-voznemiruvachki-fotografiivideo#6
[DOUBLEPOST=1411759646][/DOUBLEPOST]СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈЕ НАД САРАЕВО ГИ РАЗБУДИ ДУХОВИТЕ

БЕСЕН БОШЊАК: ЌЕ ЗАГИНАМ, НО ТОЈ КРСТ НЕМА ДА ПОСТОИ

http://dnevnik.mk/?ItemID=B81B16D36290954495FCD8812298C949
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Денеска е Воздвижение на св.Крст – Крстовден



Денешниов празник е органски поврзан со вчерашниот празник, празникот на осветувањето на црквата на Христовото воскресение во Ерусалим. Имено, во истата таа црква беа сместени остатоците од чесниот крст на кој беше распнат Христос, а кој крст го пронајде мајка му на цар Константин Велики, царицата Елена. Уште еден настан, освен пронаоѓањето на чесниот крст, е поврзан со овој празник, а тоа е неговото враќање од Персија каде што беше однесен по персиското освојување и разорување на Ерусалим во седмиот век што се случи за време на византискиот император Ираклиј (628). А најважното што се слави денес е крстот како символ на победата над светската суета, симбол на смирениот бунт на внатрешниот човек[DOUBLEPOST=1411839609][/DOUBLEPOST]Многу верници на манастриската слава на „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица

Во чест на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден, во свештената Раичка обител на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во дебарското село Рајчица, беше одржана архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

И на утринската и на свечената празнична вечерна богослужба, присуствуваа голем број верници, потомци на некогашните жители на ова село, дебрани како и верници од многу градови од земјава. За сите нив сестринството на манастирот подготви вечера, а денеска и ручек.

Манастирот „Св. Ѓорѓи Победоносец“ се наоѓа во во селото Рајчица, на околу два километра од Дебар на десната страна на патниот правец Дебар-Маврово. Тој е женски манастир и е метох на познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир.

Се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир. Сепак точната година на изградба на манастирските конаци е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник.

Црквата била зографисана и живописана во периодот од 1840 до 1852 година од зографот Михаил и монахот Данаил од Бигорскиот манастир, додека долниот дел го досликал нивниот ученик Дичо Зограф од Тресонче.

Од 2003 година Раичката обител се удостои да стане Кивот во кој се чуваат светите, благоухани и исцелителни мошти на Великомаченикот Георгиј, кои се тука благодарение на отец Партениј.

Ако има место каде што природата ги дала сите убавини, тоа, секако е овој манастирот. Чистиот воздух и погледот врз Дебарското Езеро само ја надополнуваат убавата глетка на уште поубавиот возобновен манастир кој, поради белата фасада, го нарекуваат “Снежна кралица”.

Манастирот има две манастирски слави, Ѓурѓовден кој е патрон на манастирот и Крстовден, денот кога се осветени возобновените конаци.
http://a1on.mk/wordpress/archives/388299
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Родениот брат на „калифот" на ИДИЛ прима христијанство
Оваа сензационална вест ја пренесе катарскиот канал „Ал-Џазира". Братот на водачот на исламската терористичка групација ИДИЛ кој се прогласи за калиф, се обраќа во христијанската вера, соопштува информативниот портал Цалам 1, повикувајќи се на информативниот сервис „Ал-Џазира".


Согласно со репортажите на катарските медиуми, Мухамед Бакр ал - Багдади, родениот брат на „калифот" на ИДИЛ Абу Бакр ал – Багдади, го напушти исламот и поверува во Христа.

Одлуката на братот на самонаречениот водач на „државата" предизвика бурна реакција во арапскиот свет: така радикалните теолози веќе издадоа релевантни фатви (клетви) со кои се пропишува ал – Багдади да биде казнет „заради отстапништво" во кој било дел од земјината топка и да се наоѓа.

Според зборовите на политичкиот аналитичар Џим Стерн, кој веќе неколку години ги истражува активностите на раководителите на ИДИЛ, во одлуката на Мухамед нема ништо ново или неочекувано. „Браќата Ал – Багдади не се виделе веќе 14 години", вели експертот. Нивните патишта се разделиле после американскиот напад на Ирак: Во тоа време кога Абу – Бакр замина во водите на воениот тероризам, Мухамед остана да работи како нафтен инженер во државата Тексас. Меѓу нив едноставно нема и никогаш немало ништо заедничко".

Братот на „калифот" живее денес заедно со семејството под измислено име, како заштитен сведок.
http://vecer.mk/svet/rodeniot-brat-na-kalifot-na-idil-prima-hristijanstvo
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
ИД ги повика муслиманите да му се заколнат на верност Ал Багдади
Бунтовниците од групата Исламска држава(ИД) издадоа проглас во кој ги повикуваат муслиманите да му се заколнат на верност на „калифот Абу Бакр ал Багдади“


Исламистички извори од Сирија посочуваст дека памфлетот, што бил објавен на многу места на Интернет од страна на поддржувачите на оваа група, е дел од кампањата за создавање „Калифат“ и за популаризирање на Ал Багдади.

Прогласот, насловен како „Кренете ги рацете и заколнете му се на верност на Багдади“, се чини дека во голем степен се темели на долгиот говор на верскиот лидер на Исламска држава, Тукри ал Бинали, што бил напишан минатата година.

Текстот говори за родословот на Багдади, за кој се тврди дека е потомок на пророкот Мухамед, го истакнува неговото образование по исламско право и ги опишува неговите успеси на бојното поле. МИА
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
Кога исламистите „перат мозок“: киднапирано курдско момче тврди дека џихадистите се во право (ВИДЕО)

Мерван Мухамед Хусен е едно од 130-те курдски момчиња кои припадниците на Исламската држава (ИС) ги грабнале пред четири месеци при враќањето дома од училиште. Тој бил ослободен пред неколку дена со уште 70 врсници, јавила Сириската опсерваторија за човекови права.



„Не можев да верувам дека сум ослободен кога дојдов до телефонот и му се јавив на моето семејство“, изјавил Мерван во разговорот за Си-ен-ен.

Неговата сестра Дија Миран кажала дека во тој момент заборавиле дека се бегалци, бидејќи таа и нејзината мајка избегале во Турција заедно со уште 130.000 сириски Курди кои избегале пред офанзивата на џихадистичките милитантни.

„Откако нѐ грабнаа нѐ одведоа во џамија и нѐ учеа како да правиме намаз, а потоа нѐ одведоа во училиште“, изјавил Мерван.

Училиштето е всушност затвор од кој не можеле да излезат, а момчето било испрашувано за неговите наводни врски со курдските сили.

„Откако ќе кажев дека немам никој што се бори на страната на курдските сили, ме удираа со кабли пет-шест пати. Други момчиња беа мачени со струја и беа бесени на таванот“, се сеќава Мерван.

Џихадистите ги подучувале момчињата на својата верзија на исламот, а Мерван се сеќава дека се плашеле од своите „учители“.

„Кога ќе нѐ убијат? Размислувавме за тоа... А потоа ја дознавме вистината: тие не убиваат без доказ дека сте неверник“, изјавил мерван за Си-ен-ен и додал дека морале да гледаат снимки од погубувања.

„Тие сакаа да ни кажат дека не убиваат кого било... само неверниците“, истакнало момчето.

Арва Дејмон, новинарката која разговарала со момчето, останала вџашена од тоа што ѝ го кажал дека го мисли за ИС.

„Тие се во право“, кажал Мерван откако ја обвинил сопствената сестра дека „не го познава вистинскиот ислам“.

Неговата сестра објаснила дека таквиот негов став можелд а се очекува бидејќи е сепак дете, е децата е лесно да се убедат во што било.


„Сите Курди за нив се неверници. Нормално дека се, бидејќи на знамето на ИС пишува: Нема бог освен Алах““, кажало момчето на општо изненадување на присутните, додавајќи дека некои милитанти се сепак „лоши“.
[DOUBLEPOST=1412533944][/DOUBLEPOST]Свет
Ирачките христијани бегаат во Јордан
Околу 100 христијани од Ирак се сместиле во црквата Света Богородица во главниот град на Јордан, Аман, откако избегале од терористите на Исламската држава


Исламистите им давале само три опции на овие луѓе, да го прифатат исламот, да заминат или да бидат убиени. Амар Заки е еден од оние што со своето семејство прво избегале од Мосул во главниот град на курдскиот дел од Ирак, Ирбил, а оттаму успеале да стигнат до Аман.

- Исус им рекол на луѓето: оставете се и следете ме. Така направивме и ние сега - изјавил тој за медиумите.

Во Јордан веќе има околу еден милион бегалци од Сирија, на кои сега им се придружиле и стотици илјади од Ирак, главно христијани.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
Исламистите уништија 185 цркви, протерани 190.000 христијани
Вторник, 07 Октомври 2014 15:09

Истакнат свештеник од Нигерија откри дека исламистичката терористичка група Боко Харам досега уништила над 180 цркви во Западна Африка, а околните места ги ставале под опсада.


Свештеникот Гидеон Обасоги вели дека поради овој терор над 190.000 христијани се протерани од своите куќи.

Во својата изјава тој вели дека од Боко Харам со палење и тортурирање на се што ќе најдат пред себе, многу свештеници се иселиле од своите домови, а се уште не можат да се вратат назад.

-Животот ни е многу тежок. Едвај чекаме да се вратиме дома, иако е очигледно дека ќе имаме многу маки додека ги реконструираме нашите запалени и срушени цркви. Спиеме по разурнати згради, кај пријатели, вели еден од раселените свештеници.

Во април годинава терористичката група киднапираше над 200 ученички од селото Чибок, потег кој само уште повеќе ја докажа бездушноста на терористичките групи.

Според Human Rights Watch, над 2.053 лица се убиени од почетокот на 2014 година.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.655
Поени од реакции
59.655
http://www.mkd.mk/svet/vesti/poddrzhuvachi-na-isis-so-macheti-i-nozhevi-napadnale-kurdi-vo-germanija-video

КРВ НА УЛИЦИТЕ
Поддржувачи на ИСИС со мачети и ножеви нападнале Курди во Германија (ВИДЕО)
Припадници на заедниците на Курдите и Јазидите се судриле во текот на ноќта со исламистичките салафисти во Хамбург, на северот на Германија, при што најмалку 23 лица се повредени и 22 фатени, соопшти во средата полицијата, која во смирувањето на нередите употребила водени топови.



Судирите почнале во вторникот навечер со собирање на околу 400 Курди во близината на џамијата во која се собираат радикалите, за да протестираат против офанзивата на џихадистите на Исламската држава врз курдскиот град Кобане во Сирија.



Ривалската група од околу 400 тврдокорни исламистички салафисти возвратила со противпротест. Почетокот на курдскиот протест против „колежот“ во Кобане поминал без инциденти, но ескалирал по пристигнувањето на сè поголем број луѓе на двете страни.

Во Целе, друг северен град, курдските протестанти се судриле со исламистичка чеченска група, при што се повредени петмина протестанти и четворица полицајци. Полицијата во двата случаи запленила голем број ножеви и палки.

Германија е дом на една од најголемите курдски заедници во Европа. Салафистите сочинуваат само мал дел од четирите милиони муслимани што живеат во Германија. Нивниот број изнесува околу 5.500, а германските разузнавачки извори тврдат дека тој број од пред една година се зголемил за 1.000.


Видеа имате на линкот погоре.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Се борела во редовите на Исламската држава и побегнала: Кадија открива кој е најлош човек во организацијата!

25-годишната жена ја отворила вратата од хотелската соба во која била договорена средбата. Лицето и било покриено, а говорот на телото ги издавало внатрешните маки.


Жената го кренала својот никаб под кој се криело младо лице. Нејзините големи кафени очи, полни со немир, го краселе совршено обликуваното лице.

Таа се вика Кадија. Тоа не е нејзиното вистинско име, бидејќи е "означена". Имено, била дел од женската бригада на ИСИС, од која неодамна побегнала, разочарана од нејзината бруталност.

Во интервјуто за CNN, кое го дала во Турција, прв пат ја раскажала ситуацијата во која се нашла.

"Побегнав во нешто грозно" - Растејќи во Сирија, нејзиното семејство и овозможило да се образува. По дипломирањето на факултет, започнала да подучува деца во основно училиште. Своето семејство го опишува како не претерано конзервативно.

Кога пред повеќе од три и пол години започнал бунтот во Сирија, Кадија се приклучила на масите кои со мирно протестирање изразиле несогласување со одлуките на владата на претседателот Башар ал Асад.

"Во тоа време излегувавме надвор и демонстриравме, а службите за безбедност се обидуваа да не уапсат. Пишувавме пораки по ѕидовите, а потоа се пресоблекувавме за да не' не забележат. Тие денови беа убави", вели Кадија.

Но, сириското востание наскоро се претворило во хаос и насилство и почнало да ја губи својата душа и хуманост.

"Се' околу нас беше хаос. Слободна сириска војска, режим, бомби, штрајкови, ранети луѓе, болници, крв - сакате да побегнете од таму. Мојот проблем беше тоа што побегнав во нешто полошо", ја започнала Кадија својата приказна.

Постепено напредување - Кадија наеднаш се нашла во рацете на еден Тунижанец кого го запознала преку интернет. Понесена од неговите манири, девојката се' повеќе му верувала, а тој со време ја намамил во Исламската држава. Ја убедувал дека таа група не е тоа што луѓето го мислат, дека не е терористичка организација.

И велел дека таа група правилно ќе воведе ислам насекаде, но бидејќи моментално се во војна, мора да бидат остри и строги.

И кажал дека наскоро ќе пристигне во градот Рака, каде што ќе може да се венчаат.

"Стапив во контакт со една братучетка која ми кажа дека можам да се приклучам на бригадата Канса. Таа живееше во Рака со сопругот кој се бори на страната на Исламската држава", објаснила Кадија. А таа бригада е страшна, женска полиција на ИСИС.

Го убедила своето семејство сите заедно да се преселат во Рака, тврдејќи дека ќе им биде полесно да ги запишат помладите браќа и сестри во училиште и дека ќе имаат поддршка од роднините.

Со поддршката на својата братучетка, Кадија била примена во страшната Канса бригада.

Внатре во бригадата - Бригадата била составена до 25 до 30 жени кои имале за задача да патролираат на улиците на Рака и да се погрижат жените да бидат правилно облечени, по правилата на Исламската држава. Не смеело да има украси на облеката, и требало целото тело да биде сокриено. Жените не смееле да ги покажуваат своите очи. Доколку ги прекршеле правилата, биле камшикувани.

За нивното казнување одлучувала - жена. Нејзиното име било Ум Хамза. Кога Кадија ја видела прв пат, била преплашена.

"Таа не е нормална жена. Огромна е, има пушка, пиштол, камшик, нож, а носи и никаб", вели Кадија.

Една од припадничките на бригадата го почувствувала нејзиниот страв, па и пришла и ја изговорила реченицата која Кадија никогаш нема да ја заборави.

Таа и рекла: "Груби сме кон неверниците, но милосрдни сме кон своите".

Кадија била тренирана за чистење и склопување на оружје, како и за пукање од истото. Добивала плата од 200 долари месечно, а секој ден имала и готови оброци.

Нејзиното семејство почувствувало дека Кадија се оддалечува, но не можеле да направат ништо. Нејзината мајка се обидела да ја предупреди.

"Знаеше да ми каже: Разбуди се, грижи се за себе. Одите, а не знаете каде одите".

Почнала да се премислува - Заведена од моќта, Кадија не обрнувала внимание на зборовите на својата мајка. Но, со време, почнала да ја согледува ситуацијата, како и начелата на Исламската држава.

"На почетокот бев среќна со својата работа. Чувствував дека имам авторитет на улицата. Но, тогаш се исплашив од својата ситуација. Почнав да се плашам и од самата себе".

Почнала да размислува: "Јас не сум како нив. Имам диплома и образование. Не треба да бидам ваква. Што ми се случи и што ме доведе тука?".

И така, нејзината претстава за Исламската држава почнала да се руши.

Во памтење и останала сликата која ја видела на интернет: 16-годишно момче било распнато поради силување.

"Најлошото нешто што го видов беше едно обезглавување. Ја зедоа неговата глава и ја ставија во неговите раце", рекла таа.

Насилство над жените - Кадија била сведок и на насилството на ИСИС над жените. Нејзината бригада ја делела зградата со човек кој бил задолжен за браковите на борците на ИСИС.

"Тој беше најлош таму. Пронаоѓаше жени за домашни и странски борци. Странските борци се брутални со жените, дури и со тие со кои се женат. Имаше случаи кога жените беа водени во Итна помош поради сексуално насилство над нив", раскажува Кадија, која во тие сцени видела иднина каква што не посакувала.

Ја напуштила бригадата - Откако нејзината командантка почнала да и врши притисок дека треба да се омажи за некој борец, Кадија одлучила да ја напушти бригадата. Тоа го направила неколку денови пред воздушните напади на коалицијата. Нејзиното семејство останало во Сирија. Кадија побегнала преку турската граница.

Животот по ИСИС - Кадија се' уште носи никаб. И тоа не само за да го сокрие идентитетот, туку и поради полесно прилагодување на животот надвор од Исламската држава.

Тажна поради лошото искуство со радикалниот ислам, многу е внимателна за промените кои доаѓаат.

"Тоа мора да биде постепено, да не се претворам во некој друг. Се плашам да се претворам во некој друг. Се плашам да не ја отфрлам верата во целост", рекла таа.

Пред крајот на разговорот, зборувајќи за напуштањето на ИСИС, Кадија имала многу личен момент.

"Како им дозволивме да се појават? Како им овозможивме да завладеат? Тоа е резултат на слабоста во нас", изјавила оваа жена.

"Не сакам некој друг да биде измамен како мене. Многу девојки мислат дека тоа што ИСИС го прави е вистински ислам", завршила Кадија.

http://tocka.com.mk/1/139183/se-borela-vo-redovite-na-islamskata-drzava-i-pobegnala-kadija-otkriva-koj-e-najlos-covek-vo-organizacijata[DOUBLEPOST=1412803132][/DOUBLEPOST]26-годишна девојка ќе оди на бесилка бидејќи го убила својот силувач

Иранката Реџане Џабари, која го убила мажот кој се обидел да ја силува, ќе биде обесена во среда ако до тогаш семејството на жртвата не и` прости, објави „Mehr News”.


26-годишната Џабари е осудена на смрт затоа што пред седум години го убила мажот кој се обидел да ја силува. Оттогаш е во затвор и се до сега сите нејзини жалби на пресудата биле отфрлени.

Џабари се бранела дека делувала во самоодбрана, но иранскиот Врховен суд ја потврди смртната пресуда. нејзиниот случај предизвика меѓународна осуда, а Соединетите Американски Држави и Европската Унија побараа поништување на пресудата.

На младата жена и` е одобрен десетдневен рок во кој треба да добие прошка од семејството на жртвата. Министерот за правосудство Мустафа Пур-Мохамади изјави дека се надева на добар резултат.
http://tocka.com.mk/1/139243/26-godisna-devojka-ke-odi-na-besilka-bidejki-go-ubila-svojot-siluvac
[DOUBLEPOST=1412803164][/DOUBLEPOST]Зошто жените од Западот се фрлаат во прегратка на џихадистите?


http://vecer.mk/svet/zoshto-zhenite-od-zapadot-se-frlaat-vo-pregratka-na-dzhihadistite
[DOUBLEPOST=1412803260][/DOUBLEPOST]ЛИЦЕТО НА КУРДСКИОТ ОТПОР

Се убила со последниот куршум за да не им падне во раце на исламистите (ВИДЕО)

http://www.mkd.mk/svet/se-ubila-so-posledniot-kurshum-za-da-ne-im-padne-vo-race-na-islamistite-video
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
Страшна приказна на девојче од групата Јазиди: "Убив еден маж, издрогирав други за да побегнам"

13.10.2014 | 17:16



"Ми кажа "ќе ти го променам името во Абеер, ни твојата мајка нема да те препознае. Ќе станеш муслиманка, а потоа ќе се оженам со тебе"".


Многу девојчиња и жени Јазиди биле киднапирани од своите домови на планината Синџар од страна на исламистите. Биле силувани, продадени или изложени на други ужаси. Судбината на ова 15-годишно девојче е една од многуте такви. Била продадена, па силувана неколку пати. Откако за разлика од своите сестри успеала да побегне, трагичната приказна ја раскажала наAssociated Press.


Откако била киднапирана од својот дом, таа и другите жени од семејството биле одведени во Тал Афар каде што ги затвориле и чувале се до воздушните напади на САД и коалициските земји на цели на Исламската држава. Потоа ги одвеле во Мосул, а потоа во сирискиот град Рака, каде што биле продавани како робинки.

"Ме продадоа во Сирија. Пет дена бев со своите две сестри. Една од нив подоцна беше продадена и повторно одведена назад во Мосул, а јас останав во Сирија", рекла несреќната девојка.


Во Рака ја омажиле за Палестинец кој го убила со пиштол, кој го добила од неговата чистачка. Побегнала, но немала каде се сокрие. Единственото место каде што ја познавале била куќата во Рака во која милитантите ги чувале по пристигнувањето во Сирија. Исламистите не ја препознале па повторно ја продале и тоа за 1.000 долари на еден саудиски борец.

"Ми кажа: - Ќе ти го променам името во Абеер, ни твојата мајка нема да те препознае. Ќе станеш муслиманка, а потоа ќе се оженам со тебе - но јас не сакав да преминам на ислам па побегнав", раскажало девојчето, додавајќи дека на мажите во куќата во чајот им ставила прав од кој заспале.


Потоа конечно успеала да побегне. Наишла на маж кој ја префрлил до Турција, каде што се нашла со својот брат. Тој на шверцери платил 2.000 долари да ги вратат на северот на Ирак. Сега живее со својот брат, додека нема информации каде се нејзините сестри, браќа и нивната мајка...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom