Верски вести III

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Кога вице-премиер (на демек демократска Турција) ќе промовира религиозни морални вредности во стилот: жената не смеела да се смее гласно, не било морално, сигурно според Коранот или некој коментар на истиот, ете како се реагира на тоа во Турција! [линк]

Вакви убави жени, да не се смеат? Ах... Жени, Ве обожавам вакви ! :)

Ми се допаѓа ова, не можам да не прокоментирам!
http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/turkey/10998133/Women-should-not-laugh-out-loud-in-public-Turkeys-deputy-prime-minister-says.html

Веќе неколку познати личности (јас само оваа ја следам но прочитав дека моментално се 4-5 познати жени) кои се приклучија на овој протест преку твитер.

Протестот е феминистички. И целта е повикување на сите жени да ставаат фотографии од себе насмеани или сликани во јавноста.

http://www.telegraph.co.uk/news/worldnews/europe/turkey/11005428/Emma-Watson-joins-protest-against-Turkish-politicians-claim-women-should-not-laugh-out-loud.html
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Француските Евреи масовно се иселуваат во Израел

http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=15887
[DOUBLEPOST=1407108912][/DOUBLEPOST]KОСОВСКИОТ ЏИХАДИСТ СЕ ОГЛАСИ ЗА ОБЕЗГЛАВУВАЊЕТО

МУХАЏЕРИ: ГО НАПРАВИВ ТОА ШТО И ОВK ВО KОСОВО




Лидерот на албанските џихадисти во Сирија, Лавдерим Мухаџери (25), по потекло од Kачаник, Kосово, кој ја згрoзи јавноста со објавените слики на својот фејсбук-профил, на кои се гледа како му ја отсекува главата на млад Сириец, во интервју за весникот „Дита“ вели дека не направил ништо поинакво од она што за време на војната го правеле припадниците на ОВK.

- Мене ме обвинуваат дека сум му ја отсекол главата на еден човек? Јас не направив ништо помалку ниту повеќе од тоа што го направија војниците на ОВK за време на војната. Фотографиите од тие злосторства на ОВK ги поставив на „Фејсбук“ за да ги види целиот свет - вели Мухаџери.

Тој се оправдува дека таква казна предвидува Kуранот за секој што е шпион.

- 19-годишното момче,на кое му ја отсеков главата, беше фатено како шпион, а според Kуранот, за оној што ќе предаде муслиман, предвидена е егзекуција - истакнува Мухаџери и додава дека на ист начин ќе се бори и во Митровица, Kосово.

На неговата изјава за ОВK, здруженијата, кои произлегоа од неа по војната, демантираат објаснувајќи дека ОВK не направила ништо такво и оти нејзината војна била чиста.

По објавувањето на фотографиите, косовската претседателка Арифете Јахјага, истакна дека Kосово во ниеден момент нема да дозволи да стане извор на екстремизам и засолниште на криминалците што поттикнуваат терор и омраза. Таа побара од безбедносните институции да преземат мерки за спречување и борба против заканата од исламски екстремизам. Министерот за внатрешни работи на Kосово, Бајрам Реџепи, пак, побара издавање меѓународна потерница по Мухаџери.

Во меѓувреме Ремзие Сефа, која живее во Шведска, за косовските медиуми изјави дека добила СМС, во која се наведува дека на боиштата во Сирија загинал брат ~. Доколку е точна веста, тој е 15-ти Kосовец што гине таму. Ремзие Сефа, која, како што вели, дошла во Kосово за да ја дознае вистината за братот, го обвини раководството на исламското движење „Башкоху“ дека ги поттикнува младите Kосовци да заминуваат во Сирија.

Водачот на Албанците во Сирија, Мухаџери, на „Фејсбук“ во саботата напиша: „Денес изгубив тројца другари“, но не наведува од кој дел на Балканот се. Официјалната бројка на загинати Албанци од Балканот веќе се искачи на 35. (В.Т.)


http://dnevnik.mk/?ItemID=7C4754A046396040A004284AE27B24B0[DOUBLEPOST=1407109024][/DOUBLEPOST]По шокот – кој ги регрутира сечачите на глави?

http://www.bezpardon.mk/po-shokot-koj-gi-regrutira-sechachite-na-glavi/
[DOUBLEPOST=1407109067][/DOUBLEPOST]Сноуден: насилници од ИДИЛ се финансирани од Израел! (Фото18 +)

http://lokalno.mk/snouden-nasilnici-od-idil-se-finansirani-od-izrael-foto18/
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.322
Од мојот одличен е-весник од кој што собирам информации за „преубавото“ зборување за се што не е православно христијанство, Премин:

Темата што се обработуваше беше мошне актуелна и привлечна за присутните.
Имено, се зборуваше за православниот поглед кон сатанизмот, околтизмот, од кои произлегуваат гатањето, баењето, магепсништвото, астрологијата и источните култови, и како тие појави го афектираат човекот кога не е духовно просветлен или под раководство на духовен отец.

* * *
Особен акцент се стави на тоа дека можноста за комуницирање со духовниот свет навистина може да се оствари, меѓутоа е крајно опасна по животот и душата на човекот, поради тоа што непросветлен од благодатта Божја, тој може да се загуби во сатанската заблуда и да почне да живее опседнат од демонската сила. Способноста за разликување на духовните појави дали доаѓаат од Бога или од сатаната им е дадена само и единствено на просветлените односно светителите.
[линк]
 
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Скандал: Српска секта обучува деца да користат оружје: Со Калашников во име на Бог!

05.08.2014 | 18:47
Извор: Точка
Тоа што до сега сме го гледале на фотографии и сме мислеле дека постои во милитаристички друштва како Русија, Северна Кореја или Кина, сега се појавило и во Србија. Станува збор за "Светолазеревиот Православен младински камп" во близина на Бољевац, каде што децата, меѓу другото, учат и воени вештини. Антифашистичката акција на Нови Сад или АФАНС, побарала од надлежните да реагираат по повод случувањата на кампот.


Како што е наведено на веб страната на кампот, собирањето нема никаква врска со Српската православна црква, туку кампот делува "под благослов на светиот епископ Акакиј" од малку познатата "Српска вистинска православна црква".


АФАНС наведува дека децата во кампот во пештери и шатори играат разни средновековни ритуали со симулација на војна со "калашникови", ножеви и секири.


"Дали родителите кои своите деца ги праќаат во рацете на верските фанатици знаат точно што се случува", велат од АФАНС и бараат од надлежните органи итно да реагираат, бидејќи "сепак станува збор за деца и би било добро јавноста да го погледне тоа место".


Како што е наведено на веб страната на "Светолазеревиот Православен младински камп", право на учество имаат деца од 10 до 18 години, а за учество треба да се плати 30 до 50 евра.







 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Кому му пречат џамиите во Германија?
Во Германија има се повеќе напади на муслиманските верски институции и мнозинството сметаат дека надлежните премногу лесно ги сваќаат инцидентите.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=80743#.U-JmHeOSxXc



Ирачките, сириските и турските Курди во офанзива против џихадистите



http://makfax.com.mk/svet/vesti/irackite-siriskite-i-turskite-kurdi-vo-ofanziva-protiv-dihadistite
[DOUBLEPOST=1407346585][/DOUBLEPOST]На Филипините загрозен историскиот договор за мир со муслиманите


http://24vesti.mk/na-filipinite-zagrozen-istoriskiot-dogovor-za-mir-so-muslimanite
[DOUBLEPOST=1407346725][/DOUBLEPOST]Пропадна примирјето меѓу либанската армија и исламистите на границата со Сирија

http://24vesti.mk/propadna-primirjeto-megju-libanskata-armija-i-islamistite-na-granicata-so-sirija
[DOUBLEPOST=1407346973][/DOUBLEPOST](ФОТО) Фемен со голи гради против исламот

http://brif.mk/?p=161243&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-%d1%84%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%be-%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b8%d0%b2-%d0%b8%d1%81%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%be

kaj i da otvoris vesti da citnes, sekade islamot ima problem so cel svet i megjusebe
[DOUBLEPOST=1407347223][/DOUBLEPOST]Папата стана почесен граѓанин на Тирана

http://24vesti.mk/papata-stana-pochesen-gragjanin-na-tirana
[DOUBLEPOST=1407347384][/DOUBLEPOST]Експертите предупредуваат на присуство на исламски екстремизам во Косово



Приштина и нејзините безбедоносни институции не успеаја да го спречат развојот на екстремните исламски радикални струи на Косово, јави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на изјави на безбедносни аналитичари.

Според нив, безбедоносните институции треба да преземат посебни и сеопфатни мерки за да го спречат екстремизмот на Косово.

Експертите ја советуваат „косовската тајна служба“ да формира посебен сектор, покрај оној за борба против тероризмот, што исклучиво ќе се фокусира на прашањето на екстремизмот.

Познавачот на воените и безбедоносни прашања, Наим Маљоку, за Радио Слободна Европа изјави дека во рамки на секторот за борба против тероризмот треба да се формира „подсектор или директорат што ќе се занимава само со истраги за луѓето кои евентуално би се вклучиле во екстремистички акции“.

Од друга страна, директорот на Центарот за безбедоносни студии, Фљоријан Чехаја, смета дека веќе е добро позната опасноста со која Косово се соочува со исламските радикални групи.

- Ова прашање сега од пониско премина на највисоко ниво на опасност. Мислам дека во тоа потфрли триаголникот полиција-обвинителство-судство, бидејќи не успеаја да го довршат мозаикот за истрагата, рече Чехаја.

Тој смета дека приштинските безбедоносни и правосудни институции имаат индикации и информации дека одредени радикални групации имаат потенцијал за употреба на сила на Косово со крајна цел преземање на власта и затоа советуваат за преземање посебни мерки на внимателност на меѓународниот аеродром во Приштина.



http://www.sitel.com.mk/ekspertite-predupreduvaat-na-prisustvo-na-islamski-ekstremizam-vo-kosovo[DOUBLEPOST=1407347484][/DOUBLEPOST]Забранија предизборен спот на Ердоган поради религиозни симболи

http://lokalno.mk/zabranija-predizboren-spot-na-erdogan-poradi-religiozni-simboli/
[DOUBLEPOST=1407347742][/DOUBLEPOST]ФЕЈСБУК: Македонски државјани симпатизери на џихадистичка група

http://www.telegraf.mk/aktuelno/181475-fejsbuk-makedonski-drzavjani-simpatizeri-na-dzihadisticka-grupa
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Верниците му одадоа почит на заштитникот на Охрид
Колони верници синоќа се слеваа кон храмовите на Македонската православна црква, по повод празникот посветен на Св. Климент охридски Чудотворец и Св. Пантелејмон. Голем дел го посетија духовното светилиште на Плаошник, каде по повод празникот се изнесуваат моштите на Св. Климент.

По повод празникотсиноќа во Св. Климентовиот храм на Плаошник, Св. Пантелејмон, се одржа света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Дебарско - кичевски г. Тимотеј.

Свечено, синоќа, беше и во црквата Св. Богородица Перивлепта, позната во народот и како Стар Св. Климент. Верниците на влезот од црквата беа пречекувани со благослов од свештено лице, палеа свеќи и се молеа за здравје.

Денешниот ден е посветен на Св. Пантелејмон кој бил лекар и исцелител и на кого Св. Климент ја посветил својата црква на Плаошник, а исто така на овој ден го празнуваме и споменот на Св. Климент, најголемиот меѓу учениците на Светите Кирил и Методиј, основачот на најстариот Универзитет, просветител кој писменоста и Христовата вера ги раширил низ Европа.

 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
На Германија ѝ се заканува опасност од „домашните“ џихадисти

http://www.dw.de/на-германија-ѝ-се-заканува-опасност-од-домашните-џихадисти/a-17841188?maca=maz-rss-maz-pol_evropa_timemk-4728-xml-mrss
[DOUBLEPOST=1407625168][/DOUBLEPOST]Језидите и христијаните во Ирак се соочуваат со истребување

http://faktor.mk/archives/118952?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=jezidite-i-hristijanite-vo-irak-se-soochuvaat-so-istrebuvanje


“Исламска држава” се закани дeка ќе го “ослободи” Истанбул




Исламистичките сунитски екстремисти од “Исламска држава” се заканија дека ќе го “ослободат” Истанбул ако Турција не престане да ја запира реката Еуфрат кон Северна Сирија, пишува “Хуриет дејли њуз”.

“Се молам на Аллах неверската влада на Турција да ги преиспита своите одлуки, бидејќи ако не го направи сега, ние ќе го направиме наместо него, ќе го ” ослободиме Истанбул “, рече претставникот на џихадисти Абу Муса.

Во одговор на прашање на новинар дали “Исламска држава” упатува закана кон Турција, Муса одговорил: “Да, тоа е очигледна закана. Ако Турција не ја отвори браната (” Ататурк “, која ги собира водите на Еуфрат – ), Ние ќе го ослободиме Истанбул “.

Потсетуваме дека користењето на водите на реката Еуфрат е прашање за кое се јавува периодично тензии меѓу Турција, Сирија и Ирак од 1970-те години.


http://lokalno.mk/islamska-drzhava-se-zakani-deka-kje-go-oslobodi-istanbul/


 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Трогателно видео: Помагајте, ИСИС убива, се случува геноцид!
Недела, 10 Август 2014 10:21



Една членка на парламентот во Ирак од малцинството Јазици, се онесвести од стрес и страв на говорницата, додека предупредуваше на геноцидот којшто се случува.

Таа изјави низ горки солзи дека нивните мажи и деца ги колат и ги касапат, дека насекаде околу нив се случува геноцид.

Овој трогателен говор кој нема да ве остави рамнодушни се случи на 5 август во парламентот на Ирак.

-Не касапат под закрила на изјавата дека „Нема друг Бог освен Алах“. До сега заклаа 500 мажи и машки деца. Додека зборуваме, се случува геноцид врз Јазидите. Браќа, ве молам тргнете ги на страна политичките несогласувања и застанете со нас како луѓе. Зборувам во име на човештвото. Ве молам спасете не! Умираат деца, стари лица. Нас, жените, не користат како конкубини! Не продаваат на пазар! Не убиваат, не касапат! Цела религија ќе ни ја избришат, изјави таа низ солзи.

Погледнете го целиот говор на следното видео.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Трогателно видео: Помагајте, ИСИС убива, се случува геноцид!
Недела, 10 Август 2014 10:21



Една членка на парламентот во Ирак од малцинството Јазици, се онесвести од стрес и страв на говорницата, додека предупредуваше на геноцидот којшто се случува.

Таа изјави низ горки солзи дека нивните мажи и деца ги колат и ги касапат, дека насекаде околу нив се случува геноцид.

Овој трогателен говор кој нема да ве остави рамнодушни се случи на 5 август во парламентот на Ирак.

-Не касапат под закрила на изјавата дека „Нема друг Бог освен Алах“. До сега заклаа 500 мажи и машки деца. Додека зборуваме, се случува геноцид врз Јазидите. Браќа, ве молам тргнете ги на страна политичките несогласувања и застанете со нас како луѓе. Зборувам во име на човештвото. Ве молам спасете не! Умираат деца, стари лица. Нас, жените, не користат како конкубини! Не продаваат на пазар! Не убиваат, не касапат! Цела религија ќе ни ја избришат, изјави таа низ солзи.

Погледнете го целиот говор на следното видео.
Да се наежиш да заплачеш, што не трпи светов од тој ислам.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
672
Поени од реакции
284
Тоа, според мене не од Исламот, туку од Муслиманите (поголем дел од нив).
Се слагам, а и тие малку останати еден ден ќе мораат да бираат или се со нив или ќе ги нема.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Екстремистите планирале напад на најзначајната косовска културна манифестација


Осомничени исламски екстремисти, кои вчера беа уапсени во голема полициска операција на целата територија на Косово, планирала да изврши напад во Призрен за време на одржувањето на Докуфест, најважната културна косовска манифестација, пишуваат приштинските весници.



Како што наведуваат „Експрес“ и „Блиц“ една од причините поради кои екстремистите ја одбрале баш оваа културна манифестација, е што таа има меѓународен карактер и на неа доаѓаат гости од целиот свет.

Тие со нападот на Докуфест сакале на светот да му го покажат присуство на џихадисти во Косово.


http://denesen.mk/web/?p=285152
[DOUBLEPOST=1407847994][/DOUBLEPOST]Убиени поради верата во Христос во август 2014


Овие денови се случува најголемиот егзодус, терор и убивање на христијаните на Блискиот Исток. Додека многумина се на одмори, на плажите и на планините. Додека најважната вест е временската прогноза за утре. Додека ние ги броиме дрвјата што паднале од ветерот ова попладне, христијаните во Ирак и од Сирија ги бројат градовите кои последната седмица останале без ниту еден, ниту еден христијанин.



Зошто кај нас името Стефан е толку често? И во имињата и во презимињата. Зошто толку многу го има името и презимето Димитар? Од каде нашата приврзаност кон името Петар? Kои се светците што ги носеле имињата Павле, Андреј, Филип?

Причините се длабоки, навистина длабоки. Тие се меѓу првите христијански маченици. Свети Стефан е првиот маченик пострадан во името на Исус Христос. Бил Христов ученик и следбеник. Бил откриен и осуден на смрт. Не каква било смрт, туку смрт со каменување. Да, да го каменуваат пред ѕидините на Ерусалим, пред светиот град во светата земја.

Сторил нешто лошо? Не, никого не повредил, ниту украл ниту направил некакво лошо дело. Напротив, правел добри дела. Бил еден од седумте ѓакони, се грижел за старите луѓе, за вдовиците и за сирачињата. Да, за оние мали деца што останале без родители. Ги хранел, им давал уточиште, ги лекувал и им давал покрив над главата. На сирачињата, на вдовиците, на старите што биле напуштени, оставени, слаби и болни.

Бил вистински Христов ученик и следбеник. Со дела, секојдневно, без позирање и глумење, без фарисејство. И лукавите тоа го забележале. Го испрашуваат. Бараат од него да се откаже од Господ, да се откаже од творецот, да се одрече од Христос. А одговорот на Стефан? Не, не и не. Тој верува во Господ, не се откажува од него, не ја менува верата, не се откажува од Исус Христос.

Не, не се ова никакви приказни или непотврдени верзии. Не се ова недокажани раскажувања за кои треба да дебатираме дали тоа е вистината и дали тој настан се случил. Не, ова се потврдени историски настани, документирани од историјата. Стефан умира од каменувањето, целото негово тело е со рани и во крв. Зошто? Затоа што верувал во Господ, затоа што не се откажал од Исус Христос. Станува светец. Станува пример и поттик за многу генерации, за илјадници маченици, до денешни дни.

Сличен е крајот на свети Петар. И тој е од Блискиот Исток, а првото име му било Симон. Неговиот брат Андреј е првиот апостол, првиот Исусов апостол. Свети Петар завршува распнат. Рекол дека не е достоен да умре како Христос и затоа побарал да го распнат со главата надолу. И неговиот брат Андреј е распнат, а умирал два дена и две ноќи, на свои 70 години. Отсечена е главата на свети Јован. Од истите причини. Поради нивната вера, поради Исус Христос. Не, ова не се непотврдени приказни, туку конкретни, потврдени историски настани.

Денес, оваа 2014 година, повторно се случува масовен терор врз христијаните. На Блискиот Исток. Во местата каде што христијаните живеат 20 века, од самиот почеток и без прекин. Во својата бруталност се истакнува милитантната организација наречена ,,Исламска држава“. До пред два месеца беше наречена ,,Исламска држава на Ирак и Сирија“ (ИСИС).

Но, во своите планови и дејствување веќе не се ограничуваат само на Ирак и Сирија, туку целта е глобална. Целта е многу поширока, а ги вклучува Европа заедно со Балканот, Африка и Азија. Затоа името веќе не е ИСИС, кое значи ограничување на Ирак и Сирија, туку ,,Исламска држава“ со многу поширока агенда.

Изминативе два месеца Исламската држава (поранешен ИСИС) изврши масовни злосторства во северниот дел на Ирак, како и во Сирија. Масовни стрелања на илјадници луѓе. Пред камери, пред фотоапарати, без криење. Јавни егзекуции во кои се сечат главите. Темелно се минираат туѓите, поинаквите верски храмови. Тоа се новите, денешните христијански маченици.

Тоа е новиот егзодус. Новото денешно прогонство. Се случува денес пред нашите очи ако сакаме да го видиме. Иако многумина ја вртат главата, не ги интересира сето ова, тоа не значи дека не се случува. Ова е како споредна тема, нешто што е второстепено. А што е најважно? Дневните тривијалности, безначајните секојдневни настани на светските и регионалните познати персони.

Со црвена боја се бележат куќите на христијаните. Тоа значи смртна пресуда или ултиматум за еден час да се напушти домот. И сето тоа трае веќе со месеци. Во 2014 година, денес. Во тие единици учествуваат стотици муџахедини од земјите на Балканот. Во тие единици има илјадници исламистички екстремисти од голем број земји, од сите меридијани на светот. Целта се сите оние што размислуваат поинаку, кои веруваат поинаку. Целта се и умерените, традиционалните муслимани.

Но, посебна цел се христијаните. Нивниот прогон е систематски, темелен, трае веќе со години. Не, не се христијаните единствените жртви. Жртвите се од сите вери и националности на Блискиот Исток. Но, христијаните се меѓу најмалите малцинства, тие се меѓу оние што се најмалку заштитени. Таков беше и нападот врз малото гратче Малула, едно од последните места каде што се зборува арамејскиот јазик. Тие жители, христијаните на Малула, с` уште го зборуваат јазикот на Исус од Назарет, спасителот роден во Витлеем.

За крај, повторете го своето презиме. Повторете ги името и светецот од кои доаѓа вашето презиме. Сетете се на името на вашиот дедо, неговиот дедо, неговите браќа и сестри. Сетете се на иконите на вашата баба. Сетете се на имињата на вашите чичковци и вујковци, на потеклото на нивните имиња. Сетете се на името на црквата во која сте крстени, на името на црквата во која сте венчани.

Да, тоа се светците, апостолите и мачениците од Блискиот Исток. Оние што чекореле по песокот на Сирија, на Месопотамија, покрај бреговите на Тигар и Еуфрат. Оние што пиеле вода од реката Јордан, кои таму биле крстени. Таму, во Либан. Kај сенките на маслинките на Бејрут и Тир. Таму, кај Петра и на Синај. Таму, во манастирите во Египет, покрај Нил. Таму, кај ѕидовите на Антиох.

Некогаш тоа беа изворите на христијанството. Градовите и селата беа преполни со христијани. Таму живееле Стефан и многу Стефановци. Јован и многу Јовановци. Петар и многу Петровци. Андреј и многу Андрејовци. Филип и многу Филиповци. Павле и многу Павловци. Некогаш ги имаше таму, а денес ги нема.

Денес таму ги убиваат христијаните. Христијанското малцинство е протерано, тероризирано. Заминуваат последните христијани. Или ги убиваат. Во своите куќи, во своите дворови. На Блискиот Исток, оваа година, овој месец, овој викенд.

За кого бијат камбаните?

http://denesen.mk/web/?p=284809
[DOUBLEPOST=1407848714][/DOUBLEPOST]Борец на ИСИС: Турција многу ни помогна!

Откако започнала војната во Сирија, Реџеп Таип Ердоган тогашниот премиер а новоизбран претседател на Турција им бил од голема помош на екстремистите.


Ова го тврди борец на ИСИС кој овие факти му ги пренел на турски новинар.

Мисијата која има за цел да го набљудува тероризмот и џихадот а е дел од MEMRI ((the Middle East Media Research Institute), во вторникот на Ерусалим пост му пренеле ексклузивна репортажа заснована на интервју со борец на екстремистите.

-Турција го „поплочи“ патот за нас. Доколку Турција не покажеше интерес за ИСИС ние денес немаше да бидеме тоа што сме и таму кај што сме. Голем број од нашите муџахедини беа лекувани во Турција, тврдел борецот.

Тој објаснувал дека ја немале потребната поддршка од Саудиска Арабија, но многу семејства кои верувале во џихадот им помагале.

-Ние ќе ја изградиме Исламската држава која ќе се распространи од Тигрис до Јордан и Палестина па се до Либан, објаснувал тој.

Борецот на ИСИС бил дел од екстремистите повеќе од 12 години, дел од најмалку 12 операции против Курдите, а лично предводел три упади во Камишли (област во близина на границата помеѓу Сирија и Турција).
Тој понатаму тврди дека ИСИС има муџахедини во 21 држава, држави кои не се само со муслиманско население во Европа, како и Русија, Авганистан, Пакистан и Турција.


http://www.kurir.mk/svet/vesti/168237-Borec-na-ISIS-Turcija-mnogu-ni-pomogna?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+kurir/svet+(Курир+-+Свет)
[DOUBLEPOST=1407848975][/DOUBLEPOST]ИСИС: Толку се свирепи, што од нив се одрекува и Ал Каеда

http://www.telegraf.mk/aktuelno/182858-isis-tolku-se-svirepi-sto-od-niv-se-odrekuva-i-al-kaeda

http://tocka.com.mk/1/134111/tolku-se-surovi-sto-i-al-kaeda-se-odrekuva-od-niv
[DOUBLEPOST=1407849337][/DOUBLEPOST]ФОТО: Млада жена каменувана до смрт поради неверство


http://www.kurir.mk/svet/vesti/168214-FOTO-Mlada-zena-kamenuvana-do-smrt-poradi-neverstvo?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+kurir/svet+(Курир+-+Свет)
[DOUBLEPOST=1407849732][/DOUBLEPOST]Семејство од Косово: Имамот го испрати нашиот син во смрт во Сирија!


Семејството Матоши од косовско Гњилане го обвинува локалниот имам Зекри Ќазими дека го поттикнувал нивниот син да замине и да му се приклучи на џихадот во Сирија, каде што неодамна бил убиен.

Петриот Матоши, кој имал 18 години, бил убиен во текот на борбите за Исламска држава во Ирак и Сирија, на страна на милитантната организација ИСИЛ која се бори за остварување на оваа цел.

Неговиот татко бил против Петриот да замине во војна и сигурна смрт.

„Да го дадеше својот живот во борба за албанските територии, јас не би пуштил ниту една солза“, изјавил таткото на Петриот, Рамадан, за приштинскиот весник „Коха“.

Тој ги повикал државните институции на Косово да откријат како неговиот син отпатувал најпрвин за Турција, а потоа и во Сирија, и кој го финансирал неговото заминување.

Од „Коха“ го контактирале и прозваниот имам Ќазими, кој само кратко кажал дека таткото на младото момче со своите обвинувања треба да се обрати на суд.

Косовската полиција денескаво масовна акција уапси 40-тина лица – повратници од борбите во Ирак и Сирија, со образложение дека подготвувале напади и претставувале закана за националната безбедност на Косово.

Меѓу останатото, осомничените терористи се товарат дека подготвувале да извршат напад за време на еден поголем културен настан на Косово, на кој се очекувале и голем број гости од странство.

Министерот за внатрешни работи во заминување Бајрам Реџепи изјави дека акцијата била спроведена по повеќемесечна истрага и додаде дека „ова е доказ дека Косово нема да биде лесен терен за радикални верски екстремисти“.

И премиерот во заминување Хашим Тачи нагласи дека апсењето е доказ за посветеноста на косовската Влада да се справи со оваа појава. „Косово нема да биде плодна земја за непријателите на евроатлантските вредности, човековите права, целосните верски слободи и на уставно загарантираниот секуларен систем“, напишал Тачи на Фејсбук.

http://faktor.mk/archives/119093?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=semejstvo-od-kosovo-imamot-go-isprati-nashiot-sin-vo-smrt-vo-sirija


[DOUBLEPOST=1407849814][/DOUBLEPOST]Бошњак самоубиец: Џихадист од Босна и Херцеговина се разнел себе си во Ирак, неговиот татко горд и среќен!


Емрах Фојница, познат по обвинението за напад врз американската амбасада во Сараево во 2011-та година почина во петокот. Во Федерацијата Босна и Херцеговина се плашат од џихадистите кои се враќаат назад.


Државјанинот на Босна и Херцеговина, Емрах Фојница, обвинет за учество во нападот на американската амбасада во Сараево во 2011-та година, го загуби својот живот во Ирак извршувајќи самоубиствен напад. Експертите проценуваат дека во иднина можно е да има вакви напади и во Босна и Херцеговина.

"Фојница (23) загина во петокот во Ирак", објавиле босанските медиуми, не наведувајќи каде поточно се случило тоа. Наведено е само дека, според достапните информации, Фојница заминал во Ирак "да изведе шехидска операција и загинал со елекот на себе", сугерирајќи дека најверојатно извршил самоубиствен напад со експлозивен појас.


Уште се додава и дека татко му бил пресреќен кога дознал дека син му го извел овој "шехадиски чин", односно дека "маченички" загинал во Ирак.

Емрах Фојница и' е познат на јавноста по тоа што беше обвинет заедно со Мевлид Јашаревиќ за напад врз американската амбасада во Сараево во 2011-та година.


Независниот весник од Бања Лука објави дека никој не може прецизно да соопшти колку државјани од Босна и Херцеговина моментално се борат во Ирак, Сирија и на другите странски боишта, но се знае дека оние кои се враќаат назад претставуваат опасност за земјата. Всушност, како што тврдат експертите за безбедност, постои можност и во Босна и Херцеговина да започнат да изведуваат самоубиствени напади со експлозивни појаси како што прават во Ирак.

"Безбедносните структури на Босна и Херцеговина треба се повеќе да се свртат кон оние луѓе кои ги регрутираат и им го перат мозокот, зборувајќи им дека е пожелно да ги жртвуваат своите животи и да се борат во туѓа војна", вели новинарот Есад Хечимовиќ, автор на книгата "Гариби - Муџахедини во БиХ 1992-1999".


"Од враќањето од бојното поле можеме да очекуваме подготвеност и воља на самоубиствени напади и ваквата опасност мораме да ја сфатиме сериозно", смета Хечимовиќ. Нивната мета во БиХ би биле, како што посочил, претставништвата на оние земји за кои тие сметаат дека се непријателски настроени кон Исламот, но и припадниците на другите народи и религии, како и Босанците кои не ги прифаќаат нивните идеи.

Доколку постои таков ризик, смета и Џевад Галијашевиќ, експерт за борбата против тероризмот, лицата кои одат да се борат во Сирија, Ирај и другите држави претставуваат закана за безбедноста на земјата.

Џевад Галијашевиќ

Дека ваквата опасност не смее да се потценува смета и Мехмед Брадариќ, член на Заедничката комисија за одбрана и безбедност на парламентот во БиХ.

Мехмед Брадариќ

"Сигурно е дека тоа зло кое го правеле таму ќе го продолжат и овде. Тие не можат да се одвојат од тоа", изјавил Брадариќ, кој потсетил и дека БиХ има одредени законски механизми кои обезбедуваат кривични казни за таквите луѓе. Од државната агенција за истрага и заштита (СИПА) потсетуваат дека измените и дополнувањата на Кривичниот законик на БиХ ја пропишува и одговорноста на државјаните на БиХ за противзаконско формирање и придружување кон странски паравоени или параполициски формации.



http://tocka.com.mk/1/134184/bosnjak-samoubiec-dzihadist-od-bosna-i-hercegovina-se-raznel-sebe-si-vo-irak-negoviot-tatko-gord-i-sreken
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom