Верски вести III

Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Џамијата Даљегошта повторно отворена за ибадет


Џамијата која беше срушена од страна на Србите, повторно отворена за ибадет
Во рамките на активностите кои беа одржани по повод 19 годишнината од масакрот во Сребреница каде што брутално беа убиени околу 8 илјади Бошњаци муслимани, а која трагедија се прифаќа за една од најголемите човечки трагедии по Втората светска војна во Европа, џамијата која што беше урната од страна на Србите, вчера повторно беше отворена за ибадет.
Обновата и реставрацијата на џамијата Даљегошта беше завршена со помошта собрана од страна на Бошњаците кои живеат во странство.
За обновата на џамијата која беше отворена со извикување текбири и читање молитви, беа потрошени 100 илјади евра. Покрај објектот на џамијата, беа уредени чешмата, турбето, абдестханата, куќата на имамот и авлијата на џамијата.
Претседателот на одборот за обнова и изградба на џамијата Даљегошта, Сенахид Хоџиќ рече дека ова е петта џамија која во последните 400 години беше обновена и пуштена во употреба на истиот простор каде што се наоѓа.
Хоџиќ рече дека џамијата има една долгогодишна традиција која ја продолжува, а тоа е дека имамите на џамијата го носат премизето Хоџиќ. Пред уривањето во 1992 година, последен имам на џамијата беше татко му Салих Хоџиќ, рече Сенахид Хоџиќ.
Во војната во Босна, 670 жители на Даљегошта беа протерани од родниот крајhttp://www.trt.net.tr/makedonski/регион/2014/08/03/џамијата-даљегошта-повторно-отворена-за-ибадет-55727
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
ЦРНА РУЖА, САТАНСКИ ВОЈВОДИ: ОПАСНИ СЕКТИ ЗАВЕДУВААТ ДЕЦА ВО МАКЕДОНИЈА
Црна ружа, Црни шкорпиони, Сатански војводи, Сатански витези се само неколку имиња од 20-те најмасовни секти во светот, а во регионов се присутни најмалку 15. Преку Фејсбук, Твитер и други социјални мрежи, како и со бесплатни курсеви за странски јазици, патувања во странство и акции кои, наводно, се со хуманитарна цел се врбуваат младинци од 12 до 20 години.
Ова неодамна го потврдија српските медиуми, кои објавија дека таму делуваат најмалку 150 различни секти, чија примарна цел им се децата, што е податок кој не засега и нас.
За жал, во Македонија нема регистар на вакви организации и здруженија, но јавна тајна е дека тие се тука околу нас, вели директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

-Сите сме сведоци дека постојат групи кои под превезот на религијата ги заведуваат луѓето и потоа ги злоупотребуваат на разни начини. Тие имаат и своја целна група. Најчесто се тоа од социјални семејства и ранливата категорија граѓани кои ги придобиваат најпрвин со материјални добра, но за возврат, освен послушност и учество во ритуалите, бараат јака мисионерска активност и нови членови. Се разбира, сите знаеме дека кај нив лесно се влегува, но многу тешко се излегува, појаснува Божиновска.


Момче чија сестра во еден момент почнала да се однесува чудно го нашол нејзиниот дневник и дознал дека новите пријатели ја поканиле на Црна миса. На родителите им објаснил дека нивната ќерка е следбеник на една од најопасните секти, Црна ружа. Додека тимот ја следел девојката, нејзините родители се договориле со роднини од Црна Гора извесно време да се пресели кај нив. Бидејки девојката станала дел од сектата по убедување на нејзиното момче, детективот собрал доволно информации за него и испратил девојка од тимот да го заведе. Покрај останатото, наместиле и состанок меѓу детективката и момчето, но сето тоа пред очи на девојката, која бесна од глетката, побегнала дома, а тоа било доволна причина за да успеат да ја испратат во Црна Гора. Девојката заминала, а детективскиот тим во нејзино име испраќал пораки до момчето во кои пишувале дека повеќе не сака да го види. По три месеци девојката успеала да го заборави и да се откаже од сектата во која била дел.Но, првиот месец по отселувањето родителите пред нивната куќа секој ден наоѓале мртви животни и свеќи.
[DOUBLEPOST=1410367502][/DOUBLEPOST]|
Бигорски манастир го одбележува патронот


Познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, познат како Бигорски манастир, го одбележува Отсекување на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител Господов Јован.

Како што информираат од Бигорскиот манастир, во свештената Бигорска обител вечер ќе се отслужи празнична вечерна богослужба, која ќе почне во 18 часот. Утре, на денот на патронот, во 7 часот ќе започне утрената богослужба а во 8.30 часот ќе започне божествената архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува митрополитот дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение со уште двајца архијереи од МПЦ-ОА.

- На торжествената манастирска слава се покануваат сите православни верници од краиштата на нашата богочувана татковина, а особено од полошко-реканскиот крај, кои сакаат заедно со нашето монашко братство молитвено да го прослават споменот на Св. Јован Крстител и кои негуваат почит и љубов кон неговото славно Бигорско светилиште, стои во поканата од Бигорското братство.

Традиционлано, по повод патронот во Бигорскиот манастир, престојуваат повеќе стотици верници од сите делови на државава, кои овде доаѓаат неколку дена пред празникот, но најмногу вечерва и утре.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Сакам сите да се муслимани и да го задоволат Алах!

На 30 километри од Хрватска, во селото Горна Маоча во БиХ се населуваат вахабисти. Во ова село живеат околу 20 семејства кои потполно се отсечени од светот.

Во текот на целиот ден и навечер има патроли кои ги легитимираат жителите, а она што е интересно е дека кога ќе влезете во селото немате мрежа на мобилниот телефон.

Меѓу вахабистите се наоѓа и Фикрет Зукиќ кој минатата недела е уапсен во полициската станица во Дамаск, чии синови моментално се наоѓаат во Сирија и се борат на страната на ИСИЛ.

- Доколку било кој од синовите умре како џихад, тој нема да биде прашуван за гревови. Така Алах наложи, да се биде таму без притоа да се поставуваат прашања. Значи доколку нешто им се случи, тоа би било во присуство на Алах. Доколку загинат, нема да ги жалиме, бидејќи веруваме дека тоа е желба на Алах, изјавил Фикрет за новинарската екипа на Проверено, на која им се насмеала среќата да успеат да влезат во селото.

Со Проверено разговарал и Јасмин Муштајбашиќ кој е уапсен по пукањето во американската амбасада под обвинение дека е соработник на Мевлудин Јашаревиќ.

- Поради ова што сум сега ја оставив куќата, станот и кариерата. Се за да бидам муслиман, признал пред камерата притоа истакнувајќи дека се ова вредело.

- Секако дека се исплати. Ова што го направив е пол погодок. Конечно сум среќен. Сакам целиот свет да бидат муслимани и да го задоволат Алах. Сакам целиот свет да бе исламски бидејќи на тој начин ќе имаме среќен свет, додал тој.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Св.Илија“ над вода по 50 години

Камен плоча од потопената црква која датира од 15 век е вградена во новоизградениот објект, на ридот над некогашното село, кој ќе биде осветен во недела (14 септември) на 50-годишницата од напуштањето на родниот крај на глобочичани кои морале да се иселат поради градењето на хидроцентралата „Глобочица".






„Ако сакаш да си го скротиш целиот немир од душата, дојди тука, во оваа припитомена дивина, и за миг од возрасен, си дете“.

Вака македонскиот поет Јован Котески ја доловувал убавината на селото Глобочица, каде што в недела по неколку години изградба и солидарна работа, иницијативниот одбор на Месната заедница „Глобочица“ го најавува свечениот чин на осветување на новоизградената црква „Св.Илија“.

Осветувањето од страна на Владиката Тимотеј ќе се случи во 8 часот, а по повод овој настан, преку целиот ден планирана е и богата културно-уметничка програма за сите пријатели и поддржувачи на иницијативата за возобнување на црквата која датира од 15 век.

Осветувањето на црквата „Св.Илија“ се случува на 50-годишнината од иселувањето од селото Глобочица, кога заради потребите на градењето на хидроцентралата „Глобочица“(1964 година), населението морало да го напушти својот роден крај.

Но спомените не бледнеат. Поранешните жители на ова село, на 20-ина километри од Струга, на патот за Дебар, заедно со своите нови поколенија, млади генерации, одлучуваат да ја возбноват некогашната црква, но и селото кое сега добива нов лик и се вишнее со новоизградените куќарки на ридот над езерото.

„Камен по камен. Напорно, но, некако убаво. Сите го носиме духот на некогашното село“, велат мештаните кои изградија нова животна приказна до која сега се стигнува преку езерото Глобочица.
„Сите некако долго време страдавме дека црквата ни остана потопена. Но, со возобнувавањето, направивме чекор да ја извадиме над вода. Сега, после цели 50 години, е тука“, објаснуваат мештаните.

Новата црква, благодарение на упорноста и посветеноста на селаните, вградена во себе, заедно со крстот, ја носи и камен-плочата од некогашната потопена црква, која била извадена од дното на Глобочичкото езеро од страна на нуркачки тим во мај, 2012 година. Неа и е дадено почесно место во еден од сводовите на новата црква.

Инаку, во длабочините на темната зелена вода се уште стојат остатоци од проголтаната црква „Св.Илија“, која била изградена во „турско“, а чиј крст, велат селаните, понекогаш, кога опаѓа нивото на вештачкото езеро, станува видлив над површината на водата.

Црквата „Св.Илија“ , која во недела ќе биде осветена, се градела благодарение на чувството на роднокрајност, солидарност и хуманост, и пред се, со доброволни донации од селаните. Фрескописот е дело на Петко Филкоски од с.Нерези, а иконостасот на Божин Стојкоски и Кочо Аиноски од Охрид.
Сите гости-намерници во недела, на денот на осветувањето на црквата, до самото место на свечениот чин ќе бидат пренесувани со сплав од страна на жителите на некогашна Глобочица.


За одбележувањето на овој настан, организаторите се потрудија да подготват и интересна и богата програма, која освен гостувањето на играорна група од Вевчани и настап на неколку музички групи, предвидува и неколку изненадувања.

Солидарноста создава нов живот во Глобочица

Преку езерото, жителите на некогашна Глобочица веќе две децении создаваат нов живот во новоизградената населба создавана со бројни работни акции кои на мештаните им го јакнат чувството на заедништво, а на населбата и даваат лик кој плени. Пред повеќе од 20 години тие го обновија и манастирот „Св. Антониј“ до кој води уредена шумска патека.

http://www.mkd.mk/makedonija/svilija-nad-voda-posle-50-godini#1
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
и по некое чудо, не рекоа дека сакаат да владеат со светот и сеуште не дигнеле некоја црква во воздух за време на литургија[DOUBLEPOST=1410636974][/DOUBLEPOST]ЧУДО: ПОЧНАЛ ДА ПЛАЧЕ КРВАВИ СОЛЗИ ДОДЕКА СЕ МОЛЕЛ ПРЕД БОГОРОДИЦА (ВИДЕО)


На Јутјуб е објавено видео од Ридот на прикажувањето во Бијаковиќи каде еден Италијанец одел на молитва и во еден момент почнал да рони крвави солзи стоејќи покрај статуата на Богородица.



Имено Италијанецот одел да се моли со пријателите на ридот во Бијаковиќи и одеднаш почнал да плаце. Меѓутоа она што му течело од очите не биле обични солзи. Тоа биле солзи од крв.

Снимката набрзо е објавена на ЈуТјуб и меѓу жителите на Бијаковиќ и Меѓугорје се прошири со голема брзина.


[DOUBLEPOST=1410637357][/DOUBLEPOST]Уште еден Албанец убиен во Сирија


http://sky.mk/svet/421536-ubien-albanec
[DOUBLEPOST=1410638060][/DOUBLEPOST]Животот на Папата под закана - албански терористи најавија негова егзекуција

http://maxim.mk/zhivotot-na-papata-pod-zakana-albanski-teroristi-najavija-negova-egzekucija
[DOUBLEPOST=1410638121][/DOUBLEPOST]Австрија планира забрана на симболите на Исламска држава

http://www.plusinfo.mk/vest/150586/Avstrija-planira-zabrana-na-simbolite-na-Islamska-drzhava
[DOUBLEPOST=1410638159][/DOUBLEPOST]Забраната на терористичките милиции нема да го пресуши за еден ден исламистичкото мочуриште во Германија

http://lokalno.mk/zabranata-na-teroristichkite-milicii-nema-da-go-presushi-za-eden-den-islamistichkoto-mochurishte-vo-germanija/
[DOUBLEPOST=1410638310][/DOUBLEPOST]Исламската држава ја надмина и Ал Каеда

http://republika.mk/?p=313330
[DOUBLEPOST=1410638442][/DOUBLEPOST]Исповест на таткото на еден џихадист: Вратете го син ми

http://vecer.mk/svet/ispovest-na-tatkoto-na-eden-dzhihadist-vratete-go-sin-mi
[DOUBLEPOST=1410638599][/DOUBLEPOST]„НЕ“ ЗА ИСЛАМОТ

Над 22.000 Чеси потпишале петиција против давање поголеми права на муслиманите

http://www.mkd.mk/svet/vesti/nad-22000-chesi-potpishale-peticija-protiv-davanje-pogolemi-prava-na
[DOUBLEPOST=1410639024][/DOUBLEPOST]Убиен уште еден муџахедин од Македонија
http://vecer.mk/makedonija/ubien-ushte-eden-mudzhahedin-od-makedonija
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
НДМ: ИВЗ да престане да ја вознемирува јавноста
Народно движење за Македонија ги осудува заканите во вчерашното соопштение на Исламската верска заедница за етничко-верска војна, каде и двете страни ќе бројат жртви и дека во 650 џамии на молитва одат 150.000 мажи, кои во секој момент очекуваат наредба, а поради поставување на споменикот на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев познат како Ќосето, бидејќи според ИВЗ тоа било вакавско земјиште на кое во минатото постоела џамијата Јелен Капан.




НДМ ја повикува ИВЗ „да престане во стилот на здодевен вознемирувачки агитатор да ја замајува јавноста, бидејќи, џамиите се изградени на темелите на срушените цркви и на место што со окупација е одземено за време на турското владеење“.



„Да потсетиме, Бурмали џамија е местото каде некогаш постоела црквата Св. Никола, која ја срушиле Османлиите за време на своето владеење, Јајапашината џамија е изградена на местото на црквата Св. Богородица, Мустафапашината џамија на местото на црквата Св. Атанасие, Муратпашината џамија на местото на црквата Св. Ѓоргије Скоропострижник, чии темели и денес се познаваат, а постари скопјани кажуваат дека многу често порано доаѓале на ова место да запалат свеќа, Исакбеговата џамија е на местото на црквата Св Недела“, објаснуваат од НДМ.



Оттаму ги повикуваат надлежните институции, како Управата за заштита на културното наследство, Државниот архив, Институтот за национална историја, МПЦ со своите архиви, како и научната и стручната јавност, да ја кажат вистината за џамиите што се градени на темелите на урнати цркви за време на турското владеење.

На тој начин, сметаат од НДМ, ќе допре вистината и до нашите американски и европски пријатели, бидејќи, во спротивно ИВЗ и понатаму ќе ја искривува вистината пред странците.

„За градење на вистински соживот, добро е ИВЗ да се ослободи од заробениот ум и да ја прифати историската вистина дека сметањето на времето не започнува од Турско, туку многу порано во историјата“, се додава во соопштението на НДМ
http://www.plusinfo.mk/vest/150700/-NDM-IVZ-da-prestane-da-ja-voznemiruva-javnosta

 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Загина малолетна Босанка од Австрија што отишла во џихад

Една од двете малолетни Босанки од Виена што од семејниот дом во Австрија избегаа во Сирија, наводно таму е и убиена.



Австрискиот портал Локал тврди дека една девојка загинала во Сирија, но нема потврда за тоа.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Австрија, Александар Мараковиц, рекол дека и таа институција има таква информација, дека ја проверила, но дека не може целосно да потврди дали е точна.

Меѓутоа, тој додал дека родителите се информирани дека нивната ќерка можеби загинала.

Само ден претходно австрискиот печат пренесе дека Сабина Селимовиќ (15) и Самра Кешиновиќ (16), кои во април минатата година од Виена тргнале во џихад, врбуваат тинејџери од Австрија да им се придружат.



Сабина и Самра на 10 април го напуштиле семејниот дом во Виена, а во прошталната порака до родителите напишале дека одат во Сирија за да се борат за исламот.

Оттогаш нема ни трага од нив, а Интерпол најде слики од две девојки со босанско потекло, израснати во Виена, облечени во бурки и со калашникови во рацете.


Месецов полицијата успеа да спречи две други малолетнички од Грац, кои рекле дека тргнале во џихад, да отпатуваат во Сирија.

Полицијата верува дека Самра и Сабина ги инспирирале двете девојчиња да приклучат во терористичката организација Исламска држава.[DOUBLEPOST=1410863367][/DOUBLEPOST]ТРАЈНО УКИНАТИ

Исламска држава воведува образование без Дарвин, уметност и историја

Новата училишна година во Мосул, градот окупиран од екстремистичката терористичка организација Исламска држава, треба да почне, а според новата програма учениците нема да имаат предмети со кои ќе ги изучуваат уметноста, историјата, книжевноста, ниту пак христијанството, бидејќи таквите предмети се „трајно укинати“, пренесува Еј-би-си.



Исламската држава ги прогласила патриотските песни за „богохулие и наредила одредени фотографии да се искинат од учебниците. Џихадистите го освоија Мосул уште на 10 јуни, а најавија дека училишната година ќе почне на 9 септември, но учениците главно не одат во училиштата.

Лидерот на исламистичката организација, Абу Бакр ал Багдади, уште во својата прва порака од Мосул ја најави визијата на калифатот чиј лидер е токму тој.

Терористичката организација неодамна ја наметнала својата училишна програма во своето упориште во Сирија, во градот Рака, исфрлајќи ги филозофијата и хемијата, а другите предмети ускладувајќи ги со својата муслиманска филозофија.

Сега и во Мосул се воведени новите правила, а соопштенија за тоа се истакнати во џамиите, на бандерите и продавниците. Во Прогласот се објавува „добрата вест на калифот за воспоставување „Училишта за образование на Исламската држава“, која сака да го искорени незнаењето, да ја рашири верската наука и да се бори против застарената школска програма“.

Забранета е и Дарвиновата теорија на еволуцијата, иако таа ни претходно не се изучувала во училиштата во Ирак.


Министерството за образование на Ирак истакнало дека нема никаков контакт со Мосул и со другите градови под окупација на ИС и дека „не знае што се случува таму“.
 
Член од
21 декември 2011
Мислења
430
Поени од реакции
79
(Видео) Во пресрет на новата крстоносна војна Стејт Департментот покрена видео пропагандна кампања со непроверени обвинувања..



(Видео) Во пресрет на новата крстоносна војна САД покрена видео пропагандна кампања со непроверени обвинувања, со која муслиманската ослободителна војна на светот му се прикажува како опасност за човештвото.

Како би ја зајакнала својата позиција на напаѓач на Исламката држава (ИСИЛ), американскиот Стејт Департмент покрена пропагандна капмања против Исламската држава со објавување на видео во кое се прикажуваат снимки на брутални злосторства, а кои Стејт Департментот ги припишува на “ Исламската милитантна група“.

Промотивното видео за кое со основа се претпоставува дека е преставува пропаганден филм во режија на ЦИА, направен е од намонтирани снимки за кои американската влада тврди дека се објавени од страна на припадниците на “Исламската држава“ на социјалните мрежи.



Така на видео снимките се гледаат разни распнувања, поставување на бомби во џамии, камшикување,убивање… а истите како што е кажано му се припишуваат на Исламската држава, иако ИДИЛ никогаш не ја превзел одговорноста за злосторствата кои западот ги наметнал, односно им ги припишува.

Кога ќе се земе во обзир дека британски и други западни агенти се апсени ( и од страна на ирачката полиција) по Ирак и Авганистан, облечени во традиционална исламска облека, во кои и според потврдувањата на сведоци забележани и во терористички акции ( преку кој внесувале раздор помеѓу шиитите и сунитите, поставувајќи бомби еднаш во сунитската а друг час во шиитската џамија), тогаш јасно било дека зад видеоснимките за наводните злосторства кои ги објави Стејт Департментот, не би можело да стои никој друг освен антимуслиманскиот Запад и манипулаторската НАТО Алијансна на која ( како и во случајот со никогаш не пронајденото оружје за масовно убивање на Садам Хусеин) и треба било каков изговор-повод за понатамошна дестабилизација на држави со исламска популација.

Стејт департментот на овој начин се обиде да се “осигура“ од американските муслимани кои и понатаму му се придружуваат на ИДИЛ, односно на нивните повици.

Наиме, неодамна е откриено дека стотина американски државјани им се придружиле на оваа милитантна група.

Пропагандното видео се емитува под слоганот “ Размисли уште еднаш, оддалечи се“. Интересно е и тоа да се забележи дека целиот свет ги осудува наводните злостосртва над американските новинари кои наводно се заклани, иако на објавените фотографии никаде не се забележува дека некој некого коли?! Исто така, ниту еден независен извор не потврдил дека белците на снимките навистина се американски новинари, а не пресоблечени агенти на ЦИА, кои спроведуваат акција за собирање на подршка за нова крстоносна војна.

Покрај тоа, каде исчезна она “најопасната организација на сите времиња“ – Ал-Каида?!

Еве и мал потсетни за авторите на филмот “ муслимански злосторства“







Извор: Боснапресс.[DOUBLEPOST=1410888352][/DOUBLEPOST]Од подрачјето на Западен Балкан на хаџ ова година ќе заминат околу 3.900 особи.






Ова година од подрачјето на Западен Балкан на хаџ ќе отпатуваат околу 3.900 особи. Најмногу верници на хаџ че заминат од Македонија 1.350, Босна и Херцеговина 1.225. Најмалку верници ова година ќе отпатуваат од Црна Горва дури 70, додека заминувањето од Хрватска е откажано заради процедурални причини.

Просечна цена на заминување на хаџ од државите на Западниот Балкан со авион изнесува околу 3.000 евра.

Првата група ќе тргне во сабота на 20.септември, со лет од сараевскиот аеродром, додека преостанатите аџии ќе тргнат со телови на 21 и 22 (по два лета) и на 23. септември.



Како јавува дописникот на Агенцијата Анадолија, од Македонија на хаџ ќе заминат околу 1350 особи. Од нив 750 ќе патуваат со комбинација авион-автобус, додека 600 ќе одат со авион.

Генералниот секретар на Исламската заедница на Македонија Африм Тахири, потврдил дека од Македонија и овој пат заминуваат најмногу аџии, односно лица кои ќе извршат хаџ.

Хаџиите ќе тргнат комбинирано автобус-авио, ќе тргнат на 17 и 18 септември од Скопје со автобус до Истанбул. Од таму со авион ќе продолжат за Аман, во Јордан. И од Аман повторно со автобус ќе продолжат за Саудиска Арабија.

Оние кои директно со авион од Македонија преку Турција (Истанбул) ќе латаат за Саудиска Арабија, ќе тргнат на 26 и 27 септември.

Цената на заминување на хаџ со комбиниран превоз изнесува 2.400 евра, додека со авион 3.200 евра.

Од Србија ова година во светите места Мека и Медина хаџ ќе извршат повеќе од 300 аџии.


Како што е потврдено од двете исламски заедници кои делуваат во Србија, конригентот за овогодинешниот хаџ е пополнет и моментално се извршуваат подготовки за пат.

Од Исламската заедница на Србија, хаџот како петт-а исламска обврска-шарт ќе је извршат вкупно 188 муслимани.






Во организација на Исламската заедница на Косово, оваа година од Косово и Прешевската долина од југот на Србија на хаџ ќе заминат 864 муслимански верници. Тоа представува нешто поголема бројка за разлика од минатата година кога заминаа 800 верници.

За заминување на хаџ, во светите места Мека и Медина, се пријавија и околу 70 верници од Црна Гора.


Мешихатот на Исламската заедница во Хрватска со седиште во Загреб ова година го откажа организирањето за патување на хаџ заради процедурални причини во Саудиска Арабија, изјавил Халид Јасин еден од организаторите на патувањето за хаџ од Хрватска.
http://dubai-portal.com.mk/?p=36226

[/DOUBLEPOST]Франкфурт: Свечено отворена Школа на чесниот Кур`ан.





Синоќа, 12.09.2014 година, после акшам намаз, во просториите на џемаатот на “ Гази Иса-бег“ во Франкфурт, свечено е отворено одделение за Школа на Чесниот Кур`ан.

На свечеснота присуствувала угледна делегација од Мешихатот на ИЗ, на чело со претседателот муфтијата др.Мевлуд-еф Дудчем, а во делегацијата бил и директорот на Школата на Чесниот Кур`ан хафиз Ирфан-еф Малич.
На самиот почеток Кемал-еф.Сејдовиќ, во име на домажинот, ги поселамил присутните и изразил добредојде на делегазијата од Исламската Заедница како и на многубројните присутни џематлии, кои заради љубов кон Кур`анот и со големо восхитување и задоволство го дочекаа моменто во кој и овој дел од дијаспората добива свое одделение за Школа за Кур`ан.





Директорот на Школата на самиот почеток зборувал за важноста и улогата на образовните институции на Исламската заедница, а посебно се осврнал на Школата за Кур`ан и на нејзиниот досегашен развој.



Цитирајќи кур`ански ајет според кој избрани се оние кои Аллах џ.ш, ги почестил со објавата на Кур`анот, тој истакна дека и муслиманите од Санџак и целиот Балкан од сега и диајспората, почестени се со Школата за Кур`ан, низ која може да се научат Аллаховите џ.ш. Зборови, и така да се заработи Неговата милост и наклонетост.

Уважениот муфтија др.Дудиќ во своето обраќање изрази почитување кон Бошњаците во дијаспората кои на различни начини се обидуваат да се организираат како би ја сочувале својата вера и своите деца во верата која израснале и тие,притоа потврдувајќи дека Школата на Кур`анот представува еден од таквите начини.









Посебни честитки упатил до големиот добротворец Ферхан Сејдиќ, кој бил иницијатор и донатор за отварање на едно вакво одделение.

Во продолжение муфтијата ги повика присутните заедно со гостите од Санџак и останатите делови да ги запишат своите деца во оваа школа, и на тој начин да го потикнат нејзиниот развој и со тоа да дадат допринос на овој хаирли проект.

Да потсетиме дека еден ден претходно, муфтијата Дудуќ во овој џемаат оддржа худба на тема “ Халал нафака и садака – успех на нашиот Бошњак“.

Извор: Мешихат.http://dubai-portal.com.mk/?p=36183[DOUBLEPOST=1410888581][/DOUBLEPOST]Сараево: Започна 9-то натпреварување во учење на Кур`ан.







Натпреварувањето во хафиз на Кур`ан и Керим во Босна и Херцеговина, учење на Кур`ан, започна денес во Гази Хусрев-беговата библиотека во Сараево.

Натпреварувањето кое завршува утре со доделување на награди, официјално го отвори реис-л-улема на Исламската зедница на БиХ Хусеин еф Кавазовиќ.


Во обраќањето на присутните Кавазовиќ истакнал дека е многу важно да се знае дека муслиманите во текот на својата историја секогаш спрема Кур`анот искажувале посебни чувства и внимание.

“Кур`ан и Керим е книга која секој муслиман ја носи со себе во срцето и таа секако представува книга која го покажува патот по кој треба да одиме како муслимани. Заради тоа, вниманието кои муслиманите го искажуваат кон Кур`анот- и Керим е секако во секое време важна и битна па и на ваков начин, со организирање на натпреварувања“, појаснил Кавазовиќ.

Според неговите зборови, учеството на младите луѓе на натпреварувањата по учење на Кур`ан е важно и покажива дека младите во БиХ, младите хафизи , покажуваат големо интересирање и дека тоа представува жива традиција на учење на Кур`ан во БиХ.

Натпреварувањето го организира Ријасетот на Исламската заедница во БиХ, заедно со Светската организација за учење на Кур`ан од Џеда-Саудиска Арабија.

Дубаи Портал.

Takmičenje organizuje Rijaset Islamske zajednice u BiH zajedno sa Svjetskom organizacijom za učenje Kur’ana iz Džedde
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Њујорк тајмс: Турција е еден од најголемите извори на борци за Исламската држава

Турција е еден од најзначајните извори за регрутирање странски борци за екстремистичката исламистичка група Исламска држава, пишува денес Њујорк тајмс повикувајќи се на тврдења на турски политичари и медиуми.


http://www.mkd.mk/svet/analizi/njujork-tajms-turcija-e-eden-od-najgolemite-izvori-na-borci-za-islamskata-drzhava[DOUBLEPOST=1410945072][/DOUBLEPOST]Ново предупредување: Џихадистите сакаат да го убијат папата Франциск

http://republika.mk/?p=314628
[DOUBLEPOST=1410945463][/DOUBLEPOST]Му се заканува казна од 10 години затвор: Германија за прв пат суди џихадист од ИСИС со косовско потекло

http://tocka.com.mk/1/137191/mu-se-zakanuva-kazna-od-10-godini-zatvor-germanija-za-prv-pat-sudi-dzihadist-od-isis-so-kosovsko-poteklo[DOUBLEPOST=1410945496][/DOUBLEPOST]„Исламска држава“ без Дарвин, уметност, историја
16.09.2014 12:26

Свет


Новата учебна година во Мосул, град кој е под окупација на екстремистичката војска на организацијата „Исламска држава“, треба да почне, а според новата програма учениците ќе немаат предмети од областа на уметноста, историјата, книжевноста, ниту ќе го изучуваат христијанството, бидејќи тие предмети се „трајно укинати“.

„Исламската држава“ ги прогласи патриотските песни за богохулни и нареди одредени слики да се отстранат од учебниците.

Џихадистите кои го освоија Мосул уште на 10 јуни најавија дека учебната година почнува на 9 септември, но учениците главно не се појавиле во училиштата, што може да се смета за еден вид тивок отпор на родителите.

Лидерот на „Исламската држава“ Абу Бакр ал-Багдади во првата порака во јули ја претстави својата визија за „калифатот“ чијшто водач ќе биде тој.

Таа организација неодамна наметна нова училишна програма и во своето упориште во Сирија, градот Рака, исфрлајќи ги филозофијата и хемијата, а усогласувајќи ги другите предмети со својата идеологија.

Во Мосул се претставени нови правила за училиштата, а огласи за тоа се залепени во џамиите, на бандерите и на продавниците.

Во прогласот се објавуваат „добрите вести на калифот за воспоставување Училишта за образование на Исламската држава кои сакаат да ги искоренат незнаењето, да ја рашират верската наука и да се борат против трулата наставна програма“.

Химните и патриотските песни се прогласени за „богохулни“ и строго се забранети. Донесена е и посебна забрана за Дарвиновата теорија на еволуцијата, иако таа ни порано не се изучуваше во училиштата во Ирак.

Министерството за образование на Ирак наведе дека нема никаков контакт со Мосул и другите градови кои се под окупација на исламистите, и дека „не знае што се случува таму“.


http://okno.mk/node/40858[DOUBLEPOST=1410945933][/DOUBLEPOST]Вахабистите од соседството: – Сакаме цел свет да биде исламски бидејќи тоа е добро за сите!

http://lokalno.mk/vahabistite-od-sosedstvoto-sakame-cel-svet-da-bide-islamski-bidejkji-toa-e-dobro-za-site/
[DOUBLEPOST=1410946226][/DOUBLEPOST]Датум: 16.09.2014, 17:46
ЗАГИНА ЕДНА ОД БОСАНСКИТЕ ТИНЕЈЏЕРКИ ШТО ИЗБЕГАА НА ЏИХАД ВО СИРИЈА



Една од двете босански тинејџерки од Виена, кои на 10 април избегаа во Сирија и се венчаа со џихадисти, загинала во конфликтите во оваа земја, пренесува „Балкан инфо“ повикувајќи се на австриските медиуми.

- Сега за сега с` уште не можеме со сигурност да потврдиме колку ученички го загубиле животот, но родителите на една од нив добиле информации дека детето им загинало - изјавил потпаролот на австриското министерство за внатрешни работи Александар Мараковиц.

На медиумите не им е соопштено дали станува збор за Самра Kешиновиќ (16) или Сабина Селимовиќ (15), пишува салцбуршкиот весник „Салсбургер нахрихтен“. Генералниот директор за јавна безбедност на Австрија, Kонрад Kоглер, ги потврди шпекулациите, истакнувајќи дека не може да ги верифицира.

Само еден ден претходно австрискиот печат пренесе дека Сабина и Самра, кои во април избегаа на џихад, очигледно врбуваат тинејџери од Австрија да им се придружат. Виенски „Kронен цајтунг“ тврдеше во својата статија дека Самра и Сабина редовно „четуваат“ со млади луѓе на платформите на социјалните мрежи, раскажувајќи дека имаат одличен живот на фронтот и величајќи ги убиствата на неверниците. Австриската полиција претпоставува дека Исламската држава ги користи Самра и Сабина за врбување малолетници, но не знае дали тие го прават тоа своеволно или се инструментализирани односно принудени од страна на терористите.

За потсетување, Самра Kешиновиќ и Сабина Селимовиќ побегнаа на 10 април од родителските домови, а во прошталната порака до родителите напишале дека одат во Сирија да се борат за исламот. Од Виена најпрво се упатиле во турскиот град Адана на границата со Сирија. Оттаму ја поминале границата и влегле во Сирија каде што им се приклучиле на џихадистите и оттогаш нема ни трага ни глас од нив. Интерпол најде само две фотографии на девојки со босанско потекло, облечени во бурки и со калашников во рацете.

Според потврдени информации, девојките се омажиле за исламски терористи, а еднаш месечно имале дозвола на кратко да им се јават на родителите. С` уште е сосема нејасно што ги натера двете малолетни Босанки да заминат на џихад, иако е познато дека пред заминувањето се дружеле со млади Чечени и дека ја посетувале џамијата во Вториот виенски округ.

Претходно месецов полицијата во Грац успеа да спречи две малолетнички да отпатуваат на џихад во Сирија, и веруваат дека девојчињата биле инспирирани од Самра и Сабина да ~ се придружат на Исламската држава.

http://dnevnik.mk/?ItemID=75EC06BC70A0F942BE5EFD817846C53C[DOUBLEPOST=1410947071][/DOUBLEPOST]АНАЛИЗА: Аџилак – дали од идеологија порасна во бизнис?

http://a1on.mk/wordpress/archives/383262
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Повторно уапсен имамот на Големата џамија во Приштина
Балкан | среда, 17 септември 2014, 11:42
20


Полицијата на Косово повторно го приведе Шефкет Красниќи, имамот на Големата џамија во Приштина, но и лидерот на партијата ЛИСБА, Фуад Рамиќ.

Во рамки на акцијата уапсени се и имамите Екрем Авдиу од џамијата во населбата „Тавник“ во Косовска Митровица и член на исламската верска зедница на Косово, Енис Рама, имам во „Иса бег“ џамијата во Косовска Митровица и главен уредник во телевизијата “Peace TV’ на албански јазик, како и Енес Гега, имам на џамијата во Пеќ.

Уапсени се под сомнение дека поттикнувале верска омраза и исламски екстремизам, регрутирање и испраќање млади Косовци на боиштата во Сирија и Ирак.

Имамот на големата џамија во Приштина, Красниќи, беше притворен и на почетокот на месецов но по неколкучасовно испрашување беше ослободен.

По конституирањето на новиот косовски Парламент се очекува да биде усвоен законот со кој за учество во туѓи војни Косовците може да добијат затворска казна во траење до 15 години.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
Роухани: Исламската држава сака да го убие човештвото


Иранскиот претседател Хасан Роухани го осуди обезглавувањето на невини луѓе и изјави дека со таквите потези терористите од радикалната сунитска џихадистичка група Исламска држава ги кршат исламските начела. Истовремено, има извештаи дека силите на исламската дражва започнале да се повлекуваат од Сирија пред најавите дека американските сили ќе ги бомбардираат нивните позиции.

„Според исламските начела и култура, убивањето на невини луѓе е еднакво на убивањето на целото човештво и според тоа, убивањето и отсекувањето на главите на невините луѓе е всушност срамота за нив и извор на загриженост и тага за секој човек и за целото човештво“, изјави иранскиот претседател Хасан Роухани во интервју во пресрет на неговото доаѓање следната седмица во Њујорк на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, на којашто, како што се очекува главно ќе се говори за сузбивањето на џихадистичката Исламска држава.

Зборовите на претседателот на шиитската Исламска Република Иран доаѓаат по бруталните обезглавувања на американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф. Минатата седмица се појави уште еден видео материјал на кој беше прикажано отсекувањето на главата на британскиот хуманитарен активист Дејвид Хејнс. Сите тие беа подолг период во заложништво на сунитските радикали откако беа грабнати во Сирија. Според повеќе сведоштва, вакви брутални, како и други видови свирепи масовни и јавни егзекуции, припадниците на Исламската држава практикуваат и врз други нивни заложници или противници, без разлика дали се сунити или шиити.

САД настојуваат да воспостават меѓународна коалиција за борба против исламската милитантна група, а исламскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претходно седмицава изјави дека ја одбил понудата на Вашингтон за разговори за ова прашање.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека досега повеќе од 40 земји ветиле учество на некој начин во коалицијата против Исламската држава. Во очекување е дека Обама многу скоро ќе се сретне со својот тим советници за национална безбедност со кои ќе разговара за состанокот во ОН за Исламската држава.

„Исламската држава започна да ги напушта своите бази и позиции во покраината Деир ал-Езор“, чијшто поголем дел е под контрола на џихадистите од оваа организација, изјавил за AFP Абу Осама, борец од споменатата област.

Џихадистите наводно се повлекуваат од Сирија по заканите на Вашингтон дека ќе ги прошири воздушните удари коишто веќе ги спроведува против Исламската држава во Ирак.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Малолетничка од Скопје заминала во џихад во Сирија

Подоцна било утврдено дека тој ден девојчето заминало на скопскиот аеродром и со пасошот на својата сестра влегла во авион кој од Скопје летал за Истанбул. Невообичаено за неа, тој ден девојката се нашминкала и ја собрала косата за да личи на сликата на пасошот.

По извесно време од ненадејното исчезнување девојчето им пратило преку телефон СМС порака на родителите. Во неа навела дека го напуштила христијанството и преминала во ислам, дека е во Сирија и дека е добра. На родителите им потенцирала да не се грижат за неа.

 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.393
Поени од реакции
84.654
http://tocka.com.mk/1/137404/uapseni-pripadnici-na-isis-vo-sidnej-planirale-da-kidnapiraat-civil-i-da-mu-ja-otsecat-glavata

Уапсени припадници на ИСИС во Сиднеј: Планирале да киднапираат цивил и да му ја отсечат главата!



Уапсените припадници на ИСИС, според полицијата во Сиднеј планирале киднапирање и убиство на случаен минувач. Нивниот лидер е осомничен и за регрутирање на исламисти.


Австралиската полиција во антитерористичка акција утрово уапсила 15 лица кои се осомничени дека се членови на терористичка група која планирала киднапирање на случаен минувач во Сиднеј, за потоа да му ја отсечат главата пред камера.


Во акцијата учествувале повеќе до 800 полицајци. Австралискиот премиер Тони Абот изјавил дека терористичкиот план го направил Австралиец, кој е еден од лидерите на ИСИС во таа земја.


"Барал од потенцијалните терористи да организираат ликвидација со сечење на глава на сред Сиднеј", рекол Абот.


Станува збор за Омарџах Азариј, кој бил уапсен во предградието на Сиднеј и против него било поднесено обвинение за планирање на терористички напад во Австралија.


Тој е осомничен и дека регрутирал голем број австралиски државјани кои сега се борат на страната на исламистите. Антитерористичка акција имало и во Бризбејн, каде што полицијата привела неколку лица, пишува CNN.





[DOUBLEPOST=1411059637][/DOUBLEPOST]Нигерија: Над 50 жени се во заложништво на „Боко Харам“
од НОВА | објавено на: 16-09-2014 12:10:39



Терористи од групата „Боко Харам" зедоа во заложништво - над 50 жени и неколку деца во Северна Нигерија, пренесе ИТАР-ТАСС.

Нападот бил извршен во областите Мичико и Гулак од државата Адамава.Ова е најголемата акција на екстремистите од април годинава, година, кога тие киднапираа повеќе од 200 ученички.

Властите соопштија дека девојките веќе се ослободени. Според очевидци од Мичико во моментов борци на „Боко Харам" држат како заложници неколку стотици локални жители.

Терористичката секта веќе 10 години води борба за создавање на шериатска држава во Северна Нигерија. Во североисточниот дел на земјата порано исчезна авион од борбената авијација со двајца пилоти на одборот, кој извршувал набљудувачки летови над територијата на која се водат вооружени судири меѓу владините сили и борците на исламистичкото обединување.

Истовремено, екстремистите собираат сили во близина на градот Маидугури - центарот на североисточниот држава Борн, каде се формира премногу тешка ситуација.

„Боко Харам" води активна офанзива во која веќе се превземени нови градови и села.
Според набљудувачите, ако Маидугури падне во рацете на терористите, нигериската влада може да ја загуби контролата врз обемниот регион на границата со Камерун, Нигер и Чад.

На крајот на август лидерот на организацијата Абубакар Шекау најави создавање на „исламски калифат" во североисточна Нигерија.

Во последните пет години жртви на теророт, разгоренi од „Боко Харам", станаа над 10 000 лица, посочува агенцијата ИТАР-ТАСС.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209

Kajgana Shop

На врв Bottom