Верски вести III

Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Шест светии ја збогатија бигорската ризница со мошти
Моштите на светите Ирина, Варвара, Екатерина, Јоаким и Ана, Бонифациј и на светиот апостол Лин од вчера се дел од богатата збирка на манастирот Свети Јован Бигорски. Вредниот подарок го донел ѓаконот Рафаил Комерс од Холандија, кој во Бигорски пристигнал во придружба на отец Игор Никовски.


- Тука во молитвената тишина на храмот, пред поставените икони од светиите и пред нивните мошти, браќата и присутните верници ги упатија своите умилни прозби кон премилиот Господ и неговите светии, благодарејќи му што за своите грешни и недостојни чеда приготви таква духовна наслада, што светилиштето сега го стекна и молитвеното застапништво на светите маченички и Богородични придружнички Варвара, Ирина, Екатерина, нејзините свети родители Јоаким и Ана и светите Бонифациј и апостол Лин, чиишто мошти, покрај оние на останатите бројни светии, веќе го облагодатуваат Претечевиот дом - велат монасите од Бигорското братство.

Отец Партениј за ВЕЧЕР изјави дека е бескрајно благодарен што манастирот станува кивот во кој се чуваат мошти од многу светии.

- Моштите се голем благослов и за нашата света обител, но и за целиот наш народ, зашто сега во нашиот манастир верниците ќе имаат можност поклонувајќи се на нивните мошти да испросат благодатна помош од светиите и да го стекнат нивното молитвено застапништво во искушенијата и болестите - вели отец Партениј.

Инаку, во Бигорскиот манастир се сместени и моштите од свети Јован Крстител, апостол Јаков, свети Пантелејмон, свети Естатеј, света Параскева, света Марина и свети Трифун, а под восок е запечатена мала честица од крстот на Господ Исус Христос. Некои од нив се донесени од Цариград уште пред повеќе од еден век како подарок од богати трговци.

За моштите на сите светци монасите велат дека се мироточиви и исцелителни, бидејќи испуштаат свето миро, течност која ја лачи самата коска, а која се собира во памук и се чува како голема светиња.

Кој е дарителот на моштите?



Ѓаконот Рафаил Комерс од Холандија, кој го подари вредниот кивот со моштите, има интересна животна приказна. Од дете родено во семејство на татко католик и мајка протестантка, преку католицизмот завршил во православието.

Тој бил крстен на 12 години како протестант, меѓутоа, големата љубов и почит што уште како мал ја чувствувал кон Богородица го навела да се одврати од протестантизмот и да се запише на Католичкиот теолошки факултет. Првата средба со православието му се случила кога на Велигден присуствувал на богослужбата во православен храм и кога, како што самиот раскажува, помислил дека е во рајот.

Толку силно ја почувствувал благодатта што почнал редовно да оди во православен храм на служба, а набрзо потоа спонтано посакал и да се обрати во православие и го добил новото име Рафаил. Потоа ги прекинал студиите на католичкиот универзитет и се запишал на Православниот теолошки факултет, кој го завршил во 2006 година.

-Некаде тоа време му се јавила голема љубов кон моштите и тој си зел како мисија да ги спасува моштите на светиите кои во западниот свет не се ценеле и да ги подарува во православните храмови. Соработката со нашиот манастир започна пред две години, кога ѓакон Рафаил пристигна во нашата земја со една протестантска група на туристичка посета. Толку голем впечаток му оставиле манастирите и нашите православни светињи што се заветил да дојде повторно и еве, оваа година ни ги донесе и моштите - раскажаа монасите од Бигорскиот манастир за ВЕЧЕР.
http://vecer.mk/makedonija/shest-svetii-ja-zbogatija-bigorskata-riznica-so-moshti
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Живи ги фрлиле во печка поради богохулење






Во Пакистан се уапсени четириесет лица осомничени за убиство на христијански пар, кој бил обвинет за осквернување на Коранот.

Како што соопшти полицијата тие најпрвин ги претепале, а потоа ги фрлиле во врела печка во тулана, во која работеле.

Според наводите на медиумите, луѓето од соседните села се собрале кога локалниот мула го прогласил парот за виновен за богохулење, поради што заминале до нивната куќа, ги извлекле надвор, ги претепале и потоа ги фрлиле во печката.

Нападот се случил во местото Кот Рада Кишан, на околу 60 километри од Лахоре, престолнина на Панџаб.

Жртвите се идентификувани како Шајман Биби Урф Шамар и нејзиниот сопруг Саџад Насир Зурја Назир Насир.

Комисијата за човекови права во Пакистан (ХРЦП) соопшти дека парот имал три малолетни деца и дека убиената жена била бремена.

-ХРЦП нема зборови со кои ќе го изрази шокот и тагата поради ладнокрвното убиство на брачниот пар и нивното неродено дете- се наведува во соопштението.

Според пакистанскиот закон богохулењето и осквернувањето на Коранот се казнува со смрт или доживотна робија.

Организациите за човекови права веќе одамна бараат итно укинување на овој закон, со образложение дека тој доведува до дискриминација, прогони и убиства. Тој често се користи за лична одмазда, а обвинетите се на мета на револтирана маса луѓе.

http://a1on.mk/wordpress/archives/406332
[DOUBLEPOST=1415373792][/DOUBLEPOST]
ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО 21 ВЕК
Во џамиите на Ирак се објавуваат огласи за продажба на христијани


http://vecer.mk/svet/vo-dzhamiite-na-irak-se-objavuvaat-oglasi-za-prodazhba-na-hristijani


Во џамиите на Ирак се шират рекламни огласи за продажба на христијани.


„Од 30 до 40 годишни – 35 илјади динари, од 10 до 20 годишен - 150 илјади динари, за 6 годишни - 200 илјади. На еден човек може да му се продадат најмногу три робови"

Вака гласи огласот кој го пренесе раководителот на меѓународниот оддел на Императорското православно палестинско здружение, Олег Фомин, на прес конференцијата во Москва.

Фомин ја повика меѓународната јавност да реагира на ваквите факти „зашто сме 21 век".



http://www.kurir.mk/svet/vesti/177832-Irak-Vo-dzamiite-se-objavuvaat-oglasi-za-prodazba-na-hristijani?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+kurir/svet+(Курир+-+Свет)


 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
УШТЕ ДВЕ МАЛОЛЕТНИЧКИ ОД ВИЕНА ЗАМИНАЛЕ ВО ИД?

http://dnevnik.mk/?ItemID=C8D7599A92829C4C94177379288121EA[DOUBLEPOST=1415578504][/DOUBLEPOST]ГЕБЕЛС НА ЏИХАДОТ

Популарноста на овој рапер е тајното оружје на исламистите на ИСИС

http://www.mkd.mk/svet/vesti/popularnosta-na-ovoj-raper-e-tajnoto-oruzhje-na-islamistite-na-isis



Шпигел:Германската десница и исламот

http://lokalno.mk/shpigelgermanskata-desnica-islamot/

[DOUBLEPOST=1415578558][/DOUBLEPOST]Сиријци ги надмудрија џихадистите – борба со труење со храна

http://faktor.mk/archives/130955?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=sirijci-gi-nadmudrija-dzihadistite-borba-so-truenje-so-hrana
[DOUBLEPOST=1415578620][/DOUBLEPOST]Џихадисти сакале со нож да ја убијат кралицата Елизабета II

http://lokalno.mk/dzhihadisti-sakale-nozh-da-ja-ubijat-kralicata-elizabeta-ii/
[DOUBLEPOST=1415579410][/DOUBLEPOST]Неопходни се донации за возобновување на „Св. Спас“ во Владимирово

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=84820#.VGAGiTTF-Qw
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
“Исламска држава” кон Русите: Братушки, дојдете да режемe глави!

“Исламска држава” шири видеоповик на досега непознат словенски член на терористичката група, Абу Мохамед ар Руси, пишува “Независимаја газета”. Во петминутното обраќање на руски јазик џихадистот ги повикува истомислениците да се преселат во Сирија и Ирак.



Масовните убиства извршени под знамињата на “Исламска држава” радикалот ги објаснува со примерот на пророкот Мухамед, за кого тврди дека се справил на тој начин со 700 Евреи кои живееле во предградието на Медина. Во своето обраќање пред следбениците на радикалниот ислам, рускиот џихадист, чие вистинско име засега е непозната,повикува на помош за “Исламска држава” верски долг на правоверните. “Мора да сфатите дека хиџрата (егзодус) – тоа е долг. Ако земете која и да е книга за исламот, тогаш таму ќе прочитате дека треба да извршите хиџра од земјата на кафирите (неверниците) во земјата на исламот. Не ја напуштаме … Придружете се на “Исламска држава”, придружете се кон своите браќа “, повикува ар Руси. За џихадисто убивањето и сешењењто глави е ислам и тврди дека обвинувањата против нив се , предизвикани од неразбирањето на исламот. Ккако потврда дека тие си тераат свои убедувања тој посочува и како толкуваат и на што се повикуваат – Ако сте читале биографија напишана од Ибн Хишам, таму се вели дека претставникот на Аллах убил 700 луѓе во една битка.Убил 700 луѓе – тоа е нашиот пророк и нашата религија “, аргументира ар Руси.

http://lokalno.mk/islamska-drzhava-kon-rusite-bratushki-dojdete-da-rezheme-glavi/
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Непознати лица вчера пред месџидот во Грчко – арапскиот културен центар во Атина оставиле свинска глава, а на влезот на вратата со црвена боја нацртале крст, јавува Anadolu Agency.

Муслиманите оваа непријатност ја забележале пред џума – намаз. Случајот веднаш е пријавен на полицијата. Муѓутоа, од полициската управа Мосхато во Атина, каде што се наоѓа центарот, во врска со немилиот настан сеуште не е објавено ништо.
Локалните муслимани после оваа случка видно биле вознемирени и загрижени. Муслиманските невладини организации кои делуваат во Атина го осудиле ваквиот немил настан и порачале дека религиската определеност треба да биде слободен избор на секој поединец. Челниците на организациите повикаа на присебност.
Сличен настан во Грција е забележан и минатата година кога непознати лица oставиле свинска глава пред џамијата во Алексанрополис.


www.islamski-centar.org[DOUBLEPOST=1415813921][/DOUBLEPOST]http://dubai-portal.com.mk/?p=38607
 
D

Daedalus

Гостин
Опомена за сите пред казнување. Темава е за вести ко што читате.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Апсење на исламисти во Кина




Кинескиот суд осуди 22 лица на затворски казни меѓу кои и имами, рекавши кои се „екстремисти“ бидејќи на незаконски начин проповедале во регионот Ксинанг, домот на муслиманското малцинство Ујгури.

Според агенцијата „Чајна њуз сервис“, изречени се пресуди со затворски казни во траење од 16 до 22 години за 22 осуденици.

Осудени и мисионери
Се наведува дека покрај имамот на затворска казна се осудени и муслимански мисионери кои обавувале верски активности по што се тргнати од своите позиции, како и лица кои го прекршиле законот за време на обавување на должноста.

Исто така, пренесуваат и дека останатите обвинети за изразување на „расна омраза“ и употребата на „митови“ како мотивација за кршење на законот за започнување на конфликти и подигнување на тензиите.

Светската ујгурска конференција го осуди обвинувањето изнесено против имамот и мисионерите- рекаваши како репресија имаат за цел целосно одзем ање на правата на ујгурскиот народ.

Колективна пресуда
Колективните пресуда станале многу раширена појава во Ксинанг и многу често можат да се видат на телевизиските преноси од судења во судници полни со луѓе.

Организациите за човекови права велат дека колективните судења и пресуди го скратува правото на обвинетите на регуларното судење.

Во септември, судот го осуди на доживотен затвор еден од најистакнатите борци за човекови права во Ујгур во судски процес кој предизвикал критики на Западот меѓу групите за човекови права.


http://netpress.com.mk/apsenje-na-islamisti-vo-kina/

[DOUBLEPOST=1415868119][/DOUBLEPOST]Ликвидирана „Белата вдовица“: Најбараната терористка ја уби руски снајперист во Украина



Британската џихадистка позната под надимакот „Белата вдовица“ е убиена во Украина, тврди руската новинска агенција „Регнум“. Саманта Левтвајт (30) наводно ја убил руски снајперист-доброволец пред две недели, пишува „Мирор“.

Една од најбараните Британки уште минатиот месец се бореше на страната на милитантите на Исламската држава во Сирија, а руските тврдења во овој момент е невозможно да се проверат и потврдат.

Левтвајт беше мажена за Џермејн Линдсај, бомбаш-самоубиец, кој во 2005 година се разнесе во голем терористички напад на лондонската подземна железница, убивајќи притоа 26 недолжни цивили. Таа ја напишти Британија во 2009 година, а поврзана е со бројни злосторства на Блискиот исток и во Африка, вклучувајќи го и крвавиот напад на ал-Шабаб на трговскиот центар во Најроби.

-Една од најбараните терористки на светот, Саманта Левтвајт, која се борела во украинската бригада ја убил снајпер доброволец, пишува во споменатата руска новинска агенција. Според нашите информации, „Белата вдовица“ се борела во бригадата „Аидар“ како снајперист. ја убил доброволец кој од Русија дошол да се бори во Луганск. Рускиот снајперист кој ја убил Британката е уценет на милион долари од страна на украинските тајни служби, наведува агенцијата „Регнум“.

http://republika.mk/?p=343668


:cuc:
[DOUBLEPOST=1415868450][/DOUBLEPOST]Јасер Арафат станал христијанин тврди евангелистички свештеник


Поранешниот палестински лидер Јасер Арафат, пред крајот на својот живот „најверојатно станал христијанин“, тврди неговиот пријател, угледниот евангелистички автор и проповедник, Р.Т. Кендал.

Во интервју за едно британско христијанско списание, Кендал вели дека пријателските односи со Арафат се претвориле во чести посети, при што тие двајцата заеднички се молеле.

Кендал открива дека Арафат плачел „како мало дете“, додека со него го гледале филмот на Мел Гибсон „Страста на Исус Христос“, посебно трогнат од сцените на мачењето и распнувањето на крстот. Притоа го прашувал за тоа како може да се стане христијанин.

Евангелистичкиот свештеник не е уверен дека Арафат успеал да биде „спасен“, но верува дека се преобратил во христијанин.

- Ние двајцата се молевме заедно, му направив помазание и му дадов молитва за спас на душата, затоа и не би се изненадил ако се сретнеме давјцата во рајот, вели Кендал, кој попотекло е Американец и е поранешен свештеник во Капелата Вестминстер во Лондон.

Кендал верува дека лидерот на Палестинците и на Фатах на крајот од животот се преобразил во христијанин, затоа што забележал дека секогаш го пречекувал со радост и го испраќал од својот кабинет на Западниот Брег, долго и цврсти стискајќи ја неговата рака.

http://a1on.mk/wordpress/archives/408956
[DOUBLEPOST=1415868513][/DOUBLEPOST]Апсења на исламисти во Германија




Германската полиција уапсила деветмина мажи осомничени дека ги поддржуваат милитатните исламистички групи во Сирија и извршила претреси на неколку куќи и станови во една од најголемите акции против исламистите во Германија,објави во средата германското обвинителство.



Во големата операција изведена во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија биле ангажирани повеќе од 240 германски полицајци.

Педесет иосумгодишниот Мирза Тамор Б. бил уапсени под сомнение дека прокриумчарил двајца милитанти од Германија во Сирија, додека 31-годишниот Германец Каис Б.О. под сомневање дека регрутирал тројца потенцијални џихадисти и им помогнал да заминат во Сирија, соопшти германскиот државен обвинител.

Осомничени се, исто така, дека испратиле повеќе од три илјади евра како помош за Исламската држава и на други радикални групи.

Според обвинителството во Келн, уште седум германски државјани на возраст меѓу 22 и 35 години се уапсени под сомневање дека краделе по цркви и училишта за да собираат пари за исламистите.

Полицијата извршила претреси во неколку десетици куќи и станови во неколку германски градови и се истражуваат уште 20 осомничени припадници на салафитите, приврзаници на крајно конзервативниот ислам кои се сомничат дека се дел од исламистичката мрежа Некои од осомничените се под истрага дека набавувале лажни пасоши за потенцијалните џихадисти кои сакале да заминат на боиштето во Сирија.

Германските власти проценуваат дека досега најмалку 450 лица заминале од Германија во Сирија, а околу 150 од нив се вратиле. Повеќето од нив се ставени под истрага.

Според Федералната служба за кривични дела на Германија (BKA), околу илјада луѓе во земјата се сметаат за активни поддржувачи на тероризмот, а 230 од нив во перспектива може да извршат терористички чин на германската територија.

На 18-ти октомври во Ахен, исто така во Северна Рајна-Вестфалија, биле приведени двајца осомничени членови на терористичките групи Исламска држава и Ахрар ал-Шам.

Берлин во последните месеци вложува големи напори за контрола на поврзаноста на локалните муслимани со терористите во Ирак и во Сирија. Според Ханс-Георг Маасен, шеф на Сојузната канцеларија за заштита на Уставот, која ја контролира работата на разузнавачките служби, смета исто така дека од почетокот на судирите во Сирија од март 2011 година „неколку стотици“ германски државјани зеле учество во борбите на страната на радикалните групи.

Според податоците на безбедносните служби, 10 отсто од оние германски државјани коишто заминале на боиштата во Ирак и во Сирија потекнуваат од христијански семејства и веднаш влегле во сферата на влијание на радикалните исламисти

http://makfax.com.mk/svet/evropa/apsenja-na-islamisti-vo-germanija[DOUBLEPOST=1415868621][/DOUBLEPOST]Босанските муслимани против радикалните салафисти
Имиџот на исламот во светот никогаш не бил полош. По судирот меѓу хулиганите и полицијата во Келн, неодамна повеќе илјади муслимани во Германија демонстрираа против омраза и насилство, меѓу нив и босанските.


Муслиманите во Германија се оградија од оние кои убиваат и вршат насилства во име на Алах. Муслиманите од БиХ кои живеат тука се придружија на акцијата.

„Исламската заедница на Бошњаците во Германија го пренесува исламското учење и подучува на основните исламски принципи, како и правилно разбирање на верата, првенствено преку верско образование на децата, но и мерки на образование на возрасните“, вели Един Атлагиќ, претседател на Исламската заедница на Бошњаците во Германија.

Професор Мустафа Хаџиќ, имам во џематот Бон и втор потпретседател во Централниот совет на муслиманите во Германија, истакнува:

„Мислам дека денешните милитантни неосалафисти не се ни салафисти, ни вахабисти, тие припаѓаат под класичниот исламски поим хариџии (буквално, оние кои се отцепиле)“.

„Некоректно е и многу површно поврзувањето на исламот со насилство, тероризам и екстремизам. Изворите на исламот на ниедна страница и во ниеден ред не повикуваат на зло, насилство и терор, напротив. Ние во Исламската заедница, но и муслиманите воопшто, малку сме уморни правдајќи се за туѓи гревови и туѓи зла“, вели Атлагиќ.

Муслиманите во Германија и во Европа многу би можеле да научат од босанскохерцеговските муслимани, изјави професор д-р Булент Укар, шеф на катедрата за исламска религиска педагогија на Универзиттеот во Оснабрик во едно интервју за Дојче веле, појаснувајќи:


Од терористичките напади на 11 септември 2001 година, многумина ги поврзуваат муслиманите со екстремизам

„Автентичната исламска теологија, која се применува во БиХ, е најдобар пример на она што ни треба во Германија. Мислам дека во БиХ се автентични муслиманите и исламската теологија која ја почитува традицијата и демократијата. На таков начин мора да се развива и исламската теологија во Германија“.

„Бошњаците како автохтони европски муслимани врз основа на своето 600-годишно искуство во мултикултурен и мултирелигиозен соживот, повеќе со своите дела во базата, отколку со теоретски политички настапи во медиумите и различни форуми, докажуваат дека исламот е вера на мир и соживот. Неспорно е дека има муслимани склони кон екстремизам и насилство, како и кај припадниците на другите религии и идеолошки правци, но тие се малцинство. Мислам дека мнозинството муслимани мора почесто и посилно да го крева гласот против насилството, геноцидот и варварството во име на исламот и муслиманите“, вели професор Хаџиќ, асистент и докторант во Центарот за исламска теологија на Универзитетот во Минстер.

Според зборовите на Един Атлагиќ, апсолутно мнозинство на муслиманите на различни начини даваат придонес кон пошироката општествена заедница.

„Во оваа држава живеат неколку милиони муслимани. Тие првенствено се лојални и вредни граѓани, вработени, даночни обврзници, студенти и ученици, одговорни родители кои водат сметка за воспитувањето и образованието на своите деца. На таков начин тие себе си и на децата им обезбедуваат перспектива и придонесуваат кон просперитетот на општеството. Тој факт за жал често се потиснува“, вели Атлагиќ.

Хаџиќ наведува: „Ако обликуваме профил на радикален салафист, ќе видиме дека во 99 проценти од случаите се работи за лица кои не минале процес на исламска едукација низ официјалните институции на Исламската заедница, без оглед дали се работи за матични муслимански земји или за нашата дијаспора“.

Експертите го истакнуваат значењето на образованието во радикализацијата на муслиманите, посебно младите. Недостигот од образование води до тешка социјално-економска положба и недоволно перспективи, поради што личности од ова милје често се лесен плен за екстремистичките организации и сомнителни мисионери.


Един Атлагиќ

„Исламската заедница на Бошњаците во Германија е свесна за својата одговорност и одлучна е благовремено да се дистанцира од секоја активност спротивна на правниот поредок во Германија, која не‘ загрозува и нас самите“, вели Атлагиќ, наведувајќи дека ни џематот на неговата организација не се имуни на обиди на разни радикални групи тука да пуштат корени.

„Успешно се соочувавме со такви појави. Во тек се процеси на натамошно јакнење на организациската структура и подобра интеграција на нашата организација во Германија, што сигурно ќе понуди уште поквалитетни превентивни механизми по овие и други прашања“, вели Атлагиќ. Професор Хаџиќ истакнува дека имамите со сила на аргументите на цивилизиран начин ги осуетиле таквите обиди, укажувајќи и на нешто друго:

„Морам да бидам искрен и да истакнам дека соработката со властите има само формален карактер, дека нема доволно искрени намери и подготвеност муслиманите и исламските заедници да се прифатат како партнери во наоѓањето решенија за актуелните предизвици и проблеми. Нас често не‘ користат како ’брош’ кој само по потреба се става на облеката“, вели Хаџиќ.



http://www.dw.de/босанските-муслимани-против-радикалните-салафисти/a-18058027?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss[DOUBLEPOST=1415868796][/DOUBLEPOST]ТЕЛОХРАНИТЕЛ НА ОЗЛОГЛАСЕН ЏИХАДИСТ СВЕДОЧИ
Ги наредија синовите по висина и ги обезглавија по тој ред

http://vecer.mk/svet/gi-naredija-sinovite-po-visina-i-gi-obezglavija-po-toj-red
[DOUBLEPOST=1415868931][/DOUBLEPOST]Израелски населеници запалија џамија во близина на Рамала

Една џамија била опожарена синоќа од страна на израелски населеници во селото Ал Мугаир, во близина на градот Рамала на Западниот Брег, соопштија палестинските безбедносни служби.



Тие го запалиле првиот кат на џамијата во селото, кое се наоѓа во близина на израелската населба Шило и до патот кој го користат жителите.

Пред две години во истото место беше опожарена друга џамија.

http://denesen.mk/web/?p=309543
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Внимавајте: Опасни секти заведуваат деца во Македонија

Црна ружа, Црни шкорпиони, Сатански војводи, Сатански витези се само неколку имиња од 20-те најмасовни секти во светот, а во регионов се присутни најмалку 15. Преку Фејсбук, Твитер и други социјални мрежи, како и со бесплатни курсеви за странски јазици, патувања во странство и акции кои, наводно, се со хуманитарна цел се врбуваат младинци од 12 до 20 години. Ова неодамна го потврдија српските медиуми, кои објавија дека таму делуваат најмалку 150 различни секти, чија примарна цел им се децата, што е податок кој не засега и нас.



За жал, во Македонија нема регистар на вакви организации и здруженија, но јавна тајна е дека тие се тука околу нас, вели директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска. -Сите сме сведоци дека постојат групи кои под превезот на религијата ги заведуваат луѓето и потоа ги злоупотребуваат на разни начини. Тие имаат и своја целна група. Најчесто се тоа од социјални семејства и ранливата категорија граѓани кои ги придобиваат најпрвин со материјални добра, но за возврат, освен послушност и учество во ритуалите, бараат јака мисионерска активност и нови членови. Се разбира, сите знаеме дека кај нив лесно се влегува, но многу тешко се излегува, појаснува Божиновска.
http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1010019286/bnimavajte-opasni-sekti-zaveduvaat-deca-vo-makedonija
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=53951
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.883
Поени од реакции
12.419
Мислам дека и оваа верска вест, иако од пред десетина дена, непотребно е прескокната
Кандидатот за владика на МПЦ брка женски и лудува по кафулиња
„Тој ми кажа само дека прави бизнис-зделки“, бил одговорот кој на неодамнешната синодска седница го дал струмичкиот митрополит Наум кога останатите владици го прашале зошто неговото духовно чедо архимандритот Арсениј почнал да се однесува нецрковно. Освен ова, и за сознанието дека „тој е вратен во Скопје“ струмичкиот владика не знаел што друго да одговори бидејќи од архимандритот кој со години му бил десна рака не добил повеќе одговори зошто веќе не носи мантија, зошто неодамна ја избричил брадата, не учествува во верски обреди, се облекува во фармерки и маички и е редовен гостин во градските кафулиња. Токму ваквото однесување, кое е недостојно за еден архимандрит што е на списокот на кандидати за владици во МПЦ-ОА, мошне им попречило на останатите владици кои побарале да се расчисти неговиот статус и однос кон црквата. Чашата на трпението била прелеана кога некогаш перспективен духовник деновиве објавил фотографија на „Фејсбук“ од едно скопско кафуле на која се гледа дека ја избричил брадата, но ги оставил мустаќите како свој прилог во кампањата за машко здравје која се води во текот на овој месец. Летоска на социјалните мрежи кружеа негови фотографии снимени во Италија како се забавува со повеќе девојки.
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Европските муслимани го напуштаат исламот



Се поголем број европски муслимани го напуштаат исламот и преминуваат во христијанство.


Французот Саид Уиџибу, кој се одрекол од ислам и преминал во евангелиски протестанти, објаснува дека е време и останатите поранешни муслимани да излезат во јавност и да соопштат дека се откажале од исламот.

-Одрекувањето од верата е табу тема во муслиманскиот свет, а сепак во Куранот нема предвидена казна, сепак пророчката традиција повикува на убивање на отпадниците, истакнал Радуан Атија, некогашен имам, кој своето образование го завршил во Саудиска Арабија, а денес е експрет за ислам на Универзиетот на Лијеж.

Голем број на европски муслимани, како што пишува Ел њуз, го напуштаат исламот и преминуваат во христијанство.

Атија потенцира дека една од најголемите причини за напуштање на исламот е исламскиот радикализам и светскиот џихадизам.

Еден инжинер од Белгија, кој сакал да остане неименувам, го напуштил исламот поради тоа што не бил согласен со „целосната контрола“ над животот на луѓето.


-Доста ми е од сепоприсутниот фундаментализам и лицемерен ислам, категоричен е инжинерот. Тој заедно со друга група на луѓе се бори против муслиманската „индоктринација“.

Слични организации постојат во Британија и Германија.

Според некои податоци, во Лондон има 600.000 муслимани од кои 10.000 се откажале од исламот.



http://www.kurir.mk/svet/vesti/179423-Evropskite-muslimani-go-napustaat-islamot?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+kurir/svet+(Курир+-+Свет)


http://maxim.mk/evropskite-muslimani-go-napushtaat-islamot

http://www.time.mk/r/6f51c79b71/609c261a81/
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Сулејман Реџепи: Македонците муслимани се сатански продукт




Постојат Торбеши, а не Македонци-муслимани, кои се ин витро-нација, која ја измислува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ како своја сатанска активност за да создадат нација на антички луѓе и да останат на власт!?

Сублимирано, ваков ригиден став во однос на постоењето на Македонците со исламска вероисповед искажа поглаварот на Исламската верска заедница во земјава, реисот Сулејман Реџепи, во својата колумна објавена и пренесена во неколку албански медиуми, како и на официјалната интернет-страница на ИВЗ.

Во текстот со наслов како „Раѓањето на ин витро-нацијата“ реисот Реџепи, кој од припадниците на други етнички заедници со исламска вероисповед често е обвинуван дека ја „албанизира ИВЗ“, обвинува дека за претопувањето на Торбешите во Македонци-муслимани е ангажирана цела владејачка партија, која дури за тоа формирала и посебен штаб, пишува весникот „Дневник“, пренесува Нетпрес.

- Освен јазикот, кој може да е последица на асимилирачките притисоци, што заедничко би можеле да имаат припадниците на торбешката заедница со славомакедонците или со античките Македонци! Многу малку се на број, дури на прсти можат да се избројат вистински Торбеши, кои би прифатиле да се нарекуваат Македонци. Исто колку што би можело да се најде некој Албанец да се нарекува Арап поради исламската вера, или Грк, Србин, Рус поради христијанството – потенцира реисот Реџепи.

Во своето обвинување тој додава дека кај Торбешите во посета одат „мисионери вмровци“ со цел да ги убедат да се изјаснуваат поинаку отколку што се чувствуваат.

- Им нудат работа во администрацијата во замена за нивниот идентитет „Македонци-муслимани“. Имаме информации дека во рамките на Министерството за финансии работи посебен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, кој се занимава со лобирање во торбешките семејства за развој на заедницата на „Македонци-муслимани“. На партијата ~ треба поголем број на „Македонци-муслимани“ за да добиваат гласови од оваа заедница. Така мислат само политичарите што се грижат за бизнис, а не за националните прашања – потенцира тој.

Ваквите ставови на реисот вчера остро ги осуди Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија. Тој предупредува дека целта на ваквите тврдења, како и на оние што се појавуваа и порано, е да се расцепи македонската заедница.

- Сето тоа е само една смислена стратегија на ИВЗ со која се сака Македонците-муслимани да се одвојат од своето национално македонско ткиво. Се плашам дека реисот, кој е на чело на верската заедница што се грижи за верскиот живот на муслиманите во земјава, ќе даде налог до своите имами да почнат да држат проповеди дека не постојат Македонци-муслимани, туку само Торбеши. Еден духовник не може така да настапува кога е во прашање нечие национално чувство – потенцира Бојда.

Тој го прашува реисот Реџепи како може да го признава постоењето, на пример, на Албанци-муслимани, католици, православни, а не може да сфати дека постојат и Македонци со исламска религија.

- Ако не постојат Македонци-муслимани, туку Торбеши, и Албанците се Торбеши, бидејќи и тие своевремено го примиле исламот. Ова е навреда за сите Македонци, која доаѓа од ИВЗ, која дејствува како канцеларија на политичка партија на албанскиот политички блок – нагласува претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија.

Познато е дека пред три години тогашниот лидер на ПЕИ и пратеник, Фијат Цановски, бараше Торбешите да бидат признаени како посебна етничка заедница во земјава. Барањето тогаш беше Торбешите да бидат запишани во преамбулата на Уставот, да бидат заведени како Торбеши, односно како посебна етничка заедница. Но, ваквиот предлог не беше прифатен, а Цаноски потоа се откажа од политичката активност. Вакво барање беше истакнато и на Првиот торбешки форум.

 

König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
МПЦ ПРОДАДЕ ЛОПАТА ЗА 5.000 ЕВРА
http://telma.mk/vesti/mpc-prodade-lopata-za-5000-evra


Македонската православна црква собра речиси 10.000 евра на аукцијата на која продаде три лопати, претпладнево на поставувањето камен темелник за изградба на црквата „Света Лидија Македонска“ во населбата Ченто. По завршувањето на церемонијата за осветување на камен темелникот, која ја водеше Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, се одржа наддавање, на кое златната лопата, за сума од 5.000 евра, ја купи ктиторот на црквата, Ѓорѓи Вуков. Сребрената лопата достигна цена од 3.000 евра, додека најмногу пари, 1.500 евра, за бронзената лопата понуди градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски. На аукцијата наддаваше и скопскиот градоначалник, Коце Трајановски, но не успеа да купи ниту една од трите понудени лопати. Од МПЦ објаснуваат дека ова е еден од начините за прибирање средства за изградба на православни објекти и дека лицитацијата на лопатите не е во спротивност со ништо. На никого не му е ништо присилно понудено и овие лопати купувачите ќе си ги имаат како спомен за едно време, изјави отец Драги Костадиновски.


 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.434
Поени од реакции
84.787
Реисот Сулејман Реџепи наплатува од Грција и одработува



Коментарот на реисот Сулејман Реџепи самиот по себе дава одговор. Господинот одработува за некои служби. Вакви негови изјави не се малку, човекот не случајно излегува со непризнавање на Македонците муслимани а позади општо како Македонија како нација и јазик и има наплатено добро од некои Грци, коментира за Нетпрес претседателот на Сојузот на Македонци со исламска религија Исмаил Бојда.


Овој коментар на Бојда следи како одговор на изјавата на поглаварот на Исламската верска заедница реисот Сулејман Реџепи, кој во неговиот текст „Раѓањето на ин витро нацијата“ вели:

„Постојат Торбеши, а не Македонци – муслимани, кои се ин витро нација која ја измислува владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ како своја сатанска активност за да создадат нација на антички луѓе и да останат на власт.“

- Ако ние како Македонци со муслиманска вероисповед сме ин-витро породени тогаш сме виделе од Албанците муслимани, они ни се урнекот оти тие порано беа Јаничари но за жал сите Албанци мислат исто како овој кој не ја заслужува титулата поглавар, вели Бојда во коментарот.

Претседателот на Сојузот на Македонци со исламска религија вели дека ако реисот мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ја измислува нацијата Македонци муслимани, тогаш е во голема заблуда.

- Неговиот гнев кон нас како исправни муслимани одани на исламот не му дава од носот подалеку да гледа. Македонците муслимани се припадници во сите политички партии зависи само програмата, ама се Македонци национално. Како што вели и самиот тој,„ ние сите сме Албанци затоа што не врзува јазикот“ и нас не врзува македонскиот јазик, култура, територија, држава по име Македонија, вели Бојда.

На крајот од коментарот Бојда вели дека тој лично и Сојузот не бараат извинување, туку оставка од местото поглавар на ИВЗ и најавуваат дека ќе следи судска разврска за оваа навреда




Преживеав по грешка: "Терористите пукаа во училишниот автобус, мене ме заборавија!"

Бидејќи не сум муслиман, бев меѓу оние кои сакаа да ги убијат, вели наставникот Даглас Очводо.


Го преживеав масакрот во автобусот само затоа што терористите заборавија на мене, рекол наставникот Даглас Очводо.


Тој е единствениот преживеан во нападот на терористите на Ал-Шабаб на училишниот автобус во Кенија, во кој биле убиени 28 лица, пишува Daily Mail.


"Бидејќи не сум муслиман, бев меѓу оние кои сакаа да ги убијат. Еден од нив одеше од левата, а друг од десната страна и пукаа во нас. Јас лежев и ја чекав смртта, кога наеднаш пукањето престана. Претпоставувам дека и двајцата мислеа дека веќе ме убиле", рекол Очводо.


Портпаролот на кенијската полицијата, Ноа Мвавинда, вчера рекол дека исламистите го киднапирале автобусот и ги убиле сите патници кои не се муслимани, односно 28 од нив, пренесуваDaily Mail.


Кенија е мета на напади на сомалиската екстремистичка група Ал-Шабаб, откако пратила свои војници во Сомалија во 2011. година.





[DOUBLEPOST=1416857173][/DOUBLEPOST]Деца учат пукање и убивање на неверници
Понеделник, 24 Ноември 2014 19:32


Џихадистите од ИД во неделата објавија ново шокантно пропагандно видео од детски воен камп во Казахстан, во кој децата се подготвуваат за воениот фронт.


Во кампот децата одат на училиште, учат боречки вештини и како да пукаат со оружје.

Децата ги учат правилата на ИД, нивните уверувања и верувањата дека тие се муџахедини на утрешницата. Иако мали, тие веќе зборуваат дека се спремаат да обезглавуваат неверници и се закануваат дека ќе ги убијат сите кои не ја делат нивната идеологија.

Во училиште ги подучуваат паролите на ИД, шеријатското право и тоа дека западот им го труе мозокот.

Во видеото е прикажана воената обукa низ која поминуваат децата. Сите носат маскирни униформи, а еден покажува колку брзо може да ракува со митралез. Децата се прикажани и во тактички формации, како и во вежбална во која вежбаат боречки вештини. Меѓу нив е и едно момче кое нема повеќе од четири години.

На прашањето што прават и што планираат да работат во иднина, децата велат дека ќе бидат муџахедини и порачуваат дека ќе ги заколат сите неверници.

Се проценува дека на ИД и се приклучиле околу 300 луѓе од Казахстан, од кои половина жени.

(ВИДЕО)
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.434
Поени од реакции
84.787
Ловец на џихадисти: Се спремаат напади во Европа, на случајни минувачи ќе им ги сечат главите

„Ловец на џихадисти“ – одликуваниот белгиски воен ветеран Дмитри Бонтинк, познат по спасувањето на млади луѓе од канџите на Исламска држава, предупредил дека ИС подготвува напади во Европа и дека џихадистичките напади врз цивили се „речиси неизбежни“, пишува Дејли мејл.



Тој тврди дека џихадистите би можеле да напаѓаат цивили по случаен избор – да им ги отсекуваат главите на случајни минувачи на улиците или во преполните трговски центри, но и да организираат бомбашки напади.

„Не претставуваат опасност децата, туку криминаалните умови кои ја предводат Исламска држава и кои никогаш нема да ги видите на нивните видео снимки“, кажал 41-годишниот Бонтинк и додал дека ИС планира да му се одмазди на Западот за воздушните удари и дека ќе го возврати ударот веднаш штом нивните европски ќелии ќе бидат спремни.


Меѓу младите луѓе кои Бонтинк ги спасил од Исламска држава е и неговиот син, 19-годишниот Јејоен кој додека бил во врска со муслиманка се преобратил на ислам и решил да им се придружи на радикалните исламисти во Сирија. Додека бил со џихадистите Јеојен некое време минал и со погубениот американски новинар Џејмс Фоли.


Бонтинк ги обвинува американските и британските власти дека не презеле доволни за да ги ослободат своите државјани. „Премногутајни служби ја пропуштија шансата за спасување на заложниците“, кажал тој.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom