Француските Евреи масовно се иселуваат во Израел
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=18&vest=15887[DOUBLEPOST=1407108912][/DOUBLEPOST]
KОСОВСКИОТ ЏИХАДИСТ СЕ ОГЛАСИ ЗА ОБЕЗГЛАВУВАЊЕТО
МУХАЏЕРИ: ГО НАПРАВИВ ТОА ШТО И ОВK ВО KОСОВО
Лидерот на албанските џихадисти во Сирија, Лавдерим Мухаџери (25), по потекло од Kачаник, Kосово, кој ја згрoзи јавноста со објавените слики на својот фејсбук-профил, на кои се гледа како му ја отсекува главата на млад Сириец, во интервју за весникот „Дита“ вели дека не направил ништо поинакво од она што за време на војната го правеле припадниците на ОВK.
- Мене ме обвинуваат дека сум му ја отсекол главата на еден човек? Јас не направив ништо помалку ниту повеќе од тоа што го направија војниците на ОВK за време на војната. Фотографиите од тие злосторства на ОВK ги поставив на „Фејсбук“ за да ги види целиот свет - вели Мухаџери.
Тој се оправдува дека таква казна предвидува Kуранот за секој што е шпион.
- 19-годишното момче,на кое му ја отсеков главата, беше фатено како шпион, а според Kуранот, за оној што ќе предаде муслиман, предвидена е егзекуција - истакнува Мухаџери и додава дека на ист начин ќе се бори и во Митровица, Kосово.
На неговата изјава за ОВK, здруженијата, кои произлегоа од неа по војната, демантираат објаснувајќи дека ОВK не направила ништо такво и оти нејзината војна била чиста.
По објавувањето на фотографиите, косовската претседателка Арифете Јахјага, истакна дека Kосово во ниеден момент нема да дозволи да стане извор на екстремизам и засолниште на криминалците што поттикнуваат терор и омраза. Таа побара од безбедносните институции да преземат мерки за спречување и борба против заканата од исламски екстремизам. Министерот за внатрешни работи на Kосово, Бајрам Реџепи, пак, побара издавање меѓународна потерница по Мухаџери.
Во меѓувреме Ремзие Сефа, која живее во Шведска, за косовските медиуми изјави дека добила СМС, во која се наведува дека на боиштата во Сирија загинал брат ~. Доколку е точна веста, тој е 15-ти Kосовец што гине таму. Ремзие Сефа, која, како што вели, дошла во Kосово за да ја дознае вистината за братот, го обвини раководството на исламското движење „Башкоху“ дека ги поттикнува младите Kосовци да заминуваат во Сирија.
Водачот на Албанците во Сирија, Мухаџери, на „Фејсбук“ во саботата напиша: „Денес изгубив тројца другари“, но не наведува од кој дел на Балканот се. Официјалната бројка на загинати Албанци од Балканот веќе се искачи на 35. (В.Т.)
http://dnevnik.mk/?ItemID=7C4754A046396040A004284AE27B24B0[DOUBLEPOST=1407109024][/DOUBLEPOST]
По шокот – кој ги регрутира сечачите на глави?
http://www.bezpardon.mk/po-shokot-koj-gi-regrutira-sechachite-na-glavi/[DOUBLEPOST=1407109067][/DOUBLEPOST]
Сноуден: насилници од ИДИЛ се финансирани од Израел! (Фото18 +)
http://lokalno.mk/snouden-nasilnici-od-idil-se-finansirani-od-izrael-foto18/