Верски вести III

Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Фотографијата од "американскиот војник кој се бори за ИСИС" - еве за што станува збор!

15.10.2014 | 10:14
Извор: Точка






На интернет се проширила фотографија од борец на Исламската држава, кој на својата рака има тетоважа која сугерира дека е поранешен припадник на американските зелени беретки. Меѓутоа, истата фотографија била објавувана и порано, без спорниот детал.


Фотографијата од борецот на Исламската држава, кој на раката има тетоважа на која пишува "Американска војска", за кратко време станала хит на интернет, но се воспоставило дека не е вистинска. Според France 24, манипулативната фотографија е само пример дека некои луѓе сакаат да докажат дека САД стои зад успесите на ИСИС.

Аналитичарите веруваат дека причината за брзиот развој на групата џихадисти е надворешната политика на САД во Ирак и Сирија во последните неколку децении. Но, теоретичарите на заговори на социјалните мрежи одат и многу подалеку, а добар пример е фотографијата која се појавила на интернет.


Оние кои ја објавиле и коментирале, акцент ставиле на тетоважата, за која тврделе дека е доказ дека станува збор за поранешен припадник на зелените беретки, специјална единица на американската војска.

Меѓутоа, еден корисник на интернет истакнал дека сликата постои и без тетоважата. Имено, фотографијата на Reuters се појавила и на статија во Business Insider. Изгледа дека оригиналната фотографија била поправана со фотошоп, за да укаже на тоа дека има и Американци на страната на Исламската држава.

Инаку, не станува збор за единствен обид од овој тип. Уште еден пример е шпекулацијата дека Хилари Клинтон во својата книга напишала дека САД ја создале Исламската држава.

[DOUBLEPOST=1413389854][/DOUBLEPOST]http://dubai-portal.com.mk/?p=37376
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
ЗОШТО ПАКИСТАНЦИ ЈА МРАЗАТ НИВНАТА НОБЕЛОВКА?
На ниво на официјални изјави и меинстрим медиуми, Пакистан е горд што нивен човек освои Нобелова награда за мир. Малку подолу, во сивите зони на медиумскиот простор, едно гласно малцинство отворено ја омаловажува 17 годишната Нобеловка сметајќи ја за кукла на Америка.




Откако Малала Јусуфзаи ја подели нобеловата награда со Индијката Кајлаш Сатиарти, официјалните реакции во нејзината земја беа недвосмислено позитивни. Претседателот на државата ја прогласи за гордост на Пакистан, честитки доби од армијата па и од некои политичари кои се блаконаклони во однос на Талибанците.

Но, на другата страна на јавното мислење, Јусуфзаи е само уште еден пион на непријателите на Пакистан а тие се стадардни за секоја прилика - САД, Израел или Индија.

"Таа е обично, бескорисно девојче. Нема ништо посебно кај неа. Таа го продава она што Запад го купува", напиша уредникот на Пакистан Обсервер.

Склоноста да се бараат завери е вообичаена за пакистанската средна класа која е претежно конзервативна, националистичка и сомничава кон сè што доаѓа од Запад. Немуслиманите, странците или пак луѓето кои како Малала добиваат признанија од Запад, се третирани како домашни предавници и петта колона.

Јусуфзаи не е првиот пакистански добитник на Нобелова награда кој е омаловажуван. Во 1979-та година, престижната награда за физика ја доби Абдус Салам кој во својата земја никогаш не беше прифатен како гордост на Пакистан. Единствената негова вина е што Ахмади, една мала муслиманска секта која доминантната религија ја смета за предавник на Исламот.

Вистинскиот непријател на Пакистан не е Америка, Израел, Индија па дури ни талибанците кои ја застрелаа Малала. Не е ни пасивното толерирање на ксенофобијата. Главниот пакистански проблем е негирањето на фактот дека проблемите се раѓаат во нивната земја. Тоа е една речиси патолошка неспособност за себе- проценка", пишува Деили Бист.

А не дека сомничавоста кон Запад некогаш нема покритие: за пакистанскиот доктор кој помогна да биде лоциран и убиен Осама Бин Ладен недовосмилено се утврди дека работел за ЦИА.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
A panel of high-ranking Catholic officials has proposed a dramatic change in the way the church treats gays and lesbians. The group of Cardinals, known as a synod, suggested the church is capable of “valuing their sexual orientation, without compromising Catholic doctrine.”


The Cardinals stopped well short of endorsing gay marriage, stating “unions between people of the same sex cannot be considered on the same footing as matrimony between man and woman.” But they also acknowledged, in a section called “Welcoming homosexual persons,” there “are cases in which mutual aid to the point of sacrifice constitutes a precious support in the life of the partners.” The Cardinals also suggest that same-sex couples should never be discriminated against in ways that could impact their children.

The document was called a “pastoral eathquake” by John Thavis, a prominent journalist who covers the Vatican. It was produced by Pope Francis’s ongoing extraordinary synod on the family. That group previously polled Catholics about their opinions on issues including same-sex marriage, divorce, and contraception. The document produced by the synod, however, does not represent a formal change in church policy.

The document released today is also a preliminary document. Another one will be released at the end of the synod.

The new language is reflective of more inclusive thinking by Pope Francis on homosexuality. Earlier this year, Pope Francis may have hinted at support for civil unions for same-sex couples. Speaking specifically about gay priests last year, Francis said, “Who am I to judge [homosexual priests] if they’re seeking the Lord in good faith? They shouldn’t be marginalized. The tendency [to homosexuality] is not the problem… they’re our brothers.”

Pope Francis also recently appointed Bishop Blase Cupich, an outspoken critic of anti-gay bullying, as Archdiocese of Chicago.

Several of the world’s Catholic countries — including Argentina and Brazil — have begun to embrace gay marriage.

Earlier this month, 50 influential conservative christian activists urged “church leaders reiterate a traditional understanding of sexuality and gender roles” at the synod.

Link
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
Уште еден имам уапсен во Косово
Петок, 17 Октомври 2014 15:35


Уште еден имам на Исламската верска заедница на Косово е уапсен за вмешаност во тероризам и потикнување омраза.


Според приштинскиот весник „Експрес“ станува збор за имамот Р.Т. од Хан Елези (Генерал Јанковиќ), пренесе МИА.

Имамот одржувал предавања организирани од сега веќе затворената невладина организација „Парими“од Качаник и бил имам на џамија во село кај Хан Елези.

- Во ова гратче, до недоамна функционираа две наводни невладини организација со исмламски предзнак, „Исламска младина Качаник“ формирана од терористот Лавдрим Мухаџери, која работела на диво и НВО “Парими“, која била регистрирана. И двете работеле за сметка на терорисатичките групи во Сирија и Ирак, наведува Експрес.

Како што и претходно пишуваше весникот ова и градот Каџаник се бастион на косовските џихадисти, а тамошните имами имале силно влијание и во Македонија.

На 17 септември косовската полиција упаси дванаесет имами од повеќе населени места на Косово, на кои им беше одредена мерка притвор, но тројца од нив, меѓу кои и Шефќет Красниќи имам на Големата џамија во Приштина, сега истиот им е променет во домашен притвор.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
По 100 години во Гостивар ќе се гради црква
Конечно, по неколку децении ќе се исполни желбата на околу 4.000 жители на гостиварските приградски населби Циглана, Фазанерија и Бањешница за изградба на црковен храм.


Вo недела на празникот посветен на свети апостол Тома, митрополитот г. Јосиф, надлежен архијереј на Тетовско-гостиварската епархија на МПЦ-ОА, ќе постави камен-темелник на новата манастирска црква „Преображение Христово“.

Ова ќе биде првиот црковен храм што ќе се гради во Гостивар по точно сто години.

Во 1915 година во Гостивар почна да се гради црквата „Св. Богородица“ и оттогаш не е изграден ниту еден црковен храм.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
15-годишен борец на ИСИС ја откри својата приказна: Ми даваа "лек" од кој го губев разумот!

25.10.2014 | 12:08
Извор: Точка
Прочитано: 6271 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот


"Видов како убиваат жена во венчаница бидејќи го покажа вратот и голите раце", рекол Карим Муфлех.


Поранешниот борец на Исламската држава, 15-годишниот Карим Муфлех, открил дека морал да им се приклучи на исламистите бидејќи го дрогирале и му се заканувале дека ќе му ја отсечат главата.

Бил принуден да ги гледа злосторствата на џихадистите откако го освоиле селото во кое живеел.


"Видов како убиваат жена во венчаница бидејќи го покажа вратот и голите раце", изјавил за CBS News, а пренесува News.com.

Сега се наоѓа во затвор во Сирија откако во борба го заробиле Курдите.


Открил дека пред да замине во борба, исламистите му давале лек наречен Золам. Тој се користи против депресија и анксиозна состојба.

"Од тој лек го губите разумот. Доколку ви стават експлозив на појасот и ви кажат да се разнесете, тоа ќе го направите", рекол Карим.


Во борбите добил три куршуми во стомакот. Бил фатен пред девет месеци и тоа можеби го спасило неговиот живот. Но, Курдите го држат во затвор заедно со другите припадници на ИСИС. Еден од нив, Сулејман Мохамад, кој наводно поставил авто-бомба, се тресел кога му пришле американските новинари. Рекол дека се плаши да зборува.

Новинарката на CBS, Холи Вилијамс, рекла дека им требале седмици за да влезат во затворот и да разговараат со уапсените исламисти.



"Денес веќе ме силуваа 30 пати, а не е ни ручек време"

21.10.2014 | 16:20
Извор: Точка
Прочитано: 28748 пати
Испрати на пријател
Зголеми го фонтот
Намали го фонтот


Девојките во борделот се толку очајни што ги молат борците да ги бомбардираат за да им ги скратат маките.


Младите жени од Јазидите ги киднапираат од нивните домови најчесто со цел да ги продадат како сексуални робинки. Една од нив им се обратила на Курдските борци молејќи ги да го бомбардираат борделот во кој ги чуваат.


Девојката се наоѓа негкаде во западниот дел на Ирак, а ја киднапирале за време на бруталниот масакар на планината Синџар во август.

Девојката изјавила дека била силувана толку многу пати што не може да изврши нормално мала нужда од болка, открила и дека планира да се самоубие, па дури и доколку ја ослободат. Искуството на овие девојки го прераскажуваат курдските активисти кои овие информации ги пренеле и до Курдските борци.


"Ве молам бомбардирајте не. Не постои живот после ова. Денес веќе ме силуваа 30 пати, а уште не е ни ручек време. Не можам да одам по мала нужда, ве молам бомбардирајте не", изјавила девојката упатувајќи ја својата порака кон Курдите, пренесува Daily Mail.

 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
Царските двери и вредни икони се украдени од дебарската црква „Успение на Пресвета Богородица“

Разбојници викендов насилно влегле во црквата „Успение на Пресвета Богородица" во Дебар и украле многу ретки 4 вредни икони на платно од иконостасот и други предмети. Украдени биле и царските двери со длабока резба кои се со непроценлива вредност.





Кражбата била забележана денеска, по што полицијата извршила увид. Црквата е од 11 век. Ова е трета голема кражба во оваа црква, а досега биле украдени четириесетина вредни икони, платнена плаштеница стара 200 до 300 години, пари и други предмети.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
Нашиве пизди се задолжителен дел од белосветските пизди, што праат невидени злосторства во Ирак и Сирија. Господ нека им суди и на нив и на тие кои ги подржуваат.

KОЈ Е СЕЈДУЛА АЛИЛИ, ЏИХАДИСТ ОД МАKЕДОНИЈА, KОЈ ЗАГИНА ВО СИРИЈА

ОД ОНА ВО ОДБРАНА НА ЧАИР, ПА ВО ИСИЛ



Војувал во редовите на ОНА на Kосово, a потоа и во Македонија во 2001 година, по што следувало „заслужено“ вработување во Подрачната единица на Министерството за одбрана за општина Чаир и потоа во Институтот за духовно наследство на Албанците за на крајот да загине како џихадист на радикалната Исламска држава. Ова е дел од биографијата на 38-годишниот Сејдула Алили, дванаесетти Албанец кој деновиве загина во Сирија. Алили, чија адреса на живеење е на познатата скопска улица Дижонска, истовремено е и осми жител од општина Чаир што загинал во редовите на најрадикалните исламисти, кои ги гледавме како отсекуваат глави на неистомисленици.

Случајот со Алили отскокнува од досега познатите џихадисти од Македонија, кои беа, пред с`, млади лица, без вработување и со поскромно образование. Напротив, тој имал високо образование, па дури и имал магистерска титула, како и постојано вработување, кое му носело материјална сигурност. Токму неговата плата е предмет на контроверзии и тоа во делот дали му била исплатувана и покрај тоа што веќе не бил на работното место, туку во вооружените формации на најозлогласената терористичка формација. Според тврдењата на доброупатените извори, и покрај фактот што отсуствувал од работа, на негова трансакциска сметка во Македонија редовно му се исплатувала платата. Наспроти ова, од последната установа во која се наоѓал на платниот список, Институтот за духовно наследство на Албанците, одговорните лица тврдат дека доаѓал на работа с` до почетокот на август годинава по што зел годишен одмор и бидејќи не се појавил на работа три дена по завршувањето на одморот, му бил даден отказ. Меѓутоа, медиумите на албански јазик, кои први објавија дека Алили загинал во Сирија, во веста потенцираа дека тој подолго време се борел заедно со џихадистите, односно дека не бил во Сирија само од август.

Суспензија во Одбрана поради отсуството од работа

Приказната за врските на Алили со џихадистите практично започнува кон крајот на минатата година кога тој работел како надлежен раководител на службата задолжена за територијална одбрана во скопската општина Чаир, која е дел од Министерството за одбрана, а чиј министер тогаш е Талат Џафери од редовите на ДУИ. Според неофицијалните информации, Алили, кој претходно има го завршено средното исламско училиште Медресата во Kондово, а високо образование на УKИМ, каде што и магистрирал на албанологија, почнал да се однесува несекојдневно и да не се појавува на работа во чаирската подрачна единица уште во октомври-ноември минатата година. Нашите извори тврдат дека токму во тој период тој заминал за Сирија. Подолгото отсуство од работа тогашниот министер Талат Џафери веќе не можел да го толерира, па решил да му изрече дисциплинска мерка суспензија од работното место. Инаку, за вршење на работите врзани за организирањето на територијалната одбрана на општината, сега веќе загинатиот џихадист добил и соодветен безбедносен сертификат, што значи дека имал пристап до одредени доверливи информации од областа на безбедност.

Талат Џафери вчера не ни одговори на нашите телефонски повици и СМС-пораки за да ни објасни повеќе дилеми за неговиот поранешен работник, како што е преземената мерка, дали е точно дека бил мошне близок до неговата партија ДУИ и слично.

Работел, не работел

Но, случајот со Алили не завршува тука бидејќи под с` уште неразјаснети околности тој се префрлува на работа во Институтот за духовно наследство на Албанците. Таму практично се наоѓа на платен список од почетокот на годината. Актуелниот директор на Институтот, Скендер Асани, првин ни изјави дека такво лице не работи во Институтот откако е тој директор за да нешто подоцна во официјалната писмена изјава соопшти дека Алили, сепак, бил редовно вработен, дека доаѓал на работа и му дал отказ. Инаку, директорот Асани е редовно вработен во овој Институт уште од 2008 година како научен соработник. Еден од вработените, пак, со зборовите „не знам“ одговори на прашањето дали му е познато дека Сејдула Алили работел, односно бил негов колега.

Од МВР вчера потврдија дека им е познат податокот оти Алили порано бил вработен во Министерството за одбрана.

- Познато ни е дека тој работел во Подрачната единица на МО за општина Чаир - ни изјавија во полицијата.

Kако и во другите случаи со загинати Албанци од Македонија во Ирак и во Сирија, така и за него с` уште нема официјална потврда дека тој навистина загинал. Информациите за тоа се базираат врз основа на сознанијата што доаѓаат од редовите на неговите соборци - џихадистите.

Досега медиумите на албански јазик објавија имиња на повеќе од 30 Албанци од регионот што загинале во борбите во Сирија. Освен македонските, на листата се петнаесетина косовски и десетина државјани на Албанија. Седуммина од десетте македонски вахабисти за кои официјално е потврдено дека загинале во Сирија и Ирак биле жители на скопската општина Чаир, а петмина биле од исто маало во населбата Гази Баба. Двајца џихадисти живееле на иста улица, а други тројца на улици во радиус од педесетина метри, во маалото меѓу џамиите „Јахја-паша“ и „Тутунсуз“ за кои Исламската верска заедница (ИВЗ) предупреди дека се преземени од вахабисти.

Скендер Асани: Му дадов отказ бидејќи три дена по ред не се појави на работа

- Иако јас сум назначен пред еден и пол месец на позицијата директор, според нашата администрација и евиденција, можам да ви потврдам дека лицето Сејдулах Алили било вработен во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и до 4 август 2014 година доаѓал уредно на работа. Од 4 август 2014 до 5 август 2014 година тој со одлука на Институтот зел годишен одмор и потоа веќе не се пријавил на работа.

Откако утврдив дека тој три дена по ред не се пријавил на работа, според Законот за работните односи, одлучив тој да биде отстранет од работа. За с` друго, каде отишол по 4 август, зошто не се вратил повеќе на работа и каде е сега, информации немам и не можам да ви ги потврдам - ни изјави директорот Скендер Асани.

500 Албанци од регионот се во ИСИЛ

Според последните процени,. на боиштата во Сирија и Ирак се борат над 500 Албанци од регионот на Балканот. Најмногу се од Kосово, околу 300, па од Албанија речиси 150, преостанатите се од Македонија и многу малку од јужниот дел на Србија. Официјалната бројка на убиени се приближува на педесетина. Тиранската телевизија „АБЦ-њус“ деновиве, повикувајќи се на албанското Обвинителство, објави дека албанските џихадисти се борат и меѓу себе.

- Џихадистите-Албанци во Сирија и Ирак војуваат еден против друг бидејќи се регрутирани од две струи. Тие војуваат во две ривалски групи, едни во Џабхат Ал-Нусра, која се смета за дел од терористичката група Ал каеда, а други во ИСИЛ, потврдиле од Обвинителството за тиранската телевизија „АБЦ-њус“.

Според телевизијата, овие две групи меѓусебно војувале за неколку територии во Сирија и Ирак, во кои жртви имало од двете страни, меѓу нив и Албанци. Овој факт се потврдува и од она што го објавуваат на интернет Албанците што војуваат таму.

- Дел од албанските борци се наоѓаат во Тикрит заедно со војската на ИСИЛ. Тие се под команда на емирот Турчин, чија десна рака е Албанец од Елбасан познат како Заид Ал-Албани. Другата група, која е во Сирија и е дел од групата Џабхат Ал-Нусра, ја сочинуваат Албанци од Албанија, Kосово и од Македонија - тврдат од Обвинителството.

Бранко Ѓорѓевски
Мариела Трајковска[DOUBLEPOST=1414603472][/DOUBLEPOST]Годинава за Ноќта на вештерките во мода се костими на ИСИС (ФОТО)

...Како и постирањето фотки со костимите на ИСИС на социјалните мрежи.

1. Жениве имаат неконвенционален пристап кон милитантната гардероба.


2. Типов, пак, се држи до традиционалното.


3. Овие другари се решиле за групен костим.


4. Многу двојки сметаат дека ИСИС-тим од маж и жена е добар избор.


5. Конзервативно...


6. Некои од ИСИС-костимите личат и на нинџа-костими.


7. Повеќето луѓе носат пушки...



8. Некои носат ножеви...


9. А некои зеле и лажни отсечени глави...
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.396
Поени од реакции
84.678
„Згазни врз отсечената глава“- вака во ИСИС ги воспитуваат своите деца!
Петок, 31 Октомври 2014 19:06


На фотографија која се појави на социјалните мрежи и предизвика лавина на бурни коментари против исламската држава, се гледа како родителите ги воспитуваат своите деца во ИД.


Сè појасно е зoшто ИСИС со своите радикални ставови станува сè поголема закана за човештвото.

Исто така, познато е дека џихадистите и следбениците на Исламската држава не се воздржуваат од било каков вид на насилство, но оваа фотографија која се појави на социјалните мрежи ги шокирала сите. На неа јасно се гледа џихадист како го држи своето мало синче и го тера да згази врз отсечена глава.

Фотографијата предизвикала лавина на бурни коемнтари против џихадистите и Исламската држава.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Уште еден масакр на ИСИС: 30 сунити влечени низ ирачки град пред да бидат брутално застрелани (ФОТО)

Милитантите од Исламска држава убиле 30 локални племенски лидери во ирачкиот град Хит, за кои се вели дека се здружиле со ирачката влада и со безбедносните сили и дека го организираат локалниот отпор против ИСИС.






Милитантите вчераутро ги влечеле луѓето низ целиот центар на градот пред да ги убијат и преку гласни звучници велеле дека тие се „отпадници“ поради тоа што се борат против нив.

Потоа милитантите ги построиле верските лидери и ги убиле со автоматско оружје.

Во Хит, град на реката Еуфрат западно од Багдад, последниве недели се водат жестоки борби помеѓу џихадистите на ИСИС и локалните групи на отпорот.


Милитантите ја презедоа контролата врз градот за време на напредувањето месецов.



http://www.mkd.mk/svet/vesti/ushte-eden-masakr-na-isis-30-suniti-vlecheni-niz-irachki-grad-pred-da-bidat-brutalno#1




Уапсен затоа што тврди дека на сон му се појавил Мухамед

Комисијата за промоција на доблести и сузбивање на гревови во Саудиска Арабија, уапси човек кој тврди дека на сон му се појавил пророкот Мухамед.

Причина за приведувањето е видео снимка која кружи на интернет, а во која поранешен директор на едно саудиско училиште зборува за средба со пророкот Мухамед во еден од хотелите во Медина.

Шефот на комисијата, шеик Абдул Атиф ал Шеик поради тоа наредил детална истрага, а имамот на најстарата џамија на светот Ал Кубе, Масуд ал Мохамади смета дека станува збор за предрасуда, која нема никаква врска со доктрината на исламот.

Според неговите зборови, вербата во такви митови укажува на недостаток на љубов кон пророкот.

Официјалните лица велат дека вистинското појавување на пророкот можеле да го видат само неговите современици. Истовремено оние кои имаат чест да го видат на сон, ќе бидат наградени со средба со пророкот на денот на воскреснувањето на мртвите.

-Необично е и поради тоа што осомничениот 20 години бил училишен работник – вели имамот.

http://a1on.mk/wordpress/archives/403441



Боко Харам:„Девојките се среќно омажени и преминаа во ислам, нема преговори“


http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=52675

[DOUBLEPOST=1414851423][/DOUBLEPOST]Мини – џихадисти: Мали деца во воени кампови во сириската држава


http://365.com.mk/148260/mini-dhihadisti-mali-detsa-vo-voeni-kampovi-vo-siriskata-drzhava
[DOUBLEPOST=1414851483][/DOUBLEPOST]Германската десница и исламот

„Денес колат овци и крави, а утре христијани“, се слушна во центарот на Келн на демонстрациите кои ги штитеа полицијата и уставот. Беше тоа собир на пријателите на хаосот и непријателите на демократијата. Нивната цел е „одбрана на Германија“ од салафистите, а всушност од сите муслимани и исламот. Полицискиот синдикат го оцени овој настан како „нов облик на насилство“. Но тоа веќе долго време тлее меѓу нас.

Низ Германија се шири исламофобија и сè подлабоко продира во политиката и медиумите.Низ Германија се шири исламофобија и сè подлабоко продира во политиката и медиумите. Омразата произведува насилство: од пролетта 2012 до пролетта 2014 се извршени 78 напади на џамии, а изостана масовна солидарност со муслиманите кои живеат во Германија. Таа омраза сега се излеа на улиците. Во Келн изникна семето на омразата кое исламофобите одамна го посеаја.

Неодамна во издавачката куќа Springer се случи необичен инцидент. Каи Дикман, главниот и одговорен урендик на Билд, повлече еден коментар од неделното издание Bild am Sonntag. Во него пишува: „Дали религијата е пречка за интеграција? Мислам дека тоа не е правило, но е кога станува збор за исламот... Не ни е потребен увезен расизам, ни она за што сега исламот се залага“. Дикман веднаш реагираше: „Во Билд и Axel Springer нема место за паушални и понижувачки изјави за исламот и луѓето кои веруваат во Алах.“

Одлично кажано, но за жал погрешно: Токму Спрингеровиот Die Welt, во кој Дикман не е уредник, стана упориште на германските исламофоби. Дикман пишува за „разликата помеѓу исламот и бруталната идеологија на исламизмот“. Луѓето кои пишуваат за Die Welt сето тоа прилично ги забавува: „Ако сега почнеме да повлекуваме вештачка граница помеѓу исламот и исламизмот, тогаш сè што е лошо нема никаква врска со исламот. Со тоа би дошле до многу интересни резултати, бидејќи во тој случај ни загревањето на земјината атмосфера нема никаква врска со климатските промени, економската криза со капитализмот или Die Linke so SED.“[1]

Овој судир во Springer е само симптом на далеку посериозната појава - германската буржоазија повторно се јави за збор. Време е конечно да раскрстиме со омразениот „хуманизам“. Толеранција? Опасна. Имиграција? Пропадната. Мултикултурализам? Шега.

http://okno.mk/node/41989
 
Последно уредено:
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
http://dubai-portal.com.mk/?p=38120[DOUBLEPOST=1414960577][/DOUBLEPOST]Полемиката започната во дијалошката емисија на Бил Махер на американскиот канал ХБО и нападите кои ги започна воведувачот и гостинот на емисијата Сам Харис и одбраната на познатиот актер Бен Афлек, не беа ништо друго освен врв на ледениот брег меѓу десетина програми, написи и истраги започнати со цел исламот да се претстави како интелектуално легло на крваво насилство, проживеано низ организацијата Исламска Држава Ирак и Левант, покрај ограноците на Ал-Каида во бројни муслимански држави.

Интересно е да се напомене дека сме читале голем број написи и коментари во арапските весници кои го следат овој тренд во изнесување обвинувања дека исламот е легло на насилство, додека медиумите кои ги финансира Иран одат во друга насока, па така обвинувањата ги насочуваат кон таканаречениот вехабизам, понекогаш и кон селефизмот како интелектуален правец.

„Ако исламот е вера која претставува легло на насилството, како што тврдат овие, зошто тогаш во неговата понова историја, од почетокот на исламското будење во почетокот на осумдесетите, не е забележан ваков размер на насилство како она што го следиме овие денови, кое всушност настанало како резултат на одредени околности.“ Овде треба да се напомене дека одбраната на Бен Афлек и останатите претставува друга страна на сликата, поради тоа што на Запад постојат и бројни непристрасни гласови кои се противат на расистичкиот поглед на верата која ја следат повеќе од милијарда и пол луѓе само поради тоа што некоја група, или некои групи, ги извалкале рацете со крв.

Крвавите Асадови походи

На почеток се наметнува следново прашање – дали вооруженото насилство во принцип е производ на идеи и религии, или тоа насилство е резултат на објективни околности кои му пружаат можност за настанок и развој? Ако исламот е вера која претставува легло на насилство, како што тврдат овие, зошто тогаш во неговата понова историја, од почетокот на исламското будење од почетокот на осумдесетите, не е забележан ваков размер на насилство како оној што го следиме овие денови, кое заправо настанало како одговор на американската инвазија на Ирак, а потоа како одговор на секташството на Нури Малики и крвавите походи на Башар ел-Асад? Дали тоа синовите на исламското будење биле немарни кон текстовите на кои се потпира организацијата ИСИЛ во контекст на оправдување на она што го прават, или подобро кажано, дали самиот Осама бин Ладен бил неупатен во тие текстови додека во своите пораки ги критикувал некои од тие пракси, што покажуваат неговите писма изнесени пред јавност во рамките на документарниот филм познат како Abbottabad, ili West Point, кои ги објавиле самите Американци?

Вистина е дека идеите не се основни придвижувачи на насилство, иако се употребуваат (било овосветските или небеските) како тоа би се оправдало против другиот - неверникот. Она што навистина доведува до насилство се објективните околности, нема религија, ниту доктрина, а да меѓу нејзините следбеници не се појавила група која во одреден период посегнала кон вооружено насилство. Нема идеологија а да не го употребила насилството, за што сведочи и насилството од првата половина на 20 век, која во повеќето свои манифестации беше левичарско, после што од левицата се изроди уште понасилната радикална левица... Овде треба да напоменеме дека во исламските свети текстови нема оправдување за насилство кон другиот, освен кон агресорот: „И борете се на Аллаховиот пат против оние кои се борат против вас, но вие не ја започнувајте борбата! (Ал-Бекара, 190)

Вадење од контекст

Но, поедини текстови од Куранот и праксата на Пратеникот, с.а.в.с., можат да бидат извадени од контекст со цел да се оправда примената на различни видови на насилство, настанати како резултат на објективните околности. Кога ќе престанат дадените околности, оние кои го следеле ова насочување најчесто се повлекуваат или ги преиспитуваат тие ставови, како што се случи со голем број вооружени групи во Египет, Либија и на другите места во крајот на минатиот век. Наспроти тоа, оној кој го чита Стариот завет ќе воочи дека тој е многу јасен во оправдувањето на насилството кон другите, поради основното правило дека има посебни Божји „синови“. „Бог“ овде практично се претвора во војник кој служи на својот народ и издава наредби за покренување геноцидни војни против неговите непријатели. Доколку некој ги следи поедините мислења на рабините на ционистичкиот ентитет, може да воочи дека тоа е изворот кои тие го следат. Меѓутоа, никој не се ни осмелува да го критикува тоа, посебно на Запад. Треба да се има на ум и тоа дека Евреите во холокаустот не биле палени од муслиманите, како и фактот дека Евреите во потрага кон сигурност, бегале во муслиманските земји. Целата работа не запира само на Стариот Завет, туку се однесува и на другите религии, вклучувајќи ги и оние кои повикуваат на толеранција, како будизмот, на пример. Тоа најдобро ни го покажува примерот на сето она што се случи против Рохинга муслимани во Мјанмар. Не ни треба појасен доказ од тоа дека будистичките свештеници ги оправдуваат овие крвави и безумни убивања на муслимани.

Што е уште полошо, во контекст на оваа приказна, нападот е покренат од ирански медиуми, кои будат слепо насилство кон селефиите или како тие сакаат да ги нарекуваат „вехабиите“, додека сите знаат дека манифестацијата на исламското вооружено насилство не започнало од селефиите, како во Сирија на почетокот на осумдесетите, или во Египет порано или некогаш подоцна. Не треба да се заборави дека Хизб Ал-Дава, една од најистакнатите шиитски партии, беше од оние кои го прифатија принципот на вооружено насилство во борба против ирачкиот режим. Дури и првиот самоубиствен напад кој го памти современата историја носеше потпис на оваа партија, Хизб Ал-Дава, чија мета беше ирачката амбасада во Бејрут 1981 година. Не треба да се заборави ни тоа дека шиитската милиција во Ирак од почетокот на инвазијата па до сега ги извршува најбруталните убивања.

Да се пазиме од генерализации

Оваа приказна која би можела долго да потрае доколку би се наведувале сите примери и докази, ја заклучувам со ставовите од написот на американскиот коментатор Николас Кристоф, објавен во The New York Times, на кој се потпре и актерот Бен Афлек во својата одбрана на исламот. Тој вели: „Историјата не го познава исламот како нетолерантен; тој на почеток ја подигна вредноста на жената и секој кој ја чита историјата, дури и во 20 век, нема да го критикува исламот и не може да го гледа исламот како вера која сака крв. Факт е постоење на христијански нацисти и комунисти во Европа, како и будисти, хиндуси и атеисти во Азија кои ги надминале сите рекорди во масакри.“ Кристоф уште додава: „Мораме да се пазиме од генерализација на било која религија, бидејќи тоа понекогаш доведува до карактеризација на религијата и изедначување со расизмот. Хиндуизмот го изроди Ганди, како и екстремистите кои го убија.“ Водачот од Тибет Далај Лама денес се смета за пример за човештвото. Меѓутоа, петиот Далај Лама 1660 година наредил убивање на деца како „кршење на јајца од камен“. Христијанството го има ценетиот Мартин Лутер Кинг, но го има и папиниот претставник кој во 13 век наредил масакр на 20.000 мажи, жени и деца во Франција, обвинувајќи ги за ерес. Се збори дека извикнувал: „Убијте ги сте, Господ ќе знае кои се неговите слуги!“

http://www.islamski-centar.org/web/index.php?option=com_content&view=article&id=3171:2014-10-30-07-17-02&catid=37:vesti&Itemid=82
Извор: Ал Џезира Балканс
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Толпа во Пакистан претепа и изгоре христијанска брачна двојка




Пакистанска христијанска брачна двојка е претепана до смрт во вторникот од разјарена муслиманска толпа под обвинение за сквернавење а потоа нивните тела ги изгорела во печки, соопшти полицијата.





Најновите убиства на христијаните во бранот растечко насилство над пакистанските етнички и верски малцинства кои не се сунитски муслимани, се случиле во местото Кот Рада Кишани, 60-ина километри од Лахоре, најголемиот град во источниот дел од Пакистан кон пограничниот регион со Индија.

Обвинувањата за сквернавење досега се користеле како оправдување за прогонот на малцинствата и решавање на лични нетрпеливости, бидејќи лесно го предизвикуваат гневот на населението во оваа конзервативно исламистичка република, во којашто се активни и радикалните исламистички групи како талибаните, Ал Каеда и др.

„Толпата нападнала и до смрт претепала христијанска двојка под обвинение дека го сквернавеле Куранот. Потоа нивните тела ги изгореле во печка од глина на којашто работел“, изјавил за AFP началникот на локалната полиција Бен Јамеен.

Масата му пресудила на брачната двојка Шехзада и Шами коишто ги сметала за виновни за наводно сквернавење на светата муслиманска книга Куранот, додал Јамеен, а за агенцијата истата информација ја потврдил уште еден полициски офицер.

Властите на покраината Пенџаб, во којашто се наоѓа местото во коешто се одиграла трагедијата, наредиле брзо спроведување на истрагата во врска со овој случај, а на полицијата и’ наредиле да ја засили безбедноста во христијанските населби.

Христијаните коишто во Пакистан ги има 3 милиони од вкупно 180-те милиони жители, неретко се многу сиромашни и не можат да добијат подобри работни места.

Инаку, за сквернавење кое опфаќа навреда на исламот, пророкот Мухамед и на Куранот, пакистанскиот закон предвидува и смртна казна. Активистите за човекови права го критикуваа тој закон, обвинувајќи дека под изговорот со него всушност се врши прогон на малцинствата.

Агенцијата го истакнува примерот на 2010 година кога Асиа Биби, христијанка и мајка на пет деца, беше осудена на смрт поради сквернавење, една година откако ја обвинија муслиманки во нејзиното село со кои се скарала. Претходно во август 2009 година, исто така во покраината Пенџаб, муслиманска толпа ги нападна христијанските населби во градот Горја кога беа живи запалени шест луѓе, од кои четири жени и едно дете, а десетици куќи на христијани беа запалени и уништени.

Осудениците не се поштедени ниту во затворени. Така кон крајот на септември годинава, во затвор близу главниот град Исламабад, еден затворски чувар се обиде да убие Британец кој е осуден за бласфемија.

http://makfax.com.mk/svet/vesti/tolpa-vo-pakistan-pretepa-i-izgore-hristijanska-bracna-dvojka[DOUBLEPOST=1415142972][/DOUBLEPOST]Киднапираните курдски деца гледале обезглавување и минале религиозно учење

Екстремистите од “Исламска држава” ги малтретирале и мачеле курдските деца киднапирани оваа година крај северниот сириски град Кобане, пренесоа американските медиуми. Околу 150 курдски момчиња беа киднапирани на 29 мај, додека се враќале во сирискиот град Кобане по испити во Алепо. Околу 50 од нив успеаја да избегаат од киднаперите, а останатите беа пуштани во групи – последните 25 беа ослободени на 29 октомври.

Малтретирање над децата, од кои некои беа држени во заробеништво 6 месеци, е еднакво на воено злосторство, изјави хуманитарната организација “Хјуман рајтс воч”. Децата, на возраст едвај 14 години, биле подложени на интензивно религиозно учење,ги принудувале да гледаат записи на борци на “Исламска држава” на бојното поле и обезглавување. Казните им вклучувале борба со црево, со електрични кабли или борба со стапалата. Најтешко биле казнети оние чии блиски се членови на курдските Сили за заштита на народот, кои водат тешки борби со “Исламска држава” за контролата над Кобане.

Екстремистите, родум од Сирија, Јордан, Либија, Тунис и Саудиска Арабија, ги натерале децата да им дадат адресите на семејствата и роднините. “Кога ќе го превземем Кобане, ќе ги фатиме и ќе ги исколиме” ветиле џихадистите.

“Понекогаш си наоѓаа изговори за да ни тепаат без причина. Не тераа да учиме стихови од Коранот и ги тепаа оние кои не успеваа да ги научат”, раскажува еден од момците. Не им била соопштена причината за нивното ослободување, освен дека религиозната едукација е завршена. Не е познато дали Курдите имаат склучено договор да ги трампаат за заробени џихадисти, наведува АП.
http://lokalno.mk/kidnapiranite-kurdski-deca-gledale-obezglavuvanje-minale-religiozno-uchenje/
[DOUBLEPOST=1415143381][/DOUBLEPOST]Над 300 Сунити егзекутирани од Исламската држава



Џихадистите на Исламската држава убиле над 300 членови на сунитски племиња изминативе денови, соопшти владата на Ирак.

Според Министерството за човекови права на Ирак, помеѓу ликвидираните 322 има и жени и деца. Убиените припаѓале на Албу Нимр племето, познато по наклонетоста за борба.

Пентагон објави дека засега ги немаат потврдено брoјките, но немаат причина да се сомневаат во нив.

Последниот инцидент беше во саботата, кога 75 членови на племето Албу Нимр беа киднапирани и ладнокрвно убиени.

- Не сме изненадени од нивното дејствување, објаснува за CNN старешниата на племето. „Нивните лидери им даваат наредби да ги убијат сите од нашето племе бидејќи се бориме против ИСИЛ“.

Во саботните егзекуции, девет деца и шест жени беа убиени. Пентагон ги осуди акциите на џихадистите од Исламската држава.

- Ова потврдува уште еднаш дека ИД не претставува ништо друго туку насочена идеологија, и мора да работиме со сите коалициони партнери како би ги поразиле овие терористи, вели претставник на Пентагон.

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=17827

[DOUBLEPOST=1415143590][/DOUBLEPOST]Сиднеј: Извикале „ИД ќе живее вечно!“ и му пукале во глава

Пред шиитската џамија во Сиднеј во Австралија е извршен вооружен напад во кој една личност е ранета во глава.


Aгенцијата „Анадолу“ јавува дека 47-годишниот Ресул Ел-Мусави бил ранет откако поминувал покрај џамијата во местото Гринеикр во Сиднеј.

Ел-Мусави е ранет во пределот на главата кога непозната личност пукала во него од возило во движење.

Извори од болницата соопштија дека ранетиот не е во животна опасност, додека пак полицијата во Сиднеј се уште не ги знае мотивите за нападот.

Очевидците кој сакал да остане анонимен изјавил дека лицата кои го управувале возилото извикувале „ИД ќе живее вечно“.
http://kurir.mk/svet/vesti/177347-Sidnej-Izvikale-ID-ke-zivee-vecno-i-mu-pukale-vo-glava
[DOUBLEPOST=1415144400][/DOUBLEPOST]НОВИОТ ЛИДЕР НА АЛБАНЦИТЕ ВО ИСИЛ БАРА ПРЕСМЕТКА

РИДВАН ХАЌИФИ ГИ ПОВИКУВА ЏИХА ДИСТИТЕ ОД KОСОВО, АЛБАНИЈА И ОД МАКЕДОНИЈА ДА ГИ УБИВААТ ПРЕДАВНИЦИТЕ




Да се ликвидираат предавниците, односно сите оние што биле инволвирани во ослободувањето на малиот Ерион Зена од Сирија, е наредбата што ја издал новиот лидер на албанските џихадисти, поранешниот косовски имам Ридван Хаќифи (24), до своите приврзаници во Сирија и Ирак, како и до поддржувачите во Kосово, Албанија и во Македонија. Приштинскиот весник „Експрес“ објави дека наредбата била распределена преку затворени групи на социјалните мрежи, а што е нова пракса на комуникација на џихадистите. Предавниците тој ги нарекува „мурдити“, термин за поранешни муслимани.

- Она што тие го посакуваат е јасно: да се убијат мурдитите (збор што значи поранешни муслимани) веднаш откако ќе ја напуштат верата, пред с`, секој што помогнал во акцијата за враќање на Ерион - наведува „Експрес“.

Станува збор за лица што помогнале во враќањето на осумгодишниот Ерион Зена кого од Kосово во Сирија, без знаење на мајка му, го однесе таткото Арбен Зена. Неодамна детето ~ беше вратено на мајката. Меѓу поранешните муслимани на острел е и џихадистот Фитим Ладровци од Дреница, кој подолг период е на боиштата во Сирија. Хаќифи сега ја бара неговата глава зашто смета дека е директно вклучен во тајната акција за враќање на детето кај неговата мајка на Kосово. Според извори на „Експрес“, Ладровци не бил вмешан во оваа акција зашто не бил активен во подрачјето каде што е пронајдено детето. Успехот за враќањето на детето ~ се препишува на косовската тајна служба, која тоа го сторила во соработка со странски служби.

Инаку, новиот лидер на албанските џихасти во ИСИЛ, Хаќифи (24), е имам од Гнилане, подолго војувал во Сирија, а доаѓа на местото на Лавдрим Мухаџери (25) од Kачаник и бил еден од неговите најблиски соработници.

Ова, всушност, е прва потврда од самите џихадисти дека имаат нов лидер што индиректно ја потврдува веста дека Мухаџери е убиен. Kурдската телевизија во средината на август емитуваше вест дека Мухаџери е убиен, по што арапските медиуми објавија и фотографии на изрешетен маж, кој многу личи на Мухаџери. Неговите соборци на социјалните мрежи ја негираа веста.

„Kомандантот на Албанците во ИДИЛ, Ридван Хаќифи, кој го замени терористичкиот командант Лавдрим Мухаџери, е имам на Исламската заедница на Kосово - пишува приштински „Експрес“.

Ликот на новиот командант на албанските џихадисти е познат и по тоа што се појавува на сликата со Мухаџери кога тие ги кинат македонските и косовските пасоши.

ПРИШТИНСКИОТ ИМАМ ШЕФЌЕТ KРАСНИЌИ СЕ ИСПАЗАРИЛ ЗА СЛОБОДА?

Дали куќниот притвор што го добил неодамна притворениот главен приштински имам Шефќет Kрасниќи се должи на неговата улога во ослободувањето на малиот Ерион, е прашањето што деновиве јавно е поставено во косовските медиуми. Дризан Шаља од приштинскиот Форум за безбедност и разузнавање јавно ја постави оваа дилема откако Kрасниќи, кој се сомничи за врска со џихадистите, беше префрлен дома, а истиот ден се случи враќањето на детето. Kрасниќи двапати беше приведен и с` уште нема обвинение против него.

Од друга страна, имамот од Пеќ, Енес Гога, кој беше приведен на 17 септември, па ослободен на 2 октомври, од притвор го обвини Kрасниќи за дволичност бидејќи порано повикувал на протести за Сирија.

Гога е познат по своите остри ставови против сите тие што тој ги нарекува неверници, во своите проповеди се карактеризира за омразата кон шиитите и зборува со страст за уништување на израелската држава.

Инаку, родителите на бомбашот-самоубиец Блерим Хета од Kосово, кој уби 52 луѓе, тогаш ги обвинија Беќир Халими, вработен во ИВЗ на РМ, и имамот Омер Бајрами, син на познатиот имам на централната Султанмуратова џамија во Скопје, Зеќерија Бајрами, дека имале влијание врз него.


http://dnevnik.mk/?ItemID=8F607ECA4003FC48960E422202EB14DF
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom