Верски вести III

M

Muranyi

Гостин
КУМАНОВО: ТЕПАЛЕ ДЕТЕ И ГО ТЕРАЛЕ ДА КАЖУВА ЗБОРОВИ ОД ИСЛАМОТ


Кумановската полиција поднесе кривични пријави против повеќемина малолетници кои брутално, на улица, напаѓале нивни врсници и се изживувале врз нив.
Едниот случај бил регистриран во центарот на Куманово, а другиот на улицата Гоце Делчев.
Како што соопшти полицијата, двајца 14-годишници, пред неколку дена нападнале 12-годишно дете. Додека тоа се движело само по улицата Гоце Делчев, му пришле и почнале да го тепаат. Додека едниот го мавал, другиот малолетник го извадил телефонот и го принудиле момчето да зборува зборови од исламот кои тие ги снимале. По бруталното претепување, малолетните насилници го пуштиле момчето и избегале. Подоцна тие се пронајдени и од нив бил одземен телефонот, во кој бил снимен нападот и говорот на нападнатото дете.
Кривична пријава за насилство е поднесена и против Н.И. (16), Е.Д. (16), А.Б. (15) и Ќ.А. (16), сите од Куманово. Тие пред две недели, на улицата Плоштад Нова Југославија нападнале 14-годишен малолетник и неговиот другар, при што едниот од нив го извадил ременот од панталоните и со него го претепал 14-годишното дете, по што избегал. Набрзо тие се откриени и против нив се поднесени пријави.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Сирија: Повторно јавна егзекуција
Објавено: 19:35, 29/06/2013

На интернетот се појави нова видео снимка, на која се гледа наводно отсекување на глава на две лица, лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Автентичноста на снимката ја потврдија извори од редовите на симпатизерите и противниците на Асад, но не е јасно кој стои зад таа егзекуција.

Во видео клипот, група од неколку стотици луѓе, мажи, жени и деца стојат на еден рид кога се појавуваат двајца мажи врзани и со кеси на главите.

Додека насобраните извикуваа дека „Алах е голем“, двете жртви легнуваат на земјата, а егзекутор им ја отсекува главата на првата, а потоа со нож и на втората жртва.

Снимката која што е направена на „Јутјуб“ ја постави групата „Сириска вистина“, која што го подржува Асад.

Некои медиуми тврдат дека жртвите се христијани и дека тоа е направено од верски причини, а поединци наведуваат дека еден од нив бил свештеник.

Сириската национална коалиција соопшти дека се уште се вршат проверки, дали егзекутерите се од редовите на бунтовниците, укажувајќи дека снимката би можело да биде објавена и од пропагандни причини.

http://a1on.mk/wordpress/archives/171480
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Шведска: Приведени активиски на "Фемен", се соблекле пред џамија
30. 06.2013 - 12:17:33

Шведската полиција денеска уапси три членки на движењето "Фемен" бидејќи се соблекле голи покрај џамијата во централниот кварт на Стокхолм, барајќи слобода за жените, објави ИТАР-ТАСС.

Активиските дошле до зградата, се соблекле и скандирале „Стоп за шеријат“ и „Слобода за жените“.
Веднаш биле повикани полицајци кои ги привеле девојките.

Според првичните информации, активиските се од Египет, Турција и Шведска.
http://www.netpress.com.mk/m/vest.asp?id=132080&kategorija=6
--- надополнето: 30 јуни 2013 во 17:03 ---
29 јуни 2013 - 22:23
Исламистичката група Ал Шабааб ликвидирала двајца свои лидери

Сомалиската исламистичка група Ал Шабааб која тесно соработува со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, објави во саботата дека ликвидирала двајца свои челници, јави AFP.




Оваа информација е потврдена во соопштението од саботата на претставникот на Ал Шабааб, Абдулазис Абу Мусаб.


„Ние ги информиравме нивните вдовици за нивната смрт, бидејќи се тие треба да носат облека за тага", се вели во изјавата на Мусаб.


Двајцата убиени лидери на Ал Шабааб беа едно од основачите на групата. САД нудеа 5 милиони долари за информации кои ќе придонесат за апсењето на некој од нив, Ибрахим Хаџи Џам Меад, познат како „Авганистанецот", и Абу Хамид Хаши Олхаји.


Роднините на убиените веруваат дека тие биле прво затворен па потоа погубени. Меѓутоа, во изјавата на Мусаб се наведува дека тие биле убиени во престрелка при обид да бидат „уапсени по судски налог". Претходно овој месец, лидерот на Ал Шабааб Ахмед Абди Годани нареди апсење на „Авганистанецот" и на други лидери кои му се спротиставиле.


Ал Шабааб е многу нехетерогена организација во која има многу фракции, кои произлегуваат од клановите и идеолошките принципи. И покрај тоа, според експертите, таа и натаму останува силна и сериозна закана.


Сомалиската Република престана да постои како унитарна држава во 1991 година со падот на диктаторскиот режим на Саид Баре. Како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава федералната влада којашто ја контролира престолнината Могадишу и одредени поблиски области. Другите делови на Сомалија се под контрола на непризнаени државни ентитети или самоуправувачки региони.


Во јужните и север-источните делови од Сомалија владеат локалните кланови и радикални исламски движења, вклучувајќи ги и оние поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал-Каеда, од кои најорганизирана е групата Ал Шабааб, којашто дејствува и во соседната Кенија којашто по повик на меѓународната заедница заедно со уште некои други африкански земји испрати свои војници за справување со бунтовничките групи.

http://makfax.com.mk/313075/islamistichkata_grupa_al_shabaab_likvidirala_dvajca_svoi_lideri
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Вознемирувачко видео: Салафистите отсекоа глава на христијански свештеник
Понеделник, 01 Јули 2013 10:25



Ова ќе им разјасни на христијаните ширум светот која е цела на џихадистите. Католиците и христијаните низ целиот свет се под смртна закана, особено од ширењето на милитантскиот ислам. Потврда дека не станува збор за малкумина екстремисти е фактот дека отсекувањето го гледа и одобрува многубројна публика од околните села. Не се работи за мала група екстремисти, туку за екстремизам кој има широка поддршка во многу арапски земји.



Сириските терористи обезглавија католички свештеник обвинет за соработка со режимот на Асад, обвиненија кои се` уште не се потврдени. Отец Франсоа беше погубен, а од Ватикан го прогласија за маченик.

Свештеникот беше убиен во неделата, на 23 јуни, а околностите под кои настапила смртта не се потврдени.

Отец Франсоа имаше 49 години и зачекоруваше во религиозен живот со Францисканските чувари на Светата земја, а со нив и продолжи да споделува блиска духовна поврзаност.

Откако бил именуван за свештеник, започнал да гради манастир посветен во селото Гасани, Сирија.

По почетокот на граѓанската војна, манастирот бил бомбардиран и свештеникот Мурад се преселил во манастирот на Чуварите поради својата безбедност и да даде поддршка на останатите членови, помеѓу кои имало религиозни лица и калуѓерки.

Ова ќе им разјасни на христијаните ширум светот која е цела на џихадистите. Католиците и христијаните низ целиот свет се под смртна закана, особено од ширењето на милитантскиот ислам.

На видеото јасно се гледа обезглавувањето.

Доколку немате над 18 години и/или сметате дека ова видео може да ве вознемири, НЕ го следете линкот!

http://kurir.mk/svet/vesti/121622-Voznemiruvacko-video-Salafistite-otsekoa-glava-na-hristijanski-svestenik
--- надополнето: 1 јули 2013 во 18:29 ---
http://www.liveleak.com/view?i=ead_1372329728
--- надополнето: 1 јули 2013 во 18:31 ---
ФОТО: Моментот кога бомбаш-самоубиец е спречен да ја активира бомбата
01. 07.2013 - 09:11:27

Застрашувачки момент, храбар авганистански војник го ризикува својот живот за да спречи голема трагедија.

Тој успеа од бомбаш-самоубиец да ја деактивира експлозивната направа врзана за неговото тело.
Безбедносни сили го фатиле бунтовникот пред тој рано утринава да се разнесе во Џалалабад.
Реагирале навреме и го спречиле да ја детонира бомбата.



Храбриот војник со заштитна опрема на себе, но екстремитетите откриени, успеал да го тргне експлозивниот елек од самоубиецот кој планирал да се разнесе и да однесе уште неколку невини животи.
http://www.netpress.com.mk/m/vest.asp?id=132121&kategorija=6
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Честитки за „чуварите на верата„, стварно голем грев направиле девојчињава :( :facepalm:
http://www.index.hr/vijesti/clanak/dvije-djevojcice-ubijene-su-u-pakistanu-jer-su-plesom-na-kisi-quotukaljale-ugled-obiteljiquot/686285.aspx
DVIJE sestre ubijene su u Pakistanu nakon što je njihova obitelj vidjela video na kojem plešu na kiši, javlja Daily Mail. 15-godišnjakinja i 16-godišnjakinja na videu plešu u tradicionalnim haljinama u gradu Chilas.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
понеделник, 01 јули 2013, 18:46

Свет
Б92: Албанци од Косово војуваат во Сирија?
Повеќе десетина Албанци, сметајќи ги и оние од Косово, според неофицијални податоци се борат на страната на опозицијата во Сирија, пишува Б92, повикувајќи се на Дојче Веле


Како што пишува телевизијата, причина за тоа е желбата на Албанците да им помогнат на своите сунитски браќа во борбата против режимот на Башар Ал Асад.

Од друга страна, заменик на косовскиот министер за надворешни работи, Петрит Селими, вели дека на Косово нема организирани групи кои одат во Сирија и дека Приштина нема податоци за евентуални поединци кои учествуваат во таа војна.

-Министерството ги следи извештаите за учеството на европските, балканските и други платеници во сириските судири- рече Селими.

Меѓутоа, еден Албанец од Косово, кој сакал да остане анонимен, вели дека се борел во Сирија, земја за која, како што вели, пред тоа не знаел каде се наоѓа.

-Моето заминување во Сирија беше мотивирано од религијата. Видов дека таму започна војна меѓу сунитите и шиитите и земајќи ја во предвид помошта која алавитите ја добија од своите шиитски браќа, инспириран од Коранот и идеите од божјиот пратеник, одлучив да и излезам во пресрет на оваа земја и да одам во Сирија- раскажува тој.

Идриз Билибани од Призрен, меѓу своите приврзаници познат и како „шеик„, е магистер по исламски науки а исламот проповеда на начин кој пред десетина години не бил познат на просторите на Косово.

-Што е проблем ако некој од овие простори одлучил да му помогне на тој напатен народ? Оди човек да му помогне на народот кој се мачи и е убиван од страна на диктаторскиот режим на Асад. Целиот свет е уверен во злосторствата на Асад над сунитските жители и тие злосторства секој ден се се полоши и полоши. Меѓу обичниот свет, не би требало да има распради за тоа дека обврска на целиот свет е да и помогне на Сирија и што поскоро да се смени диктаторот- смета Билибани.

Сосема поинаку размислува социологот на религиите Исмаил Хасани. Тој признава дека нема податоци за борци од Косово во сириската војна.

-Ако е така, тогаш таа дамка паѓа на Косово. Ние се уште не ги излечивме нашите рани, нашите загуби, уште имаме загинати во воените зони. Да се најде некој паметен кој ќе војува таму за кој знае чии интереси, е дамка која паѓа на косовското општество- вели Хасани.

Хасани смета дека државните органи морале веднаш да реагираат ако властите дознале дека има Албанци кои одат да војуваат во Сирија.

-Министерството за надворешни работи и останатите државни органи би требало до сега да преземат мерки. Веќе е доцна тоа да се спречи и навистина да се види за што се работи, кои се тие луѓе. Дали се платеници или криминалци? Дали се тоа луѓе без вера и милост?- прашува професорот.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=20611
 

mister blue

Infinity, Eternity, Immortality, Everything...
Член од
4 февруари 2013
Мислења
249
Поени од реакции
96
Во Америка изграден првиот атеистички споменик – клупа за седење (ФОТО+ВИДЕО)
Група атеисти на Флорида во саботата изградиле споменик на своето неверување во господ, веднаш до споменикот на 10-те божји заповеди, за кој претходно барале да се отстрани.

Како израз за своето неверување и како протест кон гранитната плоча со 10-те божји заповеди за која претходно поднеле барање да се отстрани, група американски атеисти завчера си изградиле свој споменик: клупа на која се врежани нивните 10 заповеди - односно цитати од луѓе како Томас Џеферсон, Бен Френклин и Џон Адамс.

„Кога ќе погледнете кон овој споменик, првото нешто што ќе го забележите е дека тој има функција“, вели претседателот на групата, Дејвид Силверман. „Атеистите го сакаат реалното и физичкото, така што ние одбравме нашиот споменик да има форма на клупа.“
Ова е еден интересен пресек на црквата и државата, пишува Асошиејтед прес.
Здружението Американски атеисти, чие седиште е во Њу Џерси, претходно имало поднесено тужба за преместување на споменикот на 10-те заповеди од пред зградата на судот. Нивното барање било одбиено, но им било кажано дека и тие може да си изградат споменик.
„Нема да им дозволиме ова да им помине без да ја изразиме и нашата поента“, вели нивниот Силверман, истакнувајќи го значењето на овој прв атеистички споменик на американско тло. „Ако не ја истакнеме нашата поента, тоа ќе значи дека владата всушност одобрува една, а не одобрува друга религија, или – така да кажам – ја претпочита религијата пред нерелигијата.“
На откривањето на споменикот-клупа присуствувале 200 луѓе, меѓу кои имало и верници што протестирале против клупата, па верско-атеистичката битка се разгорела: верниците се појавиле со протестни плакати и графити, пуштале црковни песни, се развиле жестоки духовни дебати, па дури еден возач од својот автомобил фрлил ВЦ-шолја и тоалетна хартија кон атеистите.
„Некои луѓе мислат дека е напад самото тоа што ние го истакнуваме нашето постоење. Тие на јавна површина ставаат споменик што симболично вели дека атеистите треба да бидат убиени“, рече Силверман. „Ова нашево е напад, но е напад врз христијанската привилегираност, а не напад врз самите христијани и не напад врз христијанството.“

--- надополнето: 2 јули 2013 во 00:16 ---
http://www.mkd.mk/svet/vesti/vo-amerika-izgraden-prviot-ateistichki-spomenik-klupa-za-sedenje-fotovideo#1
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Македонија | 3. јули 2013 - 8:45
Денеска е Св. Наум Охридски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јуни.

Денеска е Св. Наум Охридски.

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар). Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.


Свети Наум Охридски - Чудотворец

Исцелител и просветител на македонскиот народ

Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што искрено и со верба му се обраќале без разлика на вера и народност. Но свети Наум остана запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат некоја штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Култот на свети Наум зрачел на поширок простор не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Корча, каде што манастирот имал свои имоти. Но култот кон свети Наум бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.

За животот и дејноста на Свети Наум Охридски малку се знае, иако со Свети. Климент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на Светите браќа Кирил и Методиј. Се знае дека учествувал во Моравската мисија, дека во Рим кон крајот на 867 или почетокот на 868 бил посветен во духовен сан и дека по смртта на Методиј во 885 година преку Бугарија дошол во Македонија. На брегот на Охридското езеро изградил манастир што го носи неговото име. Умрел во 910 година и наскоро по смртта бил прогласен за светец. Неговите ученици за него напишале житија и служба.

Свети Наум освен по црковната дејност е познат и како македонски средовековен писател и културен деец. Од неговите творби, за кои се претпоставува дека се повеќе, откриено е химнографското дело „Канон за аспотолот Андреј“, а се знае за уште други два канона напишани од него: „Канон на Архангел Михаил“, и „Канон за пренесување на моштите на Јован Златоуст“.

Во житието на Свети Наум се вели дека тој е брат на Свети Климента. Некои истражувачи сметаат дека тоа се однесува на брат во духовна смисла - собрат, но повеќемина се убедени дека Климент и Наум навистина биле родени браќа. Не само затоа што свети Климент бил епископ, а свети Наум презвитер, а во православието епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа, туку и поради некои други показатели.

Иако податоци за чудотворната моќ на светителот среќаваме и во житијата за него, што без сомнение биле извор и на народните умотворби, сепак култот на св. Наум најповеќе е одразен во преданијата раскажувани на овој простор од најстари времиња, значи уште од времето кога светителот бил жив. Сепак тие се бележени од средината на деветнаесеттиот век па се до денес. Најрано ги среќаваме во зборниците на браќата Миладиновци, и Кузман Шапкарев, а подоцна и кај други собирачи на македонски народни умотворби, патеписци, или едноставно кај луѓе што престојувале или пишувале за Охрид и Охридско и посебно за манастирот кој со својата местоположба и со култот на светителот го привлекувал вниманието.

Марко Цепенков, во своите записи за еснафските празници направил и список на празниците што ги служеле разните еснафи во Прилеп. Притоа вели дека чоаџо-абаџискиот еснаф го празнувал 20 јуни, Свети Наум Охридски. Тој и на друго место истакнува дека „Чоаџискиот еснаф го служеше св. Наум од Охрид...“

Во старо време еден месец пред празникот Свети Наум, праќале од манастирот Свети Наум риби летници подарок на чоаџискиот еснаф и на секој мајстор му се подарувале по една како за покана, за да отидат на поклонение на манастирот. Бидејќи во тоа време еснафот бил во расцвет, на поклонение оделе фамилијарно мајсторите со калфите. Ако пак се случело да не одат, му испраќале парична помош на манастирот. „Јас само 2-3 години го достигнав тоа и после лека-полека паричната помош се прекина, пак и манастирот престана да праќа риби подарок за нашиот еснаф.“

Цепенков, уште во поглавјето за светците истакнувајќи ги нивните функции вели: „Светците се наредиле на служба: и покрај другите свети Наума го споменува заедно со свети Андонија и свети Спиродона. Свети Наум, свети Андонија и свети Спиродон - да лекуат улаите”. Значи во народното верување овие тројца светители се лекари што лекуваат душевни болести. Инаку познато е дека меѓу христијанските светители има поголем број лекари, свети врачи, бесребреници (што значи лекувале бесплатно, кои што, лекувале со силата Божја. Такви се светите врачи Кузман и Дамјан, свети Пантелејмон, лекувал и свети Трифун и др. Не случајно со некои од овие свети врачи свети Наум е насликан на фреска во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Како што споменавме според Цепенков, односно според народното паметење свети Наум бил „да лекуат улаите“. Оттука и охридската пословица „Кој за ум, која за Свети Наум“, или пословицата запишана во Прилеп: „Ја ум, ја на сфети Наум“ Лекувањето душевно болни од страна на свети Наум е честа тема и во народните преданија и легенди поврзани со неговото име. Вакви сцени се гледаат и на фреските од црквата во неговиот манастир.

Во споменот на народот св. Наум останал како чудотворец. И во „Пастирската посланица на охридскиот патријарх г.г. Јоасаф за префрлувањето на празникот на свети Наум од 23 декември на 20 јуни (с.с.)“ се истакнува: „во светите прочуениот и во чудата безмерниот, божествениот и свет отец Наум“. На друго место во истата Посланица се вели: „Затоа секој, што поседува срдечна и добронамерна побожност кон светителот нека дојде на изворите на чудесата на светиот гроб, каде што лежат светите мошти, во неговиот свет храм, на источникот што блика исцелувања - да прими благодет и светост на телото и душата, зашто чудата и благодетите на светиот и богоносен отец наш Наум - чудотворец, толку се многубројни та ги надминуваат и множеството ѕвезди...“ И во „Охридскиот митрополитски кодекс“ во делот „Историски спомени за св. Климент и препод. Наум“ се споменуваат „свети и пречесни мошти, нетлено богатство и извор на исцелувања на сите кои со вера и благочестивост одат на неговиот чудотворен гроб“.

Познато е дека на гробот на свети Наум доаѓале и луѓе од други вери, особено муслиманите од Македонија и Албанија. И во писмото што попот Сотир од Љубаништа го носел во областите Подунавје и Романија каде што собирал помош за манастирот се вели: “Притоа знајте господо дека овој свет и на народот корисен манастир, спрема кој Вие го негувате Вашето почитување и верност, па дури и самите неверници достојно го почитуваат и сакаат, како што на сите Ви е познато, уверени во благонаклоноста на оваа надеж...” Кога се вели неверници се мисли на припаднците на други вери, пред се, на муслиманите.

Дека припадници на други вери го почитувале светителот и манастирот се зборува и во Летописот на манастирот каде што се вели: „Оваа света институција стекна голем углед и чест и кај друговерци, а особено кај Отоманите Бекташи, кои не се знае од какви причини, ова светилиште го викаат „Сари Салтик баба“ што преведено од турски значело жолтобрадиот татко. Според едно предание еднаш кога дошле на гробот на свети Наум неколку Турци замолиле некој од поупатените да им ги објасни ликовите од фреските. Кога тој што им ги објаснувал рекол: „Овој е свети Наум“, тие радосно извикале: „А тој е нашиот татко“.

Интересен бил и начинот на кој се молеле Бекташите (муслиманска секта). Тие кога ќе дојделе во манастирот чевлите ги оставале пред манастирската капија и до црквата се доближувале со метании. На враќање излегувале наназад секогаш свртени со лицето кон црквата и пак со метании.

--- надополнето: 3 јули 2013 во 13:44 ---
Кога некој на св. Наум ќе му ветел јагне, велел: „Ќе вртам јагне“. Тоа не значело вртење на ражен, како што може да се очекува, зашто така се вели за печење јагне, туку се однесувало на одреден ритуал на предавање на ветеното јагне (или друга жива стока) на манастирот. Имено оној што носел ваков подарок, ако било јагне или јаре го носел во раце, ако била покрупна стока ја воделе за јаже. Тоа го правел оној што дарува за здравје или некој што претходно видел некоја добрина. Ако тој поради здравствената состојба не бил во можност тоа да го направи тоа го правел некој роднина, но пак во негово присуство. Животното три пати се вртело околу манастирот, а потоа му се предавало на лицето задолжено да го прими. При вртењето во ритуалот учествувале и роднини и пријатели, а за таа прилика изнајмувале и свирки. Интересно било вртењето на стоката од страна на Еѓупците (Египјаните), кои за оваа прилика редовно имале музика, придружбата била масовна и почитта кон св. Наум, исто така, впечатлива. Интересен бил и начинот на кој се молеле Еѓупците. Тие уште од вратата се поклонувале, застанувале до гробот на светителот и му се обраќале со одбрани зборови, како: „Свети Науме, докторе златен, спасителу наш“. Тие и кога излегувале од црквата излегувале наназад се до излезот.

Манастирот најповеќе се афирмирал како лечилиште со исцелување болни од многу болести, посебно од душевни болести. За тоа придонесло верувањето во исцелителната моќ на светите мошти на светителот. Има поголем број преданија што раскажуваат за лечење душевно болни од страна на светителот. Познато е и тоа дека во манастирот долго време постоела и душевна болница.

Во Летописот на манастирот Свети Наум се вели дека водата од изворот „Свети Атанасија“, служела за лекување на болни. „Со миење на водата од овој извор се лекувале луѓето што пателе од очни болести. Летописецот забележува дека многумина нашле спас од овој извор”. За исцелителните својства на манастирот, секако придонесле и повеќето извори со свети води, околу манастирот што исто така се под влијание на светителот. Покрај споменатиот извор „Свети Атанасиј“ такви се уште и изворот од карпата непосредно до брегот на езерото, потоа изворот Најазмо, од другата страна на границата со Албанија, изворот посветен на Света Петка, итн.

Во житијата, Службата како и во Молитва кон св. Наум се среќаваат податоци за чудата на св. Наум коишто се среќаваат и во народните преданија. На пр, во Првото словенско житие, кое што според некои показатели е пишувано од лице што лично го познавало светителот, зашто на едно место вели „оти јас знам дека повеќе од ова сториле отците и сториле многу чуда, но ова е се што ни раскажале, а другото го сокрија од своја скромност“. Значи, нивни современик зборува за чуда случени уште додека светителите биле живи. Оттука можеме да заклучиме дека уште живи тие се прославиле со мног чуда. И во Второто словенско житие се споменува овој аспект од животот на светителот. „Бог, пак, го прослави него со големи чуда, и секакви болести и рани исцелува и бесови изгонува“. Во „Молитвата кон свети Наум Охридски исцелител на болни“ молејќи се за здравје на болниот верниците му ја напомнуваат на светителот неговата Божја дарба да лекува болни: „Сега уште ти се молиме и за слугата божји (се кажува името), кој страда од слабост и тешка болест. Ако е врзан поради свој грев, или грев на неговите родители, или грев на роднините свои, и ако поради грев го снајде оваа болест, Ти посредувај, о ангелоподобен светителе, пред престолот на Господа Кој Те прославил да му го прости гревот и од болеста да го исцели“. И во Службата за св. Наум се нагласуваат исцелувањата од моштите на светителот: „Купот на твоите мошти, прочуен Науме, извира исцеленија“, се вели на едно место, а на друго: „Му пееме на Бога, што ни даде лечилиште на душите и на телата, Наума последниот дар од Бога Седржител“. Но споменот на свети Наум најповеќе останал во народните преданија и легенди. Во овие прозни народни умотворби народот раскажувал за сето она што го привлекувало неговото внимание, а што било во некаква врска со светителот. Така „ликот на св. Наум е еден од најзастапените ликови во македонските народни преданија и легенди“.

Собирачите и истражувачите на народните преданија и легенди за св. Наум овие народни умотворби ги групираат во неколку поглавја според нивната содржина (лекување болни, скротување ѕверови, изградба на манастирот, негова заштита итн.) иако тоа е тешко прецизно да се направи поради тоа што во некои преданија се преплетуваат по повеќе мотиви.

Во преданијата и легендите се раскажува за изборот на местото, за лекувањето на лица од страна на светителот и подарување имот на манастирот, за подарување на камбани и други дарови на манастирот, итн. Се раскажува за изборот на местото за изградба на манастирот: „Кога починал свети Наум, излегол пред Господа. Поради големото добротворство што го правел свети Наум на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што да одговара за свети Наум, Господ со рака покажал кон неговиот манастир, велејќи му: 'Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш'. Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“, заклучува народниот раскажувач.

Меѓу преданијата и легендите се раскажува и за канењата за панаѓурот, за лебот што се давал пред манастирската порта, а што бил и гаранција за патниците да не бидат ограбувани од разбојниците, за тоа дека св. Наум ги благословил плуговите од Трпејца, воловите од Тушемишта, се раскажува за Охридското Езеро, за лековитиот извор, зошто во Љубаништа не паѓа град, за почитувањето на манастирот од Бекташите, од Еѓупците, за лекување на болни од страна на св. Наум и тоа од најразлични болести, (неми, слепи, луѓе што не можат да одат, душевно болни, итн.). Среќаваме и преданија со верувањето дека свети Наум е жив, односно такви во кои се раскажува за облогот дека чашата или грнето или бокалот со вино пуштен од прозорецот нема да се скрши, или да се истури. Тоа навистина се случило, но светецот му се јавил на сон на оној што се обложувал и го прекорил да не се обложува повеќе зашто тогаш бил близу и дошол, а ако бил подалеку можело да се случи манастирот да биде претворен во џамија или да бил одземен од страна на бегот.

Се раскажува и за повеќе диви животни што откако направиле штета светецот ги донесол на манастирскиот имот да ја одработуваат штетата. Мечката што го изела волот самата се прегнала да ора додека не се исплати изедениот вол. Кон преданието „Св. Наум и мечката“ Кузман Шапкарев додал: „Слични приказнички и преданија за св. Наумовите чудеса изобилуваат во Охрид и околината, кои јасно ги покажуваат чувствата на населението без разлика на вера и народност кои ги манифестира кон св. Наума“. Во некои преданија се работи за волк што ора на местото на волот, а во едно предание волкот што ги изел кучињата самиот дошол да го чува манастирот. А кога манастирските момци го отепале, игуменот ги прекорил зашто тој бил доведен од светецот „за да биде жив сведок за силата на свети Наум“. За преданието за свети Наумовата мечка, но и за интернационалната димензија на мотивот споредбена студија објави словенечки фолклорист Милко Матичетов. Итн.

Во овие народни умотворби се раскажува и за оживување на дете што е во безсознание, за спасен човек во авионска несреќа. за излекување на повреден Германец, за добивање рожба по десет, дванаесет или тринаесет години и по молитви пред светителот, за казнувањето на арамиите што убиле припитомена срна, за казнувањето на крадците, на тие што се мајтапеле со св. Наума, на тие што сечеле во вакафски имот, на тие што сакале нешто да земат од манастирот (бакарно табаче, манастирски маски, манастирска мачка, иконче, прибор за јадење, шише ракија, сребрена виљушка, две гуски, патка, саан итн.).

Значи, култот кон свети Наум, раширен не само околу манастирот, туку и на многу поширок простор, резултирал со бројни народни преданија и легенди. Тие се создавале во текот на вековите и се уште се создаваат што од една страна зборува за се уште живиот култ на светителот, а од друга страна за се уште живата фолклорна традиција во Македонија.
--- надополнето: 3 јули 2013 во 13:47 ---
Тропар

Свети Наум Охридски

Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот; живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизаваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас со твоите молитви избави не од искушенија.

Св.Наум и мечката

Едно време кога орачите од св. Наумовијот манастир си орале на нивјето, им дошла една мечка' та им изела еден од орачќите воло'и. Ралото или плужницата им останала со еден вол, та не можело веќе да се орат.

Орачот со трчање дошол в' манастирот и му казал Егуменотому, оту мечката дошла на нива, та му го изела еднијот вол: „Сега немам, рекол орачот, со шчо да доорам нивата.“ – „Ходи си ти на нива, му рекол Егуменот; тамо ќе си го најдиш волот на плугот, фпрегнат во јаремот.“

Орачот си о'шол на нива, кога шчо да видит? - Чудо големо - мечката шчо го изела волот, фпрегната била на плугот во јаремот, заедно со друѓијот вол. Орачот си доорал нивата со еднијот вол и со мечката до него, фпрегната во јаремот.

И до ден денеска то'а чудо стојт написано на иконата св. Наумова и на камењата на ст'рните од мостот Дримски, близу до манастирот.
--- надополнето: 3 јули 2013 во 13:48 ---
(Вакви прикаски и преданија за св. Наумовите чудеса изобилува во Охрид и околината, кои јассно ги покажуваат чувствата на населението, без разлика на вера и народност, кои тоа ги манифестира кон св. Наума.)
Кузман Шапкарев
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Водечки руски исламист повикал на напад врз Олимпијадата (ВИДЕО)

Лидерот на исламистичкиот бунт во рускиот Северен Кавказ, Доку Умаров, ги повикал денес своите следбеници да употребат „максимална сила“ за да спречат рускиот претседател Владимир Путин да ги одржи Зимските олимписки игри во Сочи во 2014, јавува Итар Тасс.



Во видеопораката објавена на сајтот Кавказцентер, гласило на кавкаските милитанти, кои бараат муслиманска држава на Кавказот, лидерот на бунтовниците Умаров порачал дека наредбата да не се напаѓаат руски цели надвор од Северен Кавказ е повлечена.

Зимските олимписки игри треба да се одржат во градот Сочи на Црно Море, во близина на Северен Кавказ, потсетува Ројтерс.

„Тие (Русите) планираат да ја одржат Олимпијадата врз коските на нашите предци, врз коските на многу мртви муслимани, погребени на таа територија на нашата земја на Црно Море и ние, како муџахедини, сме обврзани да не го дозволиме тоа, користејќи ги сите методи што ни ги дозволува семоќниот Алах“, кажал Умаров во видеопораката чија автентичност сѐ уште не е потврдена.
Објавено на

03 Јули 2013 - 14:52

http://www.mkd.mk/svet/vesti/vodechki-ruski-islamist-povikal-na-napad-vrz-olimpijadata-video
--- надополнето: 3 јули 2013 во 16:46 ---
Свет
Алевитите во Турција бараат признавање

Пред 20 години, во подметнат пожар во еден хотел во турскиот град Сивас загинаа 37 луѓе. Повеќето од нив имаа алевитска вера. Се' уште Алевитите во Турција страдаат поради дискриминација. Ердоган сега најави реформи.

Во предворјето на алевитскиот културен центар во истанбулската населба Алибеј пред години со љубов беа засадени 37 дрвја. По едно дрво за секој загинат во подметнатниот пожар од Сивас. Тој ден длабоко се врежа во свеста на Алевитите.
Хусеин Гузелгул раководител на културниот центар на Алевитите во Истанбул

„Масакрот од 1993 година ни покажа дека ако сме тивки и ако ние Алевитите не се организираме, тогаш вакви масакри ќе има уште почесто“, вели Хусеин Гузелгул во разговор за ДВ. Поранешниот наставник и раководител на културниот центар истовремено е алевитско духовно лице. Во алевитскиот говор тој се нарекува „Деде“.

На 2. јули 1993 година во градот Сивас во централна Анатолија загинаа 37 луѓе. Фундаменталисти го запалија хотелот „Мадимак“, каде беа сместени Алевити кои допатуваа на една прослава во градот. Повеќечасовното мачење беше во живо пренесувано на телевизијата. Пред хотелот се собраа илјадници сунити, мнозинството мсулимани во Турција, кои со години имаат предрасуди кон Алевитите, дека биле невернции и еретици. Гласно тие извикуваа. „Во името Господово, доста ни е од вас“. Полицијата и пожарникарските служби преземаа акција дури часови подоцна - зошто? До денес не е разјаснето.

„Шиканирања има и денес“

Многумина Алевити до денес се гневни на овој инцидент. Но, нивниот гнев не е насочен само кон минатото - и денес Алевитите страдаат од дискриминација од државата и општеството. Голем проблем е што на Алевитите не се гледа како на рамноправни граѓани, појаснува Гузелгул: „Постојано сме изолирани, оттуѓувани и асимилирани. Секогаш сме шиканирани, навредувани и денес тоа е така“, нагласува верникот Алевит.
Церемонија на Алевитите

Според проценките во Турција живеат 15 до 20 милиони Алевити. Својата религија ја гледаат како дел од исламот. За разлика од сунитскиот ислам, Алевитите се молат в четврток наместо в петок, дополнува Гузелгул. Жените и мажите заедно се молат, а не одвоени, дополнува тој. Жените исто така не носат шамија. Со оглед на тоа што турската влада не ја признава како официјална алевитската вера, за Алевитите не постојат места за молитва како џамии. Во големите културни центри меѓутоа се воведени простории за молитва. Државата не ги субвенционира овие институции и тие се финансират ислкучиво од донации.
--- надополнето: 3 јули 2013 во 16:46 ---
„Тешко ни е да му веруваме на Ердоган“

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган планира пакет реформи, со кои треба да им излезе в пресрет на Алевитите. Според турската телевизија Хабертурк, владата планира фондација за Алевитите и да формира организација која ќе ги обедини Алевитите. Оваа организација турската влада би ја поддржувала со субвенции, кои потоа ќе се влеат во сите подорганизации. Освен ова на универзитетот Хитит би требало да се отвори катедра за „Алевитизам“. Алевитските духовни лица ќе имаат можност да ја надградуваат алевитската религиозна наука. Конечно тие би требало да стекнат официјално признавање „претставници на верата“.
Мухтерем Акташ

Мухтерем Акташ не им верува на плановите на Ердоган. Тој е директор на „Алеви Бекташи“ федерацијата во Истанбул. „Најпознатиот масакр над Алевитите се случи во 1516 година. Тогаш Јавуз Султан Селим нареди да бидат убиени 40.000 Алевити. Ердоган сака третиот мост на Босфорот да го именува по него“, појаснува Акташ за ДВ. Тој јасно покажува негативен однос кон Алевитите од стрна на Ердоган, критикува Акташ. „Сепак имаме надеж, иако ни паѓа тешко да му веруваме на Ердоган“, вели директорот и подвлекува дека Алевитите бараат еднакви граѓански права.

„Мора да се прифатат различностите“
Писателката Мијасе Илкнур

Исто така и писателката и новинарка Мијасе Илкнур, која има алевитска вера не може сериозно да ги земе најавите на Ердоган и се смее на неговите реформски планови. „Ако тој (Ердоган) новиот мост на Босфор го именува по лице, чие име најмногу ги повредува Алевитите, тогаш тој сака да спроведе реформа за Алевитите?“, прашува Илкнур иронично.

Најголемиот проблем за Илкнур била дискриминацијата и оттуѓувањето на Алевитите. „Потиснувањето, насилството и оттуѓувањето служат само за една работа; Алевитите уште повеќе го јакнат својот идентитет и својата вера. Тие на тој начин стануваат уште порадикални“, вели Илкнур. Не може да се прогонат сите Алевити или да се ризикува голем масакр, туку би морало да се живее со нив во коегзистенција и да се прифатат разликите.
Датум 02.07.2013

http://www.dw.de/алевитите-во-турција-бараат-признавање/a-16922406?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss
--- надополнето: 3 јули 2013 во 16:48 ---
Бизнисмен ќе ја плати казната на секоја жена што носи бурка

http://primetime.mk/index.php/vesti/svet/item/1904-biznismen-kje-ja-plati-kaznata-na-sekoja-zhena-shto-nosi-burka
--- надополнето: 3 јули 2013 во 16:49 ---
Екстремист кој пропагира мир и ненасилство

пред 4 часа

Поранешниот исламски екстремист Али Бехешти кој бил во затвор поради палење на куќата на издавачот на „Дијамантите на Медина“ се преобрати и стана вистински застапник на мирот. Единствен џихад кој го водам е џихад со самиот себе, истакнува Бехешти.


Али Бехешти, кој е осуден на четири и пол години затвор започна да пропагира ненасилство.

Истакнува дека исламот значи мир, дека насилството не е начин и дека исламот е мирен метод, пренесува Би Би Си.

Бехешти во 2009 – та година е уапсен во Лондон поради палење на куќата на издавачот на книгата „Дијамантите на Медина“, бидејќи смета дека таа книга го навредува исламот и дека е богохулна.

Но, тој сега, откако отслужи една година во затвор одбива секаков вид насилство.

Единствениот џихад кој го водам е џихадот со самиот себе, вели тој.

Истакнува дека сеуште е страствен верник, но дека неговото разбирање за верата се променило. Некогаш жртвите на терористичките напади ги сметал за колатерална штета, но денес секој живот го смета за свет.

Алах вели во Куранот дека кога некој некому неправедно ќе му го одзеде животот, тоа е како да го убил целото човештво, објаснува Бехешти.

На патот кон различното разбирање на верата му помогнал Усман Раја од Иницијативата за соединување кој го посетувал во затворот.

Усман ми дојде со порака за љубов, малку по малку ми ја пренесе вистинската порака на пророкот, истакнува Бехешти.

Сеуште смета дека книгата е навредлива, но сега насилството го смета а погрешно.

Говорејќи за политичките верувања, тој вели дека жали за жртвите на војните кои ападот ги води во земјите како Ирак и Авганистан.

Бехешти испраќа порака за мир и како своја задача го гледа ширењето ненасилство.

Ако верувате дека ненасилниот метод е единствен начин, тогаш сакате и сите останати да дојдат до тоа до што сте дошле вие, затоа што тоа е непроценливо, заклучува Али.

http://denesen.mk/web/2013/07/03/ekstremist-koj-propagira-mir-i-nenasilstvo/
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Лидер на Ал Каеда трошел на американски проститутки и држел предавања
пред 1 час

Радикалниот мислимански клерик Анвар ал-Авлаки, роден во САД важеше за еден од главните лидери на Ал Каеда и се наоѓаше на црната листа на ЦИА, а убиен е во напад на беспилотно летало во Јемен во 2011 – та година. САД откри дека тој трошел илјадници долари на проститутки додека патувал низ Америка проповедајќи го радикалниот ислам.


ФБИ кој го следел секој чекор на Ал Авлаки воочил дека во периодот помеѓу ноември 2001 и фебруари 2002 тој имал најмалку седум средби со проститутки на територијата на Вашингтон и проценува дека само во Вашингтон на „пријателки“ потрошил 2.300 долари, додека услуги на проститутки плаќал и на Флорида.

ТВ „Фокс њуз“ ги објави документите на ФБИ од кои може да се види дека по нападот на 11 септември агентите на ФБИ започнале да ги следат неговите средби со „дамите за придружба“.

Американските власти тврдат дека наводно Ал Авлаки бил тој кој го охрабрил Бидал Малик на масовното убиство, како и дека тој учествувал во планирањето на прочуениот напад во Детроит со експлозив во долен веш во 2009 година. Неговото име се поврзува со десетина заговори, а исто така се смета дека тој е главната личност за регрутирање на нови приврзаници на исламските екстремисти во Јемен.

Службата на ФБИ дури разговарала со неколку жени на кои Авлаки им плаќал за секс, а тие го оцениле како навистина учтив. Една од нив открила дека и платил 400 долари, друга дека и платил 300 долари за да ја гледа како се самозадоволува, додека трета девојка изјавила дека Авлаки изгледал како Бин Ладен. Многумина биле шокирани кога дознале за кого станува збор.

Ал Авлаки на 4 февруари бил повикан да одржи предавање во Пентагон во настојување Владата на САД да го регрутира како промотер на умерен ислам, што е обелоденето дури во 2010 година.

Покрај своето фундаменталистичко учење, Ал Авлаки, кој е татко на пет деца не можел да му одолее на платениот секс. Во САД во 1996 и 1997 година е уапсен поради застанување проститутка на улица, дело за кое признал дека е виновен и за кое платил парична казна.

http://denesen.mk/web/2013/07/04/lider-na-al-kaeda-trosel-na-amerikanski-prostitutki-i-drzel-predavanja/
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Родители осудени за убиство зошто не ја оделе ќерката на лекар. Наместо тоа ја лечеле со молитва и чекале господ да ја спаси.
линк до статија на англиски
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.731
Во струшкото село Вевчани, муџахедин, наоружан со мачета, започнал да се “клања” пред општината во централниот дел на Вевчани.
Притоа група млади кои биле во непосредна близина се обиделе да го спречат, но тој ја извадил мачетата, при што се обидел да влезе во општинската зграда, пренесува ohridpost.
Во тоа бил спречен од страна на обезбедувањето на општинската зграда, но тој упатил јавни закани, дека ќе им пресуди за брзо време, по што избегал од местото
Случајот е пријавен во полициската станица при што полицијата трага по него, а според кажувањата на локалните жители тој заминал во правец на селото Подгорци.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Нова исламистичка група се закани со насилства во Египет

06.07.2013
Нова исламмистичка група во Египет објави денеска свое основање оценувајќи дека армијата со симнувањето од власт на претседателот Мохамед Морси, објавила војна на исламот. Тие се заканија истовремено со насилства со цел примена на исламски закони.

Во соопштение на интернет, групата Ансар ал-Шарија објави дека ќе почне да собира оружје и да носи на обука свои членови.

Симнувањето од власт на Морси од страна на армијата, затворање тв-станици и смрт на демонстранти-исламисти, заедно претставува „војна објавена против исламот во Египет“, соопшти Ансар ал-Шарија.

Таа група ги обвини секуларистите, приврзаници на поранешниот претседател Хосни Мубарак, египетските христијански копти, силите за државна безбедност и воени команданти.

Упатија осуда и за демократијата наведувајќи дека ќе се борат за примена на шеријатски закони.


http://24vesti.mk/nova-islamistichka-grupa-se-zakani-so-nasilstva-vo-egipet
--- надополнето: 6 јули 2013 во 12:55 ---
Египет: Ал Џезеира затворена поради радикален исламизам
Петок, 05 Јули 2013 16:00

Откако на телевизија беше објавено дека Морси е отстранет од власт, се исклучи телевизиските станици Ал Џезеира и Миср25, телевизијата на Муслиманското братство. Таа се сметаше за место за изразување на партијата и нејзините политички визии. Салафистичките телевизии Ал Хазиф и Ал Нас исто така беа исклучени.



Египетскиот огранок на катарската телевизиска мрежа Ал Џезеира беше „почешлан“ од страна на новата влада на Каиро, велат организациите кои се заложуваат за слобода.

Безбедносните сили влегле во станицата во средата навечер за време на емитување во живо и ја прекинале, а најмалку пет лица биле држени како заложници.

Карим ел-Асути, новинар од телевизиската станица, за Ројтерс изјави дека неговите колеги биле уапсени додека работеле.

Ал Џезеира почна да емитува програма во Египет по револуцијата во 2011 година, која го собори Мубарак.

На неа се гледаше како на происламистичка телевизија и промуслиманска агенда на Братството.

Освен Ал Џезеира, се исклучи и Миср25, телевизијата на Муслиманското братство, која се сметаше за место за изразување на партијата и нејзините политички визии. Салафистичките телевизии Ал Хазиф и Ал Нас исто така беа исклучени.

http://kurir.mk/svet/vesti/122284-Egipet-Al-Dzezeira-zatvorena-poradi-radikalen-islamizam
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.731
Масакр во Нигерија: Убиени наставник и 29 ученици

06.07.2013 - 13:34:37




Исламските екстремисти убиле 29 ученици и еден наставник во напад на училиште со интернат во североисточниот дел на Нигерија, изјавија преживеаните од оваа несреќа.

Преживеаните, кои се лекуваат од изгореници и рани од куршумите, велат дека некои од учениците биле живи запалени пред зора во владиното средно училиште во градот Мамудо, во државата Јоба.

Плачејќи над телата на своите два сина, фармерот Малам Абулах се заколнал дека ќе ги испише своите тројца преостанати синови од блиските училишта.

Тој се пожалил дека нема сигурност за учениците и покрај илјадниците војници, од моментот кога владата прогласи вонредна состојба на средината на мај во три североисточни држави.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
06.07.2013, 18:58

Исламистите повторно на протести во Каиро

Илјадници приврзаници на исламистичкото движење Муслиманско братство се собраа денеска на еден плоштад во Каиро, на, како што најавија, „масовна молитва за помен на мачениците“ убиени за време на протестите против соборувањето од власата на египетскиот преседател Мохамед Морси пред три дена.

На собирот на плоштадот Раба ал Адавија во каироското предградие Насер, беше одржана молитва пред ковчезите на четворица исламисти, кои загинаа во протестите против остранувањето на Морси од власта.

Плоштадот Раба ал Адавија, каде што се наоѓа и истоимена џамија, веќе неколку дена е запоседнат од првзаници на Морси, кои поставија шатори пред верскиот објект.

Во судир меѓу приврзаници и противници на Морси и при напади врз претставници на безбедноните сили во последниве 24 часа ширум Египет загинаа најмалку 30 лица, а над 1.400 беа ранети.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4FCDB7DBD5FDDC4D850AB43EC1712CA6
--- надополнето: 6 јули 2013 во 21:01 ---
сабота, јули 06, 2013 Скопје 20:19

Вести
Британија ќе го депортира радикалниот свештеник Катада во Јордан


Британските медиуми јавија дека радикалниот муслимански свештеник, Абу Катада ќе биде депортиран од Велика Британија во Јордан. „Тајмс“ денеска објави дека со тоа завршуваат осумгодишните напори на владата да го испрати дома на судење. Катада за кого има потерница во Јордан, под обвинение за тероризам, ќе биде испратен со специјален воен авион а ќе биде придружуван од јордански активисти за човекови права. Катада од еден шпански судија беше опишан како „десна рака на Осама бин Ладен“

http://www.makdenes.org/archive/news/20130706/428/428.html?id=25038279
 

Kajgana Shop

На врв Bottom