Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.925
Немам приговор, се зезам ;)
Не е за зезање. Факт е дека ако известиле за ова како тешка кражба, ако биле доследни ќе известеле и за други милион потешки од оваа (како твојот случај, на пример).
Суштината е дека си во право и дека никој нормален ова не би го нарекол тешка кражба. Но, веста е битна заради пораката која се праќа со овие вандализирања на цркви во западна Македонија.
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Дозволени геј-црковни бракови

Posted on 25/11/2011
Хомосексуалните двојки ќе можат да се венчаат во Евангелско-лутеранската црква и тоа под исти услови како и хетеросексуалните двојки и ќе можат да се нарекуваат сопружници. Данското министерство за родова еднаквост и црковни прашања соопшти дека оваа одлука ќе може да почне да се применува по околу шест месеци, колку што е потребно да се спроведе парламентарната процедура за потврдување на законот.
Инаку Данска е првата земја на светот која уште во 1989 година воведе регистрирано партнерство, а Евангелско лутеранската црква од 1997 година им понуди на геј-двојките благослов за нивните врски.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Штовано пучанство, не денгубете со толкување на Откровението, оти веќе истото станува очигледно!

Еве нешто повеќе:

http://borbazaveru.info/content/view/4239/1/
 
G

galaxy

Гостин
Штовано пучанство, не денгубете со толкување на Откровението, оти веќе истото станува очигледно!

Еве нешто повеќе:

http://borbazaveru.info/content/view/4239/1/
„План је да се добије послушна, у потпуности контролисана - „мрежна“ људска "био-маса". Претпоставља се да ће се тај процес одвијати у две фазе: у првој фази имплантација ће бити добровољна; у другој – како се о томе говори у једном од саопштења Френклиновог Центра за правне студије, „после упознавања с процедуром и са њеним преимућствима, биће могућ прелазак на обавезну имплантацију“. Пошто се тренутно чипизација још увек налази у „добровољној“ фази, ради њеног убрзања већ у блиској будућности може бити покренут следећи терористички талас.“

Исто како со религијата?
И мене ми е страв да не се случи како со религијата.
 
D

dystopian

Гостин
Имам им забранува краставици и банани на жените


Неименуван имам, кој живее во Европа изјави дека жените не треба да се доближуваат до краставици и банани, со цел да избегнат каква било сексуална мисла.
Имамот е цитиран и вестите на Ел Сенус (el-Senous), во кои вели дека доколку жените сакаат да јадат краставици или банани, мажот или таткото треба да им ги исечат на парчиња.
Тој истакна дека одредено овошје или зеленчук потсетуваат на пенис и тоа би можело да ги возбуди жените и да ги поттикне да мислат на секс.
Покрај краставицата и бананата, тој би забранил и моркови и млади тиквици затоа што исто така се „опасни и може да доведат до нечисти мисли“.
Имамот смета дека жените треба да се контролираат кога излегуваат надвор да купуваат овошје и зеленчук и дека тогаш ги чува само Господ.
...
Ова е доста корисно, треба да им се забрани да допираат се што наликува на пенис, не само храна.

Жено, даљинскиот изгледа на кур, не пипај, остај фудбалот! :icon_lol:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.925
ИВЗ и вахабистите се смирија

Поглаварот на Исламската верска заедница се помирува со радикалните структури, кои тој ги посочуваше како предводници на Вахабизмот во Македонија.
Иако официјално ИВЗ не извести, сепак таква средба се случила минатата недела во седиштето на Исламската заедница. Гости на Поглаварот му бил, Бекир Халими, кој токму од ИВЗ беше етикретиран како предводник на радикалите. Во Изјава за Алсат, Халими ја потврдува средбата потенцирајќи, дека на подадената рака од Поглаварот, тие ќе возвратат позитивно.
И оваа средба беше во насока на реализирање на оваа цел. Ние заедно со нашите пријатели оџи ја прифативме оваа пружена рака за продолжување на понатамошната работа. Ова е поради фактот што последните години сме сведоци на постојани напади од исламофобски кругови против Исламот и муслиманите кај албанското население.
Во ИВЗ не сакаат многу да коментираат. Само потврдуваат дека оваа верска заедница е отворена за сите кои сакаат да се интегрираат.
Инаку токму Бекир Халими во 2008-тата беше под истрага на полиција, која го сомничеше за поврзаност со Ќелии на Ал Каеда од Кувајт. Сомневањата беа дека преку невладина организиацја во Македонија Халими внел 5 милиони евра. Тој негираше со образложение дека тоа е политички притисок врз него.
За тоа кој го стимулира вахабизмот, Поглаварот Реџепи има покренато судски спор против својот поранешен шеф на кабинетот, кој напиша дека тоа е личо Поглаварот. Пред непол месец Реџепи ја посочи државаат дека таа го стимулира радикалниот ислам.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.925
Боко Харем ја презема одговорноста за нападите врз цркви во Нигерија во кои загинаа 28 лица


Радикалната муслиманска секта Боко Харем ја презема одговорноста за експлозиите во две цркви во Нигерија, изјави портпарол на сектата.
Во интервју за нигерискиот весник „Дејли траст“ портпаролот, кој се претставил како Абул Кака, изјави дека неговата секта го организирала бомбашките напади во католички цркви во градовите Мадала и Џос.
Според најновите информации бројот на жртвите во нападот во црквата Света Тереза во Мадала изнесува 27 лица. Градот е во непосредна близина на главниот град на Нигерија Абуџа.
Отец Кристофер Бард, изјави дека експлозијата се случила кон крајот на утринската миса.
Втората експлозија се случи во близина на црква во градот Џос, во централниот дел на Нигерија. Засега има информации за една жртва во нападот.
Истовремено, две експлозии одекнаа и во североисточната сојузна држава Јобе. Нема информации каде точно се случиле експлозиите.
Ватикан ги осуди нападите и истакна, дека тие се плод на слепи и апсурдно терористичко насилство, што поттикнува омраза.
Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди изрази сочувство со нигерискиот народ, кој се соочува со насилство на терористите и во деновите кога луѓето треба да се радосни и да го слават во мир Христовото раѓање.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.157
Поени од реакции
83.925
Бомба во католичка црква

Бомба експлодира денеска во католичка црква во предградие на нигерискиот главен град Абуџа, за време на божиќната миса и засега не се знае точниот број на жртви и повредени.

- Да, можам да потврдам дека експлодира бомба во црква во Мадал, изјави портпаролот на нигериската Национална агенција за управување со вонредни ситуации Јоши Шуаиб, нагласувајќи дека не е познато колку точно верници присуствувале на мисата за време на експлозијата.
Шуаиб истакна дека се врши евакуација на жртвите и повредените, како и дека нема доволно амбулантни возила пренесување на жртвите до болница.
Се уште никој не ја презема одговорноста за експлозијата на бомба во католичката црква Света Тереза во Мадали, каде од силината на експлозијата се скршиле прозорците и на локалните куќи.


Кај нас тек за две недели.
Не е точно.

Кај нас е Божиќ за Православните на 7 јануари, за Католиците на 25 декември, за атеистите веројатно нема.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не е точно.

Кај нас е Божиќ за Православните на 7 јануари, за Католиците на 25 декември, за атеистите веројатно нема.
Повторно не си во право. Божиќ има - нема Бог. Божиќ е празник и постои. Бог е фантазија и не постои.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom