Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Август 2014: Најголемата црква во Ирак стана џамија


Зборувајќи за случувањата во Мосул, арчбискупот Никодамус Даоуд за Русија Денес изјавил дека христијаните во Мосул и Курдистан доживуваат геноцид и етничко чистење.


Христијаните во Мосул биле ставени пред ултиматум кога пред речиси еден месец требаа да изберат меѓу прифаќање на исламот, плаќање на такса или смрт.

-Истребувањето на христијаните е случува веќе 40 дена. Одлучив да не зборувам јавно за време на тој период од страв за животот на христијаните кои живееја во Мосул. Но, со оглед на тоа дека сега нема ниту еден христијанин во Мосул бидејќи беа протерани од своите домови на најбрутален и најнечовечки начин. Она што се случува, она што ни се случува на сите нас е геноцид. Да, тоа е вистината, објаснувал Никодамус.

Тој додал дека христијаните таму не завземале ничива страна во битката помеѓу Сунитите и Шиитите, како и тоа дека тие живеат таму со генерации наназад. Никодамус понатаму додава дека христијаните има ги преведувале книгите на муслиманите за тие да можат да се едуцираат, за што сега се каат.

-Нашиот проблем не е со исламот и со муслиманите. Живееме повеќе од 1.500 години со нив. Имаме проблем со оние кои сакаат повеќе да нема христијани на Блискиот Исток, изјавил тој за Русија Денес.

Арчибскупот кој сведочел на егзодусот, раскажал како почнале да ги обележуваат куќите во кои живееле христијаните, ставајќи ја буквата C (Christians). Истотака нивните домови биле ограбувани но и се што поседувале како што се автомобили и друг движен и недвижен имот. Еднаш дури и откинале златна обетка на едно 6-годишно девојче. Ги претепувале и им ги земале документите за лична идентификација и им викале никогаш повеќе да не се вратат назад инаку ги чека сигурна смрт.

-Тие ги тргнаа крстовите од сите цркви. Најпрвин го извадија крстот од катедралата „Маер Афрам“ и ограбија и уништија се што беше внатре. Денес ме информираа дека таму поставиле микрофони и звучници и ја преобразиле во џамија и внатре веќе се молеле муслиманите. Зарем немате доволно џамии во Мосул?! На секои два чекори се гледаат џамии, но мораа да ги земат и црквите и да ги претворат и нив во џами, заклучил Никодамус.

Целото интервју можете да го погледнете на видеото овде.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Ги исфрлаат хемијата и филозофијата од исламските училишта


Терористичката група “Исламска држава”, која го држи под контрола сирискиот град Ракот, забрани настава на хемија и филозофија, соопшти телевизискиот канал “Ал Арабија”, повикувајќи се на организацијата за човекови права Сириски центар за набљудување на човековите права.

Одлуката да бидат отстранети хемијата и филозофијата од наставните програми било на основа на тоа што “тие не одговараат на законите на Алах”. Џихадисти веќе затворија училишта во редица провинции, бидејќи наставата таму се водела според програми донесени од сириската влада.

Исламската држава побара од наставниците и директорите на училиштата во Ракот да подготват “исламски образовен систем”, која ќе биде одобрен од посебна комисија. Ќе биде развиен муслимански наставен план, врз основа на кој ќе биде организиран образовниот процес на контролираните територии од “Исламска држава” .

http://lokalno.mk/gi-isfrlaat-hemijata-i-filozofijata-od-islamskite-uchilishta/
[DOUBLEPOST=1408236527][/DOUBLEPOST]Мошти на светец откриени во ранохристијанска црква во Бугарија



Археолози од Универзитетот во бугарскиот град Шумен открија уникатен артефакт во параклисот на една ранохристијанска црква во селото Драгојново кај местото Првомај, јави БТА.



Станува збор за постамент за реликвии, односно мало сандаче за чување на мошти на светци.

Според археологот Иво Топалилов, засега не е познато чии се пронајдените мошти, но можно е да му припаѓаат на Свети Димитар Станумашки, кој престојувал во тоа подрачје во четвртиот век, на Свети Мнемнон или пак „на некој од 38-те светци убиени крај Филипопол“.


http://denesen.mk/web/?p=286425
[DOUBLEPOST=1408237221][/DOUBLEPOST]Лидерот на либански Хезболах ја нарече „чудовиште“ Исламска држава


http://denesen.mk/web/?p=286246
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Официјално никој не пие алкохол во Иран, и никој не е алкохоличар. Неофицијално ова е една од најпогрешните статистики за Иран.

Исламската република има меѓу најстрогите закони на светот против купување, продажба и консумирање алкохол. Според законот од 2013-та, пиењето алкохол е казниво со 80 камшици, без разлика дали е маж или жена. Ваквата закана воопшто не ја намали популарноста на алкохолот во земјата.

Според официјални бројки Иран е на 166-ти место по консумација на алкохол, ама затоа според Светската здравствена организација просекот во земјата е околу 35 литри алкохол годишно, со што земјата се наоѓа на 19-то место во светот. (Русија е 30-то, Германија 83-то, Саудиска арабија 184).

Во најголем дел Исламската република не сака да си го признае проблемот. Иако алкохолизмот со децении е проблем во Иран, министерството за здравство дури неодамна им даде дозвола на клиниките да лекуваат проблеми поврзани со алкохолизам. Тие за ваквите пациенти ќе бидат отворени 1 ден неделно, и прегледите и терапиите нема да смеат да ги извршуваат квалификувани сестри или доктори.

Без разлика што добија 1 ден неделно во клиниките, кога се пријавуваат луѓето со проблеми со алкохол и понатаму ризикуваат да добијат 80 камшици.

Проблемот со алкохолот е и што е премногу скап, бидејќи не се продава легално, туку мора да купуваш скапа шверцувана стока. Заради ова се повеќе луѓе пијат домашно дестирлиран алкохол или етанол.

Link
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.203
Православните верници денеска празнуваат Преображение христово

Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19 август, односно 6 август според Јулијанскиот календар. На овој ден се прославува преображението на Христос на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован.

Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Матеј 17,1-9, Марко 9,2-8 и Лука 9,28-36. Според преданието, за да не ослабе верата на апостолите со неговото страдање и смрт кои претстоеле, и за неговите ученици да не отпаднат од него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од својата божествена слава. Затоа ги зел со себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив.

Откако слегле од гората, Исус им заповедал да не зборуваат за тоа што го виделе, додека Тој не воскресне.

Иако настанот традиционално се верува дека се случил на 40 дена пред распнувањето на Христос, тој се празнува на 40 дена пред Крстовден.

 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.379
Поени од реакции
84.627
Исламската држава ги повикува јазидите да го прифатат исламот

Раселени лица од ирачкото малцинство на јазиди.


21.08.2014
Милитантите од Исламската држава објавија видео во кое го повикуваат иррачкото малцинство на јазидите да го прифатат исламот. Видеото доаѓа по меѓународната осуда за Исламската држава по убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли и по убиството на стотици јазиди, меѓу кои жени и деца во Ирак. За време на офанзивата во северен Ирак, милитантите на јазидите им дадоа ултиматум или да го прифатат исламот или да се соочат со смртта.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.379
Поени од реакции
84.627
ПРЕМИНУВААТ ВО ИСЛАМ
Стотици јазиди во страв од егзекуција се согласиле да станат муслимани


Трагедијата на ирачкиот народ продолжува, што може да се види од најновите видеа во продукција на Исламската држава, пренесува Јутарњи лист.


Откако крволочните силамисти на брутален начин испоубија илјадници јазиди, неколку стотици припадници на таа етнорелигиска група од Ирак се согласиле да преминат на ислам за да избегнат егзекуција.

Во видеото, наречено „Стотици јазиди преминуваат на ислам“, може да се види како припадници на Исламската држава им држат религиски лекции на јазидите, или барем тие така тврдат.

За разлика од нивните претходни снимки, на оваа нема крвави глетки кои беа вообичаени во досегашните видеа на Исламската држава.

„Мажи, жени и деца преминаа на ислам. Бев со нив и среќни се поради тоа. Им советувам и на останатите јазиди да се симнат од планините и да се преобратат“, им порачува во видеото еден од припадниците на ИС, при тоа мислејќи на илјадите луѓе кои избегаа на планината Синџар.

„Доколку останат горе ќе умрат од глад и жед. Тоа е доказ дека приказните за помош од Западот се лага. Доколку се преобратат, ќе им дадеме сѐ што им треба. Ќе живеат среќно“, додава тој.

На објавената снимка може да се види како десетици јазиди се симнуваат од автобуси по што ги водат во простор каде им се предава исламот.

„Во овој момент вие сте неверници. По ова ќе станете муслимани и ќе имате права. Повторете по мене...“, им порачува терористот на Исламската држава на несреќните јазиди.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.379
Поени од реакции
84.627
НОРВЕШКИТЕ МУСЛИМАНИ ПРОТИВ ЕКСТРЕМНИОТ ИСЛАМ
Преку глава од тоа што локални (норвешки) и меѓународни (пред се ИСИС) радикали доминираат на тема Ислам, регуларните муслимани од Норвешка подготвуваат демонстрации против екстремизмот - и нам ни е страв, како и вам.

Организатор на демонстрациите е 28-годишниот студент Те Језен Обаиде, кој во изјава за норвешкиот весник Дагсависен објаснува: "oва е спротивно на сите муслимански верувања. Она што се случува во Сирија и Ирак е масакр. ИСИС не го претставува Исламот." Тој посебно е гневен на муслиманските екстремисти од Норвешка кои шират "ИСИС пропаганда."

Неговата цел е да испрати порака дека норвешките муслимани го отфрлаат насилството и недостатокот на најосновна почит и толеранција од страна на ИСИС и "нивната мала група следбеници во Норвешка кои го привлекуваат целото внимание на медиумите."

"Ние не можеме да го прифатиме ова, ниту дека некој може да и се заканува на Норвешка, државата во која живееме и во која сакаме мирно да живееме заедно со сите останати," изјавил Обаиде.

Во бунтот против екстремизмот на Обаиде му се приклучија неколку сериозни политичари од земјата, имамите на најголемите џамии во Норвешка и муслиманскиот совет.

"Етнички белите Норвежани треба да знаат дека не се само тие преплашени (од екстремизмот). И ние, просечните либерални норвешки муслимани сме подеднакво преплашени," изјавил парламентарецот од Либералната партија, Абид Раџа.

За смирување на мнозинството, Раџа објаснил дека стравот од екстремистите е затоа што никој не се осудува да им се спротивстави, а во основа станува збор за мала група која комплетно е изолирана од муслиманската заедница во Норвешка.

Во целото испраќање сигнали насекаде (муслимани, христијани, дома, во странство) се вклучија и луѓе од Рабита џамијата во Осло, за која излегоа информации дека ја посетувале повеќето од норвешките екстремисти кои се борат во Сирија.

"Сакам да потенцирам дека екстремизмот нема религија, и дека Муслиманите мора заедно да се борат против која било форма на екстремизам, посебно онаа која го користи името на нашата религија, Исламот, за да извршува грозни чинови," изјавил претставникот на џамијата.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.379
Поени од реакции
84.627




ДОЈЧЕ ВЕЛЕ

Џихад почнува на Косово

Минатата недела на Косово за само два дена беа уапсени 43 исламистички екстремисти, а уште десетици лица. Истовремено расте стравот од терористички напади, пишува Дојче веле, додавајќи дека причина за најголемата акција на апсење на Косово по војната од 1999 бил грозниот и варварски чин на џихадистот Лавдрим Мухаџери.



Исламистичкиот екстремист, кој се бореше во Сирија за Исламската држава (ИС), на својот фејсбук профил постираше неколку фотографии на кои му ја сече главата на деветнаесетгодишно момче.

„Косово нема да биде безбедно место за терористите“, истакна во својата изјава по полициската акција косовската претседателка Атифете Јахјага.


Се верува дека на Косово во моментов има меѓу 100 и 200 терористи, а во таа земја биле вратени и најмалку 16 трупа од Ирак и Сирија.


Причината зошто младите луѓе на Косово наседнуваат на радикалноисламистичката пропаганда, барем според аналитичарот Хаки Абази, претседателот на Фондацијата Рокфелер во Приштина, е тешката економска ситуација во земјата, пренесува Дојче веле.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Во Косово е изградена првата црква во светот?


Како што јави косовската телевизија „Клан Косова“, екипа турски археолози откриле темели на верски објект во подрачјето на Улпијана на Косово. Откриениот дел кој наликува на цвет, најверојатно, била крштелница.

Раководителот на археолошката екипа, Халук Четинкаја, верува дека тука се наоѓа најстарата црква во светот, а не само на Балканот.

„Дел од црквата е откриен во 2013 година, сега ја откривме целосно. Тоа е најстара црква која до сега е откриена. Убеден сум, според научните тестови, дека оваа црква им припаѓала на светиците Флора и Лаура, чие потекло е од Констатинополис, сега Истанбул“, изјави Четинкаја.




http://emagazin.mk/во-косово-е-изградена-првата-црква-во-с/
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.379
Поени од реакции
84.627
Боко Харам прогласи калифат во град во Нигерија
Лидер на бунтовничката џихадистичка организација Боко Харам денеска преку видео снимка изјави дека формирал исламски калифат во градот Гвоза, во државата Борно, во североисточна Нигерија, кој бунтовниците го зазедоа од почетокот на месецот


- Му благодарам на Алах, кој овозможи победа на нашите браќа во Гвоза и направи од него дел од исламскиот калифат - изјави Абубакар Шекау на снимката, која трае 52 минути.

Тој истакна дека Гвоза повеќе нема никаква врска со Нигерија.

- Со милоста на Алах ние нема да го напуштиме градот. Дојдовме и ќе останеме овде, изјави Шекау, кого САД го прогласија за глобален терорист, а Советот за безбедност на ОН воведе санкции против него.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.379
Поени од реакции
84.627
Џихадисти му се закануваат на Мундобаскетот во Шпанија
Недела, 24 Август 2014 22:56


Паралелно со организацијата за Светското првенство во кошарка кое ќе се одржи во Шпанија, во сенка сериозно се прават подготовки за евентуални терористички активности на џихадистите.


Министерството за внатрешни работи одредило голем број полицајци кои ќе се грижат за безбедноста на учесниците. Вклучени се и безбедносни служби, меѓу кои и ЦИА.

Според весникот „La Razon“ во центарот на вниманието на исламските екстремисти ќе бидат САД, Франција и Египет.

Шпанската полиција многу сериозно пристапува кон обезбедување на шампионатот. Како главна опасност е означен идеологот на Исламската држава, самонаречениот „калифа Ибрахим“, чие целосно име е Абу Бакр Ал Багхдади. Шпанскиот весник наведува дека Абу во своите редови има дури 2.000 европски платеници-авантуристи, кои за добар хонорар се подготвени да војуваат за било која идеологија. Пресметките се дека има по 300 англичани, Францизи и Германци, а во помал број има Скандинавци, Италијанци, Шпанци и други националности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom